Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    СДК умрев за спиење, веќе доста е. Денес од 7 сатот станав за на школо. Добра ноќ на сите |-)
     

    Прикачени фајлови:

  2. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Речиси ќе фати 3, а мене несоница ме држи во прегратки.

    Каква вечер беше ова! Калдрма што дрма. Ракија што тера на трбушен плес. Печурчиња и еротски муабети. Безобразни смс пораки на мачорот. Ми враќа. Се топам. Се церекаме, 7 на број, лежиме ко превртени бумбари со мезе и алкохол во себе. Лутаме по чаршија и се сликаме со апарат небаре сме од некое одбога забораено село, па откриваме што значи цивилизација.
    Тренд - пун до коска.
    Менада - срам ми е да зборувам како се’ не фаци видов таму. Сирот Зоки, на кого му пушташе музика, за глава да се фатиш.
    Ние, со дланки до небо си уживавме како што ни прилега.
    Пикадо во 1 по полноќ, цедевита од автомат, разговори што душа значат, насмевки што греат душа.
    Си легнувам среќна и исполнета, прописно крвава и со разгорена душа од убаиње!
    Утре едвај чекам да си го грицнам милиот мој, да му го фатам газот на две на три, да му се мушнам во креветот и да не станам се’ до Здраво Млади. Вечерта.
    Убаво е да си имаш саботна треска.
    Онака, кога жените имаат слобода да бидат какви што сакаат.
    И дами, и тепачи, и алкохолни и безалкохолни, и чкрапачи со мобилни, и безобразни и мазни.
    Жени бе.
    Топ провод.

    Убаво спијте, драги мои ;)
     
    На tweety26, Trendafilka, Gea и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Точката е интерпункциски знак со кој се завршува една искажана целина, односно една расказна реченица. Понекогаш стои и на крај на речениците со кои се искажува блага заповед.

    Запирката е интерпункциски знак кој може да стои по разни зборови, и се става за читателот да подзастане при читањето, да земе здив, па да продолжи.

    Метафора е стилска фигура кога со името на еден предмет или поим се именува друг поради некоја сличност, некоја поврзаност помеѓу овие два предмети, поими.
    Метафората ми е омилена стилска фигура. После оксиморонот, секако.

    Се читаат ли старите книги? Јас ги читам. Особено оние со среќни краеви...

    Три
    Два,
    Еден

    [​IMG]

    04:23
     
    На tweety26, anabel-a и Danilela им се допаѓа ова.
  4. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Мачорот ми заспал на перницата.
    Жал ми е да го преместам и разбудам, па ќе спијам на плишаното срце.
    Кога сум подпивната ми се менува фацата и дечко ми ми фали до небото и назад.
    Морам да спијам, зошто алкохолов нема да испари. И ќе умрам. Од алкохол и љубов.

    Тотално е приметливо дека моите ме направиле коа биле ќор пијани. Само на пијано може да се створи ремек дело.
    Сабота ми е омилена, од сега, пак , после 2 години.
     
    На Strumfeta93, tweety26, LilBaby и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    Кога пројде неделава??????Ауу летна времево... :( Ај па денес да го изнауживам денов ;) ;) ;) ;) ;) ..
    Ве поздравувам и гушкам мои феминкиии :* :$
     
  6. Idonea

    Idonea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    642
    Јас сум девојка која верува дека нема невозможни работи. Ќе ја допрам и месечината иако знам дека ќе ме изгори...и нема да жалам! :)
    Добро утро фемки :*
     
    На Serafima, marama, Pelikuna и 2 други им се допаѓа ова.
  7. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Јас пак, дури сега го читам постот на Изабела.
    Ја имам читано, многу. Не знам што уствари е размислувала да направи и дали тоа го има направено.
    Само, сакам да кажам дека не е добро. Црни мисли, ама не и земја.
    Да, знам дека и беше тешко.. Ама, борба треба со животот. Да знае дека ние навистина живееме.
    Млада си, животот не е изживеан за тебе. Продолжи, ама не каде што застана, туку на нов лист.
    Ќе биде поразлично, верувај.
     
