Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Џабе све за оваа проста раја :puke:
     
  2. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Сд к, епа ќе им даваат млеко, кога им праќам/е пораки за донации. Ондак што се нарекуваат организација? Господе боже, значи и тие се никакви. А лепат потресителни слики на фејсбук, плукаат по сите, епа ајде да ги поплукаме и нив малку, чим како организација не можеле да згрижат мали кутриња. И баш ме интересира тие пари што ги донираме преку телефон каде одат? |( Господ нека ги казни ако си прават далавери.
    и за муабетот на Саја, колку е само во право...
    и не, не го сакам Велигден, и било кои празник кај што се дава курбан, какви глупости |( Уште па Јас да одам и да си изберам јагне, да го мерам, Господе, па само да го видам сиротото, жал ќе ми биде јас да му пресудам,етеее тоа го сакам ондека...
     
    На x.Daisy.x му/ѝ се допаѓа ова.
  3. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Денеска сум најсреќна. Правам една година со срцето мое. Дај боже овие години да се множат и никогаш да не престанат.
     
    На Miss.Ricci, Lepaaa, starbucks и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    604
    Се разбудив пред 15 минути, оти синоќа штракав по фб со еден пријател до 4 сабајле. :^) Многу мразам кога ќе се разбудам доцна, како да сум го голтнала пола ден и не знам од каде да фатам и што да правам.
    Еве, испив дупла доза кафе а притисокот и надаље ми е многу низок и главава ме боли ко да ќе пукне.
    Си слушам лесни песнички, позитивни и ја чекам мамичка да се врати на пауза.
    Вчера бев на кафе со едно дете кое сосема случајно го запознав и сосема случајно стапивме во контакт. Фин дечко, се изнасмеав за сите пари збавен е ептен. И бев магаре и коњ по којзнае кој пат за моите внуци,и имав препреубав ден! :)
    Одам сега па се враќам подоцна..имав уште нешто да кажам :)
     
  5. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Ја прочитав програмата за Пиво Фест оваа година и пријатно се изненадив и расположив :) А во моментот се чувствувам како ова |-) Аааајде нека иди 28 април ми се иди во Скопје :lol:
     
  6. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    е значи кога си имаш работа со тврдоглав човек односно жена е најлошо-како јас
    колку пати и имам кажано на мајка ми да не носи злато, оти имам слушнато дека жени биле повредувани заради тој гердан што го носеле на нив, таа не ме слуша :fubar: и кога била за пат накај дома, т.е. да се качи по скали, некој ја следел, таа не приметила, и и го земал герданот од врат, не за друго можел да ја задави-ама госпогата отишла да пазари, и со кеси во рацете, не можела да се брани, а и здравјето и е катастрофа, и сега е во полициска станица дава изјава-а момчето било колку брат ми
    инаку, јас ја слушнав по скалите, и веднаш се стрчав да видам што се случува, а се разбира крадецот побегнал. Ех мамо, мамо, кога не слушаш така е тоа :worried:
    море на тој што и го сторил ова-да не колнам, само едно ке кажам, да даде Господ 100 пати полошо да му врати, пекол животот да му стане :devil: :swear:
     
  7. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Одличен ден, се надевам така ќе продолжи, денес се видов со прв бртучед кој го немав видено скоро 3 години... радоси, радоси муабет, незнаевме за што попрво да разговараме, 7 саата ни беа малку за муабет..
    Колку само се изменил ццц не ми се верува не го препознав кога ја отвори вратата, последен пат кога го видов беше слаб, низок а сега станал прав фраев висок, згоден... Ветивме дека ќе се гледаме почесто.. П ќе видиме.... :* до негоо
     
  8. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Најлошо е кога некој расположен за џвакање мастика со отворена уста ќе седне до тебе во автобус и ќе почне да си шмљата со сласт. Уствари има полошо. Грицкање семки и чепкање нос во истиот тој автобус.
     
  9. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    СДК преубаво е кога ќе добиеш добра оценка по предметот што не ти оди,а ќе ти се наполни душичката кога така наречените математичарки ќе добијат помала оценка,како 2. :D
    Не,не не е за ситење,ама кој високо лета-ниско паѓа,така е и во мојов случај.
    Ќе се согласам дека неочекуваните работи се најслатки.
    ИМАМ мотив,сила и премногу волја за подобри успеси на овој предмет,ќе го усовршам.Јас можам и знам!
    Гоу ГЛОСИ! :D
     
    На IvanaMkd, Elennaa и Cynthia им се допаѓа ова.
  10. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    ... бош муабети.

