Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Спокојна сум.Топло ми е внатре.Имам некој душевен мир..
    Утре е петок. :rock: Мислам конечно дојде петок.Веќе имам договорено.Прво кај мене на палачинки ке дојде друштвото,значи нутела и топли палачинки,убаво завиткани и вкусени ( ке изедам повеќе од 10),а после ке одиме на кафица и сокче :) Сабота,кафица па клуб и журкање :dance: ...Да надокнадам за минатиот викенд што не излегував !
    Сега тивко баладиче,лагано... си уживам.
    Ма не ме интересира бре ништо.
    Имате топол поздрав од мене :nod:
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Зошто децата не учат? Еве зошто: Годината има 365 дена. Кога ќе одземеме 52 саботи, остануваат 313 дена. Летото има 50 дена во кои е прежешко за било што, а камо ли за учење. И така остануваат 263 дена. Спиеме 8 саати дневно, а тоа годишно е 122 дена, и така остануваат слободни 141 ден. За јадење трошиме 2 часа дневно или 30 дена годишно. На располагање останаа 96 дена. Зборуваме со другари и фамилија 1 час дневно и тоа одзема 15 дена во годината, и останаа 81 ден за учење. Испити и тестови траат најмалку 35 дена во годината и така останаа уште 46 дена на располагање. Годишниот одмор (зимски, летен, недели) ни одзема 40 дена и останаа уште 6 дена. На пример да ве фати вирус бар 3 дена. И да излезете 2 дена. Ви останува САМО 1 ДЕН за учење. Ама тој ден Ви е роденден.....!!!!!!!!!!



    :D :D
     
    На sweet-cherry, Nine25, anabel-a и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.451
    Допаѓања:
    91.799
    Пол:
    Женски
    Се враќаме неколку години наназад, поминуваме низ спомените, низ болките и насмевките. Заедно, еден покрај друг како и секогаш. Речиси совршено заедничко време. Да, речиси затоа што ако не постои болка никогаш нема да ја почувствуваме среќата.
    Тонам деновиве во неговите погледи, тој во моите насмевки. Како мачка му се умилкувам и знам колку го сака тоа. А тој се прави будалче за да ме насмее.
    На некого за нервозата му помага диазепамче, мене ми помага Тој.
    Убав ден :inlove:
     
    На LilBaby, JuLleE, BeYourself и 13 други им се допаѓа ова.
  4. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    За некои работи е прекасно...Кога штетата веќе е направена, џабе е. Искрено никогаш и не сум верувала во простување. Колку и да се трудиш горчливиот вкус нема да исчезне, очите не можат поинаку да гледаат. Не е до мене.

    http://www.youtube.com/watch?v=ZSM3w1v- ... re=related
     
    На JuLleE и anabel-a им се допаѓа ова.
  5. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Пролета ја зезна работата оваа година и ја молам да престане да ми се понаша!
    Во Сизиф лежи целата малограѓанштина. И баш е типично Македонче.

    Да, малите работи го прават животот поубав. Балетските изведби на сестра ми и тоа нејзино развлекување на устата во голема насмевка. Темнозелените корици на книгите на моите меки пернички. Мирисот на ванила и на дождот помешан со оној на магнолијата. Утринското кафе. Музиката секогаш и секаде. Момците со некои нивни мачо гестови, а немаат појма колку испаѓаат слатки и милни. И облачињата над главата, неуморни се :* ги сакам.
     
    На bittersweet, Trendafilka, anabel-a и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.808
    СДК1, вчера ја силував "другата" наука, денес музиката. :$ Ама и за утре си оставив. И утре е ден(ноќ) треба да се тепа досадата некако. :lol: Па ќе станувам после у 1:30 напладне, со подочњаци до колена, со главоболка, намуртена- на лева нога секако, од крај ми е... Џаболебар! :mm:

    СДК2- Можеби е лудо и ќе испаднам смешна, ама многу ми е тажен спотов! Секогаш кога го гледам, го гледам со насолзени очи... ;(
    http://www.youtube.com/watch?v=10TfxcE1K4I
    Ме потсеќа на сиромашните, оние кои немаат ни што да јадат ни што да облечат, на оние кои немаат ништо... :( Иако спотот нема врска со ова, ме потсеќа и на старите луѓе кога ќе останат сами. Кога некоја бабичка ќе си остане без дедичко или пак обратно. Моментите кога лебот го гали човекот за рака, во знак на подршка, да му каже дека не е сам на тој мизерен свет, кога трчаат еден накај друг- ме потсетува колку всушност ситниците имаат големо значење. Колку многу вреди еден обичен стисок на раката кога е искрен! Забегав ли? :?: Можеби забегав, ама кога го гледам, среќна сум и благодарна за се што имам, без разлика дали тоа е многу или малку- мене ми е доволно...

