Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. AnimeHQ

    AnimeHQ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    246
    Денеска ми е полно срцето, срекна после долго!

    Моментално се чуствувам како да е мој светот, да да, навистина! Горда сум на самата себеси!

    Можеби, да, јас сум сиромашко дете, немам доволно финансии, но се трудам истото да го поправам, на чекор сум на добра работа, добра плата , полека - полека коцките ке се наредат! :!:
    Животот за мене штотуку почнува и не ми е страм што моментално работам аргатлак за 200 ден дневница! - Да знаеш.

    Многу ми е побажно бидејки не сум сиромашна во душата...ако е човек со сиромашна душа колку и да му е џебот дебел,страшно е. тогаш-бегај.

    Е така да си знаеш.

    Два дена одев преку сите, ама не ми е жал! , бидејки знам како е да работеш на нива за 200 ден па и кога ке дојде време да си ги земеш тешко заработените пари некој да те ебава, има грешка во нешто и слично!
     
    На bittersweet, ViktorijaMari, Doozy и 2 други им се допаѓа ова.
  2. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    И чувството кога си наполнила една цела вреќа пластични шишиња и ќе одиш да ги ставиш во машинче да земеш некое крунче!


    И место еден бетон негде во градов 5 / 10 машини во маркети вакви не ќе е на одмет м?

    http://earth911.com/news/2010/04/28/rev ... on-the-go/
     
    На blond и Doozy им се допаѓа ова.
  3. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    СДК денес ми е роденден.Многу сум среќна што ве запознав сите овде на форумот,сите сте ми многу драги...Пред скоро 2 години се зачленив и не мислев дека ќе запознам толку добри луѓе како вас :D
    Плус денес правам тест математика.Држете ми палци :)

    Имајте прекрасен ден :* :*
    [​IMG]
     
    На cigarce, CIA, zhap4e и 8 други им се допаѓа ова.
  4. soncenceto.matea

    soncenceto.matea Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2012
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    57
    Феминки имајте УБАВ ДЕН :) :coffee: :l:
     
  5. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сдк што и да е ке помине,дали за лошо или добро се поминуваа!
     
  6. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    -И благодарам на Ријана што постои, уште рано наутро ме крена на нозе. :dance: :dance:
    http://www.youtube.com/watch?v=_ybpjyXkhUk

    -Убав беше празникот, убав беше продолжениот виќенд. Мислам долго време не сум играла толку, не сум се забавувала толку, не сум била среќна толку.
    Ми се случија пријатни изненадувања, нешто што не очекував. Дечко ми изгледа некоја даска го удрила во главата, стана романтичен, никогаш до сега не бил таков. :wasntme:
    Јас ја имам силата, да ги променувам луѓето. :lol:

    - Убавите работи ти се случуваат тогаш кога најмалку очекуваш.
    Имајте убав ден феминки. Насмевнете се, можеби некој ќе се заљуби во вашата насмевка.
    Ве гушкам. :hug:
     
    На Adi888 и anabel-a им се допаѓа ова.
  7. Em4e711

    Em4e711 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    386
    Почнав да ја листам темата за убиството на тие душички, застанав кога ја видов таа слика. Пак ќе се запрашам каква осет имаат луѓево или немаат никаков?! Па подобро и да не читам ништо, којзнае какви други муабети се вртеле, не верувам во ништо посебно ако има некој лош збор за тие деца кажано.
    Пак срцето ми застана, се напнав, ми пукна главава.. Срцево ме боли кога ќе помислам на нив. Дури и ми е страв да помислам како им е на најблиските, која загуба е тоа, како понатаму, кој живот го имаше пред нив...

    http://www.youtube.com/watch?v=YGXgP5Sj ... ture=share
     
  8. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Oтидов на погреб,знам дека ќе се истурам од плачење,ама никој нема да ја знае вистинската причина за моите солзи !
     
  9. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Осаменоста е тешка работа...
     
    На CIA му/ѝ се допаѓа ова.
  10. AnimeHQ

    AnimeHQ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    246
    Јас ја ценам мојата слобода, многу и итоа. - Да знаете.

    .... Нема да дозволам да ме „смените“ ни под точка разно. Ви кажав, доколку пробате мене да ме смените, вие самите ке се смените , најверојатно. - и тако бидна,нели?

    Јас сум различна од вас...

    Јас имам аверзија кон авторитет, имам многу постигнато до сега, да би се менувала....

    ..за мене е касно - сватете. Сама одлучувам за мене, ментори мене не ми требале а нема ни да ми требаат бидејки има пат за секого но од нас зависи кој пат ке го избереме, по кој пат ке чекориме. :!:
     
  11. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сдк имам идеичка и едно мало купче инспирација само ќе треба малку да си ги средам мислите и да се седне да се пишува на големо.
    Не чине човек и кога е премногу возбуден поради нешто што треба да се случи.


    Можеби очекувањата ми се преголеми. :?:
     
    На anabel-a и blond им се допаѓа ова.
  12. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Долгопосакуваниот одмор на планина кој неколку викенди по ред беше одложуван заради непланирани обврски, конечно ќе се оствари. И морам да признаам дека дојде во право време, зашто последнава недела ми беше благо кажано - ужасна.
    И да сакам, не можам да се преправам дека се е во ред, па според тоа морав да одговорам на многу прашања од типот „што ти е?“, „што ти се случува?“, „можам ли да ти помогнам?“...
    Некои од нив поставувани со искрена намера, а некои од чиста култура.

