Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Гашти и икони, на сила верници.. многу ми дојде сериозно..
     
  2. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Ми фали,многу ми фали личноста со која поминав многу години.
    Личноста која знаеше како дишам,што мислам...знаеше буквално се.
    Личноста со која ги направив лудостите во мојот живот.
    Личноста која секогаш беше тука за мене и јас за неа.
    Можеби ми згреши во неколку наврати,но јас и ветив.Покрај се никогаш нема да ја изневерам нејзината доверба.Сакам да биде најсреќна.Ќе ми фали секако,но подобро е вака,да не се повредуваме повеќе.
    Каква и да е,сепак имаме историја од спомени...од убави спомени.
    [​IMG]
    Лелее мене ме мавна овој ПМС ептен на емоции...ццц. :lol:
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  3. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Баш ми е убаво... Нека пукнат душманите...
    Си навратив интересни спомени. Од оние летните што ти се насмевнува и душата...

    Ѕверка сум била бе. Си го сакам животот.
    Многу ми било убаво порано.
    А знаете што?
    Многу ќе ми биде убаво и во иднина. Нека пукнат душманите...
    Почнав да верувам... да верувам во себе!
     
    На tweety26, IvanaMkd, anabel-a и 3 други им се допаѓа ова.
  4. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Утрово сонував гаден сон. Станав исто како да не сум спиела.
    Се мавнав од вратата со лактот, немав паста, повторно се мавнав, коленото од масичката кога брзав да го тргнам ѓезвето од рингла, телефонот ми полуде, скршив чинија, имав зелка за ручек, а бев мртва гладна....
    Официјално моето гадење од лифтови е запечатено засекогаш. И заклучив дека мразам да сонувам.

    Се плашам.
    Од блиската иднина.
    Од фактот што можеби навистина е во право. Што тоа само го потврдува фактот дека кругот се врти.
    На ова не сум навикната.

    Може дојде време јас да плачам?!
    Баш пред неколку часа, мајка ми ми кажа дека одсекогаш сум била голема плачка.... Колку за утеха.
     
    На Miss.Ricci му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.296
    Допаѓања:
    158.143
    Само јас не ли крикнав на Скопје ремиксд?! Мислам,не оно као не ја укапирав елегијата за Скопје некад, ама реално, ние сме ти пилиштарци,особено оние веќе од 1990 нагоре,поим си немаат со филмот и некад животот у Скопје. Ја имав честа да фатам пар места и толку,све друго е легенда,ама затоа хипстерот ќе ти каже дека порано било закон и дека Скопје Ремиксд е одличен.
    Од артистички поглед,да, друго,не. Омилен дел, операта, омрзнат, цртичот и пискавиот глас на женската. А и Скопје поделено на сектори. Ако смеам да прашам,што толку се потресовте по филмот?! Лош ви е зарот! И јас сакам мунгос,пошто сум диво свинче.
    Поим немате зошто го сакате Скопје.Штом се носите хипстерски,го осквернавивте и имиџот на градот. Скопје не бара такви изроди. Скопје бара улична уметност,а не изглуматани вредности, Скопје бара улична мода,а не хипстер цвиќера и фазон. Скопје бара амајлии, значења, Скопје бара спонтаност,а не смислени комбинации, бара неактуелни места. Ако мене ме прашувате јас би го затворила и Тренд и Барбакан и Арабеска и цела Ленинова. Уствари Скопје стана тажно. Па и чаршија ја запоседнаа овие...дививе,кои се неприродно намонтирани во таа околина. Кога си седевме во пивница без ниту еден хипстер,ете баш беше лани...

    Ах да,утрово се смеев на скроз ненормални,ама стварно ненормални луѓе,ама во смешна смисла. Не као еј види ненормален,ха-ха,туку тоа што го правеше жената беше жестоко реално,тоа се што мислиш без да ти помине низ филтер. Конечно најдов луѓе со иста смисла за хумор ко мојата. Дали сум и јас нездрава?!
     
    На sanjalica му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    1.991
    Good morning, what year is it ? :^)
    Сум спиела како топ, и сега ќе се вампирам. Колку бев изморена, таа колоквиумска ме исцрпе.
    Ама сум гладна, цревата ми кркорат и ептен сум жедна :sweat:
    Си дојдов мртва уморна дома, едвај се довлечкав, киснев еден саат под тушот, си облеков пижамки и со залет од вратата се фрлив во кревет.
    И сега ќе се сликам ..