    Добра ноќ |-)
     
    На manja666, Trendafilka, anabel-a и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    СДК дали истото и се случило на неа кога пројдов без да ја погледнам ? Тој немир во стомакот ? Не верувам , сепак си остана таа истата без чувства , ладна , спокојна, без збор каква другарка била бре ? ХА да толку и беше жал и криво што така ставив крај на нашето ‘‘пријателство‘‘ би ме запрела да не одам без да се поздравам , без да ја гушнам не всушност и никогаш не го посакувала тоа знам .. Жал ми е што мораше да заврши вака. Година дена без споделување на чувства, мисли ..жалам иако знам дека не жалиш ти . ;)
     
  8. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    1.991
    Моментот кога се враќаш од роденден од кај другарка ти , плачеќи а богами и дупка пијан.
    Си дојдов, и скоро 2 саати седев надвор на терасата, слушајќи ја мојата омилена песна и размислувајќи.
    За првпат не ми беше страв од темното, од тоа што сум сама, од тоа што е доцна...
    Стоев на тераса и го набљудував Скопје, а во позадината се одзвучуваше мојата песна.
    Пробав да ја најдам најодалечената светилка во планината, и да си замислам дека јас сум таму, и дека од таму го набљудувам градот .. ја гледав таа точка и си мислев дека сум таму, дека никој не ме гледа и никој не знае дека постојам..
    Ги мразам овие ситуации, ги мразам.. Еден куп луѓе, и ти мораш да глумиш нешто за да бидеш прифатен и се да тече нормално. И наеднаш сфаќаш дека не бива, ја земаш чашата и се повлекуваш цела вечер. И добиваш критики за тоа што си тивок, депресивен, а ти едноставно не се уклопуваш во нивните муабети.
    И при крајот те тераат да им пуштиш песна од оние "твоите", и цел саат си прават шеги на твоја сметка ...
    Не те прифаќат бидејќи си различен, бидејќи се носиш различно, слушаш различно од нивното, живееш различно.. И наместо да те прифатат како таков, тие почнуваат со предрасудите.
    Проклето ти фалат твоите луѓе, личностите со кои си пораснал и со кои се разбираш, ама за жал ги нема веќе..
    Се изгубив себе си обидувајќи да се вклопам секаде, сфатив дека јас таму не припаѓам, тоа не сум јас ... За жал немам толку самодоверба и да им покажам среден прст и да си го живеам мојот живот,едноставно сама не можам да функционирам. Сите знаат дека би дала се за да им помогнам на другите без да барам нешто за возврат, сите знаат дека секогаш ги ставам другите пред себе си, дека не знаам да кажам не. Истите тие личности ќе ме натераат да се сменам, да бидам нешто што не сум, и не сакам да бидам. Зошто, и така заслужуваат.
    Ќе ме натераат да се претворам во себично, бесчувствително сушесство кое ќе мисли само за себе.
    Можеби едноставно сум се нашла на погрешно место, со погрешни луѓе, и дека некаде постојат некои со кои би се вклопила во се.
    Морам да размислам што ќе правам и како ќе постапам. Не сакам да се изгубам себе си, по цена да му се допаднам некому.
    Исцрпена сум, ама нема шанси да заспијам.Ќе лежам и ќе слушам
    http://www.youtube.com/watch?v=FluecqKY7ts

    П.С. I miss you badly Kl, се повеќе и повеќе.. Наредна недела одиме на екскурзија и ова би било идеална шанса да се видиме, после 3 години..Но, не сакам да видам странец. Не сакам да те гледам и да не знам што да ти кажам, и да видам и дека ти го чувствуваш истото. Сакам да те знам таква како што те знам, а и таква да ми останеш во спомените.. А јас ќе ги оживувам читајќи ги нашите омилени извадоци и гледајќи ги авантурите на нашите херои, гледајќи ги нашите слики.. Во твоите спомени може веќе и не постојам, ама .. Би сакала да знаеш дека поголема загуба не сум имала во животот, дека никогаш не сум почуствувала поголема празнина откако те изгубив, дека 100 други неможат да го пополнат твоето место. Тоа го сфатив одамна, и ми се потврди вечерва. Би сакала да имам м**а и да ти го кажам ова, ама знам дека нема да смени ништо.
    Се надевам дека во некој друг живот ќе сме заедно.
    За нас двете, чиирс !! :beer:
    Те Сакам,
     
