Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Ме одмараат прекрасни фотографии, океан, песочна плажа, палми, зајдисонце, школки, кокос, остров, мир и спокој, рај...во моментов најмногу сакам да сум таму!
    [​IMG]

    да си легнам тука и да си одмарам по цели денови, еххх
    [​IMG]

    па да си пиуцкам
    [​IMG]

    и ред други работи...

    Многу фантазирам, знам :D ама не ми штети :)
     
    На ozbilnazena, Adi888, Gordana10 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    ^^^
    Ајде тогаш да спроведеме акција-секој пред да се уклучи на фемина т.е. пред да реши да пишува да се напие еден седатив за да нели не дај Боже се изнервира нешто и реши да сподели :D
    И јас мислам дека ќе ги исплашиме докторите :ninja:
     
  3. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Црни балони летаат над мене.Не ги сакам.Спонтано ги прогонувам со игличка.
    Убава мисла 'по дождот секоgаш доаѓа сонце' би додала јас ,and rainbow.
    18,мрачен,ужасен и лош ден.Како грип.
    21,е убав сончев и полн со насмевки.
    Ги сакам овие моите од класот,да по некогаш се тешки идиоти,ама на секој ден му врзуваат розева панделка.
    Бев во книжара,се подновив со нов дневник.Розе или крем со сиво,и двата уникатни,дилема...
    Знаете за што се одлучив,за оној чие име потсетува на нежните рози.Не дека беше поубав,или пак имаше подебели корици и помазни листови,НЕ!
    .. кога денот ќе ми биде сив,кога ќе го побарм, да ми изнуди насмевка,барем едно праче розова хартија.
    Сончоглед,трач партија,клупата во паркот под дебелиот и стар даб..
    -

    Live your life to the fullest and enjoy every minute of the ride!

    [​IMG]
    :sun: .
     
    На Serafima, marama, BlackSwan5 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    1.991
    СДК дека постот на Izabella многу ме загрижи, и искрено се надевам дека станува збор за нешто друго, а не тоа што мислам . :|
     
    На BeYourself, Doozy, LilBaby и 17 други им се допаѓа ова.
  5. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Ај вдиши уште еднаш излези истрчај , дери се на кого сакаш и колку сакаш, ти треба сонце и воздух ... Ама вакви муабети без разлика на што си мислела НЕ ! Прво не вадиш од памет доволно ни беше една Н.А.Т.А.Ш.А . А ако ти бев во близина не знам што ќе ти направев . Девојко без глупости те имам читано знам дека имаш проблеми , и јас имам ама има некои што нашите да ги помножиме со 10 ги имаат па пак се смеат за инает од животот !!!
    Те чекам со саглам пост . Знам дека ќе го пишеш ....
     
    На baguf4e, Doozy, t.i.n.k.e.r.b.e.l.l и 13 други им се допаѓа ова.
  6. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сдк седнуваш да учиш во 1 дигаш глава гледаш станало 4 :o: :o:
    Си дадов едно "Боже Петра" во чело.

    Испитов ако не го положам ќе земам од крстот горе ќе е фрлам, волку многу историја не сум учела кој знае од кога :| ..


    Туку убаво е чувството кога во 3 сабајле ќе заскитате низ улиците со топол бурек в раце, ќе се смеете ко нездрави и на крај ќе се дополните наместо со јогурт со винце :lol: за мерак...
    И сега ќе боли глава, е ќе боли нит апче помага нит кафе ме опоравува :rofl:

    Вечер сакале пак, ее немам сили за репризи, наместо по улици ќе се валкам по пресно испраната постелнина за тоа и должам на мама едно :*


    :hai:
     
    На srcekrsacka, blond и anabel-a им се допаѓа ова.
  7. Anabelle

    Anabelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    458
    Се осеќам како секое атомче на енергија полека да се враќа во моево телце, со зрациве што ме галат.
    Мислам доволно го чекавме сонцево да ни се врати.

