Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Вторник дефинитивно не е мој ден.Денеска го добив најголемото разочарување во моите 17 години.Прво мајка ми добила отказ од работа,прифатно никој не ти гарантира дека ке работиш.Кога ке му текне може да те истера од работа.Ја гледам како е разочарана и ја слушам како зборува како цел свет да и се распаднал.Во таа фирма работеше 9 години..Седи и гледа во една точка.Замислена и изгубена.Можам да замислам кај и паметот и што си мисли..Неможам да ја гледам таква.Таа е единствена на овој свет која се прави за мене и не бара ништо за возврат.Се ми исполнува и се ми дава.Толку е нежна и толку е мила.Сега е разочарана многу и само си вели:ние зависевме од таа работа,сега многу работи ке ни бидат ускратени..И така е!Денес многу тешко е да си најдеш работа и да си зимаш редовно плата.Е неможам колку е таа потресена и нервозна толку сум и јас.Се нервирам и ми се плаче..Нависитна е тешко.. ;(
    Второ,денеска бев извисена и поебана на најружниот начин!Излегов голема будала и идиот.И така јас разочарана,пукнав од нервоза и правац кај другарка ми.Абе веднаш појде со мене да го решиме проблемот.Веднаш само патики зема и палто и тргнавме..Проблемот не го решивме,но се изнасмејавме и изнамуабетивме.Доволно е што ми кажа дека се ке биде добро и дека не е крај на свет.Ми направи смешки ,се прошетавме низ град и си дојдов.А дома,дома како сите да се испоумрени.Не ми се ни влегуваше ..ужасен период ме очекува,ама се надевам на подобро ...
     
  2. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Јас битно денес имав убав ден во Штип...А и да се пофалам...Братучетка ми ке има бебче.Не знам дали сум се пофалила веке ама за секој случај пак да си кажам :D ај нека биде убаво на мамичка и паметен на татко си. И цело време една личност ми шета по мислите...А едвај ја познавам таа личност.Нејке да е на арно.
    И така започнаа со турските серии на телевизиите. :sweat: Тоа ке биде долга нок.
     
    На BlackSwan5 и AnimeHQ им се допаѓа ова.
  3. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.540
    Пол:
    Женски
    СДК сакам масажа.... 8)
     
  4. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дека треба да направиме една тема „Мислења кои ве тераат на плачење...“ во која ќе бидат сместени 50% од постовите во темата за Џастин Бибер.

    [​IMG]

    Ноу хард филингс.
     
    На sanjalica, cigarce, BlackSwan5 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    Се уморив. Цел ден напорно па уште шетањево 6 саати на крај. Крш. Али сум хепи ептен :inlove:
     
  6. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Ахх, не знам по кој милионити пат сакам да си бапнам една воспитна, па да видам дали ќе ми дојде памeтот, онаму каде што од одамна требаше да биде.
    До кога ќе бидам олку навина? До кога ќе верувам во „наивните‘‘ фацички за после да си ја чукам главата од зид и да си слушам муабети од зад грб?!До кога ќе бидам опкружена со ова лицемерие? Зошто луѓето се олку себични?
    Најголемата иронија е што сто пати паднав и сеуште одам по истиот гнасен, трнлив пат.
    Зошто кога го знам се ова упорно сум наивна, наивна и само наивна? :fubar:

    Убаво ми рече една другарка: „Јас секогаш си се ставам на прво место. Не ми е гајле за другите. Гледам мене да си ми е добро‘‘.

    Навистина за тој муабет капа и` симнувам. Така треба, само така се успева во животот. Овој свет е премногу гнасен за да бидеш добар.

    Само кога јас ќе го применам тоа? :^)
     
  7. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    Не знам зошто, али во последно време се ми е рамно. :)
    И покул ми е вака. Кога баш ми чуе дали он ме погледнал или не. Кога може и кола да ме згази, ја само ке се смеам.
    Ми фалеше ова, да сум среќна. Да се радувам на ситници. :)
     
