Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    E Боже златен каде си :x ако не сте знаеле да ви кажам дека си хит ако ги постираш сликите од твоето јадење на фб (привилегија е тоа не може секој ) Уф
    Нека помине и овој ден да си почувствувам раат на душата,имам пишано дека Божиќ го сакам најмногу но не останувам рамнодушна и кон Велигден,како помала мајка ми секогаш ме облекуваше во црвена суќна со кошулка,кошничката во рака и бев спремна за по јајца и пари.
    Е сега за овој Велигден јајца ќе има пари ќе нема,па како да има кога јајцата се по некој буржоаски стандар
    ете така имајте убав ден
     
  2. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    СДК...дека многууу сум среќна што успеав да ја инсталирам Sims 3 Pets, и затоа не сум многу онлине на фемина.
    Феминки сепак ве читам, и наоѓам време да пишам...хехех малку додека ме помине меракот за играта :lol:
     
    На IvanaMkd, TheCandy880 и JoxyTheFreak им се допаѓа ова.
  3. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Едноставно некои лоши сеќавања не излегуваат од мене... за жал, а толку сакам да се избришат. :( Ај, можеби со тек на време, си се залажувам...

    Велики Четврток. Тој полага за кола, јас станав, се измив и отидов да ги видам вапсаните јајца. И сега ќе учам логика. Па сакам предвелигденски да си заработам уште една 5ка и да завршам со логика еднаш засекогаш. Зошто тек во вторник се гледаме пак. И денес убаво ќе си го поминам денов! А и убав е :)
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.262
    Допаѓања:
    1.689
    Имајте пријатни Велигденски Празници
     
    На Srekicka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Темата за модни критики е заклучена, вашите нокти е заклучена и уште многу други кои ми беа интересни... :sweat: :P
    Него јас да ви посакам добро утро и да ве поздравам.Убав ден е денеска,сонцето срамежливо светка а јас во душата цветам :f: :nod:
    http://www.youtube.com/watch?v=yx1fiU2v ... ure=relmfu
     
    На L-enna и Amelia им се допаѓа ова.
  6. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Абе некад наместо да казнам некого, јас си се казнувам.. И онака убава јака (Не)издржлива казна ...

    некад стварно посакувам да можеме да си читаме мисли едни на други.. Па наместо да им речам нешто а неможам ете да ми прочитаат од мисливе... Со задоволство ке дам, ке ме поштедат од премногу зборење и објаснување.

    И да, мн убав период избрав за да се разболам :clap:
     
  7. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    1.991
    Кога летна времето ...
    Кога бев таму .. далеку од дома, едвај чекав да си дојдам, правев списоци на мајка ми што да ми зготви и еве сега дојде време пак да одам.. Додека да се свестам -екскурзија, колоквиуми и чаооо папа отидов ..
    Колку калории внесов овие два дена -ќебапчиња во чаршија,шампити во Шехерезада, и навечер во 7ца ... Морам да се снабдам со резерви за летово :rofl:

    И така... Денес имав презентација, дојдов , наместив лаптоп вклучив проектор и тататаааааааам си го заборавив усб-то дома :( Среќа професорот имаше состанок па ми одложи за наредна недела :fubar:

    И така, од денес станувам најодговорната личност на цел свет |(
     
    На tweety26 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Јас како будала ќе станувам толку рано за да одам во школо, додека некој си го спојува викендот. И што за на крај да биде ајде одете си никој не запишува :@
     
  9. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    СДК...дека и покрај се, денов е прекрасен.Си станав порано, надвор сонце сјае, гледам, облаците ги нема.Настинкава си се повлекува полека, ама сигурно.А јас, после многу долго време, со голема желба да работам.Се прашувате зошто?Епа, еден ден принуден одмор е доволно да ви ги наполни батериите, кои ви биле празни со месеци.Сега имам еден многу интересен проект и едвај чекам да го започнам.Ајде да престанам со филозофирање и да си се пуштам во работа, инаку, ќе ми помине времето :lol:
     
  10. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    Празни ствари се вртив, ама нема врска.. :)
     
  11. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Би го лапнала во еден залак денов или пополека шмекерски би го соблекувала. Градот се шекнува. Јас се блесавам исто така. Петок вечер ‘lady's night‘ со моиве девојки ќе спиеме кај мене.
    Ќе има трачарење на кило, полни стомаци со мафини и алкохол.
    Наша вечер.
    Ги обожавам тие моменти со нив.

