Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    СДК Убаво ви е се... и одеднаш ве фаќа некоја нервоза. Нервозата може да биде зашто завесата не е убаво наместена, зашто масата е малку криво ставена, зошто чукањето на рачниот часовник не се совпаѓа со ѕидниот, или пак слушате лаење на куче од таму некаде од соседниот град. Длаболко во вас постои некоја причина која ви ја прави сета нервоза, ама не сакате да ја забележите, па се занимавате со глупавиве ситници.
    Ова сум јас денес, баш си се опишав. ПМСот чука на врата, не му отворам, ама изгледа си влегол низ некој прозор и си се сместил веќе :lol: И се нафрлив и на храната ама ништо не ми се подогува, по еден залак од се и оставам...
    Сакам да е лето, да сум сама во некое станче, пред мене да имам чипси и пуканки и да пијам ладно пиво. А, да, и ладен спрајт да има покрај мене, и по можност лубеница во фрижидерот. Да пука жешко надвор, јас да имам затемнето се и да гледам некоја серија. Вратата од тераса отворена за да влегува воздух и да излