Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Разговарав со едни (ајде да не им редам епитети) личности, и сватив дека по неблагодарни суштества од луѓево-нема. И јас сум многу неблагодарна, тоа ми е јасно одамна.
    Лично, тој човек што ме убедуваше во некои ГЛУПАВИ (во вистинска смисла на зборот) работи, и да биде уште по трагично, дотичната која седеше до него, лупеташе некои безвезни теории, а како прво немаше ни право она да рикне да зборува за работи кои не ја засегаат.
    "Почитувана млада госпоѓице, не сте во право поради..." и мене ми се крева коса, а она дофрла од страна. Бог да чува.
    Јас само една фејк насмевка на лице, боли ме увце за твоите теории и раскази кои не држат место, и она потврдно самоуверено "Да, да секако, те разбирам" изречено по не знам кој пат само за да укажам дека воопшто не ми е гајле што зборува кога при првиот збор знам дека не е во право.

    Абре нервира кога некои се прават учени луѓе, те побиваат со нивни теории за работи што си ги прочитал, видел, и за кои си сигурен дека си во право.
    И уште една појава за која навистина не можам а да не спомнам: Од каде тоа право на НЕверниците да коментираат за случајот со Црквата Св.Димитрија? Абре ако не веруваш остави ги луѓето да си веруваат во она што сакаат. Како можам да му кажувам на некој во што да верува, или па да го кудам, да зборувам дека бил глупав ако верува во чуда??? Ако некој не верува во Бог и над природни работи, нека се држи понастрана од оние што веруваат, нема потреба да преобратува некого или па да тврди дека сите што веруваат во Бога се глупави. Еден човек кој се спротиставува на цела маса затоа што има различни верувања и погледи на светот, а притоа ги осудува туѓите теории-не е паметен човек, баш напротив, тоа е некој плиток, површен и празен човек!
     
    На Libera му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.808
    СДК 1 мислам дека е редно да се напише друга песна за велигден! Бидејќи од оваа од Џокси, препеана од Ламбе, му*а- бумбари! |( И ај како што е ред, среќен празник нека ви е на сите. :)

    СДК 2 се сеќавам какви беа порано празниците, родендените и фамилијарните седенки. Сите заедно, насмеани, со песна славевме, преубаво чувство- не може да се опише. Ги сакам тие собиранки, си ја сакам фамилијата, роднините не ми се братучеди и братучетки, тие зборови никогаш не сум ги употребила- сите ми се браќа и сестри! Од најмало до најголемо не има. Сите по нешто да си кажеме, последната новина, љубовна мака, најмалите некоја детинеста случка од училиште- за нас веќе одамна помината, ама ако, се насмевнуваме- да не се почувствуваат запоставени.
    Сега веќе не е исто, љубовта остана да, само љубовта... Фамилијата ни се намали, секој со свои проблеми, музика ретко- сега во турски серии буљиме, хе жените посебно! Ми недостигаат среќните моменти, сакам пак да е како порано. Зошто се чувствувам како странец покрај мои луѓе?! Зошто? Тато ми недостигаш...... ;(
     
    На Elenuskaa, Izaabella, thinkerbell и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Браво за Вардар! Победата нивна дополнително ми го разубави денот! :bow: :l:

    ЗА МНОГУ ГОДИНИ ПРАЗНИКОВ! Здрави, живи И радосни до година! :*
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  4. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сдк дека нема поубаво чуство кога ке се најдеш на вистинско место со вистинската личност на вистинско време,нема поголема срека!
     
    На CIA и kate-the-great им се допаѓа ова.
  5. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    If an angel comes down and takes me away...
     
  6. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Jалнаш си,28-ми мај сум роден јас! :!:
    :wasntme:
     
  7. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски
    Нека помине оваа недела побрзо. Многу напнато се осеќам, ми се тресат рацете, срцето ми бие многу силно... како во прва година секогаш кога имавме тест по Физиологија и Анатомија. :tmi: Ајде нека дојде Петок и нека поминат сите тестови. Се надевам дека за викенд нема многу да имам за учење. Во последно време од кога си ги наредив сите петки не ми се учи воопшто. Сакам да си се одмарам :lol:
     
  8. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Cдк дека многу мрзам затупени, ограничени луѓе, што подалеку од носот не гледаат |( |( . и не, не ги сакам близу мене, па ни далку, ма ни сенката не сакам да им ја гледам |( . Aман.... Jас не знам од каде излегуваат некои луѓе со толку ограничен мозок
     
    На JuLleE и JoxyTheFreak им се допаѓа ова.
  9. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    За многу години нека ни е празников, да бидеме живи и здрави сите уште 100 години :D
     
  10. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Толку многу сонувам што сега не знам од кај да започнам со соновникот. :D
     
  11. soncenceto.matea

    soncenceto.matea Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2012
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    57
    Нека ни се среќни и весели празниците :) ...иако одма поминаа-утре на работа :(
     
  12. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Денес ќе се мрзавеам.
    Синоќа се изнаиграв, и се изнапеав, сега ќе одмарам. [​IMG]

    Не го местам креветот, не ги соблекувам пижамите, не се мијам заби и лице. [​IMG]
    денов си го посветувам себеси. [​IMG]
    '

    Нека ви е убав. Бидете весели, позитивни, љубезни, слободни, свои. [​IMG]
     
  13. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Што е весел форумов за време на празници.
    Сите со своите импресии и задоволства од семејните ручеци, жалења што заврши продолжениот викенд...

