Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. nennsy.densy

    nennsy.densy Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    305
    Кога потполно верувате во некоја личност без никакви сомнежи, ќе добиете еден од два резултати: личност на својот живот или животна лекција.
    Кога секој човек би бил човек, тогаш секој камен би бил дијамант :!:
     
    На Adi888, anabel-a, Plavusa.17 и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Има ли нешто попрекрасно од вино со прекрасен пријател, проследено со долг разговор за иднината, зачинето со салатичка и врв на се 10ка од Дестан 8)
    Штета само кромид фалеше...
    Сив и тмурен ден, но топол во срцето, искрен во зборовите, цврст во делата
    Дебели ама среќни, моето мото за денов :sun:
    _
    И денов е пун со нови епизоди од серииве :wasntme:
    Убав ден, полн со ситни, мали скапоцености
     
    На LilBaby, Adi888, lovely91 и 6 други им се допаѓа ова.
  3. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    163
  4. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.358
  5. nennsy.densy

    nennsy.densy Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    305
    Колку би било поинаку, кога болката би ја чувствувал и тој што ја предизвикува! :x
     
    На sweet-cherry, biggirlsdontcry, anabel-a и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Разбуди се Фемина! Заспа!
     
    На ana-girl, nennsy.densy и AnimeHQ им се допаѓа ова.
  7. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    3.742
    Ме радуваат луѓе кои не се себични и кои знаат да помогнат.
    Ме радува фактот што си грабам полека од среќава, што моите идеи се реализираат, што наоѓам смисла во живеењето на овој живот.


    Сакам да ви кажам, никогаш ама никогаш да не пропуштате шанси, бидејќи не знаете што можат да ви донесат. Секогаш бидете подготвени да превземете ризик, само така можете да добиете нешто.

    Среќна сум и покрај што денов ми се мурти :)
     
    На lovely91, anabel-a, Adi888 и 7 други им се допаѓа ова.
  8. cindy

    cindy Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    166
    СДК ... после прекрасна помината вечер :inlove: (славевме 2 години)
    мораше проклетите црвој да ми го уништат денот :@ распослани на секој сантим , долги пола метар , а гнасни до 500 и назад :puke: тие што ме гледале гарант мислат дека сум играла куцкамен по пат :fubar: :worried:ilent: :doh:
     
  9. cupcake19

    cupcake19 Активен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    2
    СДК ДЕКА Е ВРЕМЕ ДА БИДЕМЕ ХУМАНИ
    http://vecer.com.mk/?ItemID=A05F0F2F027 ... 36B5EFDC85


    ВЕ МОЛАМ СИТЕ ОБЈАВЕТЕ ГО ТЕКСТОВ НА ВАШИТЕ ФБ ПРОФИЛИ

    Обавезно прочитајте ја оваа тажна приказна и покажете ја вашата хуманост донирајте некој денар за овие 4 златни дечиња ова е жиро сметката на нивниот татко
    200001425395689 Стопанска банка, ВАНЧО ПОПОВ ве молам да му помогнеме на овој голем човек кој со бори за неговите синови,тој вели ако треба тој нема да јаде, ама нема да дозволи неговите деца да не одат во училиште.
     
  10. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Премотав илјадници мисли додека се бањав прееска, а нели под туш е најидеалното место за да се донесат заклучоци. Не ги донесов сеуште, ама си размислував за некои сосема тривијални работи..
    Заклучив дека не можам да имам омилено годишно време. Имам само омилени чувтсва што ми се раѓаат во одреден период од годината кои не се воопшто поврзани со времето.

    Го сакам периодот кога спуштам прозор, а улицата е навлажнета и празна.
    Кога излегувам надвор без да се вратам за да си го земам палтото. Или кога опуштено си ѕенѕам во соба на некоја рандом песна и ветре што се искрадува низ пукнатините на прозорот ме гали по вратот и зад ушите, а ја главна улога во свој филм со лесна ткаенина на себе се преродувам.
    Ги сакам и летните денови кога седам до доцна во ноќта за да го дочекам утрото, затоа што е најубав дел од деноноќието, кога небото е портокалово со примеси на жолто и црвено, кога почнува развижувањето на сообраќајот и тук-таму по некој залутан пешак на патот. Сакам да го вдишам мирисот на тазе косена трева и звукот на косилката, или паѓање на лисјата, нивното раскинување на љубовта со дрвјата, или дожд на сред лето...
    Моментот кога одиш по улица и ја бркаш својата сенка по асфалтот.
    Велам јас немам омилено период, имам само омилени чувства што се раѓаат.
     
