Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Празнично будење проследено со чај и лигавење на садот со фил за торта.
    Боже, јас да бев на местото на мајка ми немаше да издржам да ја намачкам тортата со тоа прекрасниот фил. Ќе го снемаше за аламинут.

    Денов е дождлив, ама убав.
    Ден за црква.
    Овие денови ме асоцираат на заеднички ручеци и вечери, на цело семејство. Но, сега останавме само јас и мајка ми. Машката половина ќе си дојде утре или задутре (кај баба и дедо се).

    Ах, разиграни денови.. И јас се шекнувам како вас.
     
  2. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Накурч. Го сакам градов, ги сакам луѓево, уствари да не беа тие, можда и дождов ќе ми сметаше. Ама не ми смета ич. Дури и истерав препријатно кафенце. Келнерот у Круг е топ! Леле колку сакам добри келнери. Сега си готвиме, поточно ми готват ручече. Ми мириса убаво под носе. Таксистот ми ја пушти Јано мори. Му велам успори, Партизанска е празна, дај да уживам. Абе елегија. Плус вечер ме чека женско кафанче, собиранка, шо и да е. Убаво нека е. Нека не биде ко вчера.

    Вчера се накурчив после долго време. Да не можеш да влезеш кај што сакаш. Носиш гости од странство и им викаш, еј сори дечки, го глеаш битангава на врата? Епа, не не пушта. А зашто? Е не знам. Пошто дотичниот не знае ни една асална реченица да склопи за да ти каже зашто не те пушта. Абе у целоживотна кариера на искачање, не ми се случило некој да ми рече дека не можам да потрошам пари некаде. Да ме негира ко муштерија. Пљук!
    А јбг, баш вчера не опнав штикла 20че и не го натегнав г’зот у нешто шо личи ко проширен стегач. И не знам да дремам у клуб, јас идам у клуб да се забавувам, да играм, да пијам, да се смеам. Не чекам да ме фоткаат на зазабава, не глеам под шишка кој како ме гледа. Не носам стотче со мене...се извинувам. Сакав да оставам поише пари, многу поише, затоа што ни се пиеше на сите. Не цуцкам едно сокче цела ноќ и не го глеам саатот секои пет минути за да истерам некое време за кое ќе можам утре да се пофалам - еј ја вчера заглавив.
    И некој на кој очигледно му се може, те множи со нула. Каде? У Миднајт. Јакиот клуб, Њу Јорк е*ате беља. Море мрш и ти, и функцијата шо ја имаш. Животно достигнување ти е, знам.
    Со извинување за професијата, ама ова вчера беше разочарувачко.

    Абе занесување до даска, дури и другар ти да не го пуштат да искочи за да го изгушкаш поштено пошто не си го видела сто години. Абе ај.

    Скопје, сега сфаќам зошто другарите ми викаат - не е ко шо беше на времето. Абе на времето барем парови пуштаа. И после јас на сите им викам, леле леле каков ноќен живот има у Скопје.
    И вчера све ми падна у вода. Џабе им кажуем на луѓето едно а оно баунсерот ме побива у минута :D

    Него шо сакав. Јас сепак сум полетарац. И вчера ми се напраи меракот ептенски. Лапање е институција викам јас, трепкав длабоко, ми рече еден, личиш на Хурем. Сериозно, која е Хурем? :D Не глеам турски серии ало!
    Имам планчиња. Сакам да се галам. Вчера ме галеа, и покрај тоа што горчливиот вкус од претходната случка го миев со Јегерче. Парадоксално, со горчливо јегерче. Послатко ми беше од билошто. А и нешто друго ми беше многу слатко...шалалала не кажуем што.

    Скопје, биди умно, не сакам повеќе вакви ствари. Не биди ко стар љубовник, дечко, партнер кој кога ќе го видиш после некое време си викаш, аииии ја ова ли сум го имала у животов?

    И така. Чао и убави празници на сите. Иако петоков почна многу црно....многу :(
     
    На antonina, Ariel, bittersweet и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сдк дождот е како пауза, човек да се прибере дома и да здивне на миг.

