Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Вечно име на сите што слават.
    И јас сум во тие ^_^ ^_^ ^_^

    Само едно сакам да кажам
    СРЕЌНА СУМ!
    Доволно е :)

    :sun: :sun: :sun: :sun: :sun:
     
    На Marilyn-Monroe, Cacy, AnimeHQ и 15 други им се допаѓа ова.
  2. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Претерав..Имав еден од оние моменти кога во рок од неколку секунди ислкучуваш мозок и постапуваш баш глупво..Се дереш како некоја лудача на личност која не го ни заслужила тоа без притоа да размислиш што си направил..И кога после неколку минути ти оладела главата, сваќаш што си направил та дури и срцето те боли..
    Нека, ќе ме боли уште повеќе кога поради мојот не контролиран мозок ќе загубам многу работи.. Се чувствувам мизерно во последно време, не можам да се препознаам...
    Тешко ми е, нека ме гушни некоја :(
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  3. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    Обид за нов почеток. Успешен или не, важното е дека се обидов. Конечно ги затворив сите врати на минатото. Ги заклучив, засекогаш. Го нема клучот. Неможев да се препознаам себеси, тоа беше оптимистично расположение, некарактеристично за мене. Мислам дека и другите ме забележаа, иако не ми беше толку важно. После подолго време, вистински се насмевнав, во обид да отфрлам се што е негативно од мене. Да стои подалеку, што е можно подолго, ако веќе не може засекогаш. Одам понатаму, веќе не застанувам ни за момент.
     
    На anabel-a, lovely91 и teddybear им се допаѓа ова.
  4. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Ми се јаде лубеница! Едвај чекааааам. Баба и дедо во село порано растеа зимски лубеници, никој освен јас не им ги јадеше, малку беа чудни дека беа бели ама вкусот беше скоро ист. Сега веќе се стари двајцата и не можат, па од лето до лето чекам за лубеницааааа да јадам. То није фер, треба цела година да ја има :D
    И праски ми се јадат и дињи и цреши и кајсии и јагодииии.
    Една од најголемите причини што го сакам и летото е летното овошје :inlove:
    [​IMG]
     
    На CIA, Doozy, cigarce и 8 други им се допаѓа ова.
  5. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Загледав на јутуб едно интервју од еден мочко шо го фураат како пеач.
    Што ви е бре луѓе вас?! Какви се овие банални работи шо се дешаваат у нашава државичка? :tmi:
    Со ваков памет дали стварно мислите дека ќе стигнете далеку? Со таков вкус на музика?
    Со ваква младина кај одиме бе? |(

    Да разјасниме - музика може да произведе и најобична правосмукалка ако тој звук се доживее со полно срце, и да звучи сто пати поубаво отколку вашите млитави стихчиња за тоа колку сте силни од кога женската ве изварала, дечкото ве напуштил и лежите во празна постела. Де бре, де бреее. Олабавете малце. Дај сфатете веќе еднаш дека ако вашиот глас може да произведе вибрато или како и да се вика тоа срање ( шо нели го учите по музичкиве школи у кои се школувате како со триста техники да се уверите дека сте пеачи - да,да, тоа праите уствари) и совладувањето на било кој инструмент не ве прави музичари, најмалку ќе ве направи ѕвезди, онакви вистински за пример какви што денес речиси НЕМА односно голем дел од популацијава НЕ ГИ ЗАБЕЛЕЖУВА. Ај свијте си го опавчето и поќутете си.

    Музиката не е толку плитка работа за секој да се втурне во нејзе. Пу, шупаци.
    :clap:
     
    На lovely91 и marama им се допаѓа ова.
  6. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    604
    Во овие времиња, има ли нешто зад хипокрицијата и тапкањето по рамо или само тоа остана ?
    Имаат ли души луѓево? Никој ли не се грижи за другиот ? Јас се гушам од киселите насмевки околу мене, а толку сум мала и немоќна против нив што солзи ми навираат на очи. Да имав некој до мене што ќе ме сака многу полесно ќе ми беше, ќе му плачев на рамо сега.
    Не сакам ни да замислам што не чека..моите деца во какво општество ќе живеат ? Страшно.. :x
     
    На CIA му/ѝ се допаѓа ова.
  7. t.i.n.k.e.r.b.e.l.l

    t.i.n.k.e.r.b.e.l.l Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    335
    СДК. Среќен ден, убав ден!!! Со машкото мое си се смиривне. И денес си славиме ЕДНАгодина од нашата врска, хехе една целааа годинаа, како само брзо мина, испреплетена со убави и помалку убави работи. Не само тоа денес и му е роденден!!! Остарее, хехе сонце мое, најмноогу си го сакам!!!