    На Lepaaa, Buttterfly, TeddyGrey и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    Сега пред малку влегов дома, глата почна да ме чеша од лак :rofl:
    Битно јас си се бендисав на слика, остало није битно :D
    Денес имав преубав ден, едно нешто ми се ослободи од душата, сликата, си се бендисав и онака кефој сум, сега се чека фустанот :)
    После сликање, мртви гладни, кај една другарка "демек" на кафе, се шо изваде на маса, маф напрајвме во рок од 5 секунди, засрамота :$ :lol:
    Како и да е си ги сакам, уште малце време ни остана :|

    Имајте убава вечер :hug:
     
    На Hiii, Butterfly15, teddybear и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Поминаа 109 дена од 2012.

    За овие 109 дена направив две многу големи работи. Прекинав две долги врски, една со блиска другарка, една љубовна. Втората траеше 162 дена, што и не е така многу, но првата траеше дури 1679.
    Скоро пола деценија помината со една личност, во постојано дружење, во секојдневно гледање. Пукна како меур од сапуница по четириесетминутна караница. Од тука го заклучив следново: Луѓето се менуваат. Или подобро кажано, луѓето имаат способност да ги менуваат луѓето. И тоа не е лошо, се додека тие луѓе негативно влијаат врз нив и ги менуваат на полошо. Како што беше случајов.

    Од љубовнава врска, не толку долга, но иста по важност, излегов спонтано. Излегов индиферентна и навистина не ми беше гајле. По неколку дена, сфатив дека ми беше убаво со него. По неколку недели, сфатив дека ми недостасува понекогаш. По 51 ден сингл, сфатив дека некои работи едноставно се такви. Без некој конкретна причина, не одат, и мора да прекинат. Some things are meant to be, others aren't. Нашево беше од вториве.

    Колку што ми одеше 2011, толку не ми оди 2012.
    Сепак, не губам надеж, остануваат 257 дена од 2012.

    [​IMG]
    be good to me, the rest of you, please
     
    На Cynthia, sweet-cherry, Buttterfly и 18 други им се допаѓа ова.
  13. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.148
    Сдк дека повеќето мои врсници имаат желба затоа да ја видат Америка и да го доживеат тој убав американски сон ,некои имаат желба да го прошетаат целиот свет за нивна срека таа желба им станува реалност секоја им чест,да имаш вакви големи желби и да ти се исполнат е голема работа :clap: .Често се случува и мене да ми рече некој абе оди и ти за америка да видиш што е живот , искрено ама баш искрено мене ништо не ме врзува во овој град ама ниту ме влече срцево нешто за да заминам во Америка ,јас и немам толку големи желби моите желби се сосема малечки па некои од нив се нормални што секој би си ги посакал да му се случат,секој посакува да заврши факултет ,да има добра кариера,да си има вистински и добри пријатели,да си пронајде искрена љубов ,да замине на одмор на некое убаво местенце покрај море за да се ослободи од грижи и пусто секојдневие ,ако ништо друго барем еден викенд надвор од градот во кој живее на било кое место во природа со добро друштво ...закчлучок од мое искуство малечките желби потешко се исполнуваат ,потребно е повеќе среќа за тие да станат реалност .
    Откако веќе некое време ми се случуваат не толку убави работи и повторно започнувам борба со мојата меланхолија и депресивност се запрашав што е тоа што всушност би ми причинила радост и за кое вреди да се живее и низ мисливе ми помина само една слика на прекрасно малечко бебенце со убави сјајни плави очиња и плава косичка ,е да за тоа вреди да се живее ама за бебенце ќе си почекам уште многу .
     
