Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. BlackAndWhiteSwan

    BlackAndWhiteSwan Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    420
    Допаѓања:
    3.342
    Пол:
    Женски
    Понеделник, времево никакво, другарките на факултет, а јас (на моја голема жалост) имам слободен ден и сум дома заглавена со мајка ми и се разбира дека расправијата започнува веднаш штом ме види разбудена ;(
    утрински наместо со убаво кафе бев расонета со една од нејзините вообичаени интервенции (ах, а кога ќе помислам дека им дошло крај и на нив, но ете ги повторно), за некои одредени мои т.н. негативни особини, кои што иако сеуште не сум била ни свесна дека ги поседувам понатаму ке влијаееле многу, многу лошо врз мене , а таа душичка, само за да помогне, нели за да ме врати на правиот пат од кој што според неа, скршнувам, се обидува само да ме ПРОСВЕТЛИ !
    Леле па фала ти мамо , фала ти за егцорцизмот, со кој што ја вадиш сатаната од мене :devil:
    Смешно би било да споделувам тука на форумов, за какви мои "негативни" страни се работи, затоа што веднаш ќе добиете впечаток дека се работи за една нервно-оболена жена..Така да нема да замарам со таков тип на детали.
    Дефинитивно и денес како и секој пат кога изведува ваков тип на ''потребни'' интервенции, се почувствував како нарко-зависничка, која одредено време била ''чиста'', но повторно посегнала по дрогата и сосема нормално како што гледаме и по филмови, родителите ја носат на оние вообичаени собири, како за анонимни алкохоличари и слично (само тие собири се во мојот дом, а во улога на психијатар е мајка ми - жената која што нема завршено ни средно школо и која што е ''заразена'' со турски серии).
    Епа ете така денес мајка ми и за нејзина голема радост, нејзиниот најголем следбеник во ваквите интервенции и се придружи и татко ми. Незнаев дали да заплачам или да се изнасмеам додека присуствував на овој екстра-динамичен-интересен-досетлив-полн со забелешки-религиозно-фанатички разговор или едноставно да се заблагодарам на тоа што јас за разлика од некои си имам домашен театар и како што се очекува по завршената претстава следува :clap: , во овој случај аплаузот го добија од мене и како што одамна престанав да се правдам себе и да давам објаснувања кои што и онака нема да ги прифатат, решив само да замолчам и да речам ОК, да удрам една блага насмевка на лицето и да ветам дека ќе размислам за се што рекле ''драгите мои'' загрижени родители.
    Потоа следеше повлекувањето во соба и смирување на нервите со relax музика и фемина-се разбира :)
    Па за најдобра главна женска улога го добивам , како и секој пат јас ОСКАРОТ, јас го правам она што сум го правела и претходно (и секако дека не планирам да престанам со тоа, и да се сменам само затоа што тие сметаат така), но тие се убедени дека се менувам, на кој како му одговара и се така додека конечно не дојде оној долгоочекуван THE END (моето заминување од дома-работам и на тоа..)
    Сега за сега трпение и уште многу трпение, ТРПЕНИЕ-тоа е она што ми дава храброст и сила, за сите досегашни и идни интервенции..
     
  2. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    Се омрсив несакајќи :@ мислам обични соленки посни се и си грицкам кога гледам пишува млеко во прав :o стварно ми е криво :sweat: ама што да правам не беше намерно и ќе продолжам да си постам а нема да се причестувам :(
     
  3. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    Уште еден забеган ден. Оваа недела се советите, и сите професори прашуваат ...
    Уфффф, мака ми е.. Зошто не испрашуваат кога земаме ново по други предмети ?!
    Мора во една недела сите да те прашаат...

    Хемија - прва е на листата која очајно сака да ми ја намали оценката, но секако јас тоа не го дозволувам.
    Пред неколку часа одговарав, + ми стави.
    Од каде ја најде таа 1 ?! Сакала за тромесечие да ми стави.. На која основа на 5 - 4 - 4 ?? Како дошла до крајна оценка 1 ??
    - На која основа професорке ?
    - На основа дека така сакам...
    Леле Боже Господеееееее !