    Па ајде по тој повод да ве почастамммм, има за сите по нешто, блго, солено, посно, мрсно, .......
     

    Прикачени фајлови:

    На IvanaMkd, CIA, starfish и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Не е важно кога те гледаат илјадници очи, ако меѓу нив не се тие две што ти значат..
     
    На Divinebutterfly, CIA, cigarce и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Недела. Цел ден дома си останав. Го спремам роденденскиот поклон за цимерката 2 недели однапред. Цртам, шарам со новите фломастери, се надевам дека ќе и се допадне :) Сакам кога дарувам ситници од мене направени, сметам дека тие подароци се најубави и највредни. Барем јас така сметам за таквите подароци што ми ги дале. На пример денес отсабајлечки бев понесена од топли радости: пријателката со која вчера пиев пивце ме украси и награди со песна! Лелеее! Дефинитивно еден од најубавите подароци ^_^

    Meѓувремено ручек. Колку само ми е глупаво без цимерката. Одамна не сум била сама вака во скопскава дома, обично таа останува, а јас си одам на викенди Охрид. Сега знам зошто ми вика: Многу си досадна со ова заминвењево :lol: Душа*

    Туку, еве ми совршено време и простор да и се предадам на поезијата, да им направам на неколкуте песни убави парафрази, да го доловам она што поетот сакал да го каже... (или професорите/критичарите го додале (?!)).

    И уште нешто. Денес во мода е да се биде критичар? За се‘ и сешто? Не разбирам. Некој ќе направи нешто (напише статија, ќе се изјасне во јавност, ќе експериментира со стилот, ќе запее песна, ќе сподели идеја...) и веднаш му се нафрлаат и ги исмејуваат, демек, види ова ова и ова не ти чини, не си во тек со времето, такво нешто не е потребно, премногу едноставно... А тие демек се златната средина, законот и знаењето на овој век, правила во прв ред. Не велам дека работите не треба да се гледаат и од други агли, но што е многу - многу е.

    Туку, нека ви цветаат вас позитивни мисли и барем денес, недела (не дела = не се работи), уживајте и не трошите нерви на млади години ;)

    :f:

    п.с. Честит именден на оние кои го слават денешниот празник! :)
     
    На bittersweet, blond, AnaKarenina и 5 други им се допаѓа ова.
  10. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    На Lepaaa и lolita97 им се допаѓа ова.
  11. lolita97

    lolita97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    37
    Леелееееее исто и јас се чувствувам така ... :hug:
    Во последно време неможам да се препознаам - не сум јас таа Лолита што бев пред неколку месеци :(
    И сдк дека денес цееееел ден сум чистела (добро не беше баш цел ден :lol: ) ама битно бев многу вредна и си ја светнав собата секое ќоше свети сега :lol: . И многу ме нервира брат ми неможам да го поднесам многу ми е дкслајдлајдалјдкадјкадјкалј се него му смета глупак еден |(
    Незнам јас што ќе правам веќе :^)
     
    На Miss.Ricci му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    СДК ...........................................................................
    како се сликаат машките,а како женските.
    [​IMG] :D
    И уште една реалност од Фејсбук.
    [​IMG] :D :x
    Антипатичните цурки,што малку ќе се подразголат за да имаат 500 лајкс. :^) Браво бе,тоа ви ја подобруа самодовербата?Бруки. :|
    Браво за оние :clap: кои што имаат фејсбук,ама имаат и приватен живот и не живеат за лајкови...
     