    Ги мразите ли оние моменти кога за првпат се запознавате со некого и муабетот што се врти е следниов:
    - А кај живееш?
    - Во Карпош 3.
    - Еј, абе ја знаеш Слаѓана, има завршено правен?
    :^) ... - Не.
    - Kако бе не ја знаеш, висока, црнка, стажираше, па сега работи во T-мобајл, порано имаше псоријаза, брат и вози црвен точак, мајка и витлерите ги става нанадвор?
    - Не знам, не ми текнува.
    - Како бе не ти текнува идеше со еден дечко уште од 7мо, па после раскинаа, па он се ожени одма со друга, а она беше едно време у депресија, сега се гледала со еден постар...
    (тука веќе ви прекиснува, од мака дигате бело знаменце и признавате пораз, со надеж дека оваа умоболност ќе заврши брзо)
    - Ааааа, Слаѓана црнката од правен? Да бе, ја знам. И што со неа?
    - А па ништо, и јас ја знам.

    ....
    :^)
    Зошто бе луѓето имаат потреба од овие активности?

    ... мрч муабети.

    - Кај си ма ти, откога не сум те видела, си се разлепшала, јаоо мацо, студираш, заврши, работиш? Ааааа не работиш, а? Што така бе сонце? Тешко се наоѓа работа денес, јаоооо, ја еве во Вип уште, плата едвај 25 000 а знаеш колку ни е напорно, само по 3 кафиња пиеме на ден, за поише немаме време... и више да ти кажам ми скурчи, ќе си барам нешто друго бе, џабе и тие малку пари што стигаат редовно, кога не ме испунуе бе тоа, не ми е по струка, не сум среќна ич, па ти имаш искуство со огласиве, каква е климата за промена на кариера, м?

    (што да и одговориш бре? освен што ја замислуваш ко боксерска вреќа и сакаш да ја шутнеш во слабина, друго нешто остана ли да се каже и направи?)
     
    На 1209, Miss.Ricci, IvanaMkd и 21 други им се допаѓа ова.
  11. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Пролетно шишање, нови патики и фармерки, наочари за сонце и Скопје го гледам преку темни стакла.. Од таму е по розев, по весел и раздвижен. А кога ќе ги тргнам од очи, сите брзаат некаде намрштени и скиснати, метеж во сообраќајот, сиво е и ветрот си игра со дрвјата. Па затоа ги враќам наочарите и продолжувам да сонувам, насмеана со ново фризурче и нова облека на мене, чекорам стабилно и слушалките ечат. Убаво се чувствувам. Оцените убави, смерот избран- баш она што ме исполнува, што сакам да го учам.

    Мајка ми ме изгушка без никаков повод и ми кажа дека ме љуби и е горда на мене!
    А јас сум уште по горда што имам толку силна мајка, после толку падови и силни удари од животот таа сеуште стои исправена и чекори пред мене, ме води по патот по кој треба да одам.. Се додека не дојде време да се разделиме. Клекнувам на колена пред неа и и` изјавувам благодарност што ме направи она што сум денес, Човек. А јас додека можам ќе и враќам, но знам дека никогаш нема да биде доволно. Таа ми е се на светов, таа ми е мајка. :f:
     
    На Miss.Ricci, TeddyGrey, teddybear и 12 други им се допаѓа ова.
  12. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    Сакам да кажам дека КОНЕЧНО МОЖАМ ДА СЛУШАМ LOVE SONGS!!!!
    Ааааа, поголема радост, здравје... :D
    :music: :music: :music: :music:
     
  13. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сдк сакам мекости, милости, машка рака, машки глас и нежни зборови чисто онака да се почувствувам како шеќерна волничка на стапче во празничен ден.

    Деновиве си ги ги подмачкувам со благо онака да ми бидат поблаги, оти учењево ми ги загорчи, а јас си налевам горко кафе како мислиш се ми е полно и рамно.
    Да се буткало де од колоквиум до колоквиум.
    А подочњаци до колена исто како во недела после саботно луда помината вечер, само место вода голтам дефиниции и го молам Господ да не дозволи фонологијава да ме мрдне во памет.


    И така се живеело, барем така велат ... апни си, пиини си, легни си, поучи си и утре пак исто.
    А утре, утре ќе се иде на среќа оти од учењево ништо не бива, учи учи пак ништо не останува во паметот.

