Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.983
    Допаѓања:
    123.605
    Ене го петок,пристига,а мене ужасно ми треба релакс.Под тоа подразбирам опуштена атмосфера со омиленото винце ,сиренце, ма што има!
    Почнав да уживам во добра чаша винце,па се приметив како за ручек место сок,вода си ставам винце :lol: Е алал да ми е :wasntme:
    Само уште некој да ми одговореше како да припремам свинско за во сабота,зошто му се стрвам на црвеното винце,греотка е уште не е отворено :worried: ,а планирам да го искористам до максимум ^_^
    И денес ја сфатив Марама кога пишуваше за чварките,за жал желудникот ми истрпе само 5 изедени ,па сега протестира,ама уште ми стои вкусот :mm:
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  2. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    932
    СДК убаво ми е. А и како да не ми биди кога, што вели мајка ми, коцките супер ми се подредија. И кога започнав да сфаќам дека секогаш нешто ќе фали, работата е да си среќен со она што го имаш веќе и она што си. Работи кон кои ќе копнееш мораш да имаш зашто тоа те прави човек. Не можам да замислам колку монотоно би било доколку би оствариле се, секоја наша цел и доколку немаме желби за нешто друго. Сфатив дека она што го имам, го имам и сум среќна со тоа, што не значи дека желбите ќе престанат. Баш напротив. Ете клише муабет, ама радоста навистина е во малите работи, затоа луѓе осмех на лице направете го светот поубав ако не подобар. :) ;)

    СДК 2 алал да им е на сограѓаниве мои, прв пат по толку време нешто да ме бендиса...

    http://www.youtube.com/watch?v=BNAu7ypl-Lo
     
    На Insanity и marama им се допаѓа ова.
  3. stefigirl

    stefigirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    124
    СДК дека сум голема свинја!
    У последно време премногу јадам!! ГРРР
    Моментално јадам еве го распоредор денес За јаденје
    перек со јогурт 2 3 пакетчинја чипс 2 мандарини 1 банана,супа,зелка со 4 кришки леб еден пудинг костени варени па салата па овошна салата па лимонада па слатко и сеа нешо за вечера хахахха
     
  4. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    2 недели уназад како друштво за утринското кафе имам 2 баби, наместо лап топот и форумов :D
    Интересни ми се старциве, некогаш приказните им се досадни ама некогаш може да се поднаучи нешто....а кога ќе фатат да зборуваат за модернава технологија (во случајов мобилни телефони) е тогаш се закон :rofl: Јас пак ги боцкам за она бесплатнине денови во ЈСП ]:)
    Ах, неможам да ви ги доловам муабетите.....од прераскажување на турски серии, до приказни за старо Скопје :!:
    Ама кај и да е се гушам и имам потреба за некој разговор со о младина :rofl: затоа второто кафе со другарки и другари :D
    Мачен и напорен е периодов, не дека не е.....ама гледам на позитивната страна :angel:

    Посакувам и јас да си доживеам таква старост на осумдесетина години и да се радувам на внуците :wasntme:
     
    На GarpovaV, Monna.Monna, Hopeful и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Мозокот ми е блокиран поради тој мо*кото(се извинувам на вулгарноста) :@ Моментално пишам тема за Виктор Иго "Kлетници" и никако да ми текне како да почнам. :@ Значи ако има некоја добра душичка овде, да ми напише само краток вовед за оваа тема(во лп или овде) да ми помогне малку :$
     
  6. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    763
    Им се радував на деновиве кога не треба да одам во школо, а еве веќе трет ден скапувам дома. Сите другарки ги поминав, веќе не е тоа-тоа кога сте 24/7 заедно, него го нема никаде, што ми ствара ужасна нервоза, дремам на фб со саати, само кликам хоум...ааааах мразам досада. Немам желба ни за разубавување, инаку ќе си правев маски тинтири-минтири, ама ете, немам мерак некако.
    Потхитно ми треба занимација, барем вечерва да ја поминам, башка се изнаспав и сега ќе бидам како некој вампир :devil:
     
  7. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    СДК дека ме нема на форумов некое време, пуста колоквиумска, ме остави без Фемина, без сон, без живот. Ама ако, уште утре па ќе се одморам од книги, и чуда. И ќе јадам многу. Ќе водам љубов многу. Ќе го сакам многу. Ќе го љубам многу. И ќе му покажам дека тој ми е среќата, и причината зошто вреди да се борам за се, и да не се откажувам.

