Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Добро утро !
    Вака една информација до прва рака СДК дека на добар период,е сеа освен ако мирисот не ми се испомешал па да е сосема друго.
    и искрено ме интересира професорите во кои канти ги фрлаат моите семинарски,бидејќи ми се стемнува пред очи кога имам некоја таква обврска :puke:
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.607
    Допаѓања:
    201.937
    Пол:
    Женски
    Само да кажам... браво за Фемина и за акцијата што ја презема по повод месецот на женското здравје. Искрено се надевам дека нема да трае само овој месец, но и дека секоја феминка ќе може да добие барем совет кој ќе и' помогне. Девојки, повелете, прашувајте! :) :) :)
    Прашај гинеколог
     
    На Strumfeta93, MacaLove, Gordana10 и 16 други им се допаѓа ова.
  3. nennsy.densy

    nennsy.densy Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    305
    Сите се фалат со Нутела а тие немаат ни обичен еурокрем пробано..
     
    На Elika и MissJovanova им се допаѓа ова.
  4. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Дали е хумано да бидеш на факултет од 1 до 8 саат навечер?
    не, не е. Мислам, која концентрација можам јас да ја имам на пракса од 5 до 8???
    Свашта.

    Туку, убаво времево, ме радува. Вчера бев едини човек во земјава што не носеше јакна. Оф колку чудни погледи ме проследија :D И за тоа ми е гајле.

    Имам едно купче обврски да ги завршам пред да одам во проклетиено факултетско, а имам и толку многу мрза. Некако правопропорционални си се тие работи кај мене.

    Убав е денот кога ќе станеш од рано наутро, поисполнет ти е некако. Да го дошмркнам кафево и да се фрлам на спремање. аххххххххх муки :D Затоа вечер има да си се гушкам со креветчево, мх мх мх. :D
     
  5. Anabelle

    Anabelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    458
    Не е сончко многу скржав денес, не почасти барем со по неколку зраци :sun:

    Мерак ќе ми е денес пак да не пуштат рано од школо па да си го искористам времето продуктивно. Да мрднам, да прднам, да живнам малце.

    Ете викенд се ближи, а вчера се договоривме со Мисирот дека ќе роламе во сабота рано утрински на патека :) И тоа чудо да бидне, ќе ми бил морална поддршка сеа за слабеењево до матура :D Ме изнасмеал Мисирко мој.

    Позитивно ми е, убаво ми е, ама ми фали цигарче, ужасно многу, ах, да не сум толку изгубена во облаците некаде сега ќе си беа до мене цигарчињата и ќе си ги пафкав заедно со кафенцево :(

    http://www.youtube.com/watch?v=wTUF1khnUBg
    :inlove:
     
  6. mamita

    mamita Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Сакам светлина,сакам убави вести,сакам насмеани лица, време е за убави нешта 8)
     
  7. si.exs

    si.exs Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2011
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    140
    Крајно време е да ставам крај на некои работи.Во животот никогаш не можеме да знаеме кои одлуки се правилни а кои не.Можеби баш оваа одлука ќе ми промени многу.
    Се чувствувам виновно,како сама да си ја скратив можноста за подобро утре ,а сепак длабоко во себе чувствувам како да со овој чекор постапувам правилно.Збркана сум премногу ,имам криза на идентитет.Не можам да се одлучам што точно посакувам,не можам да сфатам што точно сум.Не знам каде сум,ниту каде ќе бидам во иднина.Немам цврст план кој би ме водел во животот.Немам надеж,мотивација,во депресија сум.
    И,не е период.Нема да помине.Се додека јас стојам со скрстени раце и не превземам ништо.
    Не знам што точно ми треба во животот.Сум ја поминала кризната фаза на пубертетот а се осеќам како допрва да влегувам во истата.Чудно е чувството,на моменти се губам во просторот и времето.Незнам која сум.
    Дали воопшто ќе ги променам нештата кон подобро со оваа одлука?Каде ќе бидам во наредните години?Дали овој кризен период некогаш воопшто ќе помине?Се плашам дека не. :worried:
     
    На MissJovanova му/ѝ се допаѓа ова.
  8. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Мразам непедантни луѓе кои не си ги прибираат работите и после од сите ги бараат.
    Ма се да ви снема бе!! :fubar:
    Мразам и пракса.
    Мразам и математика.
    Мразам директори, луѓе шо мислат дека право да учиш некој на морал се стекнува со факултет.
    Мразам кога ми пијат вода од чашата или шишенцето.
    Мразам кога ми пипаат работи без прашање.

    Денес ќе бидам себична. :?
     