    На Danilela му/ѝ се допаѓа ова.
  8. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    овој брат ми-за врат да го фатам е навистина :D
    не сака да ми објасни некои работи од Ворд 2010, а мајка ми тера инает и одбива да одам на курс-демек еве ти го брат ти ке те научи :tmi: ке мора тоа дете да го смени карактерот, оти многу лошо ке помине во животот.Курсот како курс е навистина скап-3000денари е , ама по шорт кат-она најважното е само 700 денари, па ке заштедам од излегување или од нешто ке скратам, ама ке соберам и ке одам, оти навистина ми треба, и тоа потхитно. Ја свакам мајка ми зошто само на пари мисли-пред некој ден кога ми кажа дека сакала да извади пари од картичката немало :worried: а мене ми вика немој за тоа да аплицираш, немој на ова интервју да одиш-едвај чекам да дојдам до некаква работа да и олеснам барем едно делче финансиски, не е важно што до лани студирав на еден од најскапите универзитети во р.м.погазив на некој начин и гордост и се само за да придонесам финансиски во семејството-па со Господ напред :)
     
  9. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Се преморив.
    Многу сум среќна што повторно сум дел од балеринките убави. Среќна сум што повторно нозете ми заиграа во ритамот на балетската музика.
    Среќна сум, и оваа болка е толку убава.

    Прекрасна е..
    http://www.youtube.com/watch?v=wc3tAqc-2IY
     
    На eli4ka29, IvanaMkd, sanjalica и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.234
    Допаѓања:
    140.243
    Треба да ја спремам торбата, а не сакам. Не сакам да одам. Цел ден имам некој немир во душава.
    А подобро е да одам, да се заврши работата. Не сакам одложувања.
    Три пати одложивме, и сега најверојатно пак ќе мора.

    И не знам зошто ми е толку стегната душава, кога се работи за рутинска операција, ништо спектакуларно.
    Ама будењето од анестезија, и немоќноста да одговориш кога гледаш солзи, и со нецелосно поминатото дејство на анестезсијата нејасно изговорено „мамооо, ме болиии“ не може да се спореди со ниту една болка на светот. Мразам да се чувствувам немоќно, и уште повеќе да не можам да им помогнам на децата.

    Не знам зошто волку цвикам кога ова веќе ќе биде трета операција на дете. Имало и уште 5-6 лежења со пневмонии. И никогаш не ми било волку мачно. Барем така мислам.

    А џабе, кога пак ќе одложиме. Пак се разболува, знам дека утре ќе биде полошо.

    Сакам се што треба да се заврши и да дојдат подобри времиња.
     
  11. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Хм, деновиве се изначитав статистики. Како дека потрајни се љубовните врски започнати во зима отколку во лето, што и држи вода.
    Посреќни биле оние родени во летните и пролетни месеци отколку во другите. И со ова се согласувам.
    Една непишана статистика е дека девојка кога ќе раскине со дечко одма драстично го мења своето понашање као демек. Веднаш фрчат слики на фб како она се забавува со женско друштво, на секое сликиче во рака е со алкохолче, и џабе статус несменет кога ти знаеш дека девојчето раскинало, од таму и таквото однесување.
    Што да се каже за ваквата ситуација? Па ништо, за греота. И таа и тие околу неа.
     
    На marama и Miss.Ricci им се допаѓа ова.
  12. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Уф, многу ме нервира кога ќе видам смајли кај што не треба. Значи ужасно ме иритира. На пример, некој сериозен коментар читаш и на крај смајлито од типот :D како со камен да мава по коментарот, ја разбива смислата на постот. Што барало тоа смајли баш таму-ни само не знае!
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Велат дека за да го почувствуваш вистинскиот вкус на калинките мораш да земеш повеќе зрнца одеднаш, само така се добивал целосниот впечаток.
    Не, не.
    Јас ги сакам едно по едно.
    Ме потсетува на тоа дека најслатките задоволства на животот, се кратки..
     
    На IvanaMkd, Libera и TeddyGrey им се допаѓа ова.
  14. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сдк психички ми треба една масажа на мозокот или подобро би било да го ставам во машина за перење, да излезе така чист и употреблив, оти вака не го бива.


    Само звук на флејта, ме смирува во последно време.

    Сонувам да сум назад во времето, кога баловите биле најубави места за уживање.
    Да облечам балски светло син фустан, да има со кој да танцувам и насмевката не би ја тргала никогаш!
    [​IMG]


    Не би била Пепелашка јас би била Honey in blue... чисто да бидам благо-љубена и примамлива :lol:
     
    На 1209, Miss.Ricci, teddybear и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Феномен во собата на стар скопски металец – постерите сами се прочистуваат!

