Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    СДК одвратен, мизерен ден...
    Нека заврши побргу... :/
     
    На Adi888, thinkerbell, anabel-a и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Овој ден ми беше баш исполнет.Ги завршив сите обврски и сега си седнав малку на феминче :lol: Прво да си се пофалам,станав сабајле ги запалив патиките и си купив фотоапаратче,дигиталка,розевко,малецко.Многу е цакано и убавко. :) После со мама ги фарбавме јајцата и ги сликавме,па си правев колачиња па и нив си ги сликав...
    Си бев кај братучедка на кафе па со дечко и се утепавме од сликање... :lol:
    Се на се убаво денче беше денеска.
    Сега ке се депилирам и после одам да се бањам со црвено јајце и здравец,да сум здрава :lol:
    Вие инаку добри? Ах !
    (еве и слики од денеска) ....
     

    Прикачени фајлови:

    • SAM_0026.JPG
      SAM_0026.JPG
      Големина на фајлот:
      106,3 KB
      Прегледи:
      348
    • SAM_0027.JPG
      SAM_0027.JPG
      Големина на фајлот:
      203 KB
      Прегледи:
      348
    На BeYourself, bittersweet, CIA и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    Викендот е многу депресивен не знам за вас, ама мене времето ме прај таква.
    Денес конечно ќе излезам после 4 недели, :D , да видам шо е и како е :D
    Одам кај другарка ми на кафе првен :coffee: , малце трач и спремање, шминкање и сл, треба цела да се пренесам таму, ќе прајме пробна фризура и шминка за на табло, одвај чекам Среда да дојди едноставно :D

    Вие имајте убава вечер, каде и да сте :hug: :hug:
     
    На CIA му/ѝ се допаѓа ова.
  4. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    СДК
    Ма какво седење дома, човече, па свират Стереотипови! Немојте да заебавате!
    Одам бре, и готово. Нејќу у публика да им дојдат само тие нафураните со црни блузи и лакирани нокти и нитни на фармерките шо потајно се мочаат на Ријана и Лејди Гага.

    Одам да се наслушам музика за душа. Охоооооооооооооооооо :rock:
     
  5. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Предпразнично расположение почувствував од утрово, откако малата изврши една невозможна акробација од нејзиниот кревет, директно во нашиот и ме гледаше со костенливите очиња, да провери дали сеуште спијам. А јас се преправав, подѕирнувајќи де на едното, де на другото око, во момент додека вниманието и беше свртено кон ролетните, а таа се трудеше од петни жили, да си објасни себе си дали надвор се разденило.
    И насмевки и бакнежи еден куп, утринско кафенце, делење на обврските, кратко шопингување, кафенце со другарките, семеен ручек, па секој на своја страна, а јас пред мониторот додека да се натерам да станам и да го направам експериментот наречен - торта :lol:
    Потурнете ме да кинисам де!
    Заборавив да си купам хулахопки,а на сите што ги имам има по некое компирче.
    Времево нерасположено за соработка.
    Го молам Април да не се понаша како Декември. :lol:
     
    На BeYourself, la-chicka, bittersweet и 9 други им се допаѓа ова.
  6. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    604
    Fallulah и облаци, совршена комбинација. По некоја капка таму и ваму, денес повторно. Таму црвено, таму розево, и многу зелено, секакви цвеќиња од денес стојат на мојот балкон. Се чини поубави се наросени, посреќни се.
    Шаренило и на трпезариската маса утрово, шарени јајца. Прерипна нешто внатре, додека ја сетив насмевката беше веќе на лицето а солзата на окото чисто онака, најприродно, без причина без оправдувања.
    Ги голтнав пак, горки се. Пола сум шарена, а пола мрачна. Овде среќа, таму црнина и болка, неизмерна, тешка. Се изгасна музиката во секунда, заради една реченица. Морничаво е дури и само да ја прочиташ, грозно е. Скептици, атеисти во денови кога се слави Бога, лутина и плукање, омраза и нагон на убиец..дури ни шаренилото не ги разбива оваа година а?
    Мажите, мажи ли се деновиве? Се кршат и тие... лутаат нации без цел, река од луѓе со исти мисли в глава, исти црнила в гради.
    Црна сум и јас, ама.. се поддава срамежлив зрак таму доле..ееее таму, на крајот. Фениксот избувнува в пламен и излегува од пепелта уште пограциозен, поголем, со оглушувачки крик, со сета своја вонземна убавина.
    Дождлив е периодов, следува сонце со лути зраци, а она нашето македонското е најсветло, најголемо. Ќе стопи богохулење, зла омрази и ќе избрка темнини.
    На крајот сепак, триумфира лавот!
     