    На tweety26, Serafima и L-enna им се допаѓа ова.
  8. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Најубаво е кога денот ке ти започне со смеење :D А да ме праша некој зошто се смеам и јас нема да можам да одговорам.Ете онака од душа. Кога има преубав појадок на масата и кога тој што ти значи ти прака порака дека те мисли и сака да те види :$
    Во моето соседство има свадба,музичарите ме разбудија со песна,па се надевам дека цел ден ке ми помине во пеење и скокање. :P

    Убав ден ке биде ова... :)
     
  9. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски
    Сончево време, ејјј за прв пат по толку недели. Сите се среќни, радосни и весели. Добро ќе биде ако не почнат да ми течат солзи од проклетата алергија :^) Убаво е времето сите ги исполнува со позитивна енергија, само мене ме исцрпува. Не можам да трпам топло време, а на лето пак ауууу :x каков кошмар е тоа за мојот аристократски тен и за моето трпение... Зима сакам бе да си одам на скијање :fubar:
    А сега ве напуштам, редно е да се пие кафе на Широк Сокак :*
     
  10. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Се распишав...
    Утро, во кристалин, ко со Бјорк да сме одгледувале љубичици на огледало. Готвам проја и ќе му пројдам. Мириса на спанаќ и младо лукче во кујна. Тате пробува да договори некој неделен ручек со родниниве и со мама да му ја здувнат некаде на запад.
    Тишинава ми годи ко топол џемпер.
    Си направив кафе и почнав да мечтаам пак. Ко да е тоа некоја страница од книга. Бираш со прстето буква - и оп! Буква, буква- Р. Р, како радост. Река, меѓуножна. Ротквички. Ене ги во кујна. Рубикова коцка - најслаткиот подарок евер добиен од Кеџо, на семинар во Белград. Ракавици - со нив можам да фаќам снег, ама и ѓубре.
    Денов е супер за возикање точак, за берење камилица во поле. За мирис на лаванда низ одаи, за слушање The Verve и блескање од Павловиќева на лице. Денов е супер за да го живееш. Да гушнеш било кој. Сопствените рамења макар.
    Да направиш некоја корисна работа. Од типот - да нахраниш гулаби. Да фрлиш троа саламка на уличните кутриња и мачиња. Да донираш Х денари на некоја душа што и треба. Да фрлиш секакво ѓубре што ти се метка низ соба и по мисли.
    Да ја бараш детелинката со четири листа и во поле со сончогледи.
    Оптимистички, ама барем со замижано око.

    Има денови, кога чувствувам СЕ’.

    И ми е убаво. Убаво ми е. Постоње. Нема поедноставна, и истовремено покомплицирана работа.
    Во јин јанг лулка се нишкам.
    Си го слушам срцето. Пее нешто од Елвис Присли сега. Аа, затоа тато и мама се разиграа танго среде дневна. Моето срце им е џубокс.
    http://www.youtube.com/watch?v=u9sRJ-eOHnc
     
    На bittersweet, mims-89, tweety26 и 4 други им се допаѓа ова.
  11. stylishh

    stylishh Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    конечно топол ден, :sun: да ме огрее,и тоа да :!: овие внучињава ми ги направиа ноктите кашапопара,тоа е кога оставам лакови на секаде :lol: :lol:
     
    На tweety26 и Serafima им се допаѓа ова.
  12. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    СДК убав ден денеска, а јас наместо да се радувам и препуштам на сонцето, ќе си се дружам со книгата.
    Where are you Summer? :@
    Не ми се учи, немам ни волја, ни мотив, а како бев засилена од почетокот, сега учам затоа што морам!
    Фер ли е ова?
    Ама морам, зборот морам ми помага да ги извршам обврските, или ништо...

