Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.056
    Незаменливо е чувството за една жена во себе да има две срца.
    Волшебна е помислата дека ново тело се создава во веќе постоечко.
    Неверојатен е начинот на создавање нова душа.
    Прекрасно е чувството кога ми даваат по две јајца за Велигден(едно за мене и едно за мојата црешка во мешето).
    Страшен ќе биде исходот поради фактот, што се јаде за двајца. :lol:
     
    На Serafima, booba и Adi888 им се допаѓа ова.
  2. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    СДК ВЕлигден е празникот кој не собира пак сите заедно :) Да се видиме,да одиме во црква,да стоиме заедно со запалени свеќи и да се кршиме после со јајцата сите :D Конечно пак се видов со другарките,се посмеавме и прошетавме : ) Баш ми фалеше сето тоа.А и мило ми е што успеавме и да влезиме во црквата : ) Сега следува ручек со моите дома :) Ете заради ова си дојдов пак,заради сите луѓе што ги сакам околу мене...Ми фали уште една личност и се надевам да се видиме и со неа :wasntme:

    П.С. Добив покана за на свадба! :clap: Многу се израдував! Кај мои другарчиња пак :) Мило ми е за нив,камо и јас да се средев досега ко нив,ама ајде ќе дојди и моето :) Па ме пишале Дивајн + 1 :D Ако сакам да си земам некој :D

    Ви посакувам и вас убаво да си помините за празникот,да се видите со најмилите и да сте насмеани,здрави и живи :* Нека ни е за многу години празников! ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!

    [​IMG]
     
    На Miss.Ricci, tessi, Lepaaa и 11 други им се допаѓа ова.
  3. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Јоооооој бре...една година сум на фемина бре лугее :D
    Овде ве гледам како друго семејство...Ми имате многу помогнато,сум споделила со вас многу радости и среки,нови пријателства за кои личности не жалам што се во мојот живот. :hug: И се надевам дека и ке бидат присутни во мојот живот.Без нив тешко дека ке успеам...

    И да,Христос Воскресе. :)
     
    На IvanaMkd, anabel-a, BeYourself и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    СДК многу ги сакам велигденските празници.Сите се расположени.Си честитаме празник едни на други.Единствена недела која ја сакам :D
    [​IMG]
    Плус уште малку ми е роденден :) Баш ми се погоди месецов.Се на исто место :D
     
    На BeYourself, Divinebutterfly и Pelikuna им се допаѓа ова.
  5. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.451
    Допаѓања:
    91.799
    Пол:
    Женски
    Црвено јајце, фамилија на куп и селска идила. Е на тоа ме потсеќа овој ден, на добар дел од моето детство. Веќе неколку години не се практикува оваа традиција, секој на своја страна, братучедите веќе се фамилијарни луѓе, ние веќе не припаѓаме во друштвото од детството, постариве кој болен, кој не смее да јаде свинско, јагнешко, кој не смее да пие...
    До пред некоја година наутро црква, потоа низ селските лулки, собрани многу млади кои со црвено јајце во џеб чекаат ред за лулање.
    Потоа правец дома, секој на трпеза, јадење на партии млади па стари. Голема фамулија нема место за сите.
    Вујко ми со пивце в рака ја прави скарата, другите го вртат јагнето на ражен... Баба ми трча натака - навака по нас, нудејќи не се едно, со друго.
    Бабина радост се насмевките на внуците.
    Ми доаѓа сликата како сите наредени на черги во дворот го пијат кафето после ручек, со смеење кое одекнува низ цело село.
    Ми фалат тие денови кога бев дете, кога сите бевме на куп и кога се смеевме.
    Денес на трпеза ќе си бидеме ние три, богата е не се жалам. Направив најубава торта.
    Не сум некој верник, ги сакам празнициве затоа што луѓето тогаш имаат време за сите што сакаат да ги видат, тогаш се полни со позитивна енергија.

    Имајте убав ден, јас одам да помогнам околу ручекот.
    Среќен празник. Христос воскресе!
     
