Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Можам само едно нешто да кажам во моментов.Наменето за мојов господин кој мисли дека е поголем инат од мене. :lol:
    [​IMG]
     
    На CrazyStupidLove и Podarok им се допаѓа ова.
  2. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Можно ли е пријателка, и тоа добра пријателка да ми е мрзата. Аххх бе |(
    Знам дека не сум само јас, ве има многу таму некаде што нонстоп абе упорно си кажувате како тоа едно нешто ќе го правите секој ден и наравно, на крај само зборови и пцовки упатени кој самата себе.
    Е не може веќе така, јас сменив доста поголеми и посериозни работи во врска со мене и мојот карактер, ама оваа пуста мрза ме следе и ме демне секаде бре, секаде!
    Еве ме сега, си седам со дебелите колкови и големиот ама уште убав газ, и се убедувам едно добри 3 часа ајде да вежбам ајде да вежбам орбитрек.
    И сега, пошо сум мотивирана од некои слики и видеа кои си ги гледам преку два три четири дена тука, јутуб и читам све и свашта за слабеење, ништо ново али ете, мотивација плус нели, ќе вежбам сега пола час орбитрек и ќе направам стомачна некоја, после фино лепо ќе си се напијам мултивитаминска шумача и ведра и среќна ќе си ги одберам алиштата за утре, на доручек со него сум, а башка, кога зборувам за него морам да спомнам дека преѓеска неговите зборови ме треснаа малку и решшив секој втор ден да возам орбитрек, кога мирно ми рече...абе овој орбитрекот како закачалка ти е, да го земам назад ако не или сериозно ќе вежбаш?! Сериозно ќе вежбам еве дури и го пишам тоа!
     
    На Miss.Ricci му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Што би било кога би било...? Не знам, само знам дека би било подобро..
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Podarok

    Podarok Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    76
    Страшно е кога срцето ти е исполнето само со болка.Ги затвораш очите и не гледаш ништо,само чуствуваш неизмерна болка и посакуваш секој миг од својот живот таа да изчезне.Молчам со години не кажувам.
     
    На x.Daisy.x, Neytiri, lovely91 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. cupcake19

    cupcake19 Активен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    2
    Сакам да кажам дека сум изгубена исто ко Алиса во земјата на чудата сум :$ пошто сум нова на фемина ;) :lol: :rofl:
     
    На Johny му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Колку е убаво кога го добиваш за подарок она за кое не си ни бил свесен дека некогаш си спомнал дека сакаш да го имаш.
    Уште па од драги луѓе!!!

    :l:
     
    На tweety26, bittersweet, starbucks и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Shpagetta

    Shpagetta Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    2.390
    СДК... Снег?? СНЕГ!?? :o :o :x
    Луѓе облекувајте се топло, зима иде.
     
  8. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Сакам да живеам на некое многу студено место каде што температурите се многу под нула. Од неколку причини - барем ќе знам дека е ладно и времето не е променливо како ова тука.
    А и толку ќе би било ладно што најверојатно и сите емоции и чувства и патетични сеќавање би замрзнале. Не би постоеле, не би егзистирале, и на нив би се навраќала само кога самата би сакала - скоро никогаш.

    Драго временце, ме уништи.
     
    На MandyLane му/ѝ се допаѓа ова.
  9. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Коначно е во мои раце картата за концертот на Нокаут unplugged. И’ се радувам како мало дете. :lol:
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  10. lovely91

    lovely91 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.514
    Допаѓања:
    4.564
    Пол:
    Женски
    Деновиве расположението ми е многу лошо... нема погрозно чуство од тоа кога ке започнеш со нешто а не си сигурен дали тоа е тоа вистинското за тебе,да не грешиш можеби,дали ако прекинеш со тоа еден ден премногу ке се каеш,но сепак на крај краева вреди да се проба,нели...
    Цела сум збунета,одмана ме немаше на форумот пробував да се средам малку,но маките си останаа исти,само се молам што поскоро да ми помине овај период каде ни самата не знам ни што правам ни што сакам..


    голем поздрав феминки ,ако ме немаше некое време немојте да мислите дека сум ве заборавила :*
     
  11. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    СДК ми падна камен од гради... сега мислам дека можам се, не само што мислам туку и сигурна сум!
     
    На Gordana10, cigarce, danichap и 7 други им се допаѓа ова.
  12. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сдк времето не ми се допаѓа!
     
  13. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    СДК паметот неможе да се измери со годините.
    Јас имам помалку од некои македонски јавни фаци,а 100000000 пати сум попаметна од нив. :)
    Од нив,што неможат или незнаат да сврзат една реченица. :lol:
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Сакам да пијам кафе сама, исто така сакам и да читам книги кога сум сама. Сакам да се возам во автобус сама или да се враќа дома сама. Наутро кога ќе станам сакам да си направам јас доручек и да го вкусувам сама и во позадина музиче да си пуштам. Сакам да спијам сама, ме гушат луѓето и ме иритираат со нивните движења под мојата постела.
    Сама.. на некој начин се чувтвувам убаво, им давам прстор на мислите да ме преплават, без правец и насока да се движат..
    Но кога ќе видам мајка со дете, девојка со нејзиниот љубен, или двајца најдобри другари како се блесават по улица сфаќа дека иако сакам да сум сама во одреден период од животот или во денот, не сакам да сум осамена и изолирана подолго време.
     