    Некоја предпразнична еуфорија, не ме тангира, а гледам луѓево се збрлавеле.
    Отидов да ги пружам мисливе на жица.

    И најдобрата реклама ever.
    Креативност.
    http://www.youtube.com/watch?v=316AzLYfAzw
     
    На Cynthia, BeYourself, maca99 и 3 други им се допаѓа ова.
  12. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сдк не знам што да правам со денов .


    Пижами :up:
    јадење :up:
    Симс 3 :up:
    кафе :up:



    Не барам ништо повеќе ..... денес ќе бидам мрза :sun: :$
     
    На teddybear, Cynthia, AnaKarenina и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Спремна, полека тргнувам за Италија. Имајте убав продолжен викенд девојки!
     
    На mamma-mia, swag, teddybear и 21 други им се допаѓа ова.
  14. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    Да не се повторваме истото денес ќе го правам и јас
    На школо не ојдов, и баш ме брига :D
    Ајде имајте убав ден. :*

    Тенкаии, среќен пат, убаво да си поминиш и да се вратиш полна со импресии :) :*
     
    На TheCandy880 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Ми недостига сестра ми,многу...
    Мини шамарчињата кои ги добивав :D ,
    гребнатинките кои и ги нанесував,кога ја бркав со мачката по дома (страв и беше)
    ни беше напамет научена една епизода од Светот на бајките (со мудрецот) и секогаш кога јадевме кисело млеко глумевме :D
    Се сетив на нешто многу смешно :
    -се бркавме по дома се каравме и си викавме ти ваква ти таква и веќе не и текнуваше
    што да ми рече и во моментот почна една српска песна на радио Ушла си ти :D а јас клемпави ушиња и се лутев многу а и смешно ми беше :D

    Тоа сакав да кажам ,ми недостига многу сестра ми :u:
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Мама јајца купи
    ги бојадиса црвено
    и сите ги стави,
    во кошниче дрвено.

    Чук јајце чукнете,
    чук јајце пукнете,
    ден, ден, голем ден,
    ден, ден, Велигден!

    :sun:

    Уште ја памтам песничката и уште си ја пејам. :lol:
     
    На tweety26, Miss.Ricci и BeYourself им се допаѓа ова.
  17. roberta-rubi

    roberta-rubi Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2010
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    65
    Не им е лесно на успешните и згодни жени, еве зошто:

    Другите жени те мразат.
    Мажите ти се плашат.
    Ако имаш пари – или си спонзоруша или швалерка.
    Ако заработуваш сама – тогаш те сметаат за глупача.
    Ако трошиш многу – тогаш си расипничка.
    Ако имаш свое мислење си кучка.
    Ако ќутиш – мутава си.
    Ако се дотеруваш – имаш друг.
    Ако не се дотеруваш, ќе те замени со друга која се дотерува.
    Ако имаш машки пријатели – сигурно ти се љубовници.
    Ако си немажена – нешто ти фали.
    Ако имаш кариера – зошто не си мажена?
    Кога ќе се омажиш, кога ќе раѓаш?
    Кога ќе родиш – кога ќе родиш второ дете?
    Кога ќе родиш две деца – па ти ништо не работиш? Зарем не си имала некаква кариера?
     
    На Adi888 и Angelche им се допаѓа ова.
  18. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Соништа, еден куп!
    Можам од нив да пакувам во кутии и да ги делам по градов.