    На bittersweet и CIA им се допаѓа ова.
  7. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.383
    Допаѓања:
    17.599
    Пол:
    Женски
    Цел ден ми помина напнато, како да немам желба за ништо, полна сум гнев.
     
  8. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Ви посакувам убави велигденски моменти :hug:
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  9. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски
    Напорен врнежлив пролетен ден поминат со личностите што ги сакам. Конечно ги добив информациите и заклучив дека тоа што си го кажувал било вистина. Ми дојде да заплачам ама се воздржав. Мирисот на пристаништето и измешани машки и женски парфеми ме потсети на времето кога во летото се шетав низ Хањоти и се надевав дека ќе те сретнам. Срцето ми се кинеше кога ги слушав песните од Тоше во автомобилот. Па сите тие ме потсеќаат на тебе... ама доволно беше јас пак за тебе пишувам, наместо да си кажам дека си се спремив за матура ( скоро) хаха. Кој ќе учи во понеделник бе :worried: па цела недела ми е со тестови... Не сакам не сакааам ;(
    Мислам дека полека се повеќе и повеќе со нетрпение сакам да одам во Скопје. Нека ми се смени животот таму целосно. Сакам нешто ново, некоја нова љубовна авантура можеби... Ама залудно си фантазирам кога во реалноста немам среќа во љубовта.... :|
     
  10. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.559
    Допаѓања:
    3.186
    Колку глупо се осеќам тоа е чудо едно!
    Сакав да излезам, дека немам излезено не памтам од кога, али не можам. Не сум веќе весела, а богами и цел ден не сум, али сепак сакав да се разонодам малце. Али ете, изгубив желба и за тоа.
    Ќе одам со другаркиве на црква, ќе го дочекам 12 часот, ќе си го скршам јајцето и дома мила ќе си ја фатам. Не ми се дотерува, не ми се игра, не сакам да смрдам на чад и цигари, а уште помалку да се фоткам и да се прчам на слики за да ме има утре на фејсбук. Има и побитни работи во животов.
    Е така, во рок од саат време се премислив, али јбг, тоа е.

    Убав помин на оние што ќе излегуваат, денсајте и за мене :hai:
     
  11. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.698
    Допаѓања:
    6.625
    Мама спрема милиброоод, конечно. :)
    Одвај чекам да се направи и да си каснам малку, мх мхх, мераци. Ајде, па кој сака нека повели. :P
     
  12. smiley-32

    smiley-32 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    511
    Здраво феминки ... Веќе некое време си го читкам форумов..Еве ме пак..
    СДК: - Ви се извинувам за тоа што го направив,нема да се повтори..

    Ветувам ;)
     
    На cecilia му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    СДК дека некои луѓе се премногу крути, намќор |( , до толку што нема шанси ни да се насмеат, без разлика колку и да се труди човек да ги насмее...Мора да го гледаме животот од позитивна страна, доста е од црнеали :!: ]:) :talk: Ама шо дека ќе кажам...исто ко да не сум кажала, сам себе си правел муабет, работава :D монолог... :rofl: :wasntme: Изгледа е позабавно да си намќор :wasntme: :^)
     
  14. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дека викендов имам мисија.
    1. Да ги избегнам сите работи што дома ги има спремено мајка ми;
    2. Да не паднам во искушение и да пробам од ручекот на баба;
    3. Да не јадам жолчки.

