Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. si.exs

    si.exs Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2011
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    140
    СДК после 7 месеци шмекање ми пиша другар му на цимерот. Типичен македонец! :D
    Сега ќе треба уште 5-6 за да собери храброст да ме викни на кафе. :D
    Аххх,изгледа ќе мора јас да ја превземам работата во мои раце. 8) Немам толку време за чекање. :D
     
    На XMaN, Noemi, marama и 6 други им се допаѓа ова.
  2. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    што срека ке имав јас со изнајмувањето на велосипеди :doh:
    или нема или се расипани
    а што култура имаат шетачите на кеј :x како еден прееска што ми рече ама јас се правев дека не го слушам , бидејки коментарите од непознати лица ко него не ме интересираат беше дека ке ме соблечел гола, и до сега со очи јас не сум видела Шиптар :lol: :rofl: какви се не луге чекорат по земјава :puke:
     
  3. Rosewood

    Rosewood Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2012
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    60
    Ги листам текстовите и песните на еден нов албум и ги голтам набрзина како најсладок нектар.Сакам кога знам дека некој се потрудил да создаде нешто од ништо.Честитки за младите мистери кои вчера ми извлекоа 3 искрени насмевки.Атмосферата убива, животот продолжува.Ајде да се поклониме и да си заминеме.

    Браво дечки :clap:
     
  4. Anabelle

    Anabelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    458
    Сакам да и кажам, некако, нешто, да направам да не се осеќа така, ама залудно е, сакам да направам нешто, но далеку ми е. Илјадници км, и едно големо море стои помеѓу нас, како да те гушнам мила, да ми заплачеш во прегратки и да ми кажеш дека ме мразиш кога те расплачувам, а знаеш дека не плачеш поради мене, туку поради тоа што колку и да се правиш јака, сепак си кревка одвнатре.

    Ме погодија зборовите вчера, баш оние што несакав да ги прочитам. Далеку сме, обврските го прават своето, а кога согледав што се случило, се осетив како најголемото гомно на овој свет. Како можев да не приметам дека се случува нешто.
    Ако се кренало рака на тебе, јас лично ќе долетам на големиот остров и со свои раце ќе го задавам.

    Ми фали,ми недостига мојата половина, мојот голем Г'з..
    Да пушиме цигари на кеј, да си ги кажуваме проблемите, да си пуштиме по некоја солза заедно, да јадеме харибо, да пиеме чај во Хемингвеј, да ми се јавиш од нигде никаде, да ми кажеш да варам кафе баш тогаш кога имам најмногу за учење.
    Скајп не е тоа. Не е истото чувство.

    Таму е на некој начин подобро за тебе, ама сакам да ни се вратиш.
    Остани храбра, држи се.

    http://www.youtube.com/watch?v=C5q5e4tjphM
     
  5. Squirrel

    Squirrel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    437
    човек од страв да се соочи со стравот на сопствените грешки прави разни работи за да му помини времето. Јас на пример си о средував шкафо едно сат време, сега ќе почнам, а за после веќе ќе најдам друга занимација. Се со цел да не мислам на последците кои ги трпам поради грешките што и направиц. Ама тоа ти е животот данас си оре, сутра доле !!
     
  6. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    Во срцето почуствував тежина, а во градите свежина.
    Пролет ли е? Љубов ли е?
     
    На mims-89, TheCandy880 и tweety26 им се допаѓа ова.
  7. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Од вчерашната бура што се случи јас изгубив целосна контрола на се.Тотално се исклучив,но кога вчера преживеав очигледно дека треба уште многу такви бури да поминувам...
    Незнам ни каде бев,ни каде припаѓам,ни која сум,ни кого сакам или мразам...незнаев ништо за себе.Се прашувам каков ли е мојот организам кога го издржав сето тоа кога вчера бев на работ на полудување...
    Како ли ја црпам таа сила...
    Сигурна сум дека само Бог и дедо од горе ме чуваа,они ми помогнаа...
     
  8. nennsy.densy

    nennsy.densy Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    305
    СДК и Single девојка е среќна девојка.
     
  9. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Навистина не ги сакам луѓето кои се со мене така да ги речам хонорарно. Ја сфаќам да бидеш тука кога ти е се океј со животот, кога ти имаш потреба, кога сакаш да искористиш или едноставно кога немаш со кого повеќе да комуницираш у животот.

    Ама не се сфаќа дека сожалувањето боли.
    Мразам кога ќе ми речат ‘Тука сум за тебе‘. Не сакам да се до мене кога ми е лошо, кога чувствувам дека светот ми се превртува под нозе и не го чувствувам тлото. Сакам да се постојано тука, да ја споделам со нив секоја мислам што ми се мушнува низ глава. Кој и да рече дека е добро кога имаш покрај себе пријател кога ти е лошо се излажал ако пријателот ти е ‘пријател‘ само во лошо.
    Simple as that. Сожалување.
    Или се со мене или не.
    Не можете да дојдете и да си заминете туку така.
    Не ми требаат.

