Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.511
    Допаѓања:
    17.247

    Ме расплака текстот на Даниела. Зошто ли? Затоа што сватив колку ние денешните деца сме тажни, колку незнаеме да си го живееме животот. Таа на денешен ден мастела јајца со мајка си, а ние? Ние сега само пред компјутер, а за мастење јајца, ма немој да ме је*еш мамо, не сум ти ја дете. Мислиме дека сме големи, сваќам дека уште треба да игрме криенка по маалото, а не уште сега низ чаршија и да трчаме по дечковци. Мали сме. Зошто брзаме да пораснеме, зошто? А кога ќе пораснеме, тогаш, мислиме дека подобро ќе ни биде, ама нема, ќе плачеме некогаш по овие денови, но... :|
     
    На danniela5 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    Пробав да го поминам празников без нервози, бојадисував јајца со мама, дури и создадов нова боја, за што сите ме пофалија. Па дури и ручекот, иако посен, многу ми се допадна. Попладнето некако живеев позитивно, им се радував на ситниците, на празникот, но кога се замрачи сонцето, и јас се замрачив. Дознав за трегедијата и веднаш капнаа солзи. Емотивка сум тешка, па морав. Греота. Па тие биле нечии синови, нечии другари. Како можел некој да направи таков ладнокрвен, грозоморен масакр?.. :x Страв ме фаќа од сево ова што се случува. Да бидеш нападнат и убиен во сопствената држава, да се плашиш на улица да излезеш..? Нешто треба да се смени.
     
  3. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сдк деновиве дали е ПМС или нешто друго не знам.... единствено знам дека сакам да се почувствувам сакана барем еден ден ...
    ништо друго.


    Колку да живееме де.
     
    На lovely91 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. MaCa-J

    MaCa-J Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    604
    Допаѓања:
    135
    СДК и мене исто страв ме фаќа, да ти биде страв да излезеш до надвор, да се прошеташ или пак да се качиш во автобус. :fubar: Срамота и греота. :x Секако со војна нема ништо да се реши, но се надевам дека надлежните ќе ги ''решат'' ситуацииве. :worried:

    И да..Да не биде се толку црно, ми се омачи мачката си имам нови мачиња, барем тоа е добро. :)
     
    На Divinebutterfly и Princess.S им се допаѓа ова.
  5. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.223
    Допаѓања:
    4.272
    Сдк дека Велики Петокот според законот не е прогласен за неработен ден, туку 16 април 2012 понеделник повод Велигден,

    http://www.time.mk/read/a4222cd34b/0fa35e0811/index.html

    а сепак салоните на T-Mobile и разните банки беа затворени, a ЈСП вози според неделен возен ред.
    Многу некоректно и фрустрирачки од страна на Ти Мобајл, банките и ЈСП... :fubar:
     
  6. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    ^За граѓаните од православна вероисповед и петок е неработен ден,тоа е причината зошто денес не работеле сите тие институции.
     
  7. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    СДК ептен ми е тешко,ептен!
    Се чувствувам без сила,напнато и болно.
    Сум се разбувтала од вчера, и никако да престанам да кашлам.
    Како тоа бе на Велики петок да се разболам?
    Мислам дека е моја грешка,што мораше да одам четвртокот на школо, ни лекови,ни капсули,ни сирупи не помагаат,кој ѓаол ме натера,уште повеќе се разболев,само се надевам дека утре ќе бидам како нова.
    Се надевам... :worried:
     
  8. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.358
    ..а јас ќе си седам дома. Супер. :roll: :roll:
    Ќе си се забављам со книгиве. Као да не!! Ќе дремам, за инат бе, ќе дремам!
    Уууууууууууууу, не сакам. Сакам и јас да сум таму, да трачарам, да избегам од реалноста.
    Ама не, држете ме, тука.
    И овој, малиов, Гррујо, кај е? Да не копа дупки некаде? Помош да не треба, не за друго...

    Немам коментар. А кој всушност би имал?
    Пак филмови за Исус. Да се гледа или не, прашањето е сега. А по кој пат?
    Не е битно, и онака не можам да се сконцентрирам на синус, косинус, поезија и проза.
    Не можам. Ајјјјјјјјј...

