Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Heart-breaker

    Heart-breaker Активен член

    Се зачлени на:
    12 април 2012
    Пораки:
    0
    Допаѓања:
    0
    СДК веќе навистина ми е смачено од неа !!! :devil:
     
  2. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Изгасив светло.
    Пуштив музика.
    Почнав да денсам како луда наоколу.
    Се бркав себеси од себе.
    Вчера таква неопислива тежина ми навре на душата.
    Моите требаше да дојдат.
    Со моите требаше да потпишам документи.
    После толку време требаше да направам нешто со моите. Колку чудно.
    Од возбуда, од радост, од збунетост срцето ми се исполни со паника и тежина и ме гушеа илјадници неповрзани помисли. Чукав со мислите во внатрешноста на моите дишни патишта да го отфрлам тој вакуум што ми ги јадеше здивовите без да ме праша дали треба да дишам.
    Паничев и плачев.
    Сакав да вриснам. Да избегам.
    Не можев да се соземам.
    Не знаев како.
    Во мислите згаснуваа животи. Зошто?

    Се губев помеѓу она што го гледав, она што го слушав, она што го чувствував.
    Светот одеднаш почна да ми го прикажува сето она што го помислував
    Можеби истото го привлеков

    Не, не ми е добро...

    http://www.youtube.com/watch?v=2eNkRMvG ... re=related
     
    На IvanaMkd му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Продолжен викенд, мирна глава.
    Лесно чекорам, уште полесно го вдишувам Скопје- тој е мој град, а јас негова марионетка што шета низ него и ги впива неговите убавини!

    Најубав школски ден.
    Јас неможам да се фалам со girl nights бидејќи само јас и Таа сме девојчиња во друштво од десетина момци кои не чуваат, не мазат ама не не` тинтраат и размазуваат. Не сакавме да се делиме како дружина па ќе идеме и на ист смер, додуша мене само тој ми остана. Туку, муабетот ми беше дека немавме часови ама сите останаа во школо цел ден, Ние седевме на трева во школски со кафе, мафини, цигари и бош муабети и смеење. Ме исполнуваат. Ете што ти значи вистинско друштво со најретките нормални персони од мојата генерација. Со душа чекам да дојде трета година и да се отарасиме од класов кој е всушност збир од фејбук манијаци кои немаат живот, луѓе кои незнаат да ти направат муабет или се едноставно тешки фраери.

    А мачорот само ми ги уништува тие перфектни денови, точно на крајот на истите. Тој ги бутка работите наназад а јас ги влечам со себе чекорејќи пред него. Ја отежнува целава работа, иако одамна имаме се изгубено, се трудам.. Си живее во светот на бајките и таму сме се` нај-нај и секој пат одбива да се соочи со реалноста, дури ми кажува дека не гледа што ни фали. Немам повеќе желба да тој биде првиот што ќе ги дознае највозбудливите работи кои ми се случиле, прв да ми ги брише солзите после секој пораз и прв да ми посака добро утро. Ма сеедно, ништо од ова не ни било последниве месеци.

    Се расприкажав јас а сакав само да си кажам дека денов ми беше волшебно најубав и пред време сакам да ви го честитам празникот бидејќи ќе се утепам од шетање што дури ќе бидам уморна да седнам на компјутер.
    Честит празник и убаво да си поминете каде и да идете! :*
     
    На IvanaMkd, teddybear, AnaKarenina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Cдк дека глаата ме боли, не можам да издржам :envy: . Aј одјов да се прошетам низ маало со мојава, таман има едно кутре-бебенце малце погоре од мене, цела зграда го чува, вчера го открив, го умрев од гушкање, дебелко едно срцлесто најслатко на цел свет, мирничко :D
     
    На Neytiri, BlackSwan5, Cynthia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    СДК човек во животот треба да има челични нерви, ништо повеќе, иначе отиде у неповрат :!:
     
    На Chocoholic, Springy, maca99 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сдк дека со каква енергија имате таква привлекувате,многумина се жалат дека привлекуваат партнери кои не им се допаѓаат а всушност самите сте такви.
     
  7. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Tочно Горде, баш се трудам во моментов да не прснам, да не се нервирам, да не избувнам како вулкан :devil:
    Значи мразам кога се договарам за нешто неколку дена од напред, и кога ќе ме зафркне на крај некој, па ми прави уште невина фацичка, демек: Јас не можев ништо тука, не треба да се нервираш :worried: Море мрш таму! Кога се договараш нешто стој си на зборот :fubar:
    Пуштам музика демек да се релаксирам, какво релаксирање, овие слушалкиве што сум ги купила како стегаат, плескавици ми ги направија ушите |(
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.908
    Пол:
    Женски
    Ова ќе биде уште еден тажачки пост, па ве предупредувам да ме рипнете.