    Сакам да кажам дека денес е убав ден, не треба да биде тажен, за било кој.
    Изабела девојко, исправи се гордо, и прошетај, нека те погалат зрациве, вдиши 10 пати пред било каква одлука.
    Животот е пред тебе девојко, не се осакатувај пред време, себе си и оние околу тебе, повеќе болка не му е потребна на никој.
    За инает на животот исправи се и продолжи гордо напред.
    Го чекаме твојот нареден пост.

    http://www.youtube.com/watch?v=GKVsfP0QGKs
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  8. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски
    Таман си реков се тргна како што треба, се ќе биде во ред БАМ ете ти грешка. Мразам кога луѓето ги прават истите грешки по втор пат. Очигледно не ја научиле лекцијата како е да се загуби одредена личност, а можеби не сфатиле колку таа значи. Никогаш не помислувам на тоа колку сум среќна, зошто во истата секунда една погрешна грешка на луѓето што ми значат ме враќа во реалноста. Среќата кратко трае ама зошто... сакам и кај мене да биде на место број еден... Сакам и јас да имам причина да се смеам и да си уживам, а не да се нервирам за нечии погрешни тактики и размислување. Ццц некои луѓе ме оставаат без коментар и секојдневно се повеќе ме разочаруваат. Катастрофа бе! Ниското ниво на интелегенција изгледа допринесува за таквите постапки. Порасни веќе еднаш, не си втора година! Ама очигледно е дека нема спас за тебе... Кој е глупав глупав ќе си остане, засекогаш. Смачено ми е од оправдувањата и извинувањата, не може да ми издржи душата. Знаеш на што сум способна кога сум ваква, ејјј ќе те убијам со свои раци и нема да се покајам .... :mp:
     
  9. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Мојот уништен ден направи престврт.
    Надвор дождец, јас чадорчето, слушалките и накај автобуска, шибам со полна душа.
    Од околу мирис на јорговани ми го полни срцето, улиците влажни, луѓето растрчани, јас шлапкам.
    Ми дојде да го акнам чадорот и да си продолжам без него, ама ајде, да не помислат дека скроз сум закукала. :rofl:
    Душава ми се исполни, и си накинав од нашиот јоргован, па вазната си ја ставив у соба на маса.
    Е, што ми е убаво..... 8) :inlove:
     
    На srcekrsacka и marama им се допаѓа ова.
  10. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Одеднаш сите розеви пуфли во средно што беа празни ко слама, и се трескаа на Аца Лукас, сега ми слушаат Bon Iver.
    И си паѓам во несвест.
    Сите сакаат точаци, фотографија, шизички чевлички, стари машини за пишување, винтиџ романси, шешири, мачиња, кученца, лажни цигари, уште полажни имиџи. Симболи на меинстримот.
    Ми иде да си ја обојам косата зелено за да не потонам во тоа еднолично море.
    Моето море е полно со бранчиња, риби, школки и тук таму некое едро. Скроз ме мрзи да ја објаснувам денешната немачка поента во еден куп ситуации што ми летаат низ мисливе како чавки пред снег. Два дена пукната цевка во Дебар Маало, поплава во подрум, нервозни очи, јас со добиено, на работа глупости, дома штама.
    Адел на плејлиста, не ми пречи. Изветреана кока кола, Џим Морисон како сонце, се провејува низ завевчињава, како мала многу сакав сонцето да се вика Џим. Па и Морисон. Заради кармата, заради сето поетизирање на 14 годишна возраст кога ја осознавав хипи идеологијата и читав неуморно. Лектири за животот.
    Пеш до дома, шеширот на двапати проба да избега, не му дозволив.
    Музика од небо, тоа е нешто неверојатно!
    Парада на точаци, од Холандска амбасада денес организирано. Срам ми е што не бев. Но, работата не може да чека. Т.е платата што треба да ја заработам. Но, утре одам на Здраво Млади, ќе соберам некој денар за Саем на книга и вечер во Калдрма ќе се задрмам со троа ракиички и шопска.
    Прееска во тоалет на работа, ставив дланки во лице и залиптав.
    Ко мисир некој.

    И сфатив.