    Причината што сеуште постојам е тој.


    Се читаме повторно, и тоа наскоро.
    :hug: :*
     
    На MandyLane, crazylady и marama им се допаѓа ова.
  8. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.936
    :$
    [​IMG]
     
    На patika19, Hipica, Divinebutterfly и 6 други им се допаѓа ова.
  9. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    ах таа твоја дива и несмасна љубов.. :music:

    http://www.youtube.com/watch?v=CbCHnonKiVQ

    Зашто да не го учам ова, туку таа од Блаже Конески? :(

    Денес требаше да рецитираме, and I was like:
    Везилке, кажи како да се роди
    проста и строга македонска песна,
    Откако Ленка остави кошула тенка,
    ленена, Недовезена на разбој..

    и после.. упс. :|

    треба да ја научам. :worried:
     
    На Hipica, L-enna, MacaLove и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    10 минути седам и се мислам што сакам да кажам...
    Всушност сакам да кажам многу работи, ама имам недостиг од зборови и од инспирација. Така ми е веќе подолго време.
    Се почесто сакам да сум сама, да размислувам и да се сеќавам на убавите работи.

    Животот ни задава тешки удари, сепак најважното е повторно да застанеме на нозе.
    Сакам и јас да успеам во тоа...
     
    На AnaKarenina, marama и dete22 им се допаѓа ова.
  11. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Мех...ден ипол. |(
    Станеш, сфаќаш дека за 2 часа полагаш а ништо не си научила и те боли полов орган за истото.
    Изедеш пола кифла колку да не мрчи мајка ти дека ке умреш.
    Одиш на колоквиум, ги поминеш првите 15 минути блеејќи во плафонот и се чудиш на прашината останата уште од Титово време, истрескаш глупости и си ги читаш смеејќи се сам на себе.
    На сред колоквиум осетиш мокро и сфатиш дека баш сега имаш добиено и цело време мислиш кога ке заврши за да се средиш.
    По пат ти тупат колку вечер ке е топ на Аца Лукас иако превртуваш очи цело време.
    Идеш дома, оп, покана за присуство на големиот настан на кој чиче Аца ке замавне со својата мрсна шишка и ке ги благослови сите во првите редови.
    Ја отвараш страната, гледаш внатре наредени шупци со коментари како вечер ке се пие, нема да се знае куќата кај им е, како градот ке се дрма и ке се е**т уши.
    Најтрагичното...70% од попалените се млади опинчиња до 15тина години.
    Ајмо, још мало па почиње ропачка “музика“ за клатикурци и дупци. А јас кутрата, нема да присуствувам туку од дома ке морам да ја трпам таа тортура на уши.
    Ма што го е**м, ке си пуштам Малмстин и Бакетхед до даска на слушалки, па нека рика оној до миле воље. А после, ке ги истрпам некако тридневните воодушевувања и импресии од “огромниот“ настан.
    И тогаш, како да не ми беше доволна дневната доза дебилизам, морав да наидам и на овој.
    http://www.youtube.com/watch?v=VMrmKCqqy-Y

    Ојден е светов у к**ац без повратна. :tmi:
     
    На Monna.Monna, Hipica, ines.h и 10 други им се допаѓа ова.
  12. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    СДК дека јас комотно можам да кажам дека припаѓам на Робо-владетелскиот период.
    Жими се`!
    Професорите-владетели. Задаваат задачи и обврски кои робовите мораат да ги извршат за да ја постигнат долку посакуваната цел.
    Робови- учениците. Принудени да ги извршуваат горе наведените задачи и обврски поради поставената цел.

