Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.041
    Допаѓања:
    11.860
    Пол:
    Женски
    Денес излегов со цел, во трчање да завршам неколку работи за неколку часа, а завршив со бесцелна прошетка и кафе кое го испив сама. Така брзајќи одеднаш се најдов пред некогашното омилено место, ме обли носталија и за нецели 5 секунди се најдов во дворот, седејќи на столица, нарачувајќи едно ладно макијато. Свежото утро и добро познатите стари мисли направија да се чувствувам жива. Своја. На моменти го заборавам тоа. Често ветувам дека нема да е така повеќе. Често го прекршувам тоа.
     
    На Adi888, tweety26, ines.h и 2 други им се допаѓа ова.
  2. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Нас никој не не разбира. Никому не му е гајле што се случува... никој не прашува за тоа колкава е голготата која ја трпиме.

    Зарем мислевте дека нема да пркнам?! Не, не ви се плашам! Не ми треба ничија поддршка, не ми треба ништо, никој, ќе се борам до крај, не ве оставам да не потиснете! Ќе се борам со сето свое јас, со сета своја сила, со се.

    Разочарана сум од моите, од тоа како ладнокрвно реагираат на тоа што се случува. Уште повеќе истото ме тера на бунт. Ќе одам до крај. До крај. До крај!!!!!!!!!!

    Против сета неправда, против се, колку и да е залудно, колку и да нема ефект, нема да се смирам, нема да ги оставам да влијаат на мене и на тие што ми се блиски.

    Да ви се мочам у факултетот. У желбата да не изведете на прав пат. У политчките партии. У врските. У работните места. У платата. Ми се гадите, ми се гади оваа неправда. Мачно ми е, тешко ми е, огорчена сум, но знам дека ќе променам се.

    Ќе ја прервртам планетата, и ќе паднете во бездната на универзумот.

    [​IMG]
     
  3. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сдк да се биде пријател само кога дечкото или најблиските не се покрај тебе :^) па амо тогаш да одвојуваш време за пријателите епа тоа не е пријателтво.
    :?: барем јас така мислам.



    Туку друго ми беше зборот.
    Сакав да кажам дека проклето многу боли кога ќе си направеш така муабетче сам со себе и со мислите и ќе разбереш дека со некои личности ептен сте се одалечиле, епа боли.
    Особено доколку тие личности ви значеле многу, или сеуште зафакаат место во вашето срце .


    Нека е проклето времето, вака што создава бездни помеѓу луѓето.

    Отидов јас да спојувам краеви и краеви, да правам планови за спојувања и како да ги потполнам бездните.



    Да вратам некои личности, или пак нема да успеам :?:
    колку и да боли мора да се преболи. Времето-Бремето.... а јас пак ќе си сонувам од инат.
     
    На baguf4e и tweety26 им се допаѓа ова.
  4. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Не е нормално кога скиташ со другарката низ бутици цели 11 часа и да не си купиш тоа што си намерил и навистина ти треба со тие веќе однапред изброени пари.

    Јас легнувам оти веќе не се осеќам. оф пусти нозе, како само ме болат :tmi:

    Добра ви ноќ :*:
     
    На tweety26 и JoxyTheFreak им се допаѓа ова.
  5. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Многу сакам повторно да сум матурантка. Таа еуфорија која ја чувствуваат девојките, тие слатки маки кога се трудат да најдат уникатно фустанче, штикли вакви онакви, па втора вечер, па трета вечер..И покрај тоа што на крај веселбата ќе биде свадба со младина, и ќе помине додека трепнеш, и се ќе биде како да не било, сепак сакам пак.
    Ви завидувам на сите матурантки, еве јавно ви признавам! :)
    И на полуматурантките им завидувам бидејќи од Септември ќе започнат средношколски живот кој воедно е и нај убавиот период од животот на еден човек.
    Ете денес сум полна со завист! :P
     
    На Adi888, tweety26 и plavusaa им се допаѓа ова.
  6. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    7.306
    Пол:
    Женски
    Тажно е да кажам дека веќе ништо не ми го стоплува срцето. Тажно, ама реално.
    Да плачам - немам солзи, пресушив. Да викам - немам глас, го изгубив. Да земам да тепам, кршам се` околу себе - немам сила. Се изморив.
    До болка..

