Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сдк си идев накај дома вчера никој немаше по патот околу мене пишував смс на мобилниот кога некој ме повлече за работ на маичката и со тивко гласче ми рече:
    "Дадо дадо оти сама шеташ ? ај јас ќе ти правам друштво а ти да ми дадеш 5 ден. да си купам пуканки м ?"
    Моментално се свртев а до мене стоеше едно малечко ромче солзи ми надојдоа на очите, му се насмевнав и го прашав колку години е ми кажа дека е 5 год. и дека за некој дена ќе му било роденден, се помуабетивме неколку минути. Немав многу пари во мене бидејки бев да купувам нешто од панаѓурот но бркнав во новчаникот и му дадов 30 ден. а оно така малечко само се насмевна, е ако верувате тоа беше најубавата насмевка што ја имам видено.

    Му ги дадов парите и тргнав да си одам а оно по мене "Ама дадо,дадо да те испратам до дома сама да не си одеш,глеј ти колку пари ми даде м? " само му се насмевнав му кажав дека близу живеам и си тргнав а оно така насмеано ми мавна.

    Епа мали нешта ама убави се случуваат околу нас, само слабо гледаме.

    Ние сите колку толку имаме полни маси со храна и пиење, и пак бираме .. а некој се радува на пуканки од 5 ден. ...


    Живот...
     
    На Buttterfly, la-chicka, Springy и 26 други им се допаѓа ова.
  2. PParaskeva

    PParaskeva Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    260
    Сакам Да КАЖАМ дека послем 9 месеци и 11 дена во петокот 13-04-2012 22:20часо ................ Параскева стана МАМА :)
     
    На Alesii, x.Daisy.x, slavica999 и 54 други им се допаѓа ова.
  3. beautiful11

    beautiful11 Активен член

    Се зачлени на:
    1 март 2012
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    3
    Сакам да кажам дека во животот никогаш нема вистинска цена. Колку и да добиваш повеке толку и посакуваш да имаш уште повеке. На човекот му нема доста! Пред неколку години кога немав многу пари, само оние што си ги собираф по 10 денари дневно од храната за во школо, тогаш не ми беа доволно...Неможев да купам се што ке посакам, можев неделно да зберам само за еден пар обетки или нешто слично. Единствено за родендени купуваф облека-кога ми даваа пари. А сега, одеднаш почнаа да се трупат пари во мене...Живеам на големо, купувам облека во неделата ми се случува и по двапати. Имам да купам многу работи, но јас иако купувам сакам да имам уште повеке и повеке...Ми нема доста! Како да се задоволам? Мајка ми ми вика нема каде да ја ставиш облеката, доста веке од тоа твое купување секоја недела, но се заразив. Како да престанам? Станувам болна ако не си купам некое парче облека во неделата барем еднаш...А посакувам пак да се вратам во времето кога немав толку мног пари, но имав душевно богатство..Имав повеке друштво, смеа и други работи. Сега имам пари а друго не... Колку е голема цената на парите...Те заразува иста е како болест. Немојте да посакувате повеке, пошто кога ке го имате тоа ке сакате уште повеке и така натаму. Никогаш нема да ви биде доволно! Ете така ;)
     
    На AnimeHQ му/ѝ се допаѓа ова.
  4. AnimeHQ

    AnimeHQ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    246
    Изгледа Фемина е едино место каде што можам да се искажам мирно, без нервози. ;(

    Не бе, не ги сакам тие пари, не се мои!

    Некој за тие пари се мачел да копа од јутра до сутра за да ги заработи, да им купи на дечињата едно парче леб.
    Утре ке чекам да ги отворат банките за да ги вратам парите, ке им кажам дека фирмата во која што поработив мината година ми пуштила 6000 ден, по грешка. може би како трето лице а може би и на некој што му следувала платата ми е пуштена мене, ке им побарам потврда дека сум ги вратила парите па понатаму е нивно, што и како ке работат. - само сакам кога ке легнам да спијам да бидам со чиста совет, преку ден да не се плашам немој да ми дојде опомена од банка . или во полош случај...

    несакам ни да помислам. :worried:

    Фирмата направила грешка што ми пуштила мене „плата“ - но јас направив поголема грешка, ги извадов тие пари, но не знаев дека не се од таму каде што очекував бре, алооооо :envy:

    Очекував пари на сметка да ми стигнат пред-после велигден, отидов банкомат видов дека имам пари на сметка и ги подигнав, дојдов дома проверив оннлине сметка, видов дека се од фирмата која што работев минатата годена. Да знаев никогаш немаше да ги подигнам, абе, одма ке пријавев во банка.