    Преголемата грижа за светот, значи преголема болка која никој никогаш нема да ја оправда.
    И чуму сето тоа стресирање?
    И пулсирање?
    Па си му се јавив на мачорот, си покенкав, се вратив на работа и изедов еден мрсен унгарски од Нино.
    Да. Јадач сум, Хедонист, сакам да мешам вкусови, да мешам колкови. Го славам животот и не се плашам од своето тело.
    Ја голтам Ив Енслер и се воодушевувам на креативноста на Светлана Слапшак. Ликот на Жилиет Бинош во Чоколада, ме инспирира како да си ги пуштам сетилата да леат еротика.
    Не носам риги, зошто имам облини.
    Но носам што сакам, зошто ми е убаво.
    Секој се правда.
    Немажените зошто се немажени, омажените зошто се омажиле. Разведените зошто се развеле. Сингл-от не сакаат да признаат зошто се сингл. Оние во врска се опседнати со себе и партнерот (автокритика тука мавам).
    Кругот е голем. Но, тесно е и така.
    Одам да нурнам во кревет со малку сончоглед и новата книга на мој Иван.

    Мешани чувства. Салата. И кисело, и слатко и солено. Вечер, ќе дефинираме каков вкус имаат навистина.
    Ш.
     
    На bittersweet, FortuneTeller.xD, cigarce и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    3.742
    Прекрасен ден, исполнет со многу насмевки, прегратки и секако многу љубов :)

    Прошетка на Водно, потоа до парк, па зоолошка. Јас, Тој и моето балонче :rofl: Лудо и смешно на 19 години (за 9 дена 20 :rofl: ), но од секогаш сум ги сакала балоните со хелиум. Денов беше совршен за двајцата, а најмногу ме радува фактот што така збрлавени си правевме слатки планчиња за во иднина. Едвај чекам да ми завршат полагањата, па да избегаме малку од Скопје :)

    Исто сакам да кажам дека многу ми е мило што сум причина за нечија насмевка, па дури и јас да се брукам со тоа што го правам! :D

    Имајте убав остаток од денот,
    Ани :*
     
    На Adi888, ines.h, Smilly и 3 други им се допаѓа ова.
  12. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    бидејќи беше упатено кон мене. Си згрешил :) отвори ги темите и ќе ти стане јасно зошто пишав, а не беше ниту од нервоза нити злобно нити со цел да ширам песимизам :) Теми што веќе се активни, одново се отвораат без потреба.
    Иначе, ако ти смета нешто и не си задоволен, треба да си кажеш, тоа си е општо правило. Зарем со молк работите ќе се поправат? Или ќе си глумиме дека се ни е таман? :lol:
    во муабетов испадна ти повеќе нервозен од мене :lol:

    сдк дека мојава кучка е најдоброто суштество на свет. Обожавам кога ме гледа со тие очиња скришно настрана, правејќи се лута, и кога го дига носето нагоре гордо, прекрасна е.
     
    На anastasijaki и sesilija им се допаѓа ова.
  13. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    викенд како викенд, чистиш, средуваш, , ама кога ке ти се случи нешто убаво, се чуствуваш посебно :$

    пред малку дома, фрлајки губре, се погоди да се сретнам со еден млад господин-фин, дотеран, и по малку занесен :D ми ја задржи вратата од влезот со двете раце, и барајки го Дадар, тргна да се качува по мене, арно му текна да ме праша каде се наога :lol: инаку дома ке си го донесев :rofl: неколку скали погоре, и ако ме прашаше нема да имав ништо против :wasntme:
     
    На Miss.Ricci и sesilija им се допаѓа ова.
  14. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Проблемот со дечките и девојките во градов е што се преценуваат. Не сите, ама добар дел.
    Сите си знаеме до кај ни е чергичето. Очајно е кога некој сака лежерно да си ги истегне нозете повеќе, тоа го прави пред сите, ама на толку извештачен начин, што жал ти паѓа во еден момент.

    Патем, и за факултетот, такозван кафултет.
    Седење од пладне до зајдисонце, секој работен ден, на кафе, по можност на видно место. Трачарење за секој што го познаваш, а и не го познаваш, битно муабет да се има.
    Лигавење на едно нес, пушење цела кутија цигари и јадење го*на. Омилените активности на студентот.
    Секоја чест на исклучоци, кој имаат барем грам амбиција додека студираат и визија за иднината.