    пс: сега забележав, цурава на аватарот...е прилично надаренка, спротивно од мене, не ми одговара, ќе барам нов.
     
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.285
    Допаѓања:
    157.980
    Она као,ми се дигна козињакот. Сериозно,од стрв сега го замесив. А можеше утре од сабајле да ми се дигне. Утре у облик на ловоров венец ќе го плетам бре!
    Леле... леле... сега ќе качам ноги (нозе,уатеваааа) на маса,ќе си сецнам за мезење,вино и ќе чекам еден чоек! Он ми е као белило на секоја мрља! Ќе му правам филм,ќе ми биде дрим,ќе се гледаме у очи.
    И многу сакам ко права сељачина кога се прскам со тестери,ама за инает! Ја гледаш продавачката у очи, креваш веѓа,крева она,малце отсечно ја мрдаш глаата и као демек,ми се може и шпрс! :D
    И да не речете дека не ви реков,трудна е! Јас таква неутрална реакција не сум начекала до сега. Цела фамилија покер фејс! :D Сериозно,нејќум да сум лоша,ама уште да напраев ај живели и да си излезев од просторијата!Ама онака сите :o :| оу ноу!И неам врска јас со таа фамилија,ама ете догодовштина од која не бев лишена,кај мене у фамилија у принцип касно се мажат и женат,така што 30че до 35че не ми бега,а и кој ќе ме земе ваква какана,ма да јас дрндам,ама да се деси,ќе го чувам,што е тешко да се чува едно ќофте мало што кака и моча?! Плус! Ќе го направам мое продолжение,гение и пол! :D Шала на страна, би гледала да не бидам причина моето дете да рече,јас сум сјебано зошто мајка ми ме сјеба,а у принцип да ви кажам ги нејќам луѓето што даваат такви изјави. Ми оди да им ја влепам една. Со лесно нека е!
    Живот...
    Јас и тој...се уште непроменливо сме...исти и подалечни од било кога. Мајке ми ќе ми биде тешко ако чујам дека некоја е трудна од него у моментов. Ле-ле,забегав... Кои говна сме и двајцата... ама убави бебиња би имале,не друго пошо на мене ќе личат,знам! Исти,разликата е меѓунозете,со тоа што јас сум попаметна,а и поубава! :!:
    И колку е се различно од лани... помалку романтично,неоптимистично. Влажни олуци,мајукање на комшиската мачка кај гаражите,со тажно ехо,мајчински си ги вика маченцата, запечени бои, негибнат новогодишен подарок, книга со свиткани страници,сум спиела врз неа ноќеска,глупаќа! Ладно кафе и некои чудни амбиции. Јас трезна увек(мхм)... Скопје мрачно, тој подобар за себе и само себе... Ма без везе.
    Ах да...човекот и дремежот, козињакот, мезето, нешто со празникот и ма,ништо,глупост.
     
  10. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Колку го сакав како мала,најубав цртан лик ми беше :D
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Понекогаш кажуваме толку многу работи, и на крај пак не сме кажале ништо.
     
    На anabel-a, Breezy, IndieGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    СДК едноставно не можам да разберам, како може некому да му смета туѓиот успех, како да тој што успеал е виновен поради тоа што другиот не успеал во животот.Па потоа се пронаоѓаат разни начини со кој би ја пополниле празнината и со самото тоа би го потхраниле своето его.Да, егото сака да е во центарот на вниманието и обожава да се фали... И присуствував на тој феноменален чин на егото и немав коментар, освен ваква фаца |( |( , не вредеше да зборам повеќе, што би зборела кога гледам дека некој си има проблем со егото и незнае да го контролира, а забавата на егото трае се до оној момент кога ќе се најде некој попаметен од него и му го покаже местото, каде што припаѓа...Понекогаш изгледа ќе треба човек да се прави глув на вакви нешта, а ми пречеше страшно ова, ама реков ај исто како да не било...Некои луѓе си земаат за право да зборат многу, се што треба и не треба, а не чини така, зошто? Поради претходно наведените причини.