    Кој болен ум го имате, велете троши си ги слободно парите, ништо не ти можат.

    Абе ајде, ајде факајте сите магла, стварно сум нервозна, ке работам по 20 сати ако треба и за 200 денари ама туѓи пари не сакам!

    Најголема казна ке ми биде совеста. да се разбереме. :!:

    Сета се тресам, што ке биде утре, немој погрешно да ме разберат банкарите па.... страшни мисли ми се вртат во глава...

    Ама ке одам. што биде нека биде! јас ке ги вратам, а после ке си чекам да ми стигнат пари на сметка од таму каде што треба- па фино лепо, со лист образ и гордо и ке ги извадам од банка/банкомат.

    Не сум спиена два дена, па уште и од дома ме нервираат, ми вршат притисок. Абе не сакам така и готово!

    Жално е што никој не ме разбира. Жално. ;(

    Бош муабети не сакам, иди упм! :hai:
     
  5. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Секогаш кога имам многу, многу, мнооогу за учење, на пауза демек малце отварам Фемина и прва во очи ми паѓа категоријата за патувања и одмори. И готово. Отварам агенции гледам слики, лиги ми течат, сонце, плажа, бранови. Паметот назад на учење не иде ни под разно :D Ова е некое проклетство! :lol:
     
  6. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    [​IMG]




    А може и погрешно ги гледаме :lol: :lol: :rofl: :rofl:

    мала шала се разбира ...
     
    На TheCandy880 и anabel-a им се допаѓа ова.
  7. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Ако сакаш човек навистина да го запознаеш,мораш барем еднаш убаво да се скараш со него! :smirk:
     
    На ines.h му/ѝ се допаѓа ова.
  8. peperutka20

    peperutka20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2011
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    87
    Пол:
    Женски
    ... Ми се оди дома!!! Толку :(
     
  9. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Може досадна ќе станам по секој празник :lol: ама од утре не јадам повеќе ама ич се пре пре пренајадов лелееееј бре ама па што да правам кога има толку вкусна храна деновиве :( мора пак да се вратам на салитчки милички :lol: и со учење и со водата ми мила ајт чао
     
  10. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Мене ме зачуди мојот индиферентен пристап кон празнициве, годинава. Поим немам зошто, не ги доживеав нешто како посебно, како лани или преклани, со блага возбуда или чисто онака, некоја среќичка што тлее во душата.
    Мутав е цел Април. А по се изгледа и ќе остане до крај. |(
    Толку лоши работи се случија, слушнав и видов, што месецов има добри изгледи да остане најлош во годинава.
    Вапцани јајца не можам да гледам веќе. Ми се темни пред очи, од мимоза, од некои мевца, од пекарски компир и од глупави, досадни прашања од роднини. Мислам, како тоа расте интересот за мојот живот, само за време на празници, не е чудо, ама страшно иритира.

    На вакви гадни денови имам чувство дека и да сум опкружена со сто луѓе, пак ќе бидам сама.
    Дечко ми нема да го видам цел недела, и можеби е чудно, ама никогаш не сме биле одалечени повеќе од 4 дена. И кога ќе видиш, џабе си се силам сама во себе и правам сценарија, кога е преочигледно колку љубов имаме.
    А што ќе остане после се, ако не љубов?!
     
    На TeddyGrey, Strumfeta93, stylishh и 2 други им се допаѓа ова.
  11. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Дека времето многу ги менува луѓето. Пред само година дена да ми речеше некој дека толку ќе ги изменам сфаќањата за некои работи немаше да поверувам. Ми се здосадуваат работи што порано имав голема страст за нив. Се менувам, времето ме менува, годините, луѓето. Имам поставено многу строги правила по кои се водам, а строгоста ме направила ова што сум сега, а од друга страна ме прави да потиснувам многу работи, кои навидум можат да бидат само куп ситници, ама знаат да испливаат на површина тогаш кога не се пожелни. Да можевме барем понекогаш да пуштевме крилја и да лебдиме високо во воздухот, далеку од се, и сето секојдневие наше да го гледаме како една мала точка, незначајна. Така би се луфтирале од сите работи што размислувајќи за нив прават да не можеме да спиеме навечер... Ех, понекогаш ми се чини дека се е толку едноставно, а ние го бараме секое решение во сложеноста, па така си отежнуваме себеси. Колку работи не знаеме, колку нема ни да дознаеме... И зошто луѓето имаат толку високо мислење за себе, не сакаат да ги признаваат своите грешки и да ги поправаат, притоа правејќи се совршени, кога знаеме дека совршенството не постои? Многу ќе биде подобро доколку секој одвојува по неколку минутки да размисли малку за себе...
     