    [​IMG]
    Плус, ништо не објаснува само пишува и кај неа да имаш 4 , или пак 5 е чудо..
    :@
     
  4. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Безумен ветар и шолја чај.Класика,цимет и јаболка.
    Кафени праменчиња on my cherrу lips.Замрсена коса од играта на ветерот.
    Растурени мсили,како бели лситови на патека.
    Цели 60минутки поминати во библиотека.Топол разговор околу литературата.
    Модетни класици,чик литература,нови автори,неиздадени книги...
    Достоевски,на крај се се сведува на него...20минутки во делот со неговите книги,посегнав по ''Идиот'',ја немаше.Изборот се сведе на ''Злосторство и казна'', ''Бедни луѓе'' , ''Браќа Карамазови''...
    Неодлучноста преовладува,а и самата помисла дека на масичето до креветот ме чека Изгубената роза,ме предомислија моето патешествие низ библиотеката да продолжи.Наредниот ден,за два дена или можеби три..Да заспиваш со мислите на Достевски под преница,секогаш е добродојдено!

    'Глупак кој станал свесен дека е глупак не е повеќе глупак.'
    Достоевски.

    [​IMG]
     
    На starbucks и starfish им се допаѓа ова.
  5. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    43.816
    http://www.youtube.com/watch?v=ziI83xGY ... re=related

    Каква фасцинација ми беа бендов во средно!
    И Кирчо, никаков, со брк, педофилска цвикера, а сепак толку забавен. Го читкам чат пат по колумни.

    Се фасцинирам од способноста да си рошкам по фолдери и да сфатам колку музиката ми го има прочистено умот, ме има направено подобра во многу нешта. Одлуки, фантазија, дискусии.
    Ете и ТБ Трачери имаат удел во тоа.
    Денов ќе го посветам на музика и радоста на евоцирањето спомени со неа.
    Понделник, убав понеделник.

    Без фрустрации драги мои.
    Само позитивно ;)
     
    На IndieGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Вчера разгледував на интернет некои понуди за Одмор-2012. (лето) :D
    И така јас си одбрав во Грција..апартманот е 30 метри одалечен од плажата.Клима уред,пат,и бесплатен интренет вклучува во пакетот.А и цената не е прескапа.И јас си размислувам од 20 до 30 Јуни ќе одам на првиот крак, а од 20 до 30 август на вториот крак.Бев готова да одам да платам сега веднаш..ама си викам ај прво да им се јавам да видам каде се наоѓа агенцијата. :) Се јавив и се разочарав.Немале место се било зафатено..А јас пуста два одмора во Јуни и во Август си планирав... :swear: :fubar: :envy:
     
  7. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    Е сега ми е срцето на место...До него сум :inlove:

    Ама тмурни денови,вчера ветер ќе ме однесеше :^) Сега се спрема да врне...
    Сакам сончева пролет :sun: :f:
    Си изнакупив бои за јајца мислиш за цела зграда ќе бојам :lol: Ама мерак ми беше,сакам сите различни да ми бидат,шарени,убави!
    Дома си украсив,велигденска ми е денвната МЕРАЦИ !Љубовче ми вика уште работи ќе ми купел,чисто онака да си китам низ дома чим толку ме прават среќна :rofl:
    Убаво ми е :mm:

    Имајте убав ден :*
     
    На Lepaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  8. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    постојат луге што од такт може да те извадат-а особено кога не ти е денот(како мене денес) благодарание на некои лоши мисли во посвеста и само уште зајадливи коментари ми фалат(како денес на клинички сестрата од аудиограмот ми вика што си таква, а јас и велам не сум наспана , а и плус не ми е денот-ми вели ВИДИ СЕ КАКВА СИ ВО ЛИКОТ) е ми доагаше еден :punch: да и мавнам па да ми го запамети ликот :D а сестрата која ми вршеше аудио тест ми вика а колку години имаш, и кажувам 26 уште малку 27 , ми вика а КОГА МИСЛИШ ДА РАГАШ :o :tmi: (нели после 30тата е ризично тоа и мајка ми ми го има кажано, и само и одговорив дека не се сите жени да бидат мајки, а после тоа ми рече а НЕМА ДА СЕ МАЖИШ(после сватив што била финтата, таа се омажила, па ај и јас-демек време ми е |(
    им дојде инспекција, и незнаеја каде им е главата, цели збунети :lol: па после ги критикуваа какви биле, како се однесувале. Ова ли е здраство бе :x и ние сакаме да влеземе во европа-на св. никогаш тоа да.
     