    На Ann.94, Angelche, MandyLane и 3 други им се допаѓа ова.
  9. si.exs

    si.exs Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2011
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    140
    премногу работи ќе ми недостигаат.Само кога ќе помислам што пропуштам се чувствувам како сама да си набодувам нож во грб.Се чувствувам како сама да си ја скратувам среќата.
    Дали ќе се каам некогаш за ова ?Дали ќе посакам да го вратам времето и да ги променам работите? Дали повторно ќе бидам конфузна личност со чувство на вина која се уште не ја пронашла својата среќа,својот пат до целта?Многу прашања,но малку одговори.
    Зошто во вакви моменти немам со кој да зборувам,со кој да се советувам.Најблиските се всушност најдалечни.Тешко е да се поразговара со нив.Те осудуваат,те обвинуваат,ти ја исшмукуваат крвта.Психички те малтретираат.Каде ја гледам јас тука улогата на родител,онаква каква што треба да биде?Да се биде ќерка на такви родители е премногу тешко.
    Каков вид на комуникација всушност имаме ние ?Што всушност ме научиле да бидам во животот?Наивна,искрена и неснаодлива,без доза на самодоверба.Дали се воопшто свесни колку штета ми нанеле во целиот живот што не се потрудиле да станам друга личност.
    Крива сум и јас ,не велам не.Но карактерот воглавно се стекнува уште од мал,под влијание на родителите.Потоа само се надокнадува.Зошто не сфаќаат дека направиле огромна грешка и се уште ја продолжуваат истата.Немам подршка,немам доверба,немам љубов(која сигурно постои ,но ретко ја искажуваат).
    И што од сето ова?Каква надеж би имала кога моите најблиски се всушност најдалечни?Тешко е,тешко е да поминуваш сам низ сето ова... :|
     
  10. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    СДК ја мразам оваа женска интуиција ! Се осеќам како да имам цел инсектариум во стомакот а 8 часот сабајле е :o
     
  11. AnimeHQ

    AnimeHQ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    246
    Неговото срце не беше од камен, но во ништо му немаше рамен. Добрината беше негова главна страна за во животот да нема мака. Што се тој не направи за да бидеме задоволни. Но дојде време и да се разделиме бидејки годините брзо поминуваа.
    Секогаш ке се сеќавам на времињата што ги поминувавме некогаш заедно, Затоа треба нешто да си ветиме а тоа е некогаш да се сретнеме и на тие времиња да се потсетиме.
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  12. MalataNena

    MalataNena Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    181
    Животот е апсолутно нефер,во моментот кога ќе помислиш дека се е во ред и ќе имаш лежерен обичен викенд,наеднаш излегуваат иљада планови кои дефинитивно не се мирни и лежерни и уште во петокот знаеш дека во понеделник сабајле ќе бидеш уморен и утепан и нема да видиш в од викенд.Таков е нашиот живот тежок,Скопска шема и други заебанции кои едноставно не те оставаат да дишеш! :puke: :puke:
     
  13. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Си имам другарчиња у животов, од памтивек, поготово такви кои би ги карактеризирала као све само сериозно не, ама ќе го видиш после долго време, те седнуе на посебна маса и ти праи муабет посериозен од сета мака на светов. Онака, филозофирање за ситници, пораснавме, сега поинаку размислуваме.

    И уз тој муабет му викам јас, абе, не може никој толку да те разочара како што можеш самиот себеси да се разочараш. И тука не мислам само кога ќе напраиш глупост или ќе кикснеш некад, него чисто онака, се замислувам кога ќе чујам - ау тој и тој како ме разочарал! Ја како да не, а да не си ти таа што си очекувала премногу од тој некој? Те разочарале сопствените очекувања, златна.
    У суштина повеќето од нас кога посакуваме нешто или некој, сме оптимисти до срж, надеж до небо и назад, очекувања големи. Сакаме човекот да реагира или да прави ствари кои ние би ги направиле и онака како што ние би ги направиле. Ама не се луѓето како нас. Секој си е посебна единка. Не можеш да очекуваш од Петко да биде Станко по калап на Јанко затоа што тоа е твојата идеализирана претстава за него. Или го зимаш Петко таков каков што е или јок. А ако Петко не направи нешто по твој ќејф, не му се лути, не е тој виновен за твоите очекувања, лути се самата на себеси затоа што толку многу си сакала нешто да се случи, а не си имала реална основа за истото, ниту пак некој нешто такво ти ветил. И што е најбитно, немој да се осмелуваш да го смениш, не е куче бре да го тренираш по свое!
    (Најубава не зборам за твој Петко :lol: )

    И така. Не дека ја олеснува ситуацијава ова, ама чисто онака јас сум си на јасно и скроз ми е ок. Не очекувам ништо. Ако сум направила нешто вишок за некој, моја желба моја воља, едино по култура сакам почит, а ова другово е ептен екстра трошок од спротивната страна. За возврат не сакам ништо. Сакам да ги сфатам луѓето а да бидам искрена и тоа ми иде некад тешко - т’нка работава, особено кога ќе видам пример, најбанален пример, младо моме, на 25ка штикла како се тетерави и едвај иде, али трпи брате суза и прска из дубине ока, ми иде да и кажам, на ти раче, на, собуј тоа штиклите, абе младоста ќе си ја расипеш. Цуцки :D Еј жими се почнувам опасно да сум алергична на салонка кај млади девојчиња. Абе ја со опинци растев ало :D