    На TeddyGrey, bittersweet, Gordana10 и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Најадена.
    Напиена.
    Раствитана.

    Цутам ко кокиче у февруари, ко сончоглед у август, ко булка крај шините. Ма, шта да вам кажем.

    Деновиве сум ко во вечна ерекција. Totally riot! Вриштам. Ран ПМС. Многу смеење вчера, на Телма Chocolate филмот и моите пижами во твојата машина за перење!
    Сабајле дупка во креветот ќе ми направеше. Се смеам додека пишувам. Очичките твои синило мое, главчето твое сцена моја за денс!
    Што си ми будала бре.
    Точакофлерт по цели денови.
    Боза во Апче, колаче, пурпурно небо и интима отворена за сите. Си ја видов колешка ми со маж и на клупи. И го галеше мешето, трудна е 8ми месец, не можам да ви опишам која мекотија ме спопадна.
    Тројца заедно на клупа за двајца.
    Љубов, ко од реалност. Да, да од оваа реалност.

    Толку ме фати смеа ем сафра деновиве што варијабилите ми се од конкретно досадна, до крајно безобразна и алармантно неподнослива.
    Мама ме трпи. Влегов да се туширам, и кога слушам - некој рокна музика. Се извадив од памет. Тоа, она да си пуштила нешто од Чола и врти кругови ко мачор по опаш во соба.
    Даде ми носи пастрмајлии од Штип, а тате креон мастики што се повеќе за фолирање демек пушам, него за џвакање, паѓаат заби.
    Бев одговорна на работа денес, мирни ми беа соработничките. Си цугнавме цедевитка пред дожд, си рокавме Џони Мичел и го оговаравме единствениот ни колега, пред нос, со целисходно конструктивни машко/женски теории. Или терории, сеедно. Пустичок, не знам како не’ издржа. :devil: :rofl:

    Си купив три книги од Матица, не сум нешто среќна од преводот на првава што ја читам - Левијатан, уште по првата реченица! И се замислив кој сето тоа го преведува. Што да видам, да не зборувам. Но нејсе, граматичките и синтаксички фашизми ќе ги оставам за друг фолдер, кога ќе бидам расположена за сето тоа.
    Вечер ќе јадеме торта на предроденденско збирање, се надевам нема да се заспие уште во 23 саатот, имаме музика за шизење.
    Го сакам Каљо Масниот, читајќи му ги статусине по фб, сфаќам колку е човекот во право, и ми ги чита мислите. Истото што тој го плука диво и искрено, јас, на жалост не можам да го изустам.
    Зошто имам познаници и од таа и од другата страна на реката. И сум им рекла дека не го ценам нивниот хипокристички момент, но одмавнале глава. Пеки, ваше е лицето, вие ѓонувајте го.
    И така. Животов е љута ракија.
    Ние, сме мезе, колку да се рече, нели?
    Идам да се бањкам во турбо ванилеста купка, да читам весници, да офкам од преубавово ручече, да какам како револуција треба да се дешава на улици, а не по социјални мрежи... И да се фатам у сопствената.
    Секој ден го правиме истото.
    И С Т О Т О.

    Можам само да ветам, дека ќе се обидам.
    Да сменам грам глетки.
    За нас, за ние.
     
    На Cynthia му/ѝ се допаѓа ова.
  13. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Сакам да се возам тука... Да ми се крени адреналинот, срцето да ми оди в петици...
     

    Прикачени фајлови:

  14. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Oд што сум радосна, не знам како веќе да се изразам. Образите ме болат од смеење, телото и душата ми се топли, љубовни...

    Славете го празникот над празниците, бидете и вие исполнети со Љубов и благосостојба нека ве следи! ^_^
     
    На Serafima, TeddyGrey, LivingGlam и 2 други им се допаѓа ова.
  15. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Беа тоа 3 прекрасни денови аххх,смеење,разговори..како што се вели отидов,видов,дојдов,побогата со многу прегратки и насмевки,
    нека ни е за многу години празникот
     
  16. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.107
    Допаѓања:
    1.793
    Можете слободно да ми го скролнете постов, за да не го расипувате вашето празнично расположение. Не ми е целта да ја ширам тука негативната енергија која е насобрана во мене, туку само сакам да си го кажам она што ми лежи на веќе уморенава душа ..

    Животот е напиток но горчлива е течноста ..

    Џабе викаат „Имаш повеќе време за Велигден, ќе одмориш“ кога јас ни О од тој толку посакуван одмор не видов. Физички да, но порадо би била физички преморена отколку да имам толку проблеми и да не знам на што побрзо да мислам.

