Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Што се палите толку бре ? Можам јас лично да ви кажам колку сте грди а мислите дека сте фаци некои ??? ха ха ха немојте ве молам не ми беше тоа муабетот не знам сакав да кажам нешто ама не знам што ? Оф ми забегува умот приметувам како и да е веќе втора недела е како се излежавам и ветив од наредната ќе се оправам па мораа се ближат колоквиуми да се стегнам демек :lol: а и досадно е дома бе цело време дремам не правам ништо, се надевам дека времево ќе се оправи од понеделник ах ..Тогаш ќе се дружиме едвај чекам бар ќе се средам малку :)
     
  2. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    еднаш се зивее и тоа пак толку проблеми да се имало :tmi: ма не..мора и самите понекогаш да игнорираме се и да си пиеме едно кафенце на ира и гласна музика да се слуша ;) 8) така барем на некој начин ке биде дека тие проблеми не постојат..иако не болат од внатре :^) ете така 8) :) :rock:
     
  3. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    When I saw you standing there, I didn't mean to stare, but my mind was everywhere.. :$ :D

    Ах, љубов, љубов. Можеби и не си љубов, но ајде тогаш некој нека ми ги објасни пеперутките во стомакот кога ќе ми пролета тој низ мисли. Ненадејната насмевка кога ќе ми текне не некоја негова палавштина. Неспособноста да заспијам во 3 часот наутро затоа што ми недостасува неговиот глас. Румените образи кога некој ќе го спомне неговото име. За мене е љубов. Фино чувство, за оние кои умеат да сакаат. :)
     
    На Adi888 и sanjalica им се допаѓа ова.
  4. The.Little.One

    The.Little.One Активен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    6
    Денов врнежлив..ама мене дефинитивно ми е најубав! Барем за почеток.. ама мислам дека така ќе остане до крај! :D Денеска на мама и е родендеееееннннн... и мислам дека заслужува денеска тотално да се опушти и да не се нервира за ништо.. покани некои пријателки.. и ние поканивме некои па ќе и направиме една добра забава дома.. :D А јас сабајле пред да си дојдам дома цело време мислам да не заборавам кога ќе стигнам да и честитам роденден.. и влегувам дома и прво што реков.. мамо си правела пица??? :o и така занесена прво седнав да јадам.. а го гледам татко ми бара некои песни на youtube и му викам тато што правиш? и мајка ми.. па ми бара некои песни за да ми честита роденден.. е тука како се изнервирав.. сама почнав да си викам идиоту еден како можеше да заборавиш!!!! :@ :@ А мајка ми се згази од смеење.. Сепаакк нека и е најсреќен.. премногу ја сакам!!! :inlove: :* :* :* :D
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    СДК, ми треба малку сонце да започнам да создавам хлорофил :wasntme: . Ми недостигаат зраците, малку да ме кренат од сивилово.


    СДК, вака - така ќе се задомаќинувам :D .
    Има целиот балкон да го направам цветна градина :f: :f: :f: .
     
    На Adi888, Smilly, marama и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    899
    Дека ме боли ова твоево, и ова моево. Ме боли секој лажен поглед и секој натпревартувачки збор... небаре тронот ќе ти го земам. Не ми треба.
     
  7. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Не дека обожавам да се шлапкам по водените улици или пак дека ми е многу ќеф косата од права да ми стане ни права ни виткана со некој чуден волумен, ама го сакам времево. Сакам дожд, особено навечер кога си легнувам, кога го слушам. Оваа и претходната недела секоја вечер ме заспива, колку сум само спокојна кога го слушам, ме заспива како што порано мајка ми ме заспиваше.
    И велам нека не се оправува времево, ќе почнат колоквиуми а на кој ќе му се учи кога ќе пукне сонце, кој ќе застане над книга? Јас сигурно не! :D
     
    На Adi888, Smilly, srcekrsacka и 3 други им се допаѓа ова.
  8. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Го преспав утрово. Од кревет дирек едно смучкано кафе и спремање за нашколо.
    Убаво ми почна денот, ѕврцланот мој е разнежнет.
    Јас го сакам денот покиснат од дожд, го сакам денот после дожд.
    Се ќе биде во ред, се ќе биде во ред..... :)
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    сдк дека едвај чекам да си одам дома да се мушнам под топлото ќебенце да пијам кафе да јадам благо еден куп и да си гледам филмчиња...