    Изутринава добив пречукната идеја и предлог за еден настап, но не можам да го остварам. А баш ќе беше езотерија.
    Ми поласка што ме побараа. Но замолчев пред судбината. Нека. Одредени нешта можеби треба да останат таму каде што и самите сакаат да припаднат.
    Но нејсе, предвидов бура - бура и бидна. Не само временска, во нас, луѓето. Космички и преломно.
    Вчера бев во тотален riot mood, ми се излегуваше на улица на протест. Зошто? Заради една банален глупав закон со кој сите велосипедисти се казнуваат со 25 евра ако возат на улица или надвор од лентите.
    Која црна лента бре човеку? Во градов пола од инфраструктурираниот дел што е одбележан демек за точаци, никој не го почитува, се сече со сообраќајот, луѓе се плашат да возат, зошто ништо не е организирано. Па уште и казна! Море, да ме застане некој ќе му пикнам една ружа во ревер и нека ми дојде полицајски дома на гости, ќе му дадам локум и едно кафе.
    М И З Е Р И Ј А!
    Толку се напнав, што мислев дека поглупаво нешто не може да смислат, освен да плаќаме казни за дишење воздух. И жими мене, ќе кренам апел да се крене протест.
    Протест на точак.
    Ко во Хрватска што го направија и остварија. Да, да, си се борат луѓето за своето место во сообраќајот!
    Видоа сега дека никој не го одобри бензинот и поскапувањето на стопати, дека луѓево сега ќе си возат точаци, и наместо да охрабрат, да средат тоа улиците, они ќе казнуваат?
    ДА МИ ЈА КАЗНИШ ОВАА ДОЛУ, би рекла! :devil:
    Многу се фрустрирам. Не знаете колку.
    А знам истовремено дека и ќе помине како што го донесоа законов. Исто и со алиштата. Играње играчки. Колку да се дешава нешто, нели?

    Напред, во животов, работа.Многу обврски, снимено демо за реклама, две три шетања низ градов, многу смеење со колешките на работа и договор да си земеме јајценца и марула во недела, кога сме на работа, и да си мезиме ко луѓе празнично салатиче! Па што. Капитализам и традиција. Се мелат во машина за мелење луѓе, нели.
    Настрана сиве овие заебанции, си се гушкаме секое утро и си ќофкаме чоколадни кроасани со млеко. Вчера требаше да одиме на промоција на Ронит, но ич не ми се напуштаа удобните (негови) тренерки, па си зјапавме филмче, после тоа фудбал, црвено винце и гости.
    Ко да си у некоја љубовна институција.
    А не си уствари.
    И да - Нација што мрчи и поти газови на фотелја додека ровари по социјални мрежи, нема далеку да стигне, каква и да е.
    Не биди трут, покажи труд!

    Тоа е тој наш живот македонски!
    Отидов да си ги перам еспадрилите, до наредниот закон. 8) ;)
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Се чудам на некои луге.Си лажат секој ден ко за 1 Април што се лаже а што е најтрагично дури и тие си веруваат во сопствените лаги...Жално но вистинито.Повеке и тие не знаат што е вистина а што е лага а камоли јас.
    Мислам,подобро е да се каже вистината колку и да е болна.Не гледам причина зошто да се лаже кога на крајот секако ке се открие зошто нели на лагата и се кратки нозете? :^)
    Лугето денес брзаат некаде и не ти обрнуваат внимание.Да претрчаш гол никој нема да те виде. :D
     
    На IvanaMkd му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Значи чим не умрев денес, не умирам никогаш :x

    Бев за Кавадарци и на идење тој таксистот вози ко ненормален летааа, пред нас имаше камион и камионот наеднаш закочи ви се верува ли само ептен малку фалеше да завршиме под камион :x :x, Таксистов успеа да контролира некако да закочи ама не скроз а колава се заврте у круг, јас вака :o :sweat: раце и нозе ми се пресекоа, наеднаш целиот живот ми испадна пред очи, си викам готово е... Ајде таксистов се контролира некако и се вратив назад секако не ми наплати... Али како сум се исплашила
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.