Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.270
    Допаѓања:
    157.738
    Не бе,некој ден ќе ме силуваат. Баба ми вика,ќерко нешто си згазила,те урочиле,сакам да ја прашам,шо мори бабо,дрканица?! Полн е градов манијаци,а и не само неугледни,туку и такви шо седат у канцеларија!!!
    Ама ако тргнеме на страна све тоа,убав ден. Еден од поубавите во задниве три недели! Гледам многу љубов ми се надиплила за пеглање. Ако не сте знаеле,ако некој те критикува цело време,може и те сака! :!: :D
    Наречете ме ... не знам како,јас мијам раце увек и својата салата,ја мешам со прстиња,НО чувството ко на кока кола ручек е непроценливо. Две вилушки збрцани во куп марули! Мајка бе! Тоа само мајка го прави и точка! :D
    Сабајле по пат сум ја слушала кај е север,кај е југ од Владо,абе не знам што ми стана,почнав да се дерам на глас,пејам ли пејам. Ах Лилит... апчињата,кога ти реков...
    Многу ми е смешно кога се дешава петлова борба у мои очи. Да се разбереме,јас и он сме ти ... ннннннн! другари со непроценлива вредност на другарство,е кој курац сеа ми се мешаш бе?! Оди најди си другарче, интелектуално инфериорен еден. На сите газовите им ги испобаци,ти остана ли некој уште,а?! Ние пак ќе си седиме на клупа у парк,можеме да си ќутиме и да ни биде супер! Ова социјалниве мрежи ршум го направија социјалниот живот. Не секој со секој треба да се знае,да се разбереме!
    И така,свите ми се разбегаа по белио свет деновиве,кај и да е,ќе кинисам и јас. Пролет бе,пролет!

    Не бе, Венко е закон!#kojkurvie #papakotnasvetot

    И уше еднаш ако прочитам статија за машко-женски однос,ќе пукам,ете! Дали сака секс со тебе?! Па не е ни тешко прашањево право да ти кажам,ако више сакаш да знаеш. Ама ај да не навлегувам... И двајцата ти стануваат од почит,а више коа те поканил,си знаеш шо сака. Ама како имам заебано пар такви,кај тебе?! Немит проблем. Си одам,си пијам кафе,евентуално пиво,му гледам фенг шуи (ако му е средена собата,не го сакам за дечко,ако му е расфрлана,гледам како,ако ми одговара,го сакам за дечко,мртва сериозна сум! личен печат многу ми значи!) и си одам! :D Прајслес!
     
    На LilBaby, Strumfeta93, bittersweet и 7 други им се допаѓа ова.
  2. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Досаден ден :| . Се околу мене е досадно... или јас сум досадна? Времево уште повеќе ме депримира, а за школото да не зборам. Да си кажам уште од сега, во Сабота не идам во школо па што сака нека биде :@ .
     
  3. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    кога ке ми текне дека треба да одам на Клинички ми се поврака-како што вели еден бивши, кога одам натаму како на гробишта да одам ппп скраја да е , ама така е-тие што работат таму си знаат како им е, од таму дајеркт то Бардовци :lol: не им бега :D
    имав закажано рано наутро за алерго тестови на пулмо алергологија и на шалтер се погоди еден ненормален медицински брат кога почна да вика, да се кара со мене, а јас само на најфин и најкултурен начин го прашав каде е ординацијата на докторот-кавга рано наутро( а мислев јас да си фатам такси, за да стигнам побрзо, ама ај си викам да не е многу партиципацијата, па да не немам пари доволно)и наместо сестрата како божем пофина да ми објасни зградата каде што се клиниките, ми рече голема зграда, и едвај ја најдов ординацијата на докторот, и кога дојдов на ред, и тој почна да ми вика-кај сум до сега, сум закажала во 9, а сега е 10 бла бла бла-немал тој време да ме чека, имал и други обврски :fubar: и му реков дека навистина администрацијата им е катастрофа, и ми рече те свакам, ама што можам јас, сум доктор, и нели алерготестовите ке ги завршам за 20 минути, и да се вратам кај него-не беа 20 минути, туку 2 часа и 20 минути :!: едвај дојдов на ред, пребледнеав и неможев на нозе да стојам, и кога отидов да го најдам колегата-така ми рече др. Докик, го немаше, и испадна дека нема ни еден од нив, па утре пак ке мора да одам. Епа така е , кога и викав на мајка ми приватно за 1500 кај др. Мери, таа инсистираше за др. Докик, бил најдобар-дури се скарав со докторката од 8ми Септември, не сакаше упат да ми пише, и сега утре рано наутро пак ке треба да одам :puke:
     