    времево е создадено за тоа, ќе трчам другпат по венчаници има време може да се одложи таа работа уште некој ден/ недела...
     
  10. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Денес си седнав една клупа и ги набљудував луѓето, и морам да признаам дека живеат во толку мирно општетсво каде и да се социјален случај ги имаш сите основни продукти за нормален живот. Ама 80 % од оние што поминаа беа тмурни, или без емоционални со здрвени лица, наведнаио, како да немаат никаков предизивик во животот ни потреба од нешто. Толку механички ги прават работите просто да не веруваш. Ја немаше среќата ни во нив ни околу нив.

    За да бидеш среќен бар за мене зависи многу од нас. Среќата ни се нашите мисли. И денес подразмислив дека најсреќна сум кога имам кому да се обратам за еден разговор, кога имам кому да се насмејам, кога имам кому да му напишам една реченица колку ми значи а тој да се насмее, кога имам кого да прегрнам, кога имам нкој да му се изнаплачм, кога имам кому да му дарам искрен комлимент, кога давам и ми даваат подршка. Кога знам дека сум создала нешто мое. Во суштина сум среќна. Го почувствував мајчинството, паднав долу, па се дигнав, единствено финансиите се тие кои ме буткаат долу, ама наоѓаш начини за да ги направиш, и она однесување на татко ми кој тотално ме рушеше годиниве, ама ете и тоа се смени. Иако не ми се случуваат работите во животот кои јас ги посакував и секогаш добивам по потешкиот пат, и животов ме изневерува, пак сум среќна. Се појавија и заминаа многу личности во животов, осетив и злоба, и мирољубие, интелигенција, ги научив нив, се научив сама себе особено кога бев сама. Сега знам дека се посветувам само на оние кои навистина вредат и се окол умене, не се трудам никој да придобијам, ниту пак сакам кога некој претерува кога сака да ме придобие. Немам многу луѓе вистински, ама имам доволно. Искрени. За нив секогаш ќе давам премногу, за останатите доволно. Живот.. или ќе си ја создаваш среќата или ќе се изгубиш во тагата..
     

    Прикачени фајлови:

    На Phyramide, Cynthia, innablood и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Се уште не можам да се одморам од патот. Толку се заморив што ми се чини дека цела недела ќе ми е потребна да се вратам пак во нормала. Спиев цели 18 часа без престан и едвај станав. Не е здраво, знам, ама оди па не спиј, очиве сами ми се склопуваат и немам сила да се помрднам од креветот. Времево дополнително ме дотепува и ме тера да си поспијам уште малку. И пак би си легнала, ама доста е.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  12. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    С д к ми требаат луѓе околу мене,луѓе а не нелуѓе,љубомора,завист,арогантност и користољубивост.Сама сум :( ми се смачи веќе од оваа празнина.до кога вака,до каде?Исплашена сум.После него имав 2 неуспешни врски,а тој ме докрајчи.И тие баш беа свтла точка во мојот живот а се расипаа сами од себе.Епа не можам скршена сум.И пак на него помислувам,зошто после се?Не го сакам тоа знам,ама пак сум бесна и ме погаѓа лудило од сама помисла дека сега можда има друга.Какви се овие ѓаволски чувства? :worried: Не го сакам ни за себе,ама не сакам ни да биде со никоја.Сакам да биде сам,да пати и плати за сите на кои не повреди и ни нанесе болка.Себично суштество.Те мразам,ама осеќам и нешто друго а не знам што :x не знам што ама силно е пак во последниов период.
    Кретенот пак ми се мота во главава,уффф,зошто?Остави ме еднаш засекогаш,не ми доаѓај во мислите,се плашам да мислам на тебе,не сакам да бидам пак со тебе,бегај не,не,не...ти секого го унесреќуваш,ти си баксуз,можда и затоа после тебе ме следат само неволји :( Не сакам да те сретнам,се плашам од чувствата,измешани се.Сакам едноставно да заборавам дека постоиш,и не сакам да те видам среќен,не затоа што не заслужуваш после се,ни ги упропасти животите на многу луѓе,не остави за никаде,да патиме и со вечни лузни кои ќе ни се познаваат до крајот на нашите животи.Ти последен си на листата за заслуга на среќа.Ама тебе ништо не те погодува,ти не си човек,незнам каква душа ќе беше таа.ТИ СИ ГАД,ЃАВОЛ,ДЕМОН кој ги опседнува луѓето,како после тебе,како,уништеното тешко се поправа од тебе.Од тебе незнам да се опоравам.
     