    Ај гукајте си со љубените, како гулабите утрово на дрвото покрај мојот прозорецот. :*
    Ми го разубавотажија денот.
    (разубавотажија )---- зборов од кај никна бе во постов :lol:
     
    На MandyLane и Cynthia им се допаѓа ова.
  14. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Утре се сликаме за табло. Цел ден денеска пред огледало глумам лудило, правам неартикулирани пози. Па пробна шминка, па фризура, абе смешки :tmi: Ама се замарам бе, оти да не. :wasntme: Ако излезам убава (што чисто сумњам) сите тука ве частам. Абе има плакати низ градот да лепам, само да излезам убава :worried:

    како и да е, што мислите каква фризура би било најдобро? :worried:
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    :wasntme:
     
    На IvanaMkd, MandyLane, Hiii и 5 други им се допаѓа ова.
  15. AnimeHQ

    AnimeHQ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    246
    Седев сама во кафич, решив да испаднам од дома, да размислам малку, да прошетам на свеж воздух.
    Решив и заминав во парк, покрај паркот има прекрасен кафич - немам со кој да одам , решив Ке одам сама, Да, да.. кој сака нека се чуди и нека ме прави лудача. Јас заминав.
    Беше преубаво утро.

    Беше преубаво утро, додека чекав да ми донесат еспресо ме добре едно момче, на рамења. Ме праша- девојко со ваша дозвола може да седнам на вашата маса?

    Штом го видов знаев дека ке ми се случи нешто неочекувано, нешто убаво, после долго време.

    Си поминав прекрасно, за прв пат мојот живот имаше смисла.
    Помина ден, два, три и се прашувам дали сонувам? Дали ова мене ми се случува? Дали имам повторно шанса за нова љубов и нова романса?

    Тој е поубав од сонцете што на небото сјае, а кога ке се насмее е уште посимпатичен. Со еден збор неизбежен.
    Неможам да дочекам да се видиме повторно, да ми се јаве, да го слушнам повторно. Кога разговараме почнувам да дишам поспоро, срцето ми лупа се појако и појако бидејки неговите зборови многу ми значат.


    Има коса како чоколадо, очи како дијамант, усни врели како вулкан, кога моите усни би ги допреле неговите ке кажам на сите дека ме пољуби АНГЕЛ над АНГЕЛИТЕ што оде по земјата и постана голем дел од мојот живот. :!:

    Се прашувам дали е ова истата Аниме која до вчера викаше дека не размислува за дечко? |(

    - Да се разбереме, јас не реков никаде дека ке се откажам од моите планови, само кажав дека мојот живот за прв пат имаше смисла. :!:
     
    На IvanaMkd, la-chicka, Elennaa и 3 други им се допаѓа ова.
  16. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    ^^

    Или онаа каде што пишува Old Skool,или последнава такозвана „печур“ фризура :!:
     
    На creshicka и AnimeHQ им се допаѓа ова.
  17. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Сдк понекогаш стварно не можам да ги разберам машките, па ако решил да зјапа во мене, нека зјапа со усул :fubar: , а не толку многу приметливо што дури и од авион се приметува, па непријатно е :fubar: |(
     
    На IvanaMkd и AnimeHQ им се допаѓа ова.
  18. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Се разбудив со огромен кратер од акна (зборов ми е толку одвратен и совршено сраснува за појавата nomen est omen), покрај константната болка деновиве со променлив префикс (главо, стомачна), мисливе ми се прав вортекс, кој мислам дека ќе ме проголта...

    Иронијата е што уште од дете знаев дека нема да добијам се‘ што ќе посакам, ама тоа стана лајт мотив кој ме прати како некоја сенка, уште колку нешта треба да изгубам за да ги израмнам сметките, колкав е мојот удел во сопственото искупување на гревови или ми паднал поголем дел учество во колективната отплата?! Оптимизмот ми сугерира да се трудам и натаму, ама полека ми се исцрпуваат резервите, па се предавам на левитирање меѓу реалноста и замислите. Имам 32 години, IQ 131, и уште една иронија - сеуште верувам во бајки, очигледно е некоја грешка во софтверот...
     
    На TeddyGrey, Elenaaaaaaaa, julie77 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сдк мило ми е кога ке видам убава девојка која е насмеана,просто зрачеше со позитивна енергија,стварно е ретко ова да се види во Скопје.
     
  20. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Можеби сум единствена, можеби не.
    И јас, сакам маичка по кратки, не сакам јакни, капути, шалови, чуда и врагови.
    Па дури и собичкава, ми е почиста во лето. Најубаво е, наместен кревет, од венецијанките си ѕирка сонцето, се е скоцкано. Додека во зима, се пренатрупано, се ми изгледа вишок, елка, украси, џиџи-миџи. Се ме тера на излежавање.
    Ама со сигурност, го обожавам временцево. Уште од сега ако се затопли, па што ќе се прави во сите тие вторници, петоци, мај, јуни? Ќе се црка по автобусите.
    Ако сака и нека врне, и град нека паѓа. Се е убаво, само да не почне снег, па и тоа е обврска, треба пак да се заангажирам, да се лизгам и паѓам на секое ќоше.
    Денес родителска. Ма нема да дозволам оцените, да ми го расипат расположението. Ќе си се смешкам, ко будала, па макар и сама со себе. :wasntme:
     
    На BeYourself му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.