    Полно стомаче, јаболчиња и не правење ништо-ден 2 .
    Ако е празник нека е празник :)
     
  4. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.373
    Допаѓања:
    286.612
    Прв ден од четвртиот семестар :$

    Ја раситнив втората половина....некако го чуствувам крајот :wasntme: , си се тешам дека другото лето ќе завршат моите студентски маки.
    Туку паметот ми отиде у фризурата, ќе треба да се уозбилам, да си се спремам уште од сега за новата бизнис средина која ќе ме очекува при практикумот летово и хопинг новата работа после тоа.

    Влегов у филм .....или ич не сум испадната, само менувам жанр :emo:

    Како секое учениче така и јас сабајле со ранецот на грб :tmi: , да бе ранец и тоа баеѓи голем.

    Првичниот обид да успеам се да пикнам во ташната беше на жалост неуспешен.
    Но како и да биде кога пола фрижидер го испразнив, ти се чини на викенд ќе одам.
    А за да биде потрагично колегите добија супер идеја да одиме до мк доналдс на пауза :?: , без многу двоумење тргнав...едно мену си лапнав.

    Денов ќе биде долг, ќе дремам уште некој саат тука, а ранецот мора да се испразни, не за друго туку да не ми тежи. На вака убаво време, штета е после да не шетнам .
    Заборавив и на велигденов :tmi: , да исфарбам некое јајце вечер....
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.480
    Допаѓања:
    23.005
    Пол:
    Женски
    Грд ден денеска. Потиштена сум.
    Цело време избегнував да се соочам со реалноста која ја имам дома, и бегав упорно од очајот и разочарувањето кои владеат околу мене, ама не успеав. Ме совладаа за неполн ден. А бев толку расположена и радосна што си дојдов. Сега едвај чекам да дојде понеделник да си одам. Како да издржам уште 3 дена? Не можам да живеам веќе тука, и не сакам. Уф ;(
     
  6. Anabelle

    Anabelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    458
    Не сум во форма денес, ме успорува времево, ми носи меланхолија заедно со дождот. Сакам само да си седам дома, да шетам по нетов, да слушам добро музиче и да се релаксирам. Не ми се иде нигде, а љубовта ме чека да му идам на чајче.

    Не ми се кисне по дождов сега, нека ме почека..

    Денес си правам ретро плејлиста. Си ги слушам The Smiths и си се прашувам, зошто денес нема ваква музика? Добро не дека нема ваква музика, ама зошто не е мејнстрим ваквата музика.
    Си ги слушам и си се нурнувам во нивните текстови, и си патувам низ фантазијава моја.
    Ги обожавам бе па.

    Еве поздравче до сите љубителки на добра музика :hai:
    http://www.youtube.com/watch?v=DMQbzLrvwlE
     
    На MandyLane му/ѝ се допаѓа ова.
  7. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Што прочитав денес - Дека животот те прави или кралица или магарица...
    А нема некоја златна средина, па јас нејќам да сум ни кралица ни магарица... можи некоја златна средина. Нејќам нити да се воздигнам над другите ама ни да бидам понижена!
     
  8. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    Сакам да кажам ми се роди внука. Станав тетка :D :D :D :D :D :D :D
     