    На TeddyGrey и AnimeHQ им се допаѓа ова.
  4. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Еј да, чувството кога ќе видиш феминка која се зачленила денес и веќе има четвртина од твоите мислења, а ти си се зачленила пред повеќе од 8 месеци, ма и година нека е. Се срамам :tmi:
    :P
     
    На BlackSwan5, N.Kety и AnimeHQ им се допаѓа ова.
  5. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    СДК Дека таа личност што најбрзо може да не направи најсреќни на свет, најбрзо може и да ни уништи се :!:
     
    На Buttterfly, anabel-a, Hayley и 7 други им се допаѓа ова.
  6. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Сакам да кажам многу работи.. Но, не можам.
    Се влечат во мене, ги голтам.
    Затишје пред бура.
    Или можеби само надвор се случува тоа?
    Можеби никаде.. Anyways..

    [​IMG]
     
    На L-enna, Serafima, Hayley и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Тие луѓе се оние на кои сме им го дале целото срце. Веруваме во нив и ги сакаме безрезервно.
    Веруваме дека секогаш ќе не прават среќни.
    Затоа и болката причинета од нив е најболна и скоро неиздржлива. :worried:
     
    На Cynthia, k.i.m, IvanaMkd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Само музиката може да направи мислите да ми летнат од секојдневните работи и обврски. :)
    Што убаво е вака..барем за момент да почнеш да си фантазираш , да се замислуваш и да си го опуштиш мозокот. :) Сега се чувствувам многу подобро и по позитивно !
     
  9. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.435
    Допаѓања:
    4.993
    Кое чувство е апсолвентска екскурзија. Не се опишува со зборови.
    Толку солзи исплакав пред Хисар денес кога се симнувавме од автобус, не можам да си поверувам.

    Најубавите 18 дена од мојот живот.
    Братислава, Будимпешта, Париз, Амстердам, Рим, Ватикан, Венеција, Кан, Ница, Монако, Монте Карло, Љорет де мар, Лидо ди Јесоло...
    Дружба, шетање, разно разни факултативи, забави...
    Спиење-ух, на три дена два саати доволни. Автобусот, втор дом ми стана.
    Луѓето што ги запознав, дружењето-перфекција.

    Градовите што ги видов, работите што ги научив, да го занемарам фактот на умор (што и не ми тешко) ќе кажам 10+

    Сангрија во Шпанија, пица во Италија, `бечка шницла` во Виена, сладолед во Рим и Венеција, кафе во Париз. Никогаш нема да заборавам.

    Во сите музеи влегов, на сите факултативи бев, играв фламенко, имав најпотпишана маица, се возев на све и свашта во Дизниленд, го видов Шиљо, Снежана, Мики и Мини маус, Пепалшка, го извлеков Екскалибур, ја гледав парадата од цртани ликови, пиев коктели на плажа (на дожд), со внимание ги слушав приказните на водичите, имав перфектна екскурзија.

    Многу ми е жал што се вратив, уште 18 дена малку ќе ми се, повторно би отишла.
    Сега назад во реалноста.
    Ја сакам Европа, но највеќе ми остави впечаток Виена, таму повторно ќе одам (Здравје Боже)
     
    На Chocoholic, sanjalica, Adi888 и 27 други им се допаѓа ова.
  10. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Skopje Remixed малку киксед!