    Па така јас класифицирана во робовите, денес изигравав слуга на професорката моја мила, драга, најсакана само за да одговарам и да ја поправам единствената оцена што ми треба за да го добијам посакуваниот успех. Тоа беше уцена, јесте да. Односно, бев да уплаќам сметки, осигурување за детето нејзино мило и цигари да и набавам. Добив тоа што ми требаше ама системов им е ужас.
    Туку, сакав да кажам дека викендов ќе си преседам дома. Да, токму така.
    Нема ни на момент да се почувствувам сама бидејќи осаменоста е сосема друг поим а времето поминато сам со себе е нешто трето. Неделава ми помина со непроспиени, долги ноќи дружејќи се со книгата, после часови или пред часови кафе шема со другари и тако даље.. Па дојдов до заклучок дека одамна не сум била сама. Што значи викендов го имам на располање. Утре ќе си се избањам после школо, ќе ги средам ноктите, плакарот ќе си го средам, ќе и посветам повеќе време на кожата и на крај чинија преполнета пуканки и добра драма.
    Можам ли да побарам нешто подобро? Не, благодарам.
     
  13. Mameha

    Mameha Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    490
    СДК дека цел ден адреналинот ми е кренат 62792 а шо е најважно не знам ни зошто :( ама некако ми личи како лошо предчуство, меѓу другото нервозна сум 85623 а исто така не знам зошто :( кажвајте нешто да прам оти вака ќе се полудва ;( help me pleaseeee :doh:
     
  14. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.039
    Допаѓања:
    11.833
    Пол:
    Женски
    Неврологија- devastating for nerves
     
  15. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Радоста на малите нешта. Мистерија која ќе остане нерешена до крај на живот. Па до душа некои мистерии и треба да останат мистерии.

    Денов е четврочно прекрасен. Започна со моментот кога ги пикнав моите елегантно пополнети бутки во хеланки и со мини-фустанче одозгора го освоив светот. Продолжи со капучино со цимет, со полна месечина, со радоста на мама за новата марама и ракавици и откривањето на Стокмак како најефтино место на светот, муабет со другарка од Виена која ја немам слушнато со месеци и аплицирање за Флеш моб.

    И ете тоа. Ги жалам луѓето на кои им се потребни големи работи за да бидат среќни.
    А за оние од вас кои се радуваат и на малите нешта ви праќам по едно вакво
    [​IMG] и ве поканувам некогаш да се дружиме во О ла ла, моето ново најомилено место во Скопје.

    за раздрмана ноќ
    http://www.youtube.com/watch?v=wpNk860pTO4
     
    На julie77, Hipica, Hopeful и 7 други им се допаѓа ова.
  16. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Можеби некој учи на туѓите грешки, но јас учам и на туѓите но и на сопствените.
    Јас сум од оние кои се борат за своето, јас сум од оние кои се ценат себеси, јас сум од оние кои не се понижуваат, јас сум од оние кои не дозволуваат некој друг да ги понижи, јас сум од оние кои враќаат, јас сум од оние кои ако ги навредиш не знаат граница на дрскост за да вратат...ама тоа сум јас.
    Таква сум отсекогаш и тоа ми е дел од карактерот кој не можам, а и не сакам да го сменам.
    Ама јас сум и од оние кои вистината ќе ти ја плеснат в лице, а ти ако сакаш и на глава застани!
    И од оние кои нештата ги гледаат од чесната страна, реалната страна.
    И нека ми извини ценетиот навреден г. професор, ама не може никој да ме спречи да се разочарам во него.
    И што требаше? Да се улизувам, и да ја наведнам главата, да премолчам, да си згазнам на гордоста?
    Тој тоа го очекуваше, бидејки со такви е навикнат да работи.
    Но, јас ќе го одвикнам.
    Мене никој не ме уценува дека добивам третман, кој ако анализираме убаво, го добиваат сите ученици.
    Не ме уценува ни со тоа дека направил многу за мене, а всушност ни со прст не мрдна кога ми требаше.
    А сега, сега кога неговата професионалност граничи со нула, јас тоа му го кажувам и се навредува.
    Да, се разочарав во тој кој беше високо котиран во моите очи. И да се извинам за тоа?
    Па која е логиката тука?
    Зарем јас сум крива што тој ме разочарал?
    Колку што мојот мозок знае да размислува, јас не сум крива. Крив е тој кој ме разочарал.
    И која е поентата тука јас за тоа да се извинувам...?!
    Ако некој треба да се извини, тоа е тој за сите пропусти кои ги направил досега. А многу ги има.
    И за тоа што јас го трпам таму.
    И да, научив дека ако си искрен и реален тешко ќе поминеш, ама тоа не го сметам за грешка во животот а ако сепак е, тогаш таа грешка ќе ја правам дека сум жива.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. vaga95