    На Divinebutterfly, Anabelle, kikav и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Страшно е кога се губиш самиот себеси.
    Страшно е да живееш во постојан немир, страв, неугодност, и испомешани чувства.
    Страшно е да стегаш вилици, страшно е да збираш солзи, страшно е да мислиш понекогаш дека ако веќе почнеш да плачеш, од толку долго што се збирале, солза и си постанал, па можеби нема да остане и ништо од тебе.
    Страшно е кога немаш гордост, зошто животот е прекраток да ја користиш, и кога ја мразиш со цело срце, и за инает спротивно од гордост делуваш.
    Кога си понизен, и послушен, и мирен, кога го вртиш образот секо нареден пат за шамар.
    Страшно е да ги оправдуваш луѓето што се толку злобни, и да ја бараш кривицата во себеси.
    Страшно е да се надеваш, и страшно е кога во еден момент ке се свестиш дека веќе долго се надеваш, и ништо не се сменило.
    Страшно е ако душата ти трепери, и се чувствуваш како предавник и злобник, ако макар и добиеш мисли за тоа како би бил посреќен.
    Страшно е упорно да маваш со глава во ѕид, повторно и повторно, секој пат со надеж дека ке го урнеш.
    Страшно е и толку да патиш, а да се свртиш да видиш дека има и многу понесреќни, кои патат на исто ниво како тебе.
    Страшно е да ги гледаш луѓето, како за ништо духовно не им е галје, и постанале материјалисти, и изиграваат кучки и снобови, паметни и богати, безчувствителни и богови, и кога сакаш ти да ги плеснеш и вразумиш, а никој не те слуша.
    Страшни се пороците и болестите денес, и колку можат да уништат тој кај кој се вгнездиле, и се што дише околу него.
    Многу е страшно да живееш така...
    Но секој пат кога ги ставам рацете на лицето, и кога се свивам од болка, и кога мислам дека умирам од тага, и дека не сум доволно силна ни да се исплачам, знам дека има некој кој со сета сила ме прегрнува, ме чува, и знам дека не сум сама.
    И упорно се труди да сум среќна, и бескрајно е милостив кон мене, иако јас сама си одам во пропаста, и таму седи со мене, и ме прегрнува, и ме чува и кога мислам дека сум најсама.
    И секој удар кој ми е зададен, со мене го прима. И 100 пати повеќе го боли.
    А најстрашно од се е што јас тоа воопшто не го заслужувам!
    [​IMG]
     
    На x.Daisy.x, Serafima, Hayley и 8 други им се допаѓа ова.
  10. maja.kostovska

    maja.kostovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    288
    Допаѓања:
    192
  11. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Не ни знам што поточно сакам да кажам. Ептен си имам за кажување ама нешто себично за мене ќе си задржам.
    Вчера отиде, а ми недостига многу. Другаркиве се договараат во која црква ќе одат, а јас не сакам нигде подалеку од мојава населба. Сакам со него, во нашава црква. Од кога знам дека одам во црква на Велигден, дури и да сме биле скарани, одиме заедно. И сега ми е далеку, и без смисла ми е да одам на крајот од градот со други луѓе, кои не ги познавам, без него. Не. Не. Не. Нема да ми биде убаво. Ќе си одам со мајка ми, наредниот ден рано наутро.
    Таа па цел ден на работа пак. А денес сакав да се шлакосуваме со правење торти, кифли, се со ред, со НЕА. Не е убаво кога цел ден сама низ кујна се шуткам а нема кој да ми зборува дека правам хаос. :D Добро баба ми е тука, ама мама си ја сакам!
    И татко ми беше на работа, дури и со поклон ми се врати дома, еден држач за свеќи и марула. Гуд комбинејшн :D

    Туку кога сум веќе кај тортите, една ја укашкав и тоа асолно, ама не се откажувам, после одморчево другата ќе ја правам :D Тоа е она што го сакам ептен кај мене, кога ќе зацртам нешто зацртано е па што сака нека е, така и сега. :emo:

    Него не го барам, му реков ајде крши глава една недела раат еден од друг ќе бидеме, ама тешко е мајко му. Баш затоа никогаш не би била во врска на далечина, си знам бре какво гомно сум. Али, факат после ова кога ќе си дојде ќе биде сВе подобро, добро е човек малку да се одмори ете тук таму од време на време.

    Покрај се, ептен ми е лесно и мило на душата, сакам што успевам да се одржам во убаво расположение, и се надевам ќе потрае затоа што ми се смачи од депрешнс.

    Имајте убав викенд и убав празник. :hug:
     
    На Adi888, AnaKarenina, TeddyGrey и 2 други им се допаѓа ова.
  12. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.072
    СДК ... овој празник, овие четири дена има да ми поминат во нервоза, напнатост, нерасположение итн. итн.
     
