Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.129
    Допаѓања:
    67.245
    Пол:
    Женски
    Неколку реченици за вредноста на парите. Што очигледно денеска ја нема. Или за повеќето е мисловна именка. Човече, слушам пред некој ден, ауф изгубив 1000 ден. А другиот му вика, е добро де, голема работа, па не вреди за тоа да си ја чукаш главата. Е, да и тоа што викаш.
    За некој тоа се две работни дневници, 16 саати, за некој можеби и повеќе.
    И' викам не сум при пари денес. Ништо од кафето. Што?! Па како немаш пари? Па така, немам. Е како де, па земи од твоите. Па немаат де. Е не е можно. Не е ли? За некој не е можно, за некој секојдневна ситуација.

    Дете во продавница писка за некоја играчка. Дедето му вика, ама немам внучко, скапа е. Ја грабна и не ја пушта. А детево, не беше три години да не се разбира. Ама можеби паметчето толку му беше. Дедево сирото изброи и ситно и крупно што имаше. Инаку отиде главата на детето. Така ли ги учат? Ако нема тресни се од земја, па ќе се најде некако?

    Јас кога бев дете, прашував дали има, а не викав сакам. Не знам, можеби мене така ме научиле, ама и јас знам како ќе го учам моето дете.
     
    На JoxyTheFreak, LilBaby, Gea и 31 други им се допаѓа ова.
  2. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Колку само учење ме чека :D

    Тотален шворц сум, значи навистина претерав, а веќе ја замислив тортата за роденденот на брат ми :rofl: Што да правам, таква крв ми тече низ вените. :D Убав ден денес инаку, троа ладничко али неврмајнд, си купив нова канта за на тераса, големка така, и се радувам ептен и мирис на лаванда си купив да ми прска ова прскалово, и топ ми е. Ме чека една скрипта така од 100тина страни каде ништо немам подвлечено, па ќе си водиме љубов вечерва. Ќе ме придружува едно нескафенце, дволитарски сок од портокал и едни пингвин барс од виталиа. Нова љубов ми се тие.

    Ми се смешка жолтион маркер, онака мајмунски ко да ми вика немаааа да спиеш кога сакаш да скитааааш, нема нема нема. Ааа јас сум ладнокрвна и му праќам поглед од типот е добро де нема да спијам, еее голема работа глупчо еден :D

    Се збрлавев, ц ц ц ц ц, убаво вика мајка ми, пу дете кај се погоди од сортата на татко ти :rofl:
    Уствари таа ништо не знае бре, јас сум си иста како дедо ми, ние двајца сме ти таков тандем, да се чуди човек. :)

    Како заклучок нели да се каже, бре она што викаат дека не можеш и факултет и друштво и добар сон да имаш се во едно, епааааа шипак бе, јас се си имам, ништо не смее од планот да ми забега ]:) утре се ќе направам тата матаааа :emo:

    Време е да го уклучам турбото и да седнам врз книга, ептен си одолговекувам, ама како и да е не се сомневам во моите способности. :D
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  3. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Ќе дознаете колку е длабока женската расипаност, ќе ја измерите широчината на бедната машка суета. Иако доста сум прочитала од книгата на животот, сепак има еден број страници што ми се непознати. Сега знам се. Колку поладнокрвно сметате, толку подалеку ќе дотерате. Удирајте безмилосно и светот ќе ве почитува. Ако имате вистинско чувство кријте го како некое сокровиште, не дозволувајте да го насетат никогаш, инаку ќе бидете загубени. Тогаш не би биле вие џелатот, туку би станале жртва.

    Вистина е. Во која било приказна на животот секој од нас може да биде или едното или другото. Средина нема.. Само не знам која улога е попатетична. Од една страна, "жртвата" љуби вистински, со целото срце и со сета своја душа и тело се предава на саканата личност. Го живее животот со полн залет, во буквална смисла на зборот. Иако на крајот страда поради тоа.. Верува во луѓето, и пред се, во љубовта. Од друга страна, "џелатот" е ладнокрвен, немилосрден. Има студено срце, што заборавило за вистинското значење на љубовта. Срце кое чука монотоно, заборавјќи на надежта, на значењето на силната прегратка и топлиот поглед. Безмилосно нанесува болка на оној кој му е целосно предан.

    Секој од нас барем еднаш бил нечија жртва и нечиј џелат. Оние кои најпрво биле нечии жртви, го истураат своето страдање врз оние кои потоа ги љубат, тие се најлошите џелати од сите. Оние пак, кои долго време биле џелати, и најпосле жртва.. ќе патат најдолго од сите. Затоа што, нели, по некое непишано правило се се враќа во животот.