  9. N.Kety

    N.Kety Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    1.764
    СДК.одамна не сум била на фемина,онака со саати да си седам и да уживам..да си читкам,некогаш да се натажам,некогаш да се насмејам..сакам да кажам дека и кај мене се случија многу работи,многу промени..но се е позитивно :).
    минатиот викенд и почетокот на неделата,бев многу срекна онака ми идеше да вриштам од срека..после тоа како што викаат постарите се што е убаво кратко трае па и на мојата среќа и дојде крајот..дојдоа деновите на караници,имав жестока караница (уствари не беше караница оти тој никогаш не го повишува тонот,онака мирно,тивко зборевме) со дечко ми..по моја вина беше се,јас сум таа што незнае да цени во животот...после еден долг разговор со него сватив дека тој премногу ме сака,дека тој би дал се за мене и покрај сите мои грешки и глупости тој е спремен да ми прости и пак да ме гушне ко да не било ништо...и тогаш кога виде дека ми се наполнија очите солзи ме гушна онака убаво силно..и јас нормално си се изнаплачав да ми олесни на душата..
    сватив многу работи во тој момент.
    сватив дека тој е една прекрасна,добра личност полна со разбирање,што прави се за мене,се за да сум среќна и заслужува и јас да му враќам со иста мера дури и повеќе.
    оттогаш решив да ставам крај на некои работи,да се променам,да бидам среќна и да го чувам она што го имам..да не ја запоставувам љубовта..крајот на неделата ни беше прекрасен.. бидејки сме на распуст го минавме секој ден со друштво,шетавме,се забавувавме се враќавме дома касно..
    еве 3-4 ноќи си легнуваме касно околу 4-5 саат...четвртокот бевме да играме кошарка,се собравме во 22..беше интересно,се издувавме малку..петокот дојдоа сите кај нас,оставме до 4 и нешто...саботата демек во една дискотека да одиме на крајот завршивме во една сала со игри,танцување,фудбал,биљард,булинг...супер беше..сите онака растрчани по игрите кој танцува,кој земал фудбал игра..гледав само весели лица околу мене..исцрпани сите од денот појдовме да јадеме во 4 и 30 сабајле..домак пак околу 5 ..неделата нели ти било католички велигден..ние не го славиме ама решивме на појдеме некаде на пикник,се договоривме да тргнеме во 9 ..времето беше убаво,сонцето цел ден не грееше..машките правеа скара..некои правеа салати а јас бев „задолжена„ за едно мало прекрасно суштество,еден од другарите има мало братче година ипол,животинче мало прекрасно..јас утрото се додека не отиде да спие го поминавме со него.. :) после тоа онака сите уморна после 3=4 часовно спиење и напорно утро се испруживме на сонцето игравме карти се зафркававме...дојде време за враќање дома,собравме се и тргнавме,поминав уште еден убав ден..јас заспав уште в кола :$
    и нели после 3 дена неспиење мислиш дека конечно ке стигнеш дома и после еден убав туш ке си легнеш во топлата постела да се наспиеш,кога гледаш друштвото пак запнало да се собереме онака да го затвориме денот :rofl: и така јас мртва уморна полу заспана одам со дечко ми кај другар му и само што доаѓам до креветот заспивам :D :D другите си играат карти,кој гледа тв,кој муабети а јас си спијаммм ли спијам :rofl: се будам после еден саат онака само ги зирнав и пак назад ахахах го преспав пола вечер т.е ноќ после им се придружив и јас..едвај чекав дома да си дојдам ...време беше,помина 2 саат скоро три ние се прибравме дома и веднаш заспав...денеска се осеќам убаво,наспано се осекам полна со енергија..се разбудив во 13.00 охооо какво спиење..
    Мислам дека е време да се подружам со книгите,чисто онака да видам што прават,како се :rofl:
    море се ближи испитната сесија морам сериозно да седнам и да учам.
    во посакувам пријатен ден на ситее :*
     
  10. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Изморена сум жими се од се денов ми е катастрофа млитав , тмурен , немирен се чувствувам ‘‘папсано‘‘ и доста уморно. Треба да добијам и во последно време се така сум нервозна преку таквото ми е од се , се чешам не можам да спијам не знам што е :envy: а и времево ме прави да се чувствувам уште подепресивна од што сум :( едвај чекам да пројде се и да огрее убаво сонце а не ко ова ;(
     