    Треба човек да научи да не биде зависен од материјалните работи.
    Во животот има убави нешта, кои така се протнуваат и наметнуваат сами по себе, па одеднаш ти ги вадат очите :D а претходно цело време пред нос ти биле... :D :) Милина... :) :angel:
     
    На Johny му/ѝ се допаѓа ова.
  13. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Утре има да се изнаспијам и цел ден ќе се излежавам.
    На на на на на наааааааа
    [​IMG]

    Да надополнам за претходниве две недели :lol: .
     
    На Hiii, Divinebutterfly, lovely91 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    1. Најважно е здравјето и најнеопходно. Него ако нема, во вода паѓаат сите други нешта. Потоа следат љубовта, среќата и успехот во кариерата. Како што се вели, „Здравиот човек има безброј желби, болниот само една - да оздрави“

    2. Убавината е субјективна работа, за секој различно претставува. Како и многу други работи во животот.

    3. Понекогаш се случува тој ефект да од една особина се создаде цела слика за личноста, позитивна или негативна. На сите ни се случува. Но човекот е полн со особини, така што една во морето ако не е важна и впечатлива не вреди ни да дава печат за нечија личност.

    4. Чувството кога ти е тешко, кога од времево или од било што друго се чувствуваш лошо и болно како што се чувствувам јас со денови, па ќе се избањаш убаво со сите салтанати да ти отидат сите маки во водата, па ќе си го негуваш лицето, па косата, па облечеш нови пижами... едноставно те прави да се чувствуваш подобро, ослободено.

    5. Сакам да дојде утре, сакам луѓе насобрани на едно место со добра намера, да чекаме пред црква сите една иста работа, да се кршиме со јајца и можеби да земам дрвено со надеж дека нема да ми го препознаат, едноставно сакам промена од оваа монотонија бар на ден-два.

    6. Сакам да одам во странство, сакам да шетам... да патувам сакам, многу! Ако не тоа сега, барем овде во Скопје да одам на места кај што одамна или воопшто не сум била, интересни, нови работи, со исти луѓе, е тоа сакам! Сакам позитивна енергија во мене, ми недостига и сакам да ја искористам на најдобар можен начин!
     
    На Johny му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    СДК дека конечно после се' сум малку посреќна :) Можам да кажам дека овој петок 13 како ден беше многу убав.А плус тоа и конечно ја видов насмевката на неговото лице,ги видов оние најслатки дупчиња на обравчињата :inlove: :$ :rofl: СРЕЌНА СУМ ДЕВОЈКИ!!!!!!! :$ Дај Боже оваа среќа кај мене никогаш да не згасне,и после се пак да бидит како што беше,држете ми среќа :)
    http://www.youtube.com/watch?v=1O23btVUCzA по втор пат :inlove: :$ :rofl:
     