    Сум била и едното и другото. Најпрво во улога на жртва, потоа џелат. Уморна сум. Ми треба мир.. сакам да излезам од оваа непресушна војна на чувства и бесчувствителност. Сакам силни прегратки, вљубени погледи, многу бакнежи. Не сакам кавги, сакам компромис. Сте се запрашале ли во која улога сте вие? Не сте уморни?
     
    На MandyLane, Monroe, HoneyBun и 2 други им се допаѓа ова.
  4. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Ќе ја цитирам во случај некој да не прочитал ова Ким што го напишала, или пак се прави дека не прочитал.
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Како почнав да јадам изгледа во наскоро време нема да ми бегаат темите за диети.Ама ако,ке јадам додека има,макар ми пукнал стомакот. :D
    Планирам да си легнам,можеби кога ке се разбудам ке ми биде помината лутината кон некои луге...
    Денот беше долг.А ако ништо друго се насмеав барем за кратко на крајот од денот. :)

    Чувајте се. :hug:
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  6. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.641
    Допаѓања:
    252.658
    Ме фаќа голема носталгија за студенските денови.
    Ми недостасуваат и тоа многу!
    Ах сега да сум брцош...
    Ми недостигаат книгите, колковиумите, испитите.
    Седенките со колегите на факс.
    Кафаните :wasntme: .
    Па дури и некој професор :emo: .
    Ми фалат, сериозно.
    Во моментот им завидувам на сите студенти.
    Не сум нормална знам, ама ми се оди на испит :$ .
     
    На LilBaby, Gea, thelittle17 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сдк која разлика во моето расположение од утрово до сега.

    Сега би истрчала маратон, во мешево топла баничка од мамичка, гушки од тато и валкање по земја низ собава со сестра ми.
    :wasntme:

    Делам позитивна енергија кој сака нека ми се џитне само во прегратка :hug: :hug: :hug: :hug:

    :hai:

    a и пред легнување планирам да шкрапнам некоја смс, на некој што одамна требаше . wish me luck :|
     
    На CIA, Elennaa, ViktorijaMari и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Бебево личи на дада ми :rofl: :wasntme: . Само дада ми има подолга коса :!: :D

    [​IMG]
     
    На Doozy, thinkerbell, Izaabella и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.296
    Допаѓања:
    158.155
    Јас го разбирам Велигден како поле со варени јајциња врз кои можеш да ја истуриш сета креативна енергија и да се фалиш дека најубаво си *измрсил* јајца. Сериозно имам јаца и муда и увек имам најубави јајца.
    А и го разбирам Велигден ко ден за обединување на семејството и не за да гледаме филм со Исус.
    Уморна сум. Заситена сум.
    Почнува да ми недостига една енергија...ме гуши една друга.
    Острам нерви.
    Се чувствувам дебелко.

    И Ана Марија од Јупитер,немој да ме јебеш! Доста више со овие глупи понуди.

    Дур Македонија чекаше за модна револуција,дур да созрее,цицката свисна... Е*ате тоа, не можевте некоја помлада или оваа 10 години собирала храброст?!
     
    На thelittle17 и rossonerka им се допаѓа ова.
  10. cinderella5

    cinderella5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    895
    Допаѓања:
    3.018
    Пол:
    Женски
    Значи ме иритира кога ќе слушнам некој стварно многу близок како си го планира утрешниот ден да си го помине со неговите блиски, а мене ме нема на тој список. Ме иритира. Затоа што цело време ми "покажува" дека му значам, глуми толку добро што почнувам да верувам. Јас не покажувам дека ми значиш, туку докажувам. Докажуваш и ти, ама спротивното. И онака само на малку луѓе верував...

    ајт.
     
    На Izaabella му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.554
    Многу е лесно да се курчиш дека немаш никакво сожалување кон животните што ги јадеш кога истите ги добиваш уредно спакувани во проѕирно целофанче, спремни и вкусни за мама да ги испржи.

    Арно ама, да мораш ти да го убиеш животното што сакаш да го изедеш, до крајот на животот ќе лижеш мов од планински карпи.

    Имајте почит кон она што го јадете.
     