    На Doozy и anabel-a им се допаѓа ова.
  9. nennsy.densy

    nennsy.densy Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    305
    Го молам Април да не се понаша како Декември !!! :)
     
    На karak му/ѝ се допаѓа ова.
  10. AnimeHQ

    AnimeHQ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    246
    Можеби сум јас сеуште премногу мала за да разберам некои работи а можеби пак прерано созреав. :^)

    Едно ќе да е ... а кое? - ке покаже времето! нели ... несакам да се расправам.
    Одбегавам дискусии со вас „учените, созреаните, возрасните“ нели вие се знаете.. па нема нит што да навлагам во „дискусија“ а и веќе темите ги знам однапред, без да ги отворете за „разговор“ ..

    Да се разбереме, мене не ми пречи што идете на кафе- муабет уште во 7 саат сабајле, ми пречат вашите теми за разговор.
    .. Во случај да не дојдам да ве „дружам“ - не ве почитувам доволно.
    .. Во случај да не се согласувам со вашето мислење - ве навредувам со истото. |(

    Неможам да разберам ама ај така нека биди ... - сеуште сум детенце, детенце сум кога си кажувам мое мислење а возрасна кога работам. :clap:

    Бош муабети.

    - АаА видиш другарка ти шо убао си ја нареде, се омаже, деца, има време и внуци и се да си дочека. - а ти сеуште дечко немаш??
    - Абе ја гледаш онаа, нема лезет веке, 30 год сега се омаже, стара мома, кога деца ке гледа, кога внуци ке гледа?
    - Море море, да си снаодливо да се „пикнеш“ некаде на работа и се е ок, работичка, па ке се омажеш, деца, утре породилно ке ти биде платено од држава Ејј, премија !!!

    ....
    Е жими таквото уште еднаш да ги слушнам овие муабети ке ве отерам у три пичке материне !!!

    - Ке си фатам дечко јас кога ке сакам. - не вие кога ке ми кажете.
    - Ке се омажам кога ќе бидам подготвена за тој чекор.
    - Подготвена сум чак и да си одам од дома, притисок е ова - не се издржува бре! и комшии, и домашни сите се мешате каде што не треба.

    Да ослободам соба?? - за брат ми да може да се ожене?
    Ако треба во истиот момент ке ја ослободан, јас ке се снајдам. Али само ради да си „ставам покрив“ над глава - не се мажам бе, затутани главички. :puke:

    Секојдневно тоа па тоа, тоа па тоа, упм. :fubar:
     
    На Doozy, srcekrsacka, slavica999 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    :?: :D Боже мили
     

    Прикачени фајлови:

    • kdj.png
      kdj.png
      Големина на фајлот:
      62,7 KB
      Прегледи:
      415
    На Gordana10, Miss-Angie92, stylishh и 5 други им се допаѓа ова.
  12. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    Вчера денот започна убаво али како заврши несакам ни да се потсетам.Прв пат јас да се закарам со ханито мое, али ете идат и такви денови.Знам дека му е жал колку и мене, но понекогаш мора така.И двајцата заминавме да спиеме со солзи во очи а утрото кој прв ќе крени слушалка со нетрпение го чекавме.Денес е нов ден.Утрото е попаметно од ноќта- па така е и со нас.Вчерашните намуртени фаци и лутина ја оставивме зад нас и денес како ништо да не било.Ни треба одмор и на двајцата но не од нас самите туку од околината која не опкружува.Сабаље ме разбуди порака со текст : Сакаш ли утре после факултет да те земам и до Понеделник да одиме во Дојран,далеку од сите?Кога ја прочитав поракава очите ми се наполнија со солзи.Ми ја напишал во текот на ноќта.Станав ги облеков тренерките и се спуштив доле до Кам и Тедико.Со претходно направениот список за нецели 10 мин ја наполнив количката со намирниците кои ќе ни бидат потребни овие неколку дена.Иако вчера ме налути премногу, денес со љубов ги бирав работите што ги обожава.Кога се качив горе со кесите натоварена како магаре :D само му пишав: Јас сум спремна, утре во 1 те чекам :) Знам дека нешто вакво ни е потребно.Ќе се одмориме и со нови сили ќе се вратиме во Скопјево ;)
     