    vaga95 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    2.037
    Велат љубовта ја има во секое ќоше... Јас мора да сум заглавила во кружен тек !
     
    На baguf4e, julie77, Lady-Cha и 12 други им се допаѓа ова.
  18. lovely-girl

    lovely-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    653
    Пол:
    Женски
    СДК дека денов ми е никаков, се осекам 50% - 50 %.... :| ми дојде циклусот, дечкоми и се шо постои ме нервира, а у еден момент сум нај срекна, се нервирам заради факсот, толку се трудев за кололквиумите , а дел од нив утнав :( и ............... се нервирам и сум срекна ....... уфффффффффффффф ке полудам
     
  19. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Со тек на време научив...
    Надворешниот изглед не го прави човекот убав.
    За некого што пред 4 години искоментирав дека е грд, денес тој за мене е најубавото суштество што постои. Го запознав, затоа ми е убав. Најубав, прекрасен. Совршен!
    А има и такви, што се убави само како слики, а за жал, се живи луѓе!
     
    На Nightwalker, Shana, teddybear и 2 други им се допаѓа ова.
  20. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Да мрчам и пцујам дека денов,како и цела недела ми беа за никаде..нема фајде.
    Ќе заврши,славно или неславно.
    Да кажам дека не се замарам,ќе излажам..ниту па дека се замарам,не.
    Се навикнав,што е далеку од тоа дека ги прифатив. Сега сум немоќна било што да променам,затоа ќе прескокнувам дупка по дупка,иако за почеток се гомна.
    *
    Еден немил настан ме натера да размислам многу подлабоко.Ме натера да зажалам за сите пати кога сум ги изнервирала.
    За сите пати кога плачеле двајцата заради мене.
    Горда што никогаш не сум им направила проблем кој ќе ги разочара и уништи,напротив имале со што да се гордеат.Лута сум заради сите пати кога сум ги вадела од такт заради хирови.
    Се лутам за секоја вечер кога не сум ги гушнала и не сум им кажала дека ги сакам,повеќе од се.
    И веќе никогаш нема да дозовлам тоа да се случи.Прекрасни се..а јас имам се. Почнувајќи од безрезервна љубов,сигурност,поддршка,двајца пријатели за везден.Па се до материјални добра.
    *
    Школската агонија завршува наскоро.
    Долг период измина од кога последен пат се радував на викенд.
    Еве,се радувам на петок..ко на ништо друго.
    Нека дојде 11.11.2011 , 11:55 часот..и ќе направам се.
    Имам распоред за цел ден.
    Козметичар,шопинг,фризура..кафиња,мафиња и вечерта кафана.
    Незнам како ќе пројдам..а не е ни битно.Моментот е дека повторно имам желба.
    *
    И ко за крај..пак јас.Имам симпатија.Озбилно..и неможам да мрднам со прст заради што..
    Љубам,премногу.Размислував дали сум спремна на живот без него и плачев.Од помислата..
    Не е нормално,едно цело сме. И тоа малку што фали,не ми смета..само нека трае.
    По секоја цена.
    *
    http://www.youtube.com/watch?v=XEkjyXtzmmI
    Џибони,мајсторе..
    Се одјавувам и одам да се гушкам. Сама себе, бидејќи сум махер за гомна. Мислам за заглавување во гомна,не друго.
    Време е за омилениот глас пред спиење..
    Е и, она 'If you can't beat them, join them'. Леле,колку не!
    I say "If you can't beat them, beat them", because they will be expecting you to join them, so you will have the element of surprise.
    Да!
    :rock:
     
    На LilBaby, Magnolija, Hipica и 11 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.