    Малечката моја завчера имаше роденден, ги наполна долго очекуваните 6 годинки, вчера славевме, а денес ја нема, си отиде дома. Додека трепнав, поминаа тие 5-6 месеци додека беше кај нас. И несомнено, покрај многуте моменти кога ми досадуваше и ме вадеше од такт, тоа ми беа најдобрите месеци од мојов живот. Сега нема кој да ме буди наутро со мил и нежен бакнеж, нема со кого да одам покрај езеро, нема со кој да се карам за телевизорот, ниту пак некој со кој би си играла со зеленото топче и би ја пеела песната за страшните, забести крокодили.
    Не знам кога ќе ја видам повторно, не знам дали таа ќе дојде тука или јас таму, барем на кратко. А таа кутрата, мисли дека повторно ќе оди таму повремено и за брзо ќе се врати тука кај нас. Се навикна кај нас дома, зашто тука во секое време имаше некој да ја забавува и да ја пази. Но сега таму, го има само него. Веќе почна да разбира, да сфаќа што е – како е. А тоа најмногу ме боли, зашто таа е онаа која најтешко ќе се носи со последиците од одлуките на нејзините родители. Неа највеќе ќе ја боли ..

    Оваа недела дома беше пекол. Јас, која отсекогаш бев научена на прекрасна хармонија во семејството, сфатив што значи да се има несреќно семејство. Немаше причина да бидеме радосни, да се смееме. Имаше место само за тага и солзи. А највеќе ме болат оние на мама, бидејќи таа најмалку заслужува да плаче. Но мајка е, она што не‘ засега нас, ја засега и неа. Можам да и ја видам тагата во очите, не мора да каже ниту еден збор. И покрај се‘ ова, тагува и по тета, бидејќи сега кога и‘ е најтешко нема со кој да направи муабет, кој да ја ислуша и од кој да добие совет без да се плаши дека нејзиниот проблем ќе допре до ушите на сите жени во населбава.

    Немам ниту време ниту желба да мислам на нешто друго освен моменталнава ситуација и проблемите во иднината. Животов за мене сега е и повеќе од горчлив.

    И не, јас не сум воопшто среќна, а не знам ни кога ќе бидам ..
     
    На MandyLane, Lov3, Hipster и 6 други им се допаѓа ова.
  17. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Ленна, се надевам дека се ќе се среди и ќе биде во ред, иако не знам за што точно се работи, ме натажи твојот пост.

    Јас сакам да кажам многу работи, бесна сум, тажна и гневна!
    Сакам да живееме безбедно!
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
  18. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    За жал,се пронајдов и јас во реченицава...
     
    На L-enna и IndieGirl им се допаѓа ова.
  19. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Не сакам да кажам, туку сакам да прашам што се случува со моите мили мали сограѓани? Или подобро да го формулирам прашањето, што се случува со луѓето во Македониичкава воопшто?

    Вчера имаше неколку концерти во мојот град, нешто како мал фестивал, прв од овој вид откако знам за себе. Гледам денес слики (како може таков настан да помине без зилион слики, некој дури се погрижил и да најми фотограф кој цела вечер ќе шета наоколу и ќе ги шкрапа присутните), и што да видам. Сите рокери бе - од прв до последен! „Кожњаци“, црни размачкани очи, исплазени јазици и \m/ во воздух, мислиш осумдесетите се вратиле (со целата достојна почит кон оние рокери кои постојано си го фураат тој стил без разлика на сите коментари). Но финтата е што сите овие лажни рокери се истите што се во први редови на Аца Лукас во петок навечер и ги знаат сите песни на Цеца, а воедно и ги покажуваат со прст и ги исмејуваат оние рокери што ги спомнав погоре, вистинските, кои си се достојни на стилот без разлика на се. Не е тоа малце дволично?

    Вакви работи ме вадат од такт. Ме вадат од такт фејк личности де, ништо невообичаено. Ме вадат од такт луѓе кои ја следат толпата, луѓе кои прават работи поради помодарство, луѓе кои прават работи за да бидат видени или за да се закачат на Фејсбук. А во последно време на многу луѓе тоа им е кулминацијата на излегувањето - да направат Mobile Upload или да се чекнат, на лице место.
    Вакви работи ме тераат да избегам од гратчево, Македониичкава, Балканскиот Полуостров...:emo:

    /firstworldproblems :D
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
  20. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Јас немам некое познавање од науки, книги, писатели, историја и географија.
    Не ги знам имињата на членовите од бендовите кои ги слушам ниту нивните биографии.
    Далеку сум од реалноста у секој поглед, тоа ме мава по раменици ама среќна сум.
    Презатворена сум во својот свет, ама и вака ми е убаво.. :)
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.