    Него, одамна ми се врти у глава, од кога тоа СЕКАД е по пропис скопски сленг?! Викавме секоаш, викавме увек, ама секад?! Не дека е битно него онака ми се врти у глава у последно време, се занимавам со сленг и жаргон, и си викам, која жива материја е јазиков, два пати у него да стапнеш нема да е истиот.
    А ко мала кога ме прашуваа, кога не го шалтав македонскиот толку добро, ти на каков јазик зборуваш, јас им се плазев и им го покажував јазикот - Е со овој! А и тој се смени :)

    И такој. Идам да го лапнам. Петоков де. Ко урда. Јами!
     
    На bittersweet, najubava2010, renata77 и 3 други им се допаѓа ова.
  14. nennsy.densy

    nennsy.densy Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    305
    ПЕТОКККК.... прекрасен ден. Јухуууу 8) :rofl:
     
  15. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    СДК дека никогаш,ама баш НИКОГАШ немат да можам да ги разберам машките...еднаш викаат вака после инаку..хмм...чудни суштества :) хааххаа
     
  16. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.065
    СДК ... напротив, едноставни се и плитки. Ние сме жените чудни, комплицирани, зајадливи, комплексирани ... и што уште не. Исклучоци од двата пола има ама се раритет.
    Затоа и толку се односите меѓу жените и мажите полни фалш моменти.

    СДК ... и пак заврна. Нека истури нека се спојат земја и небо ... мене секако ништо не ми менува. Напротив, се останало како е и полошо. Сфатив дека едноставно некој е тука за да вечно се жртвува за некои цели, за некои персони, за некои работи и духовни вредности за да сепак на крај истиот добие награда да пати и да биде во суштина на секој начин празен.

    [​IMG]
     
    На lovely91 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. lovely91

    lovely91 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.500
    Допаѓања:
    4.506
    Пол:
    Женски
    Е добро...дали мора секогаш ама баш секогаш кога ке ми се засвиѓа некое момче или да е во озбилна врска,или да не е наша вера или евентуално да е некој бивши на моја другарка(од минатото) или уште полошо да е вејке венчан (на 24 години |( ) бла ... ми се здосади повеќе ни гледам некој ни ништо |(

    ете тоа сакав да кажам,и нека се поправи ова времево и тоа е досадно!
     
  18. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    Смислата на животов не е да го чекаме сонцето, туку да научиме да играме на дождот.
    Да, метафорички, но и буквално ја разбрав реченицава.
    Можеби не сосем, но доста буквално. Имам договор со друштвото за надвор, а надвор роси. Зарем не е тоа една причина повеќе да си поминеме уште појако? :D
    Останете ми весели и среќни, а дождот нека тече. Нека капат капки, бидете мокри до гола кожа, но бидете среќни! :*
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  19. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Веројатно денес нема да одам на предчас. Ме мрзе бе, а за 20 мин. треба да ми почне часот. Ма, не одам. Гајле ми е. Уште неполн месец и завршуваме. Сеќавам се на почетоко, во прва година, абе плачев поради проклетите лекции по хигиена :^), латински и анатомија. Всушност по хигиена плачев само за првата лекција. Тапа бев прва година, едвај со 4 поминав. После во втора ич не ми беше гајле дали ќе ме испрашаат, дали ќе знам и дали ќе ми стават кец. Исто едвај со 4 минав. Е, во трета веќе почна да ми работи свеста, си учев колку толку, четворчиња, петчиња, само едно тројче имав. Ама, не заслужив тројче да имам покрај трудот што го вложував во тој предмет, ама ајде. Сега во четврта, супер ми е. 2-3 четворчиња, никогаш и не сум се залагала сите да ми бидат петки, а да вложувам уште малце повеќе труд, би била скроз одлична. Туку со ова сакав да кажам дека како растам, така и мојата совест , свест и размислување за мене, за мојата иднина, за она што понатаму, ми се искачува погоре. Станувам свесна за понатамошните предизвици во животот, она што доаѓа е многу потешко од ова.
     
    На ana-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  20. mona.s

    mona.s Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2011
    Пораки:
    579
    Допаѓања:
    153
    СДК,Браво на Фемина и дека тотално му е заслужена наградата за најдобар сајт на сите години хехе :) :)
    Браво за тоа што можиме да прашваме за нашите проблеми во однос на гинекологијата и акушерството..идејата ви е прексрасна браво браво ;)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.