    На lolita97, Bright и t.i.n.k.e.r.b.e.l.l им се допаѓа ова.
  13. Idonea

    Idonea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    642
    Денес беше МОЈ ден хихихи. Си најдов нов симпатија(уствари тој ме најде :lol: ), бонбонче типот.Со другото бомбонче на кафе бевме, а трет па (е овој до душа е повеќе како :x ) на глава ми се каче со неговите "сериозни намери со мене"...
    И така јас од 6ка до 6ка насмеана си седнувам на фемина да ви се пофалам, и си велам дај да видам каков ми бил хороскопот денес на сето ова што ми се случе... кога гледам :swear:
    "Денес внимавајте пред да се впуштите во авантура. Некој ќе ви праќа лажни сигнали дека сака нешто сериозно со вас или ќе ве убедува дека не постои ризик во одредена ситуација"

    Ех, ништо не е совршено :lol:
     
    На CIA му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    Колку интересен ден.
    Синоќа си легнав на кревет знам, се сеќавам. Гледав Glee 2 сезона. Утрово се будам на фотеља. Ајде мајката, си велам, што ли се случувало ноќеска ?! :o
    Вратот ме боли, лежам и се чудам. Ај си велам, може ми се здосадило на кревет.
    Гледам празна куќа. Ни човек, ни ливче. Тивко, мува се слушаше една досадна... Одам и викам - Знам дека сте тука, не ми се кријте... Сите соби ги проверив, а тие додека сум била во кујна кај мене в соба влегле...
    Ја среќна бате, сама дома.. Пуштам телевизор, а в соба не влегувам. По некое време си викам, ај да средам собава додека не се дојдени. Влегувам и некој само - ВАААААААААААААА !
    Срцето ми запре, како што ми се мочаше мислам се помочав.
    [​IMG]

    Сакале они да се нашалат, мама, тато и дада.. Како сакав да им ја залепам по една. Немаше 30 мин од кога станав, шок ме удри. Ми надокнадија, сакале за 5 по македонски да ме изненадат. Ми купиле благо. Гумени, чоколада, лижалки, мастики...
    Ако не им беше тоа , тешко дека ќе се извлечеа. ]:)
     
    На Ann.94, Glossy-girl, Cynthia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Времево надвор, убајни.

    Ништо не ме инспирира како дождот. А денес, успеа и да ми ја смири неделата (ден што ми буди малку бљуткави емоции). Направив 203 планови, остварив 98. Процентуално, и не е така лошо. Кога остатокот го заменувам со пловење во некоја туѓа приказна читајќи по некое книжуле, наеднаш чувствувам основано оправдување од нереализацијата на некои си таму „планови“...

    Со нетрпение чекам да дојде денот кога ќе се најдам магично на аеродроми, кога ќе мириса на стегнати црева од полетување, а можеби и на канализација во Венеција. Сепак, и канализација е секогаш подобра од монотонија. Уште сега го обоив секојдневието. Утринско кафе, јога на море, шетање до болка во стапалата... заслужено по 2 бурни години со секакви и уште какви не збиднувања.

    Чувствувам некој чуден инспиративен порив, како сеуште крчка длабоко во утробава. Можеби и е дете. Кој знае. Што и да е, се чувствувам како да сум сред „затишје пред бура“. Ама овој пат, бурата носи некое ново сонце...

    Сакам кога мразејќи ја пролетта, сакала или нејќела, и јас принудно „се будам“...

    Романтичарска воздишка....
     
    На Nevermore му/ѝ се допаѓа ова.
  16. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Вистина

    [​IMG]
     
    На lolita97 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    Далечината помеѓу две срца не е пречка, туку добар потсетник за тоа колку силна може да биде вистинската ЉУБОВ... Затоа што ВИСТИНСКАТА ЉУБОВ ја победува секоја далечина !! :l:
     
    На Loritaa, Sweety-Tweety и CIA им се допаѓа ова.
  18. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    На Cacy, IvanaMkd, lolita97 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Не може да се има задоволителен љубовен и друштвен живот паралелно, факт!
     
    На blond, Loritaa и Hipster им се допаѓа ова.
  20. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Ќе ве замолам за малку внимание:

    Во последно време темава сe полни со секакви постови за кои има соодветни теми, додека тие пак стојат празни од типот на: Добро утро, Добра ноќ, како и секакви поговорки и слики со поука. Ќе ве замолам во иднина повеќе да внимавате, ем темата ќе биде попрегледна, ем останатите теми ќе бидат поактивни, ем помалку работа за нас да ги префрламе подоцна. Да напоменам и дека секојдневно се пријавуваат таквите мислења што значи дека им смета и на добар дел од членовите, па добро би било ако се запази на ова :)
     
    На JuLleE, MacaLove, Cynthia и 19 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.