Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Хелоу, Анабела the рефлектор или сијалица или било што - што свети, is calling.
    Да, токму така. Вечерва ја имав таа чест да ,,светам,, на два пара во црква додека бевме.
    Буквално им висев луѓе, and I wasn't feeling good.
    [​IMG]


    Патем, Христос воскресна. Нека ни е за многу години празников.
     
    На Doozy и Libera им се допаѓа ова.
  2. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Кит плива цијели дан,једе само рибе и пије само воду,па је ипак дебео.
    Така и со мене последниве месец дена на диетава.Абе ни кило да не се симнело,а ми се чини дека само на вода сум.
    Некој китски ген ќе да имам. :|

    И среќен празник на сите православци!Нека ви е за многу години.
    Па пуштете ми и по некое јајце у знак на диетава. :rofl:
     
    На Cynthia му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Постојат милион причини зошто човек треба да оди на фризер. Се зезнав здраво, си го откажав фенирањето за денеска и еве сега мака мачам, да го скротам ова чудовиште на главата. А косава некако ич не ме шмиргла, секое влакно си води своја политика и пред да решам да се откажам целосно од невозможнава мисија, чекам да се згрее пресата, па да и покажам јас чие куче точак тера.
    Моментално неможам да дадам сликовит опис како изгледам, ама приближно тоа би било нешто помеѓу абажур од столна ламба и глуварче во екот на својот цут.

    [​IMG]

    Ваква фризура носеше баба ми по неуспешна електрична ондулација.
    Памет за друг пат. За мене ќе треба да залепат налепници со предупредување дека фенот не е за домашна употреба.
    Ох, само да успеам да ја скротам, да не мисли утре пошироката родбина дека сум прележала тифус!
     
    На Adi888, ines.h и JoxyTheFreak им се допаѓа ова.
  4. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Убаво е што имате верба во нешто.
    Убаво е што верувате.
    Што сметате дека има таква сила која може да не обедини, да шири љубов помеѓу нас,
    иако заборавате дека таа сила се крие токму во нас.
    Дека денот е празник и поради тоа што треба да не потсети оти треба да даваме се од себе за да бидеме љубезни кон оние што ги сретнуваме секој ден. Да забораваме на омразата, одмаздата, гневот со кој се полниме. Да научиме да ги почитуваме различностите, да дозволиме да ги видиме своите убави страни, без замерки и предрасуди да се прифатиме меѓусебно такви какви што навистина сме.

    Ај да подразмислиме подобро, колку се трудиме ова да биде вака?

    Нека таа верба која ја спомнувате навистина биде верба, нека навистина направи промени на подобро, почнувајќи од себе па на сите околу вас.

    нек се опраат неубавиниве, па да се свестиме шо праиме..
    еве и јајце..

    [​IMG]
     
    На Adi888 и Libera им се допаѓа ова.
  5. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Сепак, и на празник народот не се бања.
    То је јаче од судбине, а?

    Отидовме со другаркиве до Соборен, да се збереме, да запалиме едно свеќиче, та потем под перница, небаре ќе си го сањаме мужот иден. А шо прајме шо ја не спијам на перница?
    Сетики саде мажи сонувам. Се нагрнав со едно палто што ми е за есен, и се сварив.
    Пар ситуации не’ изнасмеаја за цела вечер.
    Сретнавме куп бивши и сегашни луѓе. Со се нив и нивните гревови.
    Реџо и Илфета, две Ромчиња, ни бараа пари и јајца. Муабетот беше крајно комичен, но во суштина тажен. Реџо има 14 години и учи во Браќа Рамиз. Го собираат од социјално, го перат, бањаат, му даваат да јаде. Проси откако знае за себе. Не знае ни родители ни бутур. Илфета е мустра. Вика - Аааа, Реџо пуши цигари, ко џуџе ќе остане. Ја не пушам, тоа не чини. Учам вечерно школо, да бидам писмена.
    И тие, души пред небово, си седеа со нас. Им дадовме по некој денар. Смешни, номади. Остри на јазик. Без дигнитет, само патиштата ги имаат.
    А ние кокони седиме и папаме јајце. Јас со соларникот, ко дилер некој наоколу сеев сол. Народ слабо.
    Ради традиција и почит застоевме и си кинисавме.
    5ката од Дестан добро ми дојде.
    А не ни постев. Редици пред хамбургерџилнициве, ко беспари да е.
    Сив, малку празен Велигден.
    Важно е да воскресне убавата мисла.
    А не само маките.

    Убава вечер и празници имајте.
     
    На Buttterfly, stylishh, booba и 15 други им се допаѓа ова.
  6. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    22.959
    Пол:
    Женски
    Христос Воскресе! Убав ден, прекрасен празник за душа :)
    Се е подготвено, утре ќе одам кај баба ми после мнооооогу време. Знам дека ќе има вкусен ручек како и секогаш, и знам дека срцето ќе ми се стопли кога ќе ги видам сите на куп :) Обожавам кога сите заедно ќе седнеме на трпезата, и секој си раскажува по некој мал дел од животот. Ги сакам тие луѓе што секогаш ме поддржуваат, и знам дека на нив можам во секој момент да се потпрам. :)
     
    На Doozy, Adi888, anabel-a и 2 други им се допаѓа ова.
  7. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.499
    Допаѓања:
    17.231
    СДК - Баш убав ден поминав денес, само што се прибрав. Луѓето околу мене беа среќни, празнично расположени и ми го разубавија денот. Бев во црква, се помолив, кружевме низ градот, се к'цкавме со јајца (мојто победи), се омрсив одма :lol:

    Среќен празник, Христос Воскресна.
     