    Попатно..
    http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... S826PwLHdQ
    masterpiece.
     
    На marama, tweety26 и L-enna им се допаѓа ова.
  10. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Сдк почнав сериозно готово крај уште малку имам па за да не ус*рам :lol: паа wish me luck
    ..и знам дека дрвам за времево ама дааааааааааааааај бе малку ау ово оно ;( :D
     
  11. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    7.306
    Пол:
    Женски
    Добро сум.
    Физички..

    И прекрасни сте, сите.
    Ви благодарам за поддршката, толку ми е потребна.. зошто немам никој. И да речам милион пати извинете зошто ве загрижив, малку ќе биде.
    Жалам, искрено. Не сакав да бидам клон на наташа, не сакав ни да привлечам толкаво внимание. Пораките ги прочитав уште вчера, но не бев во состојба да вратам, всушност и ова едвај го пишувам..
    Ви благодарам.

    Пријатно до некои подобри денови..
    Или џа или бу..
     
    На teddygirl, Fearless, Strumfeta93 и 30 други им се допаѓа ова.
  12. Scar.Tissue

    Scar.Tissue Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.045
    Недела ко' недела. Обичен, сив, семеен ден.
    Мене малку наопаку ми тргна. Се разбудив ненаспана, со замор во очите, се туширав демек да се расонам. Не успеав. Се вратив, легнав, не заспав, станав.
    Немам мотивација за да седнам да научам. Се срамам од себе си кога се спремам за излегување.
    Знам да се нашминкам и дотерам, не знам да положам некој испит.
    Одсекогаш сум ги мразела таквите... А сега, јас станувам дел од нив.
    Добро е тоа што барем имам грижа на совест, но тоа не е доволно.
    Јас си ветив дека ќе успеам и ќе го исполнам тоа, затоа што имам амбиции, а тие се најважни во животот.
    Ќе го дадам максимумот од мене.
    Недела ко' недела. Обичен, сив, семеен ден.
    Некој се смее, некој тагува, некој слави роденден, некој име.
    На некого му е сеедно.
    Некој за прв пат води љубов, некој прв пат вдишува, некој издишува.
    Некој патува, некој доаѓа и некој си оди.
    Се е релативно, времето е денес, утре и вчера. А можеби и не е.
    Недела ко' недела. Обичен, сив, семеен ден.
     
    На DeMelo, MandyLane, Elennaa и 4 други им се допаѓа ова.
  13. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    И после се`.... најбитно е да сме живи и здрави. Сите.
    Другото е бонус :)
     
    На CrazyStupidLove, Shelea, bittersweet и 13 други им се допаѓа ова.
  14. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    Седната на обала, далеку од сите со лаптопот на нозе и од едната страна ханито а од другата несот ве читам вас феминки.Имајте убав ден позз од топлиот југ :)
     
  15. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.228
    Допаѓања:
    140.110
    Еднаш Ајнштајн рекол: кога си со убава девојка, еден час ти се чини како секунда. Кога седиш на жар, една секунда ти се чини како час. Тоа е релативност.
    Изгледа Ајнштајн не ги носел неговите деца по болници, па да види што е релативност. Што е минута, и колку трае една секунда.

    Чувството да го чекаш детето од операција, па колку сака нека е рутинска. Се маткаш по ходници. Отвораш книга, божем да ги заузда мислите колку- толку, ама безуспешно. Истата страна, истиот ред, го гледам, а не го читам. Погледнувам на часовникот, да видам дека поминале само 3 минути. Некако поминува и половнина час. Другите веќе ги вратија по половина час, па зошто не ја носат неа??? Минута по минута, секунда по секунда, уште цели десет минути низ ходници и низ соба. Станувам, седнувам, отворам книга, рипам и трчам кон ходник на секое ѕвонење на вратата, иако знам дека нема потреба да трчам, ќе ја донесат право тука, како и сите други.

    Ѕвони звончето, а болничарот ме здогледува и вика - мајка, ај дојдете во собата за будење. А до таму 300 мисли низ главата моја. Срцето престана да ми чука, ме облеа ладна пот додека стигнам. На чекор од собата морав да облечам и мантил и капа, уште 10 изгубени секунди!

    И конечно - таа, разбудена и мила, и многу посмирена во споредба со брат и минатата година. Кога ме виде уште повеќе се смири, и ги следеше моите совети како да и стане подобро. Неверојатно, се што и кажав послуша, за разлика од претходниот пат кога не можеа ни да ја однесат во сала, ни да ја донесат до соба. Ама мала беше тоа.