    На Johny, Elenaaaaaaaa, Hiii и 22 други им се допаѓа ова.
  15. The.Little.One

    The.Little.One Активен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    6
    Кризирам луѓее... кризирам за добро друштво,за одлично помината вечер со некогоо...Чекам јасс... и уште ќе чекам.. ама ќе дојде.. сеа празнициве ми прават добро расположение.. едноставно го сакам овој мој месец.. :$ Осеќам дека ќе биде најубаво :$ :rofl: :rofl: :rofl: :*
     
  16. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сдк да затопли времето и со кола одам да ја истражам Македонија со сите нејзини убавини,планини,езера,манастири и водопади.
     
    На MandyLane, senjorita-v и ludacaa им се допаѓа ова.
  17. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Секогаш кога ми е вака, се потсетувам дека кога и да сакаш да го насмееш животот, кажи му ги плановите. Да, да, име ваму, слава таму, кафе со тој, со вој, ќе одам на гости, ќе седам два дена.... Да бе да, се тоа, освен еден мал факт дека секогаш кога ќе си испланирам нешто, ме фаќа посериозно увото, грлото, носот, ме мава една температура. И еве, од 9 и пол до 12 не можев да станам од кревет, затоа што заборавив да голтнам две од ,,шеќерчињата,, со кои арно го истерав вчерашниот ден. :puke: А денес катастрофа, ќе се влечам по кревети, со чаеви и цедени сокови...

    Налет и време променливо, и Април и пролет и се!
    БОЈКОТИРАМ! :fubar:
     
  18. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    Мн сум среќна.После долго време ќе ја видам насмевката на брат ми и моите :)
     
    На IvanaMkd и anabel-a им се допаѓа ова.
  19. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    43.809
    Утрински философии... Никому потребни. Нели.

    Вчера до 3 по полноќ гледав документарци. Од изградбата на Титаник за филмот, степенот на уривање - кршење до целосната инфраструктура внатре. Колосални значења за нам, гледачите и очекувачите. Џејмс Камерон е позитивен лудак. Очиве ми знаат како следев, да не пропуштам нешто важно.
    По него, уште една серија Табу. За момчињата од Папуа Нова Гвинеја и Индија што мораат да поминат низ оган и страшни физички повреди за да иницијацијата биде успешна. Племиња, маски и солзи еден куп. Кога студирав антропологија, јасно ми беше дека никогаш тие културолошки шокови нема да ги спознаам, а многу сакам. Ме интересира тој езотеричен вкус на животот, кој ние западњаците сме го читале само од книги. Да отидам барем еднаш таму, да го допрам тоа дно и врв. Како во филмот Барака. Сите сме циклус на едно постоење, само некому тоа му е битката со самата смрт, некому со доцнењето автобус на работа.
    Шлаг на ноќта беше темата UFO и древните цивилизации. Се преполнив со информации и заспав како бебе. Се гушкав со новото љубовно перниче и утрово се оперирав сама себеси од одредени ставови.
    Тоа и си мислев. Сакам да се одделам од цивилизација некое време. Да создавам песни, деца, храна. Да одгледувам млад кромид. Да читам. Да гледам во хоризонт и да мешам слатко од јагоди на малечко тенџерче во голема кујна.
    Да ја одбранам таа пуста теза за феноменологијата на современиот дух! Цивилизираниов свет е преценет, ами само за да страда од комплекс на Виденост, признание. Дека секој морон со пристап до Интернет станува некој и нешто, а духовната слика му е празна, гнила, отруена. Дека наместо образ до образ, љубовниците се гушкаат ѕид до ѕид.
    Тиквичките мирисаат на пролет.
    Пицата утрово ќе ми ја радува хедонистичката желба за Италија.
    Мекиците вчера беа симбол на раѓањето на едно ново битие.
    Мојот свет е изграден како Ноева арка. Има парови, животинки, многу вода и желба за Нов Свет.

    Во пресрет на празниците, само верувам во добрите нешта, грижата за духот и телото, да не се пренатрупуваме со калории и информации. И сакам два грама од правот на Феникс.
    Да тргнам во потрага по некои нови мириси.
     
    На Johny, starbucks, JuLleE и 5 други им се допаѓа ова.
  20. AnimeHQ

    AnimeHQ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    246
    Често пати ми доаѓа да излезам во некој од градските кафичи и пиејќи го првото еспресо да уживам читајќи по некој добар наслов.

    Често пати размислувам да си го фатам под нозе патот и да заминам од Македонија. - за мене нема живот во оваа земја.
    Додека учев средно често пати велев - Јас во Македонија не останувам.

    Моите дома велеа - Чере, ако можеш да си средеш и да заминеш Оди, ние нема да те браниме.

    Дојде ден, завршив средно.

    Дојде ден ги седнав моите дома на еден убав разговор. - Им кажав дека озбилно размислувам да заминам од Македонија, да одам во странство.

    Сега моите дома ми викаат - Чере, ај размисли уште малку. Не е така лошо и во нашата држава, Чере, ке дојдат подобри времиња. :!:

    Но тука не застанувам. Ми нудат и факс и све. Во потрога сум за работа како бебиситерка. Се надевам дека ке успеам. Знам дека е ризик, но подготвена сум.

    Ке ризикувам - одлучив.
     
    На mims-89, CharmedGirl и ViktorijaMari им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.