    Ме боли тоа што беше. Тоа што го чувствувам, а не можам да го искажам.
    Трпам во себе, зошто не направив мала грешка, зошто знам дека не би ме разбрал никој. Дури ни таа, која што не можам веќе во очи да ја погледнам.
    Вистина е дека не се разбирам ни јас. Дека не заслужувам внимание, зошто ги потрошив сите бонуси кога глумев. Дека сум тажна, кога не бев, само за да ги зачувам покрај себе.
    Тешко ми е да признаам. Зошто не сум човек веќе.
    Одамна не сум.
    Зошто повторно не можам да спијам, зошто повторно губам здив кога најмногу ми треба. Зошто не знам како да се спасам, а тонам се подлабоко и подлабоко.. А, се плашам дека ги губам и чувствата. Пострашно има ли?

    Ни ми се живее, ни ми се умира. Заглавена меѓу два света, две вистини.
    Меѓу тоа што бев, тоа што сум.
    Тоа што допрва ќе станам. Зошто ќе бидам се`, освен онаа истата која грееше туѓи срца и сосила наметнуваше насмевки на сечие лице.

    Луѓето ме сменија. Затоа сум ладна.
    Камен..
     
    На julie77, tweety26, sadangel и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Куфер преполн со облека -checked
    Перниче за во бус-checked
    Добра книга и многу списанија за по пат-checked
    Многу храна и вода-checked
    Штека цигари-checked
    Добра музика за релaксација-checked
    Интузијазам, енергија за шетање, скитање, дружење и учење во наредниве 10 дена -checked
    Пасош&парички-checked
    And the fun may begin 8)
    Ве оставам во добро расположение.
     

    Прикачени фајлови:

    На Strumfeta93, JoxyTheFreak, LilBaby и 15 други им се допаѓа ова.
  8. fashionista

    fashionista Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    153
    Добро бе луѓе, што се случува со градов! Скопје е празно како да е лето, а не петок после долга работна недела. Незнам поради која причина е ова, ама стварно е језиво!
     
  9. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Љубов ....Има ли нешто поубаво од NEA
     

    Прикачени фајлови:

    На Alesii и JuLleE им се допаѓа ова.
  10. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    И она чувство кога ќе си легнеш со надеж и си го креираш сонот, како што сакаш барем малку. Не се каам што имам две професии секогаш можам да се потпрам на другата. Ќе си ги преплавам моите блиски со една порака колку ги сакам, и ми значат и ќе отпатувам. Утре средба со едно бабе, да направам фотографија за поема на Никола Маџиров, во недела на ручек, вторник многу битен состанок! Си легнувам со мисла дека ќе биде се'! Се' е возможно!

    И да го љубам!

    "Never love anyone who treats you like you’re ordinary,” Oscar Wide

    http://www.youtube.com/watch?v=zbxsmcT7GOk
     
    На Strumfeta93, Bright, TheCandy880 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.121
    Допаѓања:
    67.131
    Пол:
    Женски
    Утре е многу битен ден. Утре е D денот. Или ќе ви плачам тука или ќе се фалам. :lol: Ама се надевам ќе биде второво. За доброто на сите околу мене.
    И не, нема да речам дека нема да се нервирам, бидејќи знам дека тогаш сто посто има да се случи нешто што не треба. Чисто поради тоа што сум го рекла. И затоа не си ја предизвикувам судбината, ми треба да биде на моја страна. :)
     
    На Strumfeta93, Peppermint, Trendafilka и 8 други им се допаѓа ова.
  12. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    СДК како резултат на една денешна провокација, која ја игнорирав, бидејки и според начинот на кој беше презентирана, не ни вредеше да се занимава човек со истата, ќе речам: Џабе ми е да имам факултет завршено и неколку титули добиено, ако јас немам основна култура на однесување и почит спрема другите луѓе.Ова не го кажувам субјективно.Не е се во образованието, има многу други работи од кои се гради човековиот карактер, само некако како обратно да се разбираат нештата во животов.
     
    На Strumfeta93, LilBaby, Angelche и 10 други им се допаѓа ова.
  13. HANDBALLPLAYER

    HANDBALLPLAYER Активен член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Сакам само да се исповедам премногу ми е тешко, веќе 2 недели со мојата екс најдобра дугарка се однесуваме како странци, заедничка одлука беше, повеќе нејзина одколку моја, но што можев тука, во последно време беше многу љубоморна ако имав други другарки, до некаде ја сфаќав но тоа беше претерано, многу ми е тешко стварно ја сакам, премногу ми фали, разговорите, дружењата, и се останато неможам на никој друг толку многу да му се отворам како неа, ми фали. :(
     
  14. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Денес ми мирисаше на јоргован. Цел ден.
    Толку му се израдував на мирисов, што мислам дека смрдев на позитивност на 100 метра.
    А и како да не сум среќна кога скоро цел ден го поминав со друшките, не можам да се презаситам од муабети, кафиња и ефтини оброци! Па и некој мини шопинг, колку да пројде. Уствари за кој како мини, мене ми летна цела заштеда....
    Фино е да не правиш ништо, ама барем да има со кого да го правиш. :D

    Петок од дамна стана најтапа ден за излазак.
    Не ме радува нешто посебно. Само ден плус поминат од кога либето ми е преку граница.
    А и утре е сабота, што е добро, затоа што кафаната е уште подобра.