    Ме фаќа паника и трема од утрешниот ден .. Утре е се или ништо ...
     
  7. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    604
    За момент, за момент помислив дека е во мене проблемот, дека гледам без да гледам всушност и бев спремна да си ги потопам критериумите, значи не да ги спуштам туку да ги потопам само за да не бидам сама. Ќе бев сега со него само ради тоа што е фин и добар, а искрено финоќата и доброќата не ми будат желба да го бакнам. И тешко ми е кога ќе дојде тој момент. Пробам да не мислам и да уживам ама не може.
    Кога две парчиња од сложувалката не си одговараат, нема начин да ги споиш.
    Можеби нема да ми е сеедно додека седам дома и гледам романтични филмови сама, ама знам дека мојот дел од сложувалката која совршено ме надополнува е таму некаде. А тоа е најважно, можеби ќе доцни ама ќе се појави. И ќе има трпка, и желба и пеперутки во стомак, а не силно затворени очи и мисли таму некаде.
    И редно е веќе да легнам во мекото и миризливо креветче што ме чека нестрпеливо. :D
    Лека ноќ дами :*
     
    На WildCherry, Libera и KalaV им се допаѓа ова.
  8. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Нешто во што најНЕверувам, вечерва убаво ме прогонуваа ... Нема спиење од 3саатот само си мислам, на некои раб што, како, кога, зошто. Значи мир да се немало. Ниту сон ниту ништо..

    Се прашувам што и кому ли згрешив за да ми се случува сево ова. И сакам да престане овој кошмар бе.
    И сакам мир да најдам. И сакамд а најдам некј саглам шо е да го сакам. И сакам ... Многу нешта, ама не идат бе не идат....

    До кога да се чекало ??? Ке чекам ајде уште, ама губам волја за некои раб.. ама и живци.. Па нека му мислат...

    There is demons inside of me, Can I kill 'em ??? - Hell naw ... !
     
    На Unica му/ѝ се допаѓа ова.
  9. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Толку многу престанав да се замарам и да му ја тупам, шо никогаш у живот не ми било поубаво. :smoke:
    Кога ќе ве видам такви невАспитани, не знаете едно добар ден да кажете, сфаќам колку ви вреди факултетот и високата позиција. Ќе ви се плукнам јас вас, ќе дојдат и моите пет минути. До тогаш на здравје нека ви е заблудава у која живеете. Неспособни едни. хе хе хееееееее :wasntme:
     
    На IndieGirl и thelittle17 им се допаѓа ова.
  10. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    СДК...е мразам кога сум болна :@ Имам потреба од сонце, воздух, позитивна енергија, луѓе, живот.Не сакам да седам дома, сама и да се превртувам по креветот затоа што немам доволно сила да станам од него.Ааа, не може вака!И објавувам војна на настинкава-супа, чај, апчиња за грлото, капки за носот, цедени сокови и посета на докторката попладне.До утре ќе бидам топ :devil: Ниедна болест, па дури ни најмала настинка, нема да дозволам да го смени начинот на кој ги поминувам деновите во овој период во кој сум најзадоволна од сопствениот живот 8)
    И СДК уште нешто, да не се случеше ова, немаше да знам колку некои луѓе се грижат за мене и колку би им недостасувала, ако ме нема во нивните животи :!:
     
  11. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Непредвидливост - нешто што најмногу го сакам. Најубавите работи се случуваат кога најмалку се очекуваат, затоа и се најубави.

    Убаво ми е...
    Буквално се'...
    И несакам да изгубам се' во дел од секунда...
     
    На maca99, Elennaa, tweety26 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Џез радио, нес.. млитаво сонце, и осмех, малото фати спортска. Утре му е роденден. Одам а не сакам. Е се радува дека работиме заедно, и се оправаме за пари. Мислеше дека нема излез, и покажав дека има излез. Договорени свадби до септември. Ќе сликам денес овекување на Љубов. Ма нека љуби светов и нека биде розев. Мила е многу покултурна и попаметна од еден тон суштества во светов. Ме радува.