    На Miss.Ricci и Adi888 им се допаѓа ова.
  13. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    Колку е убаво чувството, кога конечно ќе ти се оствари нешто што долго го посакуваш. Конечно! :whew: :)
     
    На Divinebutterfly, kikav, TheCandy880 и 5 други им се допаѓа ова.
  14. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Секогаш се прашував која е поентата на она - ''Се ќе биде во ред'' кога длабоко во себе и двајцата знаеме дека нема да биде ? Дали е само клише или пак утешни зборови кои едноставно мора да се кажат?
    Со текот на времето сфатив дека не е ни едното ни другото , туку е чиста вистина . Што и да се случи , колку и да е тешко сепак животот продолжува , и доаѓа денот кога навистина ќе кажеш - ''Да , се ќе биде добро'' и навистина така е !
     
    На BlackSwan5 и teddybear им се допаѓа ова.
  15. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    Велики петок...фарбавме јајца со мајка ми ,праевме кифлички ,милиброд и јас украсував по дома.. :) :) :) Сакам да не се деси ова што се десило денес никогаш повеќе..Се прашувам кој ли може да е толку суров и бесчуствителен.Кој?? ;( ;( ..Греота ... :( :( Сакам празников да ми помине убаво без нервози и напнатости ;)
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  16. tessi

    tessi Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    518
    Петок 13-ти...Мене бројот 13 никогаш не ми бил баксуз број,ниту па на петок 13-ти ми се случило нешто лошо.Решив денеска да постам и навистина некако посмирено се осеќам.И временцево иако на многу не им се допаѓа,мене ми е супер.Си се изналежав цел ден и убаво се одморив.Единствено веста за убиството на 5 те невини луѓе ме растажи некако.Па за што се криви тие деца???Страшно е ова што ни се случува во државата,доаѓаат времиња кога стварно ќе ни биде страв и од дома да излеземе.
    Имајте убава вечер и пријатна празнична атмосфера :)
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  17. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.880
    Пол:
    Женски
    сдк--многу сум нервозна,,леле ми попустија нервите веке..порано не бев вака ке си казев ах многу гајле на мене..а сега сакам се да е во ред и мало нешто да не е како што треба веднаш се нервирам....исто така и многу плачам :( :( како да се оправам од ова??
     
  18. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Татичко те сфаќам дека се грижиш за мене, но нема потреба да се прави толкава паника. Денес ќе те послушам, но утре ако вака се одесуваш како денес ич не ми е гајле за последиците.
     
  19. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Тајните на детското срце
    ( некогаш и сега)

    Еднаш и јас бев дете... Не знам зошто ама многу ми недостига тоа време. Најдов време да напишам нешто подолго, ама многу е тажно. Убави се деновиве, празници се, ако не сакате да се растажите немојте да го читате текстов. Само искролајте го. Премногу е тажен...

    Ако пак имате 15 тина минути и знаете да чувате тајни, прочитајте го . Но после пссст. Се надевам нема да биде досаден.

    Некогаш

    Се сеќавам дека кога имав 10-12 години најмногу во текот на пролетта го обожавав Април . Во Април ( обично) се паѓа Велигден, ден кој за мене многу значи. Најмногу го сакав бидејќи на овој ден одевме в село. Сакав да им запалам свеќа на моите покојни дедо и баба кои не дочекаа да се родам јас, за жал... Освен тоа го сакав Велигден бидејќи самиот празник ми носеше среќа, радост, возбуда, насмевки, очекувања. Кога бев мала секогаш но Велики Четврток станував сама во 5.оо-5. 30 часот за да ги макнам моите дебелки прстиња во бакамот и црвената боја , да видам како се бојадисува велигденско јајце. Се сеќавам дека мама никогаш не ме стануваше бидејќи ќе сум била уморна за на училиште и потоа ќе ми се спиело. Но јас слушав како вратата од кујната крцка и веднаш станував. Мама не ми се противеше. По 15 –тина минути ќе си легнев, и не ни спиев всушност. Само ги држев очињата затворени за да не се нервира мама . Си правев филмчиња во главчето како ќе поминат наредните 3-4 дена. Тој ден обично нема испрашување во школото, скратени часовите, па Хепенинг на плоштад на кој некогаш имав да изрецитирам некоја песничка , па в ум си ја повторував и се молев да не згрешам некое зборче или да не се избунам. Доаѓаше мама и ми правеше црвено, бело , дебело, со штотуку бојадисаното јајце, за да ми биле румени обравчињата до година. Како дамо си смешкарав.
    Се сеќавам... секогаш на овој ден ми даваа 50 тина денари да си купам некое благо од Хепенингот. Но , не... Не ги трошев парите. Тие пари и некои 30-40 тина денари за јадење од цела недела ги собирав за да и купам подарок на мама за роденденот кој се ближеше ( на 4 Мај). Кога ќе ме прашаа домашните каде сум ги нашла парите им велев дека сум ги потрошила тие што ми ги давале тета и тетин . А потоа со бато правевме договори кој да купи чипс, да не се сети дека сум била гладна. Не сакав да знаат, не знаат ни денес...