    "Несекојдневна појава се случи вчера на 25 годишнината од издавањето на Scream Bloody Gore од легендарната група Death во собата на еден незапослен стар скопски металец во населбата Железара

    Постерите во внатрешноста на собата, на кои со години се таложеше чадот од цигарите што металецот ги пушел безделничејќи по дома, почнаа самите се прочистуваат и да ја добиваат својата природна боја.

    Прочистувањето почнало од постерот на Master of Puppets на Metallica на внатрешната страна од вратата во собата, а потоа и на постерите на Heartwork од Carcass, Vulgar Display of Power на Pantera, Seasons in the Abyss од Slayer, Odd Fellows Rest од Crowbar и на останатите постери.

    Природните бои најмногу се враќаат на долгите коси на фотографираните металчуги, а исто така и на дел од нивните кожни јакни и шилци.

    Собата вчера ја посети поглаварот на Храмот на Металот, Археметалецот Битолски и Македонски г.г. Ориз, како и бројни металци кои бегаа од часови за да го видат чудото.

    Ваков феномен, како што велат металците во Железара, е забележан само во населба Илинден во 80-те години од минатиот век, кога во една соба на постерот од Venom кој бил купен на бувљак во Урошевац почнале да се враќаат природните бои и сјај на тапираните коси на членовите на бендот."

    Ова кружи на фејсбук денеска, колку се смеев кога го прочитав :rofl:
     
    На gothchick, Danilela и Nevermore им се допаѓа ова.
  16. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дека сите мрчат, а никој не може да каже од што е.
    Му доаѓа како она: „Не е битно што ќе кажеш, битно е да е контра“.
     
    На kate-the-great, IvanaMkd, MandyLane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. perlaa

    perlaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2011
    Пораки:
    1.223
    Допаѓања:
    788
    Охриџаните че умрат од љубомора. 365 цркви, а чудото фоф Скопје се деси :)

    На фб го прочитав :lol:
     
    На Annath, Sara123 и sanjalica им се допаѓа ова.
  18. glow

    glow Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    3.023
    Допаѓања:
    1.264
    Секогаш кога влечкам книги со мене се наоѓа супер друштво и паѓаат големи дискусии. Книгите прошетани и неотворени се враќаат дома. Еднаш нема да земам книга и ќе киснам на пауза саат време сама. |( Среќа што ги имав земено слушалките, па слушав радио на телефон. Боље ишта, него ништа!
    Фала Богу апетитот ми отиде во неповрат, т.е. ќе се врати ама се надевам не во скоро време. Веќе се чувствувам полесно, па и како не би кога јадам дали една четвртина од тоа што го јадев пред недела дена. :tmi: Со оглед на количеството изедена храна, добро е што не се здебелив. Се гордеам со организмов мој - за првпат. :D
    Конечно утре ќе пакувам куфери и ќе си одам дома кај моите најсакани. Се заборавив во ова Скопјево, сопствени рекорди рушам.. Ќе испуштам утре една добра дешавка, ама ако, не ми е криво. Не можам да издржам веќе плус се надевам дека барем малку ќе ги избегнам гужвите по автобуси. Јас разбирам дека за празници сите сакаат да се приберат дома, ама па неподносливо е!
    Едвај чекам да си влезам дома. Да ја гушнам мајка ми, да ја зафркавам сестра ми и да се расправам со татко ми. :wasntme: Претчуствувам дека ќе следи предпразнична генералка и правење слатки, ама за арно нека е. Обожавам празници од секаков вид. Посебно со неработни денови и продолжени викенди. :D
     
  19. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.249
    Допаѓања:
    6.732
    Сакав да пишам овде денеска, поради една причина.
    Се чувствувам немоѓно . Секој ден отворам на интернет страната за вдомување на животни и ги гледам тие слатки суштества. Пуштени од Вардариште, без дом , храна. И многу ми е тешко да ги гледам такви.
    Ми се чини дека кога ќе дојдам од година таму 3 ќе вдомам, дури имам место во станот !
     
    На ines.h му/ѝ се допаѓа ова.
  20. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    Незнам дали да плачам или да се смеам. :x :x :x
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.