    Јас нема да се жалам за тоа. Бубалче се сторив, спремна сум за нареднава недела и затоа денов ќе биде посветен за пекмезење низ кревет и мерење на паркчето во маало. Мисијата - изеди се што е на трпезата завршена, 5 килца плус, пијуцкање кафе со цигарче а кутрево ми лежи во скут, фали уште да преде. Јас мојата работа за празников си ја завршив! :D
     
    На Hipster, Elenuskaa, mims-89 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.045
    Допаѓања:
    11.872
    Пол:
    Женски
    Зарем можно е понеделнички убаво да ми тргне неделава? Не ми е верно баш, ама ете се случи.
    После неколку дена потечени очи од солзи, конечно малку смеа.
    Се чувствувам како 6 годишно дете. Трчам низ двор, се врткам околу татко ми и пчелките, сецкам со мама шампињони, а во меѓувреме го закачам брат ми и гледам Како ќе каже Џим по 100ти пат. И убаво ми е.
    Комшиските кученца проодеа, па си ги земав малку на поседок, да ги поиграм. Колку се мали и нежни, па уште цивкаат по мајка им. Морав да ги вратам.
    Времево што се менува со 300 на час воопшто не ми смета. Чекам да ми дојде љубовта, нестрпливо излегувам на тераса да не го видам случајно. Небаре телефони не постојат. Ама ако, денес сакам вака.
    Ах, колку ја сакам оваа љубов. Некогаш знае силно да ме тресне од земја, а моментално ме издигнува високо, високо, над облаците.
     
    На Hipster, AnimeHQ, Elenuskaa и 6 други им се допаѓа ова.
  15. miljkovic

    miljkovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    363
    Христос Воскресе....Нека ни е честит празникот!

    Се надевам дека сите си поминавте преубавоо! :D :D :D
     
    На Elenuskaa и Fearless им се допаѓа ова.
  16. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум ја сакала неделата како ден. А сега ги имав, ни помалку ни повеќе, точно 3 во последниве 3 дена :!: :geek:

    Во саботата се ми се чинеше дека е недела, зашто претходниот ден не се работеше.
    Во неделата не ми се чинеше, навистина беше недела. :wasntme:
    Денес се спремаме за утре за на работа, исто како недела да е.

    Аман недело, оди си! Шу таму!
    Среќен празник на сите. :)



    http://www.youtube.com/watch?v=s9CJU8-m-ig
     
  17. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Ми се плаче и ми се смее во исто време за се она што го сторив изминатиов период,за сите глупости за кои сум се нервирала,за сите непроспиени ноќи...ке надокнадам за се,си реков дека никој не ги заслужува моите солзи,и од тогаш се воздржав...ги чував и ги чувам чуствата во себе,да гаснат,да не се распламтуваат.Ке продолжам онаму кај што застанав,да ги исполнувам моите соништа-да испаднат реалност.Ако имам причина за плачење,ке најдам причина за смеење.Тешко е во пракса,но ако не се обидеш нема да успееш. :nod:
     
  18. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    -Ке ја стрижам косата 10 сантиметри денес.
    -По еден предмет на факултет каде професорот е ПРЕСТРОГ а предметот е ПРЕТЕЖОК поврзан со финансии, сите колеги имаат најмногу по 2 ипол бода, а јас 6 ипол. Предходно познавање од средно, и мајка економист си го прави своето. Сак ит бичес!
    -Со дечко ми ми е преубаво, имавме проблеми, разговаравме, сега веке нема.
    -Овие денови се изнајадов на јајца, е многу ми се слатки жими се... со вегета њами :mm:
    -Моето најсакано единаесет месечно ТОПЧЕ од внуче преоде и сабајлево ми беа на гости па убаво ми почна денов.
    -Се повеке сум возбудена од една страна и исплашена од друга што имам уште неполн месец факултет и готово. Оу мај гад.
    -Имајте убав понеделнички неработен ден, отидов јас да ја стрижам половина коса, потоа ке ви се тажам овде, како сум ја направила најголемата животна грешка. Бај бај. :*
     
    На Elenuskaa, CIA, marama и 3 други им се допаѓа ова.
  19. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.451
    Допаѓања:
    91.799
    Пол:
    Женски
    Лалето ми е омилено цвеќе, а му било и на татко ми. Секоја година се обидуваме да зачуваме некое, се надеваме дека нема да прецвета за да му однесеме на гробот. Оваа година не прецветаа, а и со внимателност ги избравме најубавите.
    Со сестра ми секогаш го одбираме најубавото јајце и му го носиме него. Кога бевме помали носевме по две, моето најубаво и нејзиното. Деца, небаре тој ќе стане па ќе види колку се убави.
    Се вративме и со кафенце мајка ми не враќаше назад во спомените. Потоа поминавме на планови за иднината. Всушност и ретко кој ја има сегашноста, секој живее помеѓу спомените и плановите.
     
    На Buttterfly, antonina, la-chicka и 23 други им се допаѓа ова.
  20. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    Ич не ми се учи, а утре прам 2 теста, мојте ќе си заминат на гости, јас дома ќе треба да седам,
    Не фер ич па ;(
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.