    Се прашувате дали воопшто сум имала среќно детство? Јас бев најсреќното дете на светот на кое не му требаа пари . Дете кое воопшто не си ни ставаше на срце дека неговите родители се сиромашни, дете кое се задоволуваше и беше свесно за тоа што го имаше...

    Велигден ! Откако ќе си дојдев од училиште и откако ќе завршеше Хепенингот овој збори одекнуваше во малечката душичка. Си доаѓав дома и веднаш си легнував да преспијам.
    Велики петок беше ден кога се правеше торта кај нас ( и сеуште се прави ). Колку само бев среќна кога ги матев јајцата, маргаринот, шеќерот за да направиме чоколадна торта ( секогаш правиме чоколадна за Велигден). Најсреќните моменти во кујната ,од детството, ги доживеав со врзаниот темно син прецевник со бели точки и панделка . Потоа ги пишував домашните задачи и ќе ги гледав ама баш сите шпански серии. Изморена ќе си легнев.

    Велика Сабота


    Ех, ова беше ден кога задолжително одев в чаршија. Ќе ми купеа патики или блуза. Тоа што немав или беше веќе износено. Баш вчера кога ги прередував алиштата во еден гардероб го видов црвеното блузе кое моите ми го купеа кога бев 5-6 одделение. Не е многу носено . Ќе и го дадам на едно девојче кое сега е на моја возраст. Ќе и го дадам со сите спомени , детски најубави и најсреќни спомени изживеани со насмевка на лицето надевајќи се дека и таа ќе проживее поубави од моите. В чаршија купувавме сирење за раздавање в црква, зеленчук и лепенки за јајцата . Едвај чекав да дојдам дома за да ги залепам на јајцата. Овие беа денови кога не плачев. Секогаш бев насмеана во овие денови. Инаку обичноплачам, голема плачка сум , и ден денешен плачам често . Кога нешто тажно ќе прочитам ми го допира срцето и ме враќа во детството. Не сакам ама солзите сами ми извираат од очите .Таков е животот...

    Велигден

    Долго очекуваниот ден конечно пристигнал. Сабајле ме стануваше тато и веднаш се облекував , а не како што се влечкав обично. Одевме в село. Кога ќе пристигнав в црква бев пресреќна. Ќе ми дадеа јајце, сирење, козињак и нешто благо. Само благото го јадев. Ќе им запалев свеќа на баба и на дедо и потоа префрлувавме јајце преку црква. ( така е обичајот кај нас, се застанува на 6-7 метри одалеченост од црквата и се обидуваш да го префрлиш јајвето преку покривот на црквата, потоа одиш зад црква и ако го најдеш своето ќе бидеш среќен до наредниот Велигден ). Секогаш ми паѓаше од ќерамидите. Па и не е баш ниска црквата, па затоа тато и бато префрлуваа за мене. Aх, да се кршевме со јајцата пред црква и ги јадевме. Кој има појако јајце... Ех, спомени. Потоа одев во куќата на моите баба и дедо во селото ( не вистински баба и дедо, бидејќи моите починати се , а овие се наши блиски роднини, цел живот така ги викам) . Баба ми ми даваше јајце и кај неа поручувавме во недела, на Велигден. Почина пред точно 5 години на денешен ден . Почивај во мир бабо, лесна нека ти е земјата ... Откако ќе се вратевме дома, мама го подготвуваше свинското месо. Ние не купувавме јагнешко бидејќи беше скапо... После богатиот ручек гледавме телевизија и се јавувавме на телефон кај нашите блиски роднини и пријатели за да им го честитаме празникот .