    На Elennaa, ludoto19, Kaetana и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Nika666

    Nika666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    217
    Finally in my hands, iphone 4s white :inlove: :inlove:

    Е тоа е љубов :lol:
     
    На Cacy, martinuska и CIA им се допаѓа ова.
  13. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Да се надоврзам, пред неколку дена најдов во кутија четири кучиња мали штотуку родени, некој дебил ги покрил со најлон за да умрат побрзо. Со станаркава кај мене ги земавме во такси правец во една амбуланта во Лисиче. Побаравме број од Анима мунди и неколку организации, и сите ни рекоа- ах неможеме да ги превземеме премногу се мали, треба грижа на секои два часа да им се дава млеко. Докторн не откачи, врти по телефони кај овој кај оној, ништо и докторн вели бирајте, или остајте ги негде каде што сигурно ќе починат или да ги успиеме. Цревава ми се превртија што не се ни трудеше да најде нешто кога веќе е ветеринар. Случајно се појави една девојка, која заврте на неколку броја, дојдоа две жени најдоа мајка доилка, која ги прафти кученцета еве веќе неколку дена се подзакрила на тоа куче и се во ред. Организираноста и организацииве се 0! А луѓето се само бесчувствителни створења, неразбирам зошто чуваат животни ако не знаат да се справат и да дадат закрила на нивните потомци. Треба да си морон, дебил без срце да ги замоташ во најлон, и да ги фрлиш. Се згрозив.. ама се израдував што знам дека имаат шанса за живот. Она ти кажи дали да ги успиеме ме уништи. Многу треба да се работи на оваа точка.. и те како..
     
    На Phyramide, ludoto19, sweet-cherry и 11 други им се допаѓа ова.
  14. doll

    doll Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    115
    Mногу работи ! Nајпрво ќе се навратам на саботното издание на дневниот весник VEST мислам...насловнава беше ударна вест, нема што ! Извини Mелита ,Убава си ! Aјде де...Демек, не се гледа тоа или што ?! Навистина за Мелита лично јас имам префинето мислење барем што се однесува до нејзиниот изглед и стил, бонбона е жената нема што ! E, сега некој направил фотошоп , малку ја здебелил и пишал наслов ко во прво лице Се здебелив бидејќи остарев. Дамава толку многу ја погодил тој факт, што барала јавно извинување на редакцијата ?! Дали оние кои ми се најмили и најмногу ги сакам ме виделе во живо као изгледам ??? Они знаат дека тоа е само една обична местенка, па што е важно што тоа го читаат луѓе кои воопшто немаат никакво значење нити удел во мојот живот ! Оној што ме познава знае каква сум и која сум ! Не знам како на ова не помисли порано Мелита...Ако баши сакаше да го уништи злобникот, преку молчењето и игнорирањето тој /таа ќе останеше најповреден исто ко небитен.Зарем е толку важно што мислат Петко или Станко за мене, кога јас воопшто и не ги знам ? Ќе мислат ли тие цел ден на Мелита дали се здебелила, или некој злобник тоа си поигрува ??? Ти се молам !
    Прилогот! Ахх...Се трошело низ државава се низ евтини продавници, од типот на се за 200 за 300 и тоа било знак за сиромаштија ???!! НЕ ! Тоа е знак дека ете можност како да се заштеди а да не се фрла пари на облека која и не вреди толку да ја платиш.Тепачката пред новоотворениот дуќан за бела техника кој попрво да купи било знак за сиромаштија ?! Знаете бре луѓе што е сиромаштија ?! Кога одиш со 100 ден. бидејќи платата ти доцни додека твојот газда изигрува фраер со нов џип, и нова гардероба молиш Бога попбрзо да земеш плата да платиш најпрво основното -струја, телефон и сл. работи.Колку и да трошиш по бутици, и сл. продавници е знак дека сепак имаш нешто во џебот. :cash:
     
  15. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Значи сандали и хулахопки не одат заедно, ма ако сака и Донатела нека дојде да ми го рече тоа лично, нема да ме разубеди :D
     