    Изминативе денови проживеав најразлични турбуленции со мислите. Секој ден се обидувам да го преживеам бродоломот од емоции што ми се случуваше. Живеев секаде - во минатото, во иднината, во фантазијата, имагинацијата... секаде освен во сегашноста и реалноста.
    Денес заминувам за да одморам од животот, а светот нека не ме бара во наредните пет дена.
    И знам дека безразлика колку далеку ќе отидам, можеби ќе стивнам од светот, ама никогаш од себеси нема да одморам.
    А сама на себе сум си најголем товар.
    Секогаш.


    Аривидерчи.
     
    На Miss.Ricci, Mishela, Strumfeta93 и 7 други им се допаѓа ова.
  13. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Сакам да кажам, тоа е чудо како Велигденскиве јајца се највкусни бе. Не е исто да јадеш обично јајце и Велигденско. :)
     
    На anabel-a и cigarce им се допаѓа ова.
  14. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Сакам да кажам дека треба малку да станам озбилна и да фатам книга.
     
    На CharmedGirl, ljubam и Wild.Child им се допаѓа ова.
  15. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Не сум личност која сака промени но приспособлива сум на истите.
    За некои ќе ми треба повеќе, за други помалку време. Така сега се соочив со максимален пресврт на настаните па си ги собирам мислите залутани по секое ќоше, под секој камен, некои се скриле во мојата имагинација.. Ги собирам и ќе ги ставам во вреќичка. Емоционално ќе ме разнишаат ако се соочам со сите тие. Сеуште не сум застанала цврсто на нозе од некои работи, не ми треба уште еден удар. Но знам дека ќе изгурам до крај како што знам дека ќе се соочам со себеси и сите околу мене.
    Повторно ќе застанам исправено со рејбанот на очи и ќе се љубам со сонцето..
    Повторно, за одреден период.
     
    На L-enna и Hipster им се допаѓа ова.
  16. gossip-girl

    gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    218
    СДК јетра ми изгоре, ама убаво ми е бе. Ќе ме деклалираат како пијаница уште малку, па уште види ме си кажувам без срам. Се тешам со моментот празник е, па да го прославам. За ништо друго немам зборови, а и да имам кому му е гајле. Само тоа сакав да кажам :)
     
  17. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Како некоја трудна жена сум.Само на јадење мислам. Ќе треба да ставам огледала насекаде околу мене за да ме мотивираат да не јадам толку многу.
    :pizza: :pizza: :pizza: :pizza: :pizza: :pizza:
    Домашните кифлички испаруваат...Мх мх милина...
    [​IMG]
     
    На anabel-a, cinderella5, ljubam и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    Од петок, па се до денес, небово е мрачно и тмурно. Сонцето - слабо, ко да го нема.
    Не го сакам времето вакво. Гадниот настан во петокот страшно ме потресе и затоа сакам малце сонце. Да му се порадувам малку на животот. Ми се смачи од врнежите, темните облаци. Или ќе врнеш или сонце ќе грее! Нема тука златни средини. :!:

    Успат, да си ја пофалам лесната творечка рака. 8) :D
     
  19. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.006
    Допаѓања:
    123.785
    Вторник-ко понеделник ! Тежок за започнување,ама кога се мора- се мора.
    Убави денови дома.Конечно да се видам со сите и да не се свртам дома,освен навечер.Се чувствував буквално како пензионер,и с епрашував дали јас нешто не сум во ред,дали сум за жив срам што не ми се излегуваше ни по дискотеки,ни по кафани,кафичи :^) Видов многу |( фацки,наменети специјално за мене,зошто сите ги одбивав за излегување :^) Реков за денско кафе нема проблем,ама навечер не ме гибајте :lol: Нормално,следеле коментари од типот-Па се вери сега,и толку искачање :lol: but I don't care.
    Убаво ми беше домче,со мажето се излежававме,си гледавме филмчиња,едноставно уживав :inlove:
    Единствена грешка ми беше што во саботата после црква,спаднав во ресторант со жива музика ,со еден куп дечурлани кои урлаа попалени на некоја си пејачка,фрлаа пари,кршеа шишиња.....Не можев да си верувам на очите.Едвај доседов :tmi:

    Кафе утринско.Излегуваш во спортска варијанта,на опуштено кафе и пак |( АМАН! Не сакам штикли со платформа за на кафе,црвен кармин,зелени хулахопки,жолт минич-јас не сум кловн. :fubar:
    Како да е грев да си во балетанчиња,тексас сукња и кошулче.
    Јас им се чудам на паметот,а сигурно и они мене :lol: .
    Не знам дали е секаде вака,но во мојот град се изместиле работите.
    Не дека се замарам,само некои работи воопшто не ми се јасни,се трудам и не успеваат да ми се дојаснат....Искрено,мене ми е грев за младината.......

    Како и да е- ви го честитам празникот.Нека е за многу години....
    Црн празник ,за жал,сеуште ме стега срцето............
     
    На blond и AnimeHQ им се допаѓа ова.
  20. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Јас мислам изрекава како да е напишана само за мене...толку многу работи посакував и сега кога почнаа да ми се остваруваат,ми се плаче,камо никогаш да не ни ги посакав.

    Ии СДК дека сонце,ама страшно многу ми треба сонцееееееееееееееееееееееееееее.
    сакам С-О-Н-Ц-Е! ! ! ! ! :sun: :sun: :sun: :sun: :sun: :sun:
    И онака сум заникаде деновиве,па уште и облаци,дожд и ветер ми фалат. :doh:
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.