    Понеделник после Велигден


    И овој ден беше среќен за мене. Откако ќе се разбудев ќе прочитав некоја лекција за наредниот ден ќе заѕвонеше ѕвончетона надворешната врата кое има некоја мелодија од Моцарт. Доаѓаа моите први братучеди. Ни носеа велигденски јајца и ние исто така им дававме. Правевме салата од јајца, на масата поставувавме козињак , јајца , тоа што се нашло. Со братучедите се кршевме со јајца и игравме карти и редевме слагалки. Потоа одевме в комшии или тие идеа кај нас, па повторно си играв со моите врсници.

    Незаборавни денови кои оставија длабока трага во срцето и ќе ги паметам засекогаш. Никогаш нема да избледнат од страниците на мојот живот, се додека живеам...
    Додека бев дете, овој период бев преокупирана со Велигден и велигденските празници.

    Сега

    Пораснав или сеуште не ? Можеби не пораснав ама почнав да сфаќам некои работи кои ме прават тажна. Велигденски празници... Во мене ја нема онаа еуфорија како дете. Дали имам срце се прашувам ? Зошто не сум среќна исто кога бев дете? Дали имам јас срце? Треба да сум среќна овие денови. Но не сум ... Зошто ? Што ми го мачат глупости срцево? Се тешам не е грев да си сиромав , грев е да се продадеш за пари , да дозволиш да те купат ... Но мислите залутуваат некаде во овие тихи ноќи и помислувам, а што ќе правиш кога немаш пари? За Велигденските празници се занимавам со 7 дневната екскурзија низ Балканот, Австрија, Унгарија, Италија... Се прашувам себеси : Полудив јас, зошто класниот не остви као што беше се, зошто среди со картите да одиме со брат ми на ексурзија? Зошто? Оделе сите, ученици кои не ни биле ни до колена. Па што ? Нека одат ? Колку било убаво само да немаш грижи... Ах, цело време ми се врти во главата дека немам ниту еден фустан... Немам, а Виена или Венеција ќе имало забава, па девојчињава ќе носеле фустани за забавата. Што ќе облечам јас? Сигурно зелената кошула и црните фармерки... Ќе бидам како машко, сите по мини, фустани, а јас со пантолони. Фустан бендисав . Тегет со бели точки и црна панделка под гради. Пристоен фустан, малку над колена, в срце ми остана. Дури и го пробав... Си помислив дека сум некоја принцеза од бајките, барем за миг . Ама цената шокантна , 2390 денари. Ах, а како да им речам дома дека сакам фустан кога знам дека немаат. Ај се тешам, барем **** ( другарка со која ќе сум во собата на екскурзија) ќе ја носи пеглата, па јас ќе ја извиткам косата со помош на видеата кои ги гледав на јутуб. Толку замарања за Велигден премногу се. Прашав дали ќе одиме в село годинава... Се израдував ! Конечно една добра вест. Изгледа ќе одиме. Но знам , нема да биде ништо како порано. Времето кога бев дете и не ми требаа пари , не мислев воопшто на нив и мислев дека сум најсреќно дете на светов. Да бев најсреќно, најбезгрижно дете, но за жал не сум најбезгрижен човек. Ми фали безгрижноста, онаа детска безгрижност...
    Фала ти што го прочита ова и беше упорен/на до крај . Но како што се договоривме псссссст.
     
    На ivimis, sweet-cherry, Lepaaa и 6 други им се допаѓа ова.
  20. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    "Кога имав 5 години, мајка ми секогаш ми кажуваше дека среќата е клучот на животот. Кога започнав да одам на училиште ме прашаа што сакам да бидам кога ќе пораснам. Напишав ''Среќeн''! Ми кажаа дека не сум ја разбрал задачата, јас им одговорив дека тие не го разбрале животот!"
     
    На Adi888 и Annath им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.