  11. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Како свештеното лице го протолкува чудото во црквата ми заличе како уште еден проект на владата на РМ. Тоа самочистење на иконите да ти значело дека Бог жали затоа што многу малку бракови се склучувале и малку деца се раѓале. Фалеше ваква мотивација, браќа и сестри да се фрлиме на правење дечиња. :!:
     
    На bittersweet, sadangel, JuLleE и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    Да се надеваме дека откако ќе се родат идните поколенија, Бог магично ќе се погрижи да ги најаде, измие и дотера, исто како иконите.
    |(
     
    На bittersweet, JuLleE, TeddyGrey и 6 други им се допаѓа ова.
  13. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Е што си сакам животинчиња, си сакам и баш се израдував пред малце.
    Море уште се радувам :wasntme: .
    Гугутка направила гнездо под покривот на терасата на мојата соба :lol: .
    Собрала се живо што нашла за гнездото и направила еден куп ѓубре на земја за метење ама нема везе.
    Лани беше во лозницата, а оваа година паметно си се сместила на суво и потопло место.
    Кога е се тивко се слуша како си гуга. Уф колку е мило бре.
    Едвај чекам мали гугутчиња :inlove:
     
    На ludoto19, srcekrsacka, LivingGlam и 4 други им се допаѓа ова.
  14. laryla

    laryla Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    229
    Ама викам јас времево не е нормално. :fubar:

    За претходните мислења за она со иконите и црквата,прееска слушнав на работа една колешка тресна дека и таа ќе ги чистела иконите што ги имала дома. |(

    Лелеее,до каде стигна светов,ееј?!

    Се за пари...
     
  15. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    значи колку и да ми се спие, абре само еднаш да ме разбудат и у ку*ац да ми отиде и сон и се :devil: AмA Kолку мразам онака кога заспиваш, онака баш на најслаткото :sun: пред да почнеш да сонуваш, да те разбудат |( . E, тоа е смрт
    п.с ве молам луѓер посабајле четка+паста за заби = паметна одлука.
    Mислам, не планирам муцкоини да трпам низ автобуси аман, има Oрбит мастики :D
     
    На femina90 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Имате ли природна изворска вода со катјони и анјони што е погодна за пиење за сите возрасти а посебно е препорачлива за мали деца, екстра лесна и неверојатно вкусна, безалкохолна во најсовремен технолошки процес произведена, обична газирана или лимунизирана, употреблива до датумот што е виснат на грлото на шишето вода?

    - Само прашувам оти некои немаат. :wasntme:
    [​IMG]
     
    На Izaabella, Adi888, Elennaa и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    СЕ ВРАБОТИИИИИИИИИИИИВВВВВ!!!!!
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На IndieGirl, Theodora, Buttterfly и 59 други им се допаѓа ова.
  18. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.673
    Допаѓања:
    22.654
    Пол:
    Женски
    Смешни ми се оние кои преведуваат зборови на англиски/француски и им додаваат македонски претставки/наставки за да звучат попаметно.
     
  19. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.059
    Допаѓања:
    11.983
    Пол:
    Женски
    Не се сметам за голем верник. Не постам, не верувам дека постот ќе ме избави од гревовите. Не верувам во попови, затоа што и тие не веруваат во себе. Ама таму горе постои нешто или некој, што некогаш знае да ги подреди коцките и да помогне. Во тоа верувам, затоа што ми е потребно.
    А на крај го сакам Велигден. Топол, семеен, јајцекршачки празник. Сакам да трошам пари деновиве за најблиските. Украси, корпиња, слама, јајца... Со мерак купувам, затоа што бесценети ми се насмевките на едни мали немирковци кога ќе ги видат шаренилата. Па и јас цело време се смешкам и се мислам како да ги запакувам ситниците.
    Можам цел ден да седам на столче и да украсувам јајца. Мајка ми е задолжена за еднобојните, јас за шарените. Премногу е нервозна за нив. Само да ми ја извадат лонгетава, инаку годинава само еднобојни јајца ќе има :lol:
     
    На Buttterfly, IvanaMkd, Izaabella и 6 други им се допаѓа ова.
  20. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Денов ми беше ужаснотија.
    Сите потресени, сите плачки..
    Живот.

    Но, тој сепак оди понатаму..
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.