    Важно е дека се добро се сврши. Ама многу јако ја осетив релативноста на своја кожа. Пак.
     
    На bittersweet, mims-89, Strumfeta93 и 18 други им се допаѓа ова.
  16. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.148
    Кога плачев по тој што најсилно го љубев некои ми велеа еден ден твоите солзи ќе го стигнат ,други што е твое ќе си дојде а јас будалата им верував и го чекав тој ден но тој ден никогаш не дојде !!!!!Минуваа години но казна не го стигна затоа што ме остави скршена како да бев само кукла од стакло .Никој од толку многу личности кои ме повредија и ме доведоа до очајна состојба не ја плати цената освен самата јас ,ја платив со изгубени најубави години.Во најочајниот периодот од мојот живот навистина верував дека тоа што е мое ќе си дојде но денес НЕ .
    Еве ме сега повторно се враќам на истата позиција од пред неколку години,повторно гадно ме изиграа и повторно остана само прашањето ЗОШТО а одговор нема,нема ни збор за утеха едноставно нема ништо се се сруши во еден здив како кула од карти дури во моментов дека плачам и сонцето ми се потсмева .Мојата животна сложувалка не е целосна ,јас упорно зјапам во оние делови кои недостасуваат и покрај сите напори не успеав да ја скоцкам и да направам да биде целосна .
     
  17. lolita97

    lolita97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    37
    Лелеее сдк дека оддамна ви неам пишувано се некако со фејс сум преокупирана и неам време за ништо во последно време... Па сега се враќам во форма :lol:

    Животов полека но сигурно ми се распаѓа дел по дел... Незнам што ќе правам јас со себе!
    ЗОШТО толку многу му верував? ЗОШТО?
    За на крај пак он да ме за*бе?
    Офф Лолитоо ти не еднаш ти најмалку 5-6 пати се сопнуваш на еден ист камен |( :(
    Вчера коа ми ја кажаа таа вест мислев дека отидов 3 метра под земја. Одма очите ми се насолзија и почнав хистерично да плачам - моите другарки ме смируваа и ми викаа да престанам со него! Неможев да поверувам на своите уши кога го слушнав тоа... Па ај да беше вистина па да зборел - ајде де ама вака ем невистини ем зборел на сите!!! Односно незнам на кого да верувам додека не видам со свои очи што пишувале за мене... ДАЈ БОЖЕ се да се среди да се видиме, јас, он, другарка ми и дечкото на другарка ми - да ја разрешиме дилемава очи во очи!!!
    Значи он е крив за се, а на него сите му се криви што лаже и ред други работи! Уште го чувствувам истото за него.. Се е исто како пред 6 месеци... Шест месеци изгубени на тебе-ама незнам дали се каам за тоа! Мене ме мачи тоа што сеуште ми вика дека ме сака тоа многу ме боли. Он сирот се правда вчера, се правда толку сигурен во себе дека не го кажал тоа така - но незнам, незнам, незнам веќе што да мислам :( Другарка ми вика се ќе се среди - се ќе средиме ;) ДАЈ БОЖЕ што побрзо да бидне тоа! Фала богу што прееска малце се расположив. Излегов бидејќи пред тоа се слушнав со другарка ми и пак неможев да се воздржам и плачев, среќа што излегов иначе ќе бев цел ден депресивна- ама што ако кога пак го видов и пак исто |(

    И сватив дека премногу време сум била надвор од се - брз живот се ми поминало, а не сум го приметила.. Кога се ќе заврши сваќаш колку многу ти значело !! ;) Па така да користете си го паметно времето и ценете ги луѓето и работите што се до вас!!
    Поздрав до сите имајте убав ден!
     
  18. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Koнечно недела да се уморам од шетање а не од генералки по дома :lol:
     
  19. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Kе бидам добро,океј ми е...и ова ке помине.А сега со подигната глава ке чекорам напред :)
     
    На fallenangel, Divinebutterfly и Nightwalker им се допаѓа ова.
  20. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.065
    СДК ...
    [​IMG]

    По точно и по јасно од ова, здравје. Секогаш и секому му се случува ... доволно е само да си искрен, фер, не себичен и да се даваш себе не 100 доволно и 80 посто. Зошто секогаш ваквите луѓе остануваат на крај празни и изневерени на секој можен начин?? Одговор барам, одговор нема ... А за оние од другата страна не ни сакам да размислувам, тоа не се луѓе тоа се некакви клонови со извештачени емоции и без совест.
    До кога?!
     
    На Annie.mk1, Strumfeta93, baguf4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.