  13. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.451
    Допаѓања:
    91.799
    Пол:
    Женски
    Ти ма, кога планираш да дипломираш? Не се спремај за апсолвентска, спремај дипломска. Пропратено со зајадлив тон.

    Зошто по ѓаволите тебе те интересира кога јас ќе дипломирам? Не е ни завршена годината, има испитен рок во јуни, а и никогаш не сум ни рекла дека ќе дипломирам во јуни.
    Ме нервираат вакви прашања, особено кога доаѓаат од личности кои и не го завршиле факултетот само со своја заслуга.

    Ти ма, планираш да се мажиш? Ти поминува времето!

    Јао, од кога си стар на неполни 23, па мораш да се мажиш и да те фаќа паника зошто не си го сторил тоа до сега, а нема ни да го сториш во скора иднина.

    Знаеш оној твојон бивш има девојка, заедно се еден месец ама многу е сериозна врската.

    Добро де, што сега треба јас да правам? Бивш е, ако ме интересирало ќе сум знаела.

    Сето ова доаѓа од зајадливи и очигледно неисполнети луѓе кои мораат да се позамараат со тебе.
    Кога ќе дипломирам ќе те викнам, кога ќе се омажам исто, а не се секирај бившиот кога ќе се жени ќе ти кажам.
    Ајт поздрав!
     
    На Lepaaa, Adi888, lovely91 и 25 други им се допаѓа ова.
  14. AnimeHQ

    AnimeHQ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    246
    Некогаш мислам дека сите што се околу мене прават нешто во животот а додека јас си тапкам во место.

    Но то не е моја вина, животот поминува, јас си свиркам, си спијам на лево уво.. ама нели ... има време за се. :!:

    Правам тунел во моето срце.

    Во тој тунел поминуваат безброј личности, многу од нив си одат, некои остануваат на подолго време додека некои не сакаат да бидат дел од него.

    Колку и да сакаш да ги доживееш некои моменти повторно .. едноставно - неможе бидејки тие се случуваат само еднаш во животот и истите ке се разликуваат секогаш , неможе никогаш да бидат исти.

    Исто се случува и со луѓето кои поминуваат низ твојот живот. Ретки се оние кои секогаш се тука
     
    На lovely91, Serafima, Miss.Ricci и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Си замислувам како би било да треба да праќам писма до Италија, или полошо писма преку гулаби. И фино лепо ја ставам пораката околу вратот на гулабот, и се надевам, и чекам, и чекам....
    А гулабот веќе одамна станал оброк на некој мачор или мачорка.

    Во меѓувреме, другарицата драга, стигна од туѓина. Па неделава ќе се посветиме да ја ипоштуваме како што е редот, нели?!
    Што ти е животов значи, протек на луѓе. Едни одат, други доаѓаат, трети се задолжени за испраќање и дочек на истите. Моментално сум број три, и ич не сум очајна.
    Ама кога ќе му ја летнам еден ден... Е тек тогаш ќе палам свеќа за здравје на интернет конекцијата.