    Понекогаш си досадувам сама на себе.
    Адиос.
     
    На MandyLane и tweety26 им се допаѓа ова.
  15. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Четири поминати години со него.Исполнети со многу среќа,понекогаш и тага.Но сепак успеавме до сега да ги совладаме сите препреки кои беа пред нас,се надевам дека ќе ни иде добро и понатака.Те сакам! :*
    [​IMG]
     
    На LilBaby, Serafima, ljubam и 7 други им се допаѓа ова.
  16. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    Сакам да кажам дека многу се изнервирав !!! Поточно, ме изнервираа. Абре какви луѓе се тоа, ке им помогнеш а на крај ке ти го забијат ножот во грб. Баш таму каде што највеке те боли. Како може да се толку лицемерни и без осет, без почитување? СТРАШНА РАБОТА!! Очекував вакво нешто, ама не до толку. И на крај, да испаднат толкави кукавици, ма сите бре, ни една не е како што треба, ни една не ја оправдувам. Сите се исти. Убаво кажале, ЛИНИЈАТА ПОМЕЃУ ЉУБОВТА И ОМРАЗАТА Е ТЕНКА. Е јас сватив дека ве МРАЗАМ. Вие ја преминавте таа линија кај мене. Уффффф, отидов јас да спијам сега сум за никаде, ама знам дека утре ке ми биде подобро :) Секогаш е така, не дозволувам емоциите да ме совладаат. Не сакам да плачам, да кукам и да се жалам, И НЕМА! Веќе се чувствувам подобро...
    Добра ноќ :*
     
  17. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Се разбудив со една чаша снежно-бел,густ,здрав јогурт...кој скиснал у гриждер.
    Ај погодите кој помина 3 часа на шоља? ;(
    Се молам денов да не е од оние кои ако почнале срање,така ќе завршат.
    И вредно е госпоѓа Карма да ми ги среди копилињата ас сун ас посибл,да не стапам јас у акција. :devil:
    Ај наздравје.
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  18. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Џокси, тебе денов ти почнал ама буквално у срање. :rofl: Ајде, ништо страшно, мавни некоја позитивна мисла и се ќе биде у ред. 8)


    А јас?
    Денес не ми е важно што ќе облечам.
    Каква ќе ми биде косата.
    (не, навистина не ми е важно)
    Денес ладно го одминувам мирисот на зумбулите низ ходникот до купатилото и назад.
    Денес не ми е гајле што џебот ми е празен и по него ми тропаат за секој денар што од некаде ќе се најде.
    Денес не ми е гајле кого ќе видам.
    Денес не ми е гајле до кого ќе седнам у автобус.
    Денес за ништо не ми е гајле.
    Денес никому ништо не објаснувам.

    Одам јас да се насмевнам на уште некој..и да кажам да спука некоја позитивна мисла, а тоа што мојата глава неќе ни да помисли, тоа е друго...
    па и нема врска, ништо ми нема поента.
    Ај.... отидов да се заплеткам у уште еден мутав ден.

    [​IMG]
     
    На JoxyTheFreak и anabel-a им се допаѓа ова.
  19. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Некои луѓе немаат осет! На 27 години уште титка на мобилен-знак дека мисли на другарка си :@ -ете тоа ми го кажа дебилката!!! А кога ми требаше услуга од неа,никаде ја немаше |( Ај што ме разбуди,ама осет има малку? Во 8 часот некој спие,одмара,не се сите ко тебе од досада да немаат што да прават!!!!!!!

    Голтам кафе,ама тешко оди расонувањето.... :coffee: :yawn: .

    Денот ветува многу,баш дека е со сонце.Вчерашниот ден ми беше грд,па ќе надокнадам и за него. :)
    Убаво ќе беше да бев наспиена,зошто многу ми требаше сон :worried: ,ама најверојатно од таквите луѓе без осет,на памет нема да ми текне да оставам вклучен телефон додека одмарам :swear:
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Убаво е вака од сабајле да си расположен и со јаки планови.Само што ми се јави една личност и ми пренесе добра вест.Јас сум станала од 7 саат вчера си легнал во 23.10 мин. Бев многу изморена.Сега си слушам музика и си уживам во утрото. :D
    Среќна сум-тоа е најважно !
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.