    На Miss.Ricci, bal0n43, Serafima и 13 други им се допаѓа ова.
  6. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Сериозно размислувам повеќе да не излегувам.
    Излези во дискотека и се осеќаш како пензионер во петок во ЈСП, опкружен со малолетници. Нели треба лични карти да им бараат на влез? Нели нема точење на под 18? Нели? Па ај што сум пензионер, него се осеќам и као калуѓерка. Па това не е гардероба бе, това што го носите е долна облека бре деца! А мушкине со шишка на страна и марами, обетки, ланчиња, сјајче на уста пу пу човек да не посака деца да има.
    А у кафана, леле кафана. Убаво кажав на форумов тука ги бранам луѓето што го слушаат Аца Лукас. Ама да ја слушаш Кеш Кеш и да се кршиш на столче у кафана на песнава? Е мора да сте психички нестабилна личност да се палите на стихот ,,Прво пари, после мене". Синојка доживеав да се чуствувам како несоцијална личност.
    Е така, дома ќе си седам и ќе си гледам филмови и ќе си уживам. И ќе си ја јадам јајца, ќе си јадам марулки, скаричка, палачинка парти вечер ме очекува ама не мрдам од дома у блиска иднина.
    Дал е до мене, дал е до луѓево не знам. Ама јас не знам да се забавувам изгледа.
    Освен вајда решението е да се направиш дрво дрвосано со неколку промили алкохол па сеедно да ти е дали до тебе 15 годишно девојче со минич од 10 сантими игра на Кеш Кеш или некој емо типац си преседува во тоалет дотерувајки се и поправајки си ги шишките и сјајот на устата.
    Америчко општество.
    Ајт.
    Среќни велигденски празници.
     
    На Miss.Ricci, Shpagetta, JuLleE и 19 други им се допаѓа ова.
  7. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Kаква пита стегнав сега, море господ пред мои очи воскресна од што беше убава :D и едно парче циганска торта, ах, да ми е жива баба уште 100 години :)
     
    На JuLleE и Doozy им се допаѓа ова.
  8. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Многу динамичен ден, како и сите претходни од продолжениов викенд. Се молам желбава што ја имам да ми се исполни.
    Бев во црквата Св. Димитрија и така бев на поминување па влеговме со дечко ми и ние чудото во живо да го видиме, и навистина е прекрасно. Најмногу впечаток ми остави златната алка на светицата со црвено, како крв извалкана :o .
    И покрај тоа што е Велигден, надвор народ има многу. Фина лименка со кока-кола, надвор случки се случуваат луѓе седнати на клупа пред камери на Камени зборуваат за масакрот во Радишани, циганчиња две украле Ајфон на еден среден човек, па со полицијата правдајќи се опколени не знаев дали да ги жалам, или да им речам јаз`к веќе од лакомењето нивно кај немаат за леб, па уште да настрадаат им фали. „Не сакав мобилниот да ти го земам, сакав пет-денарка, од кај да знам што земав“. Сериозно? Како и да е, повеќе се за жалење отколку за осудување. Тоа што ги тера нив да крадат не е збесот, немаштијата е. Си рачунаат сироти, тој и без Ајфон може, а ние без леб не можеме. Ама тоа не е начин бре дечиња. Ама и ним што им останало друго. И што ако ги викнат родителите, пари да платат немаат. А што вика дечко ми може поарно во затвор да поседат месец-два, таму бар јадење, пиење и кревет ќе имаат. Кога ќе излезат, пак ќе крадат. Зошто тоа е за преживување, зошто кога просат никој не им дава, а особено убаво облечените и стокмени мажи во одела кои ги буткаат подалеку од нив, зошто да работат државата не им дава можност а не треба ним, на родителите ете. Зошто тешко си нив и горко!
    Ајде, кога се вратив дома по убавата прошетка на убавиов ден, ме пречека богата трпеза. Се најадов убаво, сега си одмарам. Ехх, да му бидеме благодарни на животов си викам.
     
    На Serafima и Cynthia им се допаѓа ова.
  9. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Јасно ми е веќе...
    Се било само навика. :)
     
  10. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Џокси се роди.
    |(
     
    На antonina, sanjalica, IvanaMkd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Mразам бабо што само за Велигден не викаш на трпеза.
    Болно е само за празник да мислиш на своите внуки.
    Нејќу јас компјутер, ни од пензијата денарче да ми дадете, ништо нејќу од такви невнимателни ко вас..

    Нема никогаш да сфатам што имате против мајка ми. И да знаете, немаме потреба од вас.

    Не можам да сфатам каква е таа лажна љубов која се трудите да ни ја подадете..
     
    На CrazyStupidLove и anabel-a им се допаѓа ова.
  12. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Ако секој има своја сродна душа,тогаш зошто сум сама?

    Уф,ја слушнав,прочитав сега реченицава,стихов и баш ме замисли.Си останувам јас на моето дека не сакам дечко,ама сепак морам да признаам дека се почести се моментите кога поттајно посакувам да има некој до мене во овој тежок период.
     