    Сега сум празно множество.
    Ни интернет не ме спасува. Само храна.
    :shake:
     
    На LilBaby и eli25 им се допаѓа ова.
  16. Simonna7

    Simonna7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    128
    Раскинавме.. конечно тој се покажа посилен и гласно го рече она што беше повеќе од очигледно - НИШТО не ни оди. И после 2 години врска, сега не знам што ќе биде.. Што е најнеубаво, ладна сум. Не ми се пролева ни солза. Како е можно?! Толку ли чекав спас од ова? Или пак се‘ уште не сум свесна што се случило?! Збогување преку телефон. Можеби подобро така. Полесно е. Не го гледав во очи, не му го чувствував присуството во иста соба, па разделувањето да се претвореше во смирување како и доста пати порано..

    Раскинавме... :|
     
  17. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    И повторно реалноста ми врза шлаканица и ми повтори по незнам кој пат дека треба да ВНИМАВАМ што посакувам бидејќи може да ми се исполни. Само не ми е јасно зашто сите дебилно замислени работи веднаш ми се исполнуваат? А оние кои со години ги чекам никако да дојдат!?
     
    На Hayley му/ѝ се допаѓа ова.
  18. AnimeHQ

    AnimeHQ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    246
    Имам толку многу работи што сакам да ги кажам што веќе не знам ни од каде да почнам, да да.. само да си олеснам на душичево.. :geek:

    Во глобала сум задоволна од себе, му се радувам на животот затоа што вистинското Јас е она сум ја, а не тоа што го направиле другите од мене!.

    Знам дека и јас до неодамна не го ценеф животот доволно, но се додека не се соочив со смртта.

    во душата бев исполнета со горчина, лутина , ми беше страв дека грешам, дека не го правам она што го очекуваат од мене.

    Сега тоа е минато, стои зад мене, можам само да се сеќавам на истото! некогаш со радост - некогаш со тага. нели...
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    јуху феминки, јас се вратив :D
    супер си поминав како што ми вели оној мојон(кога отиде, кога се врати) :lol:
    па не отидов таму да векувам бе :fubar: многу е изградено, а нешто што ме шокираше беше што на атопатот имаше знак за вифи-бежичен интернет :tmi: леле си викам каде сум јас
    и на железничка кај нас-односно автобуска има адмирал казино :o тоа беше супер шок
    за тоа што отидов (за чантите), навистина се поевтини од тукашниве-сепак тоа е провинција, има и по 2,3000 денари ама тие се подобар квалитет, како и тука.
    само во таа продавничката за кинеска облека, како што влегов јас, а маж потпрен на каса со жена му, не сакајки го допрев по задникот кога ми текна што направив, бев :rofl: му се извинив секако не беше намерно
    а најстрашно ми беше на автобуската, многу е мрачна, тивка, страв во коски ми влева-дополнителни придонесувачи се и Ромите во близина(без навреда) ама се се манијаци
    дури и еден дечко ми објаснуваше како да излезам во центар на Англиски-божем сум странкиња :rofl: , и добро ми објасни.Се на се убаво си поминав, и да си присоберам троа парички, би си отишла на шопинг :)
    со насмевка си отидов, со насмевка си се вратив домче(а кога го видов фризерот кај Дадар) блеснав дури и ми пееше нешто :inlove: а и друштвото не му беше лошо-девојка и уште еден згоден русокос дечко :)
     
    На Elenuskaa, JuLleE, Izaabella и 4 други им се допаѓа ова.
  20. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.720
    Допаѓања:
    8.825
    Пол:
    Женски
    СДК мислам само кога ќе дојде викенд да го видам и мислам само на тоа како да легнам и да спијам по цели денови за да го сонувам.
    Тато ми вика дека се наоѓам во депресивно, неухранет период. Не јадам ништо по цели денови, скрос ми е изгубен апетитот.
    Во каква катастрофа ситуација сум ни сама не можам да ви опишам. Со сила ме тераат да јадам,а од се` ми се гади. :doh:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.