    Многу фино денес.
    Гледам сите благо потресени што Тренд слави 10 години од постоење. Толку расчукани флекници немало низ центарот одамна.
    Каков настан. Ама не настан, настаниште! |(

    И можда мрчам. Ама барем знам од кај сум, што сум и што сакам од животов.
     
    На Shelea, LilBaby, anabel-a и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    1.991
    Бев со сестра ми на прошетка и само што се враќам, со сува трева и лисја во косата.
    Си поминавме преубаво, лежевме во тревата, го гледавме небото. Ајподот со музика не ни требаше, бидејќи црцорењето на птиците и жуборењето на реката беше поубаво. Се чувствувам како да пишувам есеј за трето одделение на тема "Првиот пролетен ден" :D
    Измешани емоции и носталгија по деновите од детството. На враќање отидовме до кај баба и поминавме покрај градината што како мали со децата од маало ја направивме и насадивме со цвеќиња, за секоја пролет да цветаат во име на убавите и безгрижни детски денови и заеднички дружби .. И таму е , и после 10 години. И покрај тоа што е покрај патот, никој не се осмелил да ги скине лилавите цвеќиња, ни па животните кои пасат во ливадата што е веднаш до градината се приближуваат кон неа.. И дури и црвените лалиња се расцветани, а лани беше само едно ... Ах, спомени ..

    http://www.youtube.com/watch?v=aMzKKREHQgA
     
    На L-enna, marama и Danilela им се допаѓа ова.
  16. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    веке не иде вака...се сама,се на мене,се јас!... неможам веке :@

    е сега што ке сака господ тоА нека биде...со сила ништо не бидува :|
    господ напред јас по него!...
     
  17. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Ме растажи Изабела со постот и ме стави во размислување. Се молам се да е добро, и само да е моментална состојба. Пиши ни само збор два дека е се во ред.

    Сонцево денес блескаше. Ама некако се чувствувам многу само! Ама многу. Сакам да ги имам нив сега покрај мене и да ги однесам на малото езерце каде секогаш има многу шатки. Знам дека Мила ќе се израдува многу, а тука можам и да и го остварам сонот да јава мало пони подолго. Ми фалат, и не знам која би била мојата суштина на постоење без нив. Кога си доаѓав одкај бабето си набрав од една ливадичка нарциси, и зумбули, да ми ја разбијат самотијава во станот.

    Мозоков го силувам да прима и да прима, ама не оди.

    Го чекам вторник и те како го чекам. Блесавана моја, пак ми влеа надеж, направила визит карти, и ги ставила кај чичко и во бутик, Грци доаѓале таму, да сликам свадби таму. Не е арна, ме пресмеја. Ја сакам, онаква шашава во сите бои и расположенија.

    Како и да е, ќе легнувам со денови сама, и ќе се будам. Жртвувам многу моменти многу, се надевам ќе вреди. Роденденов трета година ќе го славам сама. Мака ми е, ама ќе се почестам едно патување до Стокхлом. Јас и апратот пак. Не ни е прв пат..
     
    На bittersweet, baguf4e, BeYourself и 4 други им се допаѓа ова.
  18. marija994

    marija994 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    195
    Пол:
    Женски
    Убав ден! Конечно сонце, мислам редно беше после зилион дена дожд. :D

    Уште една работа ме прави денеска среќна и исполнета...
    1-во место на Регионалниот натпревар по хорско пеење :)
    Ухх, не сум среќна само поради мене, туку и за сите дечки и девојки со кои напорно работевме, се припремавме изминативе месец дена. На крај краева, трудот се исплати. 8)
    Нека ни е честито. :lol:
    Одиме со иста цел и на Државниот натпревар. :*
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. MissElly

    MissElly Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    102
    И со преполна чинија топли,домашни, крифлички седнав да напишам некое мислење во СДК,да ве поздравам,и да видам што има новоо.. :)
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Кога сите бродови ќе ти потонат,бла...
    ..сакам да имам другар по име Иван.
     
    На MissElly и ljubam им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.