    Што знам, млако го доживеав филмот. Премногу очекувања веројатно имав. Нејсе. Премногу бои, пресилни прикаски, преинтензивни сцени и поприлично кенкање на 103кашката генерација.
    Во суштина, амбивалентна сум по повод филмов. Ниту ми е за хејт, ниту за помпезно сакање.
    Ок.

    Друго - утрово пак се соочив со утнати правди. Но, така се мора, секој ден е нова борба. Ми беше криво, не ради мои поводи, ами на колешка. Колку латентни лаги само се плеткаат во небаре интелектуални кругови, тоа е нешто невидено, а богами и нечуено! Ко да го плаќаат овој свет да прави глупости.
    Смрзнавме во кино. Носов ми пропеа. Си се најадовме макарони вечерта и во сон, ко кутриња.
    Го сонував како ми дава прстен. Будалаштии.
    Одам на кафе со професорката деновиве, да го организирам предавањето што конечно ми се оствари.
    Ќе бидам полудаскалка. Со пола даска во глава :lol:
    Среда, колку несреден ден, всАшност.
    Отидов јас да си мекнеам, да сварам една брокулна супа и да мезам сармички со љубовта.
    Вие, летајте змејови, гушкајте калинки.
    И не го продавајте својот ум на секого.
    Чиаос. :*
     
  11. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Ме очекуваат големи промени, премалку време за одлуки кои какви и да бидат ќе ме однесат кон едното исто. Но тоа е животот, игриче полно со искуства.. Било да се тие убави или не убави подеднакво се поучни и корисни. А јас сум сеуште дете и се соочувам со нови работи, си го билдам мозочево и го осамосталувам. Не брзам да се соочам фејс ту фејс со животов. Се е околу парите, човековите вредности ставени на минимум.
    Баш денес една пуфла си ја вртеше опашката околу мене облечена во марка од глава до пети и ми се фалеше дека нејзините ја осипувале со пари и башка си уживала во приватна школа.. Јас се замислив и и` вратив- Убаво, мене ме осипуваат со љубов и памет. Типката се загледа во мене на некоја добра минута ипол, ме одмерка од глава до пети.. Најверојатно затоашто бев облечена во жолта рамбовка, лелеава карирана шарена кошулка, тегет фармерче и еспадрила.. Ми одврати со следново, цитирам- „Сељанка, сите вие што учите сте сељаници“ а потоа се сврте, го дигна носот до небо и си стави од розевото сјајче, куцна нешто на ајфонот и џонка да ја нема..

    И така уствари ние сме сељачката класа.
    Ојдов ја по тракторо и право на сред село со либето ми, да коваме планови за фармата ни... Ни требаат пари за веце, неможеме се да правиме во шталана. Мислам ајде молим ти се, кој услови за живот ти се тие? Без оглед на тоа дека сум сељаница :geek:
     
    На green.eyes, anabel-a и marama им се допаѓа ова.
  12. female.3

    female.3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2012
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    37
    СДК будала сум :D
     
  13. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Јас сум голем фантазер и визуелизирам до детали... Ама, ете од скоро сфатив дека никогаш немав фантазирано дали сакам куќа со темнопортокалова фасада, беспрекорно одржуван тревник и ограда со боја на најтемна чоколада, иста боја на поштенско сандаче, добро измитарен пес со добри манири - кој не скока по сите легла, освен на неговото и лае подеднакво на познати и непознати, со големи собни растенија по аглите на собите, на кои не им ги знам уште имињата и не знам со што се премачкуваат за да имаат сјајни листови, плазма врз која свекрвата од инает, на секоја посета ми нафрла штиркано миленце, кујна во која ноќе нема недисциплинирани садови во мијалникот, маж со полн стомак сарми, кој задремал пред плазмата со отсранетото миленце со книга во рака и две дечиња со дебелки обравчиња, чии телца рамномерно се подигнуваат и спуштаат, додека малку подотворените уснички и склопените очни капачиња, се одраз на совршениот спокој на детскиот сон, а јас се искраднувам, со самозадоволна насмевка и малку позајмено време за себе, да прочитам, во набрзина купеното списание во маркетот, нов рецепт за утрешниот ручек или кои ќе се актуелните модели на фустани за идната сезона пролет/лето, ако воопшто остане од буџетот за да потрошам на себе...