    На anabel-a и Adi888 им се допаѓа ова.
  13. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Сите имаат баби и дедовци и денес одат на заеднички ручек.
    Јас ги имам мама и тато и тие се мојот цел свет.
    Ги имам и моите најдобри пријатели, кои денес беа тука, кој по телефон, кој во живо.
    Среќна сум. Ова го сакам. Вака.

    Го сакав и чувството во кола прееска кога ги рокнав Ролинг Стоунс, со рејбанки на очи, кожна јакна и секси потези со воланот. Уф, во каков филм влегов. Многу сум јака.

    Го сакам и пивово со тато што го делиме.

    Го сакам и мачето што ги лиже коските како да се сладолед.

    http://www.youtube.com/watch?v=ElOXKt0v ... re=related
     
    На Smilly, teddybear, sanjalica и 7 други им се допаѓа ова.
  14. nennsy.densy

    nennsy.densy Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    305
     

    Прикачени фајлови:

    На MissJovanova му/ѝ се допаѓа ова.
  15. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.720
    Допаѓања:
    8.825
    Пол:
    Женски
    СДК багуфче is back.
    Со неверојатни импресии, преубав помин и позитивна енергија се вратив дома.Ќе ми недостига екипата и шетањето.

    Христос воскресе.
     
    На Adi888, Smilly, Divinebutterfly и 5 други им се допаѓа ова.
  16. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.632
    Допаѓања:
    43.308
    Пол:
    Женски
    Христос Воскресна.Нека ви е среќен Велигден и да ви донесе пријатни и среќни моменти :)
     
    На Divinebutterfly и anabel-a им се допаѓа ова.
  17. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Се неубави работи гледам во последно време.
    Мава на психа, ви кажувам дека мава. :doh:

    Почнувајќи од вчера, кога видов колку и е тешко на тетка ми откога почина дедо. Ма психички гледам дека издржуваат, мислам, океј, помирени се. Ама финансиски, се запрепастив. Дури не можам ни да се искажам, што и како и зошто. Кога си дојдов дома, на никој не кажав што и како видов. Не можам, ме притиска и ме кочи, не сакам да го кажам на глас затоа што тогаш ќе стане повистина одошто е.

    Како си помина?
    -Убаво, фала. :)

    А тие како си поминуваат? Господ сам не знае. Во очите им се гледа дека се изморени и преморени и дека веќе им е смачено. На 40 години да ти се смачи, тек допрва што иде... школување деца, факултети, сметки. Со здравјето не се баш најсјајни, им рекле да пазат на исхрана! ХА! Ај држи диети и режими на исхрана кога со 20 денари само пола леб можеш да купиш, а не смоквички, урмички, оравчиња и месишта... Салати да јаделе. Да, до салати им е на луѓето дојдено, по цел ден рмбаат и навечер салатичка, да. :x

    Душата ми се стегна кога кажа дека некои работи, јајца, масло, се што може да се најде, купувала од црквите, тоа што оставале луѓето за здравје. А поповите, со сиот памет, пардон мев, наместо да и ги дадат, и ги ПРОДАВААТ... :@ Јесте за пониска цена, ама ебате паметот што не знае колку има, а се лакоми за уште.

    Неубаво, само неубаво гледам. И на убави денови, јас гледам неубави работи. :worried:
     
    На BeLLaDona23 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сдк ништо не ми се прави,само сакам да се излежавам!
     
  19. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    деновите си минуваат, времето си врви, а не го чуствуваме тоа :shake:
    човек на човек гледа да му наштети, замка да му намести, или пак нож во грб да му зарие, а не сме свесни дека сите сме само обични СМРТНИЦИ а горе постои една виша сила што за миг може да не уништи, а како да не сме свесни за тоа(а мегусебно се убиваме и уништуваме) :fubar:
    како што велат научниците, крајот на светов се ближи, и кога размислувам на тоа страв ме фака-нешто како во градиве да ме стега, а не можеме ние лугето ништо да сториме за да не се случи тоа :worried:

    и не ми е јасно што јадам толку погрешно, што неколку дена наназад имам пролив :doh:
    изеди, исфрли е работава, незнам зошто се мачам храна да внесувам :rofl:
    ах, овој стомак и црева :x
     
  20. booba

    booba Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    226
    Христос Воскресе.

    Убаво е кога знаеш дека некој се грижи за тебе.А уште поубаво е кога на некој му значите и се би направил само за да види насмевка на вашето лице.

    Но што кога таа грижа, и сите убави работи што сте ги поминале со таа личност биле само лага?Што тогаш?Каде исчезнуваат ветувањата, каде тие насмевки?..
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.