  14. ViktorijaMari

    ViktorijaMari Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    159
    ;( дали ја донесов вистинската одлука? дали е вистинска таа одлука која толку ме расплака? дали е паметно што избрав да не сум среќна, за доброто на сите...па и за мое добро? не сум толку силна и низ ова да поминам...не сум Господе...
     
    На lola-86 и Podarok им се допаѓа ова.
  15. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Мразам семафори.

    Кога се брзам некаде, по некоја ,,коинциденција'' ги фаќам сите можни семафори на патот до таму кај што треба да стигнам, на црвено. Седиш до прозоророт, немоќна да направиш нешто и постојано погледнуваш во мобилниот колку е саатот, и се прашуваш нервозно и нестрпеливо: ,,Дали ќе стигнам на време?''
    Ги гледаш сите околу тебе навидум опуштени а ти цело време мислиш на семафорите и го очекуваш зеленото светло. Мошне деликатна тема, да, да. :!:

    Денеска фатив точно 7 семафори на црвено.
    Проклети да се.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  16. nennsy.densy

    nennsy.densy Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    305
    Не се обидувајте да бидете различни. Само бидете добри, бидејќи денес да бидеш добар е доволна разлика :)
     
    На MissJovanova и Princess.S им се допаѓа ова.
  17. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.358
    Допаѓања:
    286.477
    У последно време се приметувам како зјапам у малиов мој :^) :tmi: , остај тоа што зјапам дење туку и навечер. Пустиот тој порано си легнува да спие и фри шоу за мене :geek: .
    Ах тие негови очи :angel:

    Туку не само што зјапам туку и се нешто го пофаќам.
    Наместо перверзии, делот со пофаќањево е се поморничав оти врти сучи јас се околу ушите :wasntme: .


    Љубов, лепота или лудост не знам...


    али овие секојдневни мали моменти постојано изнудуваат слатка караница
     
    На Noemi и anabel-a им се допаѓа ова.
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.121
    Допаѓања:
    67.133
    Пол:
    Женски
    Го знаете она никогаш не вели никогаш? Е ама има и едно друго исто такво. На пример Не разбирам како може некој... И само што ќе бидат изговорени овие (проклети) зборови, се случува нешто што прави да разбереш. Is it just me? Не знам стварно како така ми се случува, ама ете. Не можам да разберам. :^)
     
  19. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    604
    Требало некој да ми покаже а? Мојот свет моментално, уствари не :!: со месеци веќе, се движи по еден прав пат, 7-8 км долг. Напред назад, 3 пати во ден. И толку е досаден што дури нема кривина на него, прав е бе, прав !
    Досадно црвено школо во него јас, некои стари песни и копии од „Klee„ и тоа аматерски! Ако де си велам, и тоа ќе помине. Преко пута, ти! Иронија, случајност или шо знам шо.
    Финтата е што, кога долго време чекориш по ист,прав пат..забораваш да погледнеш наоколу и да видиш дали некаде до тебе има кривина која би можела да се фати.
    Моите раце не се научени да маневрираат кривини, а ти си ми една скриена, остра кривина.
    Мора да имаш уште малку трпение да ми се прилагодат рацете, да ја фатат тактиката. Чудна сум знам, ама ќе ти објаснам се кога ќе се најде момент за тоа.
    Убаво ми изигра завчера, доби многу. Ама... знаеш..лесно се откажувам јас кога се работи за љубов и врски. После него, многу лесно се откажувам. Знам дека не сакаш и не сакам тоа да се случи затоа, чувај ме!
     
  20. MalataNena

    MalataNena Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    181
    Го знаеш она чувство кога покрај себе ја имаш саканата особа,кога секое сабајле се будиш во неговата прегратка,го гледаш сјајот во неговите поспани очи,го чувствуваш треперењето на неговото срце знаејќи дека чука само за тебе и дека те сака бескрајно,до крајот на светот до вечноста и повеќе,се чувствуваш сигурно,силно,сакано,во своето сопствено гнездо,со некој што ти значи се,некој толку прекрасен што те тера да затреперуваш?

    Јас не.
     
    На ViktorijaMari, lovely91, TheCandy880 и 3 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.