    Немав фантазирано ни како сум затрупана во хартии, на 67-от кат на некој облакодер, во некоја звучна корпорација, налик на огромен челично-стаклен Титан, во некоја уште позвучна светска метропола...

    И не од причини што сум над или под сето тоа, туку фантазиите ми се сеуште непрактични и не се срамам од тоа. Губењето на онаа кожичка именувана како химен, не е единственото губење на невиноста, пострашно е ако поверуваш дека нема ќуп со злато на крајот од виножитото и отрчаш во најблискиот маркет да купиш 50% ж‘та - магичен еликсир на (не)заборавот.

    Сакам и среќно семејно опкружување, исто и добра кариера, иако често ги уништувам овие идеали со скептицизам во преголеми дози... Ама, си го сакам и оној само мој свет на спонтана визуелизиација и посебна фантазерска езотерија, едниот свет е закрила на другиот и подеднакво ми се потребни за баланс. И кога ќе ме нападнат сомнежи, колку и дали би била успешна да бидам жена во секава смисла на зборот, ќе се сетам на сите оние Мери, Елизабети и Виктории на англискиот престол и ќе воздивнам, бидејќи еј, барем цел остров со сите негови жители нема да владеам...

    П.С. Читав еден глупав хороскоп за партнер кој ми одговара, ми излезе маж со силно маскулинизирана надворешност и феминизиран дух. Дали тоа ме прави идна мајка на 3 деца (во случај да имам 2 биолошки чеда) со бисексуална ориентација - збунето смајли?!
     
    На Angelche, Strumfeta93, Magnolija и 8 други им се допаѓа ова.
  14. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Знам дека е у природа на Близнаците да сакат промена ама ватафак,мене ме мрзи чорапи да сменам не па да направам нешто поозбилно.
    И многу ми е убаво. 3 дена без училиште. Пwичина: вежбам за натпревар. Kако не. :wasntme:
    И неќум да признаам ама изгледа ќе морам.
    Понекогаш многу потсеќам на пуфлите што ги гледаме по "шопахолик" филмчињата.
    Нема нешто што не ми се свиѓа на излог. Па отиде јабана цела уштеѓевина. :worried:
    Oh god why me?! :|
    И така. За утре мижечки ќе шетам. :D


    А вие останете ми арни и убави. :hug:


    Пи.Ес. У ваше време се кревало ли фама за сликање за табло (не дека сте ногу стари ама да питам јас)? :wasntme:

    Aаа и песнава е многу убава откако ќе сфатиш за шо пеат! ^_^
    http://www.youtube.com/watch?v=GJWuSDymb8E
     
    На MandyLane му/ѝ се допаѓа ова.
  15. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сдк убава вест, насмевки ми донесе денеска плус добри поенчиња барем од еден колоквиум ... ај нека е на арно :)


    Ми викат сум додала некој цм. и од лево и од десно на буткиве :rofl: уште малку па ќе се тркавалкам по земјата како овоа -> :rofl:


    хУхууу отидов јас, да се тркавалкам :rofl: :rofl:

    P.S. сакам да го видам Скопје во блиска иднина и некои драги луѓе таму, ај да ми се исполни желбава. :wasntme: :angel:

    P.S.S... СЕ нешто ми се врти околу тој бројот 69 :^) 8)
    Нооо неее во таа смисла што мислите :D

    [​IMG]
     
    На Nightwalker и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  16. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    СДК дека денес имав гостинка, која многу ме израдува и ме почести со своето присуство :).
    Добра душа, предобра. И се восхитувам на нејзината добрина и нежност. Како некоја кукличка е во очите, длабоки, ама нежни :angel: .
    Те гушкам :hug: .