  8. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.691
    Допаѓања:
    5.469
    Пол:
    Женски
    Имам чуство дека ова е најтажниот Велигден кој го паметам.
    Сивилото и чудната големина на капките попладневен дожд вчера ме убедија. Не беа ни големи, ни град, ниту ситен дождец, туку имаа налик на солзи. Стоев на балконот и го набљудував сивото небо и капките-солзи како со голем интензитет паѓаат.
    Не караа за човечките постапки и немилост, како да не сме учени од оние кои ни подариле живот дека само Господ пресудува и решава за се.
    Дождов си паѓа и понатака, и ако лани/прехлани/претпрехлани било сончево, светло, насмеано, овој пат е се обратно...
    Жали Господ за настаниве, и штета е на ваков голем ден да се чуствувам вака празно, сиво, неисполнето, несигурно...

    Како и да е, Христос Воскресе девојки (и по некој момак), и што би рекле фб-ковци:
    „Не ме гледај многу, да не испадне после на Велигден сум се заљубил“
    „Што ќе беше ова, сите денес се испозаљубија“.

    И баш фино, само за љубов, врски, бракови да слушаме и читаме :)
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Aries9

    Aries9 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    43
    САКАМ ДА КАЖАМ.......КОЈ К*Р ИМ Е НА ЛУЃЕВО БРЕЕЕ!??!! :swear: :swear: :swear:
    Кој пиеее..ма кај сака нека пие ама у ЦРКВА да пие бее??пијан у црква да доаѓаш грев е,ГРЕВ...никој незнае што прави..Исто ко лани ми испадна вечерва..Сакав да отидам ко човек пред 12 во црква..да си запалам свеќа..А они неееее бре братее рано им било,имало уште вино...па носете се сите!!
    A до вас драги мои феминки,честото празници и Христос воскресе.
     
  10. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    „Среќна Нова 2012!“
    „Среќен февруари!“
    „Среќен 8ми март!“
    „Среќни Велигденски празници!“

    Целосно временски дезориентирана денес (само знам дека е Велигден и дека имаме продолжен викенд), погледнав кон календарот. 15ти април! Веројатно како човек старее, така станува се повеќе носталгичен, или до мене е? Што и да е, се почесто се фаќам како размислувам за минатото. А како човек старее, така и времето му минува се побрзо и побрзо. Веќе е втората половина од април, ми остана уште некој месец до крајот на вториот семестар, уште некој месец до мојот роденден, уште некој месец до почетокот на летото.
    Се сеќавам кога бев помала, неделите како да траеја цела вечност! Времето ползеше, го чекав само викендот, па наредниот, па наредниот, па летото. Сега животов како да ми лета пред очи, во четврток се пакувам, во петок се отпакувам, и веќе е сабота, а утредента е недела и се пакувам, па повторно понеделник, предавања, кратка дремка, отпакување, и наредните три дена рутински ги минувам, за повторно да дојдеме до четврток.

    Ми се допаѓа? - Не знам.
    Сакам да го сменам? - Пааа... не.
    Има добри страни? - Дефинитивно.
    А лоши? - Понекогаш.
    А напорно е? - Да.
    А времето? - Па добро е, малце беше променливо денес.
    Не тоа, туку ова другово, што брзо лета? - Времето е часовник. Ништо повеќе. Иако според мене луѓето не би требало времето да го мерат во минути, часови или години. Тие не се важни. Поважни се на пример, добрите работи кои сме ги направиле во тој период. Луѓето кои сме ги усреќиле денес, или на колкумина сме им посакале „Добро утро“ или „Добар ден“. Или колку пати сме им се насмевнале на непознати, или колку пати сме станале во автобус за некој друг да седне.
    Колку кул би било да се слушне: Окси годинава 225 пати посака „Добро утро“, а 240 „Добар ден“, засмеа по четворица луѓе дневно во просек, се насмевна на 73 странци (од кои еден е нејзиното сегашно момче :D), а ослободи место во автобус 109 пати...*
    И така ќе добиете многу подобра слика за мене отколку доколку знаете дека имам 18.

    *лоцирано во Утопија

    Среќни Велгиденски празници!
     
    На Buttterfly, bittersweet, fashionista и 8 други им се допаѓа ова.
  11. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Од сношти сфатив само едно:
    На црква се оди од некаква си мода.