    Го открив мојот најголем страв- смртта. Но, не мојата. Ја дознав мојата најголема болка. Губењето на оние кои ги сакам.
    Да не бев покрај тебе овие два месеца, можеби ќе ми беше полесно. Зашто кога сега те видов, и мојот поглед се задржа на тебе 10 секунди, а немаше подигање на твоите гради, сфатив дека нешто не е во ред со таа слика. И упорно гледам во тебе, чекам да го слушнам тоа тешко дишење, чекам да ја мрднеш раката, чекам да ме викнеш. Сакав барем еднаш, за последен пат, да беше при свест, да те гушнев, да ми го изговореше името, да ти ја осетев топлината на дланките.

    Сакам утре кога ќе поминам одоздола да ме прашаш каде ќе одам. Да ме прашаш дали имам пари, да ми речеш "Со среќа на полагање". Koгa ќе бидат зрели црешите, да ми донесеш и да се радуваш. Сакам и да глумиш болна во обиди да добиеш внимание. Да се фалиш и да си тераш со твојот инат. Да сакаш цел свет да се врти околу тебе. Ги сакам сите твои мани, бабо. Те сакам тебе. Не сакам бели чаршави, крстови, венци, споменици... Ме убиваат, го вадат животот од мене.

    Не сакам да те гледам без руменило во образите, без да чујам како ти отчукува срцето, без живот во себе. Сакам да дочекаше да завршам факултет, да се омажев, да се радуваше на моите деца. И ти секогаш веруваше дека ќе го видиш сето тоа.

    Ме боли срцево, знаеш? Ме боли што силно сакам да верувам дека си меѓу ангелите, а знам дека не си. Ќе се молам за тебе секој ден. Можеби Бог ме послуша и ти ја зема душата, па ќе ме чуе и сега. Чувај ми се таму, важи? Ќе се видиме пак.
    Заекогаш ќе си ми во мислите и срцето.
     
    На Cynthia, BeYourself, Izaabella и 6 други им се допаѓа ова.
  9. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Сакам да кажам дека го пронајдов моето омилено место во Скопје..
    толку мирно, изолирано, седиш пиеш кафе, никој не ти смета, од околу немаш други луѓе да слушаат муабети да галамат..
    Но сватив дека тоа место е такво само ако имаш некој што вистински ке те опушти, што дури и да молчи да ти се допаѓа молчењето.. Колку и да е убаво тоа место ако немаш да отидеш со тој што знаеш дека вреди да биде со тебе џабе е..
    И сакам да кажам дека мразам пасивни луѓе, кукавици, пи*** (се извинувам на израз) луѓе што се прават паметни и што викаат дека многу се изначитани ама немале ништо поминато во животот, само го знаат тоа од книги..
    Мразам луѓе што од ден на ден ги менуваат нивните ставови, еднаш вака еднаш така..

    И за крај ... Денес една жена ми кажа многу убава реченица "Не го користи зборот "знам" пречесто"
     
  10. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Сдк можеби те фаќаат неспремен, и ти доаѓа да извикаш на сет глас од што не си го очекувал тоа, но сепак ги сакам изненадувањата највеќе!
    Секое изненадување си има своја мера (си мислам на позитивните, оние другите оставете ги), но сепак ова беше најдоброто.
    Морам, морам ова да го споделам.. Си дојде таа! Си дојде братучедка ми која ја сакам и ми е како сестра, по две години! По две години ќе ја видам повторно! На никого не кажала дека ќе си дојде бидејќи сакала ова да биде изненадување, и да ви кажам ептен неспремна ме фати. Едвај чекам да ја видам.
    Ах ти пуста Америко! I hate you! да знаеш.
     