    На Doozy, molikaMk, slavica999 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    СДК дека од денеска умира хуманоста во мене за секогаш. Да, ќе бидам себична и ич к.р не ме боли за друг.
    Во канцеларија (другата) често доаѓа едно ромче-циганче бре, циганче у душа и крв, изнесува ѓубре и подзачистува така малку и секогаш му даваме по 50-100ден. Викаме ај еден оброк ќе има за денес. Дури и алишта му носевме стари да не оди голо и босо. Одев по пријатели и како некоја питачка прашував дали имаат нешто старо облекло со цел да се помогне на едно семејство.
    Доаѓа денес и го зема ѓубрето, јас во некој хаос и му викам ќе одиш да ми купиш цигари и му дадов 1000ден. да ми ги раситни за да можам после и на него да му дадам (така му кажав). ,,Да,, рече тоа и не се ни појави веќе.
    Не ми е за 1000ден толку колку што на начинот на кој ме изигра. Се вртка тука скоро 1 год и навистина се соживеав со тие мали костенливи очи.
    Навистина бев премногу наивна и глупа.

    СДК стварно незнам како ни функционира државата кога никој ништо не работи :geek:

    СДК мажите се како деца, како жената ги воспита такви ќе бидат ;) . Умни ние :)
     
    На kravce, anabel-a, marama и 8 други им се допаѓа ова.
  14. booba

    booba Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    226

    Прикачени фајлови:

    На sanjalica му/ѝ се допаѓа ова.
  15. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Да нема некој натпревар за тоа која форумџика побрзо и повеќе цитати и мисли од познати ќе копира во една тема. Претеравте од вчера.
     
    На L-enna и Lov3 им се допаѓа ова.
  16. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Пола се од Сноу-Квин.
    Не дека имам нешто против девојката, ама 24 часа да пишуваш мислења на Фемина, малку е претерано.

    Инаку Сдк дека денот ми е малку тапа, а и ова времето се менува на секои 5 минути. Како и моето расположение. Плачам, па се смеам, па се нервирам и се така во круг. Ми се јаде, а сепак не можам да јадам. Кој ќе ме разбере, и јас сама не можам.
     
  17. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Само што сакав истово да го постирам. :D
    Brace yourself, доаѓа торнадо! :D Битно кај ветер си стои: мирно. :rofl:

    Патем, СД ви К на сите што плачете по сонцето, во лето кога ќе биде +40 ако кукате за да заврне ќе ве тегнам за уши! :!: :D
     
    На teddygirl, ines.h, Miss.Ricci и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Ќе си мрчиме ние така, ќе си ствараме брчки, ќе шириме негативна енергија и оп, ќе се разбудиме еден ден и ќе сватиме дека се си останало исто, без разлика на тоа колку енергија сме потрошиле за да го изразиме нашиот револт на овој или оној начин.
    Секое чудо за три дена, го знаев ова од порано ама сега веќе ми е премногу очигледно и ми боде очи.
    Чист пример темата за убиството кај Скопје, значи дојдовме, видовме, се испокаравме, си отидовме.
    Повторно мрчам... Цццццц
    Имам проект за правење мачно ми е. :|
     
    На julie77 и AnimeHQ им се допаѓа ова.
  19. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    Неќам да учам. Неќам да се бањам. Неќам да одам на англиски. :!:
    Сакам едно ГОЛЕМО чоколадо до мене, да го изедам и да си заспијам во убавиот ми кревет. :mm:
    Ми фали сон, ми фали спиење. :doh:
     
  20. AnimeHQ

    AnimeHQ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    246
    Сакам да кажам навистина во право биле луѓето кои што викаат и кога сме тажни постои начин да ни се врати насмевката на лицето, само треба да го препознаеме тоа мало „нешто“ што би ни ја вратило насмевката, што би дало посебен израз на лицето, на очите.

    Но , сепак ние луѓето сме премногу чудни, комплицирани суштества. Трагаме по големите нешта а не можеме да ги имаме. Не ја сакаме судбината на луѓето, веќе само нивната маска. Затоа ние неможеме да ги забележиме оние малечки нешта кои би дале прекрасна слика како би требало да изгледа совршенството.

    Се прашувам секогаш дали живееме во стереотипно општество? Дали луѓето се навистина толку зли? Зошто сите чувствуваат некаква потреба да критикуваат, да делат правди и онаму каде што не постојат неправди?

    секогаш има зашто и затоашто....

    Зошто секогаш се трудиме да бидеме како другите?

    Не правам ништо лошо - само се борам за своите идеали, имам своја цел во животот сакам да бидам тоа што сум навистина ... па то е и смислата на животот.

    Треба секогаш да бидеме гордо исправени кон секоја препрека , насмеани до уши а да се живее значи да се постој.

    Животот е премногу краток за да се замараш за туѓите проблеми, живеј го својот!
     
    На slavica999, Hayley и Miss.Ricci им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.