    Значи океј, не гледам ништо ама ништо лошо во тоа друштвото заедно да оди на црква. Побогу, тоа е најнормално. Ама чекај, облечена во минич и 15ка штикли, оти после ќе излевала.
    Излегувала или не - тоа бе Божји храм. Си има пристојни кодови на однесување. Барем за таму само.
    Јас стварно не ја сфаќам финтава. Годишно ниту еднаш не си стапнал во црква, а сега договараш со другари/ки за да одите. Да, се оди на овој голем празник. Ама, тоа ви е само разонода оти многу луѓе го прават тоа, или..?

    Туку ајде, на де му ја тупам. Можеби и не сум во право.
    Само, сакав да ви кажам
    „Христос Воскресе!“
    Ви пожелувам здравје, љубов, среќа и многу убави моменти! Останете ми мили и фини.

    Ве сака,
    БиЈу. :*
     
    На bittersweet, booba, marama и 8 други им се допаѓа ова.
  12. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    нема да пишам за него...нема да пишам за него..нема да пишам за него..нема!!нема!!нема!!
     
  13. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.227
    Допаѓања:
    48.155
    Пол:
    Женски
    сдк дека имам се видено ама не и огномет за Велигден во склоп на црква |( епа и тоа го има тука :nod: кај либето во Куманово :lol: останав ваква :o кога го видов а кумановки пицнати ѓоа на ревија идат :clap: и никој ни си честиташе , ни слушнав некој да каже Христос Воскресе ,ниту имаше кршење со јајца , црквениот двор делуваше како шеталиште :wasntme: златно мое Скопјенце се е тука поубаво :angel:
    Како и да е честит Велигден феминки, имајте убав ден :hai:
    се извинувам за мрчаторскиов пост ама морав :$
     
  14. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.065
    СДК ... мирно утро, пријатен ден ... Нека ви е среќен и радосен и покрај поинаквата реалност. Здравје пред се па се по ред, најмногу мир во душа и љубов во срцето.

    Христос воскресна! Среќни Велигденски празници! :)
     

    Прикачени фајлови:

    • egg.jpg
      egg.jpg
      Големина на фајлот:
      167,9 KB
      Прегледи:
      135
    На Lepaaa, bittersweet, Adi888 и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.280
    Пол:
    Женски
    Вчера бев на село,и таму појдовме в црква.
    Господ грев нека не ми пиши ама ...
    Седевме на клупа вo црквата и уште не беше попот дојден,до мене седеше една дебелка жена т.е на крајот седеше и влегува попот сите стануваат и и се крена клупата за малку не падна кутра жена,јас брзопотезно седнав за да стани..едвај стана..
    После влегува еден младич и го гледам појде кај иконава изваде пари и ги става на икона,се наведна ја бакна иконава и си ги зеде парите....Јас :o :o
    Што нема... :^)
    Туку ај честит ви празник..
    И Христос Воскресе
     
    На Divinebutterfly и Adi888 им се допаѓа ова.
  16. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    Колку е убо чувството, ко ќе те разбуди порака од љубениот :$
    Камо секој ден да е ваков, :)
    Вчера бев в црква и запалив свеќа за здравје и мир за сите, немаше многу гужва жежтини, туркајнци и такви ми ти ствари, то нешто најмногу шо го мразам |(
    Имав многу интересен викенд и се надевам денес на убав ден :)
    Уште малку конечен фамилијарен ручек, и после собир со најблиските :)

    Вие имајте убав ден, и уште поубав викенд :hug: :hug:

    Христос Воскресе ! :)
    [​IMG]
     
    На bittersweet, Divinebutterfly и Ammy.Lee им се допаѓа ова.
  17. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    За многу години, денво нека не исполни со мир и среќа, благодет да ве следи секој следен ден :)

    И покрај лошово време, и покрај гадниов ветер кој ми ја уништи фризурата, и покрај очниве капаци кои ми се затвараат и велат остај ме, и покрај глупион комшија кој во 7 сабајле дојде да ми го силува ѕвончето, јас ќе имам убав ден. И среќен, и заљубувачки, и ќе уживам во мирисот на зачини и месо, во црвенилото на маса и тројцата зајковци украси кои гордо ми ја красат софрата. Мхм, ќе се радувам и на глупавите шест илјади кои ги добив како прва плата за точно 25 дена |( Зашто нели, јас сум душиче денес, ништо нема да ми посмета. :angel: Сега ојдов да се истрошам, да раширам позитивна енергија и шарм, и да се радувам на гумените бомбони кои ми ги лупна ноќеска дечко ми :lol:
    А вие, драги мои, насмевнете се и „бакнете“ се самите. Заслужуваме среќа сите :*
     
    На bittersweet, Divinebutterfly и anabel-a им се допаѓа ова.
  18. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Денеееееееееееееееес! :rock:
    одвај чекам, одвај чекаaaaaam!!!!

    Ќе се наслушам музика, ќе изденсам, за себе, за своја душа, најпоштено. :wasntme:

    Имајте убав ден. Бидете весели, позитивни, љубезни, слободни, свои!
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  19. A.a

    A.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2011
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    60
    кога си идев вчера од црква цело време свеќата си ја држев во рака и одам дома ја нема :?:
     
  20. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    ^ Ти паднала или ,,мистериозно,, испарила :D.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.