    Нечистотијата и некултурата сериозно ме нервира. Сакам чисто Скопје. Ама фали САМОСВЕСТ. Сериозно незнам кај се оние што требаа да пишуваат казни. Не сакам да се гушам во туѓите говнарии. Скопје е убаво, само идиотизмот го уништува.
    И така. Ќе се искачувам по речениците на една книга денес. Секогаш кога некој ќе ми дари книга убо ми е..
    И така.. имајте убав ден..

    http://www.youtube.com/watch?v=s6ndU7GKpjI
     
    На Hipster, bittersweet, thelittle17 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    доброутро :)
    иако имав вртоглавици за време на нокта-т.е. мислев дека се во собата се движи на моменти, а тоа е од внатрешното уво-нешто не е во ред со еден од центрите за рамнотежа и не се лекува така брзо-ми објасни сестрата..Мислев на него цела вечер-ме инспирираше телефонското јавување пред да си легнам го гушкав мечето замислувајки го покрај мене :*
    легнав со насмевка на лицето, и станав со истата -убаво е да имаш некој што мисли на тебе и ти на него, некој што има навистина посебно место во твоето срце :$ и :!: да и посакам добредојде на црвената точка -што овој пат дојде со еден ден задоцнување(да доцнеше повеке не ке беше лошо)и немам толку силни болки како вообичаено(најверојатно од вежбите што ги правам по дома)
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Така ги мрзам испуканиве и расцветани врвови на косава ко ќе ги заглеам подобро на дневна светлина, што ми иде да зеам ножиците и све што е испукано нерамномерно да сечам! А пред матура на фризер не одам, па што сака нека е. Ќе добиваат влакно по влакно домашен третман :rofl:
     
  15. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сдк или е зима или лето! Непостои пролет или есен!
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.822
    Допаѓања:
    25.535
    Пол:
    Женски
    Уживам во денов уште од сега, уживам во краткиов распуст кој сама си го направив. И се мислам, неделава е преубава за да почнам да учам, префрлам се за после Велигден.
    Сега само сакам да губам време и да фантазирам.
    И сакам едно вкусно кафе и една прегратка, овде:
    [​IMG]
    Погледов би направил да изгубам контакт со реалноста,само за момент...
     
    На bittersweet, julie77, marama и 6 други им се допаѓа ова.
  17. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Фините ке ве заебат на многу фин начин :!:
     
    На maca99, Elennaa, Sara123 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Предноста на големите групи на факултет, е тоа што во нив има од се по нешто.
    Па така, во група од 120 студенти, можеш многу полесно да пронајдеш свои истомисленици со кои ќе оформиш круг за дружба.
    Ја имав таа среќа да пронајдам шест прекрасни личности со кои ги поминав овие 3 години од студирањето. 3 години константна дружба во и надвор од факултет, пиење кафиња и ескивирање од предавања, одење на театарски претстави, разменување идеи, помош и информации, земање индекс со оценка ако некоја од нас не е тука, куцнување на предавања како да сме биле таму, раменување прашања и материјали пред испит и заедничко прославување на успешна испитна сесија.

    И еве, кога сме скоро пред крајот, кога за некој месец ќе бидеме со дипломите во рака, а патиштата ќе ни се разделат, им напишав песна за дружбата помината овие три години. На секоја од нив шест им посветив по една строфа и планирам во скоро време да им ја подарам како возврат за тоа што беа тука за мене овој период :)
     
    На 1209, Neytiri, teddybear и 13 други им се допаѓа ова.
  19. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Денес ја потсетив која е и што е. 8) Што да кажувам повеќе..!? :lol: Секој треба да си го знае местото. :D
     
    На IvanaMkd и cigarce им се допаѓа ова.
  20. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    604
    Сакам да кажам дека си се осеќам убаво во својата луда женска кожа. Некогаш тажна, некогаш блескава од среќа..лута, лигава.. разнежнена.. но секогаш многу, многу женствена. :)
    И да, играм по дома на гаќи и што? Дождот ми прави друштво, а намуртените облаци ми се лутат што ги разбивам. Нека, би ги дружела и нив, само кога би сакале.. :)

    http://www.youtube.com/watch?v=2eBkXXSbwlE
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.