    СДК, да се пофалам дека сум полесна за 4 кг ^_^ . Не ми се веруваше на очите кога се мерев, па дури и три пати се качив на вага.
     
    На Elenuskaa, Doozy, Divinebutterfly и 7 други им се допаѓа ова.
  17. Roxanne

    Roxanne Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    120
    Еха како ми се погоди. Секаде каде што ќе се свртам се живо и дово е во врска. Сите другарки се презафанати со дечковци сто јас си останав сама без друштво, немам со кој да излезам. Веќе ми се здосади. Каде се девојките горди и сречни што се сами, што сакаат да излезат и да се забавуваат? И како капак на моето тавче, секаде мажки, од 1 до 5 на скалата која оди до десет. Да ги спуштам стандардите? Не ми изгледа правилно тоа и покрај таквите совети. Не би сакала да одам со некој само за да не бидам сама. Околу мене само идоти кои бараат само една нешто, момци кои од старт не те ни запознале а веќе велат те сакам и згодни момци со карактер излезен од хорор филм. Дали сите добри машки се зафатени или само срамежливи незнам, ама ако е второво појавете се малку дајте знак дека сте живи. Вака како да се бара игла во слама. Игла што ни најмоќниот магнет на светот неможе да ти помогне да ја најдеш.
    Исто насекаде девојки кои излеваат со првиот кој што ги видел. Браво за оние кои се во вистинска врска ама би сакала некој да ги освести тие што се во врска за да не бидат сами. Можеби сум во средно само, ама верувам дека допаѓање и љубов и на оваа возраст не е исто. :@
    И така си останав сама јас дома да си гледам филмчиња додека другите седат со лицата забодени во некој што го запознале пред 20 минути. Не верувам на љубов на прв поглед. Тоа е само привлечност. А дефинитивно нема љубов на прв фејсбук-поглед.
     
    На Johny и Hayley им се допаѓа ова.
  18. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски
    Цел ден сум така нежничко и романтично расположена... си се навратив во детството кога мислев дека и јас некој ден ќе летам со Аладин на волшебниот ќилим хаха :lol: , а сега каде ми е тој Аладин... го нема. Најубаво беше тогаш. Најголема грижа ми беше дали ќе стигнам да изгледам два од омилените цртани филмови 101 далматиниец и кралот лав пред спиење :lol: еден поздрав до сите заљубени и фанови на Дизни цртаните

    http://www.youtube.com/watch?v=-kl4hJ4j ... re=related :inlove:
     
    На Nightwalker, teddybear и Christina.A им се допаѓа ова.
  19. nennsy.densy

    nennsy.densy Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    305
    СДК ако некој те повреди, не го повредувај и ти...уништи го ;)
     
    На Johny му/ѝ се допаѓа ова.
  20. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Јас пред 10 години: никогаш ама никогаш нема да се мачкам со овие креми што ги рекламираат на ТВ за подмладување/отстранување брчки. Ха, будали жени, што ќе фрлате толку пари по нешто оти во него има демек некои состојки што сум сигурна дека имињата им ги измислиле само да не збркаат да се чудиме што чудо е тоа, помада си е помада бре, не се продава магија у кутија! :!:

    Јас пред две недели: може пак и има нешто во овие креми, напредно е се нели , ај за проба да земам една, скапа е да и лупнам толку за помада, ама една ај, барем да докажам поента дека врска нема дека има некој ефект.

    Јас денес: Ова е чудо од помада!

    СДК или веќе мозокот ми е испран, или треба да си признаам дека не сум била во право, или се фаќам како давеник за сламка и не сакам ни да го речам, страв ми е дека стареам :sweat:
     
    На JuLleE, Doozy, AnimeHQ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.