    Денеска Ден на Планетата Земја, вие што немате обврски,ајде сите излегувајте од дома и препуштете се на уживање под сонцето ;)
    Ви посакувам убав ден... :hai: :sun: :f: :coffee:
     
    На tweety26 и anabel-a им се допаѓа ова.
  13. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Мирис на дожд измешан со мирис на чај од канела. Го отворив прозорот да ме фати воздух да профункционирам побрзо.

    Порака му фалам да гледаме фудбал заедно, мене ми фали мирисот на Нас!

    Си ставив локумче на маса, и букетче од зумбули, неколку книги, и се мислам од каде да почнам.
    Денес требаше да одам на езрецето кај срните ама ми врне, ќе чекам да се смирам, сакам да направам фотографија со црвен футсан закачен на дрва, и хартиени бротчиња. Вчера ко мало дете си направив 6 бротчиња во неколку бои. Туку одсекогаш сум сакала да сликам девојка на коњ. Коњите ми се најграциозни суштества, а жената ми е инспирација, и за мене е поголема од мажот!

    Гледам низ прозорец како итаат со велосипед на дождов. Убаво е некако.

    Денес помислив на мајка ми, колку трпела а скоро никогаш не се жалела. Како нем сведок на многу ситуации. И никогаш не дозволи да пукне. Се прашувам дали јас ќе го имам тоа трпение. Пред некој ден ми стигна порака, мајка ти зрачи од добрина. Знам тоа е мојата мајка.. грее и зрачи со мекост. Последнава година беше мој најголем борец и се уште е, се бори, со болести, ситуации. Таа не држи сите споени засега. Ја сакам.

    Денес ќе си мислам на моите и ќе ги сакам бескрајно, телефонско јавување на Мила и учење.
     
    На tweety26, Serafima, LivingGlam и 5 други им се допаѓа ова.
  14. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Цело е кога има се !
    А денес се чувствувам целносна во секоја смисла на зборот. Утринско кафе за расонување со првата најгрда цигара како и секое утро,очекувам повик за да пијам кафе со роднина со кој се немам видено незнам ни самата од кога,времето убаво и како не би било,од утре седнувам со книгите,штом колоквиумската доаѓа ете ти го сонцето со неа,како да сме проколнати ние студентите бе :D
     
    На tweety26 и Serafima им се допаѓа ова.
  15. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Уморна сум од сета оваа борба. Ми влијае на се.
    Ме истоштува во секое поле. Исцрпена сум, немам веќе сили да мислам што е следно.
    Ми се смачи од истите луѓе, истите ситуации, истите проблеми, истите муабети..
    ..колку сакам за момент да потонам во својата соба без никој и ништо да ме вознемири..

    а викендов толку кус. Можда смотано звучи ама се молам за настинка или нека температура..
    нешто да ме држи дома. ;(
     
  16. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам.....
    [​IMG]
    Све,ама баш све ми е преку глава дојдено!
     
    На tweety26, Adi888 и ViktorijaMari им се допаѓа ова.
  17. laryla

    laryla Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    229
    Толку работа,толку обврски,во последниот ден од седмицата,наместо релаксација,напнатост...

    Убав ден,штета што мене не ми користи тоа,барем вие искористете го денов за мене! ;) :* :sun: :handshake:
     
  18. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Имам премногу обврски. Толку работа имам што... конечно се решив од кај да почнам да ја завршувам. Учење, пишување есеи, вежбање задачи... почнувам, редно е веќе.
     
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.121
    Допаѓања:
    67.130
    Пол:
    Женски
    Се помина добро вчера. :) Среќа ќе нема потреба од плачење и нервози. :lol:
    Недела денес, убав ден за собирање со другарките по дома на кафе пропратено со по некоја трач партија.
    :)
     
    На cigarce, tweety26, Serafima и 2 други им се допаѓа ова.
  20. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Во последно време би можела побрзо да најдам влакно во јајце отколку човек со свое ЈАС.
    Луѓето многу глумат и се трудат да не се оддалечуваат од толпата?
    Како тоа ги исполнува ? Стварно незнам...
     
    На tweety26 и Serafima им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.