    [​IMG]
     
  15. Lovely15

    Lovely15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    31
    СДК дека сум многу дебела и треба под итно да ослабам и да држам диета |( :P
     
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.277
    Допаѓања:
    157.842
    [​IMG]
    Филмчево... среќа ми имаше среќен крај...во него не,инаку да. Многу го сакав.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.148
    Сдк не ги сакам празничните денови од причина што тогаш најмногу ја чувствувам осаменоста ,најмногу ми недостасуваат некои личности ,убавите денови од минатото...еве и сега е убав празник и многу би сакала да се радувам како и сите други но јас се чувствувам оттуѓено од сите ,како да не сум дел и како да не припаѓам од овој свет...
     
    На belieber му/ѝ се допаѓа ова.
  18. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    Сдк влегувајќи во онаа соба наречена шпајз како да навлегов во детството, разгледував се, од играчки па до касети. Седнав доле на тепихот и ги разгледував касетите, се потсетив кога едвај чекав да слушам песни на касетофонот, се израдував што го видов и него и го вклучив но не работеше ;(
    Причината за неговата "смрт" е сигурно некое дело на брат ми ]:)
    Си земав неколку касети од Наше маало, од Bijelo dugme, Riblja corba... И ќе му ги ставам на бирото, сигурно ќе се израдува кога ќе се врати вечер :)
    Луѓе сакам да ги вратам некако тие времиња. Тогаш се беше подобро.
    [​IMG]
     
    На BeYourself, Elennaa и girl-miri им се допаѓа ова.
  19. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    сакам да сум силна...
    сакам да не се толку ги ставам работите на срце..
    сакам да направам нешто вазно во зивотов..
    сакам да одам напред..
    да бидам нешто повеке од ова што не сум ништо..
    сакам да не шуствувам толку..
    сакам да бидам силна,и храбра..
    сакам да зивеам како што сакам...
    да немам страв од ништо..
    сакам живот!!!:::
    како??
     
  20. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    ^ Треба да бидеш благодарна од животот, и да се трудиш да го прифатиш и да го сакаш животот таков- каков што е.
    Да знаеш дека животот е убав,без разлика на тоа какви ни се очекуваната од него,треба да го прифатиме и да направиме да ни биде подобар.И, потоа следува прашањето како.
    Прво, размисли зошто постоиш, и дека има луѓе кои што се среќни и задоволни поради твоето постоење.
    Потоа,направиси го животот едноставен, и не ги комплицирај работите.
    Доколку некој ти даде критика,сакаш прими ја,или искулирај ја,не треба да се зема се при срце,едноставно тоа е твој живот, и ти одлучуваш за себе.
    Тоа што сакаш да направиш важно во животот, па да,секој сака да направи нешто важно во животот.А,што претставува тоа важно за тебе? Размисли, и најди начин за тоа.
    Да сакаш да си нешто повеќе од што си ништо,не е исто да сакаш нешто што не си.За тоа треба работа и труд.
    Ние не сме ништо ние сме луѓе,а тоа што работиме, и дали сме богати не не прави луѓе,внатрешноста не прави луѓе,зар не?

    Сакаме и очекуваме многу работи од животот,не?
    Треба сами да престанеме да се жалиме од животот.Да ги најдеме причините зошто не ни е убав животот, и сами да го поправиме тоа.Животот е најголем дар,треба да сме среќни што сме дарувани.
    И, да знаеме дека ништо не оди на тацна, и дека сами треба да се потрудиме за нешто што сакаме да бидеме, или сакаме да го имаме.

    Anyway,the life is beautiful. ;) :*
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.