  11. DarkRose

    DarkRose Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    21
    Вчера пак го видов .. Леле бе човек зарем бива вака да ми излегуваш пред очи кога најмалку очекувам? Зарем не знаеш дека имам мини-срцев удар кога ќе те видам?? Како само можеп да бидеш толку убааааав?? И таа твоја косичка .. мм, очињата, па уште во црно .. Мњаам :D :inlove:

    Како ќе ги преживеам овие неколку дена не знам. Изгледа ќе треба да си останам дома .. Не, не, не бива. Ај ќе те зјапам, што сега :D Сам си го бараш :P :*
     
  12. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Многу ме зачуди паметот на машките од моја генерација...
    Како тие размислуваат,па како јас размислувам ????? Тие се една голема нула за мене. Уште се чудам.....
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.554
    Кога (конечно) ќе дипломирам, покрај дипломата за преведувач, ќе барам диплома и за завршено училиште за магионичарски трикови. И ќе протестирам зошто ценетите професори и шефови на катедри не ни доделуваат кредити за еден од најважните предмети кои се изучува на мојот факултет - станување невидлив. Потпис и оценка за тој предмет нема, ама затоа има практичен дел на кој повеќето од нас навикнале и го научиле.
    Последици има само за индексот - од предолгото дремење во ранец изветвува и станува одрпан. За нервите не се дрзнувам да коментирам, нив и онака одамна ги изгубивме некаде во кркљанацот пред студентски прашања. Времето е релативна работа, а ако си студент, тоа значи дека треба да го имаш во изобилство.
    Па зар постои поголемо задоволство од седење со саати пред кабинет, чекајќи (во нагласен термин за консултации) професор кој е всушност фантом и или има способност да се телепортира, или едноставно не доаѓа? Зар има поголема радост од купување нови пријави, изгубени не по вина на ажурната постава позади шалтерите на студентските прашања, ами затоа што и тие, како и професорите одлично ја владеат техниката на исчезнување?
    А богами исчезнуваат и пари од џеб. Пријава, уплатница, казничка, мини - казничка, молба, потврда, пуф. Парите отидоа кај што се професорите и пријавите. Во Недојдија, често прибежиште и за повисоките инстанци, особено во очи на некој празник. Златното правило е: неработни се три дена пред официјалниот неработен ден. Контакт не постои, си сакал ти дипломска да пријавиш, оценка да збркаш или едноставно да им се пофалиш дека ти се појавиле Исус и Тоше во милиброд и ти предвиделе навремено завршување на факултетот.
    Ако ништо друго, сакам и јас по теркот на младите падавани да ја совладам техниката на исчезнување во најголема нужда, па понатаму во животот да се подјебавам од чисто задоловство (или злоба) со луѓе кои не ми го прават меракот.
    А дотогаш, вака сосема видлива и видно изморена, исфрустрирана ќе се молам пред библиотеката дека ќе се случи чудо и ќе успеам да завршам работа. Исус и Тоше би го сакале тоа.
     
    На ines.h, 1209, Doozy и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    1.991
    На Libera му/ѝ се допаѓа ова.
  15. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Ќе го силувам Франц. Толку многу е убав во живо, ммм. :inlove:
    [​IMG]
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. CaperucitaRoja

    CaperucitaRoja Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2011
    Пораки:
    467
    Допаѓања:
    320
    Пол:
    Женски
    СДК понекогаш тишината е најгласна...
     
    На BeYourself, x.Daisy.x и starbucks им се допаѓа ова.
  17. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Сдк пак треба да се пакувам :?: Барем да не се отпакував вчера...Сега едно кафе си правам и ќе наредам се :) Абе за дома се правам! И за тие шо ги сакам :) Оваа недела ќе ми се фатат 1800 km поминати...Барем да барам од Транскоп да ме запослат да раздавам вода и да ги провервам билетите :rofl:

    Моите па,дојди си со тој шо е порано,не со ноќниот автобус...Оф лелееее :tmi: Ама ајде...и јајцата ќе си ги земама :D моите испаднале поубави од на мајка ми хахахах :D Дојдете ми на јајце,ќе се кршиме :D Стварно е убав празник,да беше некој друг,не си идев,ама вака...А и шо ќе правам сама тука,затоа ќе си одам.
    Ама и дома платиле интернет, ќе ве дружам пак :)
    Ај доста пишам глупости,ви посакувам добра ноќ и се читаме :*
     
    На teddybear, BeYourself, anabel-a и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    СДК .. Денов ми беше ужасен боже колку сум уморна само ... се прашувам зошто уште дремуцкам тука... Ајде добра ноќ на сите... :) :) :)
     
  19. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Ниедно чувство не се споредува со она кога си дома, овој пат и после 6 дена ми натежна. Местото ми е КОШМАР!
    Си го сакам ова моево... :)

    http://www.youtube.com/watch?v=2e6eSgTg2iE
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    На Едо канал го даваат Диносаурусот и неговиот престој во Њу Јорк


    Задожително погледнете


    Супер си поминал лепиот
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.