    На anabel-a, thelittle17, Adi888 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Се согласувам дека треба да се поработи на ова, ама во нашава држава еден закон не можат да го спроведат како што треба за луѓе, а не па за животни, мислам работите од мртва точка не се помрднуваат.Турни ме да кинисам, работава.Па и како се лутам кога ќе чујам или видам вакви работи, како се однесуваат спрема животните, ми иде со сопствени раце да ги задавам :devil: :@ Не ми е јасно, како може едно животинче да им биде криво, што зарем тоа животичне го навредил оној што го повредил? Душички тие, да можат да зборат, којзнае што би рекле.Ама ете мора да се уништува, а зошто? Па онака ради рекреација |( или од досада, па нема што да се прави и после се лутат куче ги каснало, епа ќе ги касне нормално, што очекуваат? Да беше државава како што треба, ќе разберев дека се почитувале закони, а се гледа колку се почитуваат, затоа се наназад одиме, па и еден закон за заштита на животни не можат да измислат :fubar: |( Мислам безвезе, само колку да има закони, а дали се почитуваат, ма што има врска, битно закон има |( И после ќе ми ја прават државава ко античка, па ќе се фалат со Аце насекаде, а немаат ни храброст,каква што ја имал Александар, абе ајде, смешки во боја.Поминале покрај Аце и му мавнале.Може вода да му носат за водење на држава.Па и она споменицине ко ќе ги видам, ми се темни, од грди, по грди...катастрофа, кај незнаат да си ја почитуваат државата, закони ќе носеле, многу им е гајле за животните, а да не зборам за луѓе кои маки мачат со здравјето...

    Многу сум лута нешто денеска, ме налутија и сега се на тапет ставам :D тата мата правам :D
     
    На ludoto19, elinela и ljubam им се допаѓа ова.
  17. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Кој магнет сум за дебилизам, па то е невероватно нешто.
    Изгледа навистина е така: она што го мразиш, трча по тебе.
    Цел е**н пат мора да трпам утепотњак фаци по автобуси.
    Цура што гласно раскинува на дечкото пред сите и притоа му ги упатува сите можни погрдни зборови, со заклучок дека неа ја сакале богати машки од Скопје, а таа останала со гнида од провинција (а она самата цепи Малешевски дијалект пустата), битно то е престиж. Па типов гревче, 100 пати врти ко да не му беа доста навреди. Ако цурата случајно е на форумов - научи основни манири, па после отруј се, мада чисто се сомневам дека таква фаца чула за форум.
    Таман се префрлив во друг автобус - позади мене седнал еден што цело време сам со себе си збореше нешто, дури језа да го фати човек, а напред седнал јува прдоман. Првите два пати се труев од непознат, фатален по дишни патишта извор, ама после забележав дека господата си се поткрева да го пушти и истово се шири во воздухот за 2.6 секунди. Зашто да остане меџу нама кад може да изаџе? |(
    р.ѕ. Најдебилски е моментот кога на 14 годишни враќаш саркастично, ама истиве те гледаат бледо и после ти викаат дека си глуп. Е арно. Памет за другпат на не си играм ташак со пубертетлии. :D
     
    На Johny, LilBaby, anabel-a и 2 други им се допаѓа ова.
  18. majaaaaaaa88

    majaaaaaaa88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2012
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    27
    е стварнo сакам сoнце,некакo зимава мнoгу дoлга ми дoјде,сакам да испаднам на кафе и да пушам цигара,а не свиткана какo бакшиш на ладнoтo дремам сo кафетo вo рака...ме скина oвoј закoн...ми фали прoстoр за пушачи :)
    п.с ми фали буквата с на тастатурава веќе сo денoви...copy paste тенк ју
     
  19. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам многу работи... Или да филозофирам... Како и да е, нешто дефинитивно недостасува.
    Заталкав, заталкав низ животот. Заталкав со мислите до тој степен да почнам да се плашам за сама себе и до каде ќе стигне мојот ум.
    Чувствувам дека го губам темпото кое очајно пробував да не го изгубам. Се чувствувам изгубено. И најстрашното е што ако вака не напишам не можам на некого да кажам... Не е дека немам на кого, ама во моментот кога сум со некого, не се чувствувам толку изгубено.

    Убаво ми е. Немам на што да се жалам. Ситници би биле моите жалења. Треба да сум благодарна.
    Се измачувам со непотребни работи... На моменти посакувам да сум сама, да се сфатам, да се пронајдам... Не знам што ми е, ама овој закаснет пубертет не ми се допаѓа.

    Се изгубив потполно...

    Се надевам дека е до променливово време.

    Страв ми е. Страв ми е за себе. Страв ми е од сопствените реакции.
    Очајно ми треба да си заминам од овде. Не знам дали е тоа решение на нештата, ама вреди да пробам...
    А каде да одам???
     
    На lovely91 и julie77 им се допаѓа ова.
  20. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    СДК дека не е фер зошто се мене нешто ми се случува....зошто кога на нешто толку многу се радувам,мора да се случат некои работи кои ќе ми го сменат планот ;(
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.