    На Elennaa и Plavusa.17 им се допаѓа ова.
  16. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Се логирав на фемина и се згрозив од секакви коментари. Одбивам да пишувам на наведената тема, зашто што и да биде пишано нема да ги смени работите. Незнам од каде се раѓа сета таа омраза, ние сами меѓу себе не се сакаме, а не пак другите да ги сакаме. Кога ќе прочитам нашите, вашите, нивните...зарем ние сите не сме луѓе? Воспитана сум човека да го разликувам само според карактер, добрина, а не според верска, национална или трета основа. Знам, да, знам какви се работите, знам дека не се мирисаме и знам дека сето ова се случува од 2000та навака, кога огромниот бран од Косово ни се насели и ни ги поремети добрите комшиски односи со малцинствата во државава. Ама да се повикува на терор, да се повикува на војни??? Ние сите треба да се бориме за заедништво, да си помагаме. Без никакви докази се обвинуваме, линчуваме, ги плукаме луѓето во лице, само затоа што се едно или друго, а во нивната душа нема ни малку вина, ни малку злоба. Што ако/кога ќе се докаже спротивното? Што ќе биде со оние сеирџии без трошка жал на нивните лица, кои од синоќешните снимки јавно обвинуваа и посочуваа на Албанците? Ќе се измени ли нешто во ова општество некогаш? Кој сака нека плука после мене за ова, зашто ние сме такви, ние и по себе плукаме, ама да се повикува на војна наместо да се повикува на правда? Што? Државата не е крива? Како може државата да не е крива, ако не обезбедува услови за безбедност???? Како може државата да не е крива кога најголемиот број од националистичките конфликти ги создава таа?
    Што и да додадам нема да променам нечие мислење. Создавањето на оваа Македонија е вина на владата. Ни го полни егото, главите, мислите со тоа ние сме Македонци. Јас сум човек прво, а потоа Македонка. Ја сакам државата поради луѓето во неа, а таа самата, ништо не ми обезбедила. Никогаш не сум се лупала во гради со тоа од каде доаѓам. Доаѓам од мојата фамилија, тие погледнете ги какви се, понекогаш може да се случи и да штрчи некој, ама јас од нив потекнувам. Не потекнувам од сите Македонци, зашто сите Македонци не се цвеќе за мирисање (зар не ви текнува дека шиптарче загина во школски двор, зашто бранеше македонче? зар не ви текнува како во Драчево типот комшијата си го имаше закопан во плакарот?)
    Не сакам да ме сфатат погрешно, ама знам дека така ќе биде. Зашто такви сме.

    И за крај, на сите оние што се лупаат во гради и повикуваат на протести...доста веќе се острите, излезете, не само пишувајте коментари по форуми и статуси на фејсбук. Дали излеговте кога Македонец специјалец смртно претепа Македонец млад на плоштад???? Протест нема да им помогне на семејствата на загинатите, правдата ќе им помогне.

    Нека почиваат во мир.
     
    На Hipster, Johny, thinkerbell и 2 други им се допаѓа ова.
  17. DarkRose

    DarkRose Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    21
    сјдидјиасјдсијдиасјдњакчњл :D

    Значи толку патетични особи има, што дури и ми е смешно :D
    И што сега фаца си дека имаш најк патики?? :clap: Браво за тебе. Големо достигнување во животот |( :D
    аххахаххахахха леле не ја можам :D

    Забеган ден денес. Теешко ми иде постењево тешко .. ама издржав :) Ама самиов ден ми е некако .. брр. Ај утре сабота, искачање, ќе биде подобро :D
    Битно вие сте тука да ме дружите :*
     
  18. INSIDIOUS

    INSIDIOUS Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    512
    Го запоставив форумот последниве денови. Едвај дочекав да си седнам онака на раат и да прочитам што се сте коментирале. Ама прво да ви се пофалам со една убава вест што внесе многу радост во нашето семејство. Добив ново братучетчееее :hug: :dance: :party: :angel:
    Многу сум среќна што ке бидам дадичка на едно толку убаво и слатко суштество.
    Кога го гледам, кога го гушкам, кога го мирискам посакувам и јас да си имам едно вакво ангелче.
    Да ми е живо и здраво, да ми порасне голем и да си ја слуша дада :sun:
     
    На bittersweet, anabel-a, Annath и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Се воодушевувам на едно свое мислење, каде објаснувам за аксиомите, тоа се вистини без доказ. Не ги отфрлаат, ги прифаќаат такви какви што се создадени, луѓето веруваат во нивната вистинитост како што се поставени, и нема менување, нема докажување, нема што понатаму. Таков е Бог. Едноставно, постои.
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  20. booba

    booba Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    226
    Ме печат очиве, страшно многу ми се спие,но не неможам да се одвојам од компјутерот.Ооо леле што ке беше ова, каква зараза.
    Сум станала голема мрза, 100годишна ко шо вика мајка ми :D

    А ти срценце, живо и здраво да си ми уште 100 години.Само ти можеш да ме насмееш во тешки денови.

    Летото проклето многу ми фали.Како ми се оди сега на плажааа,лелеле по гаволите :(
    http://www.youtube.com/watch?v=X-77txuiVXs&ob=av3e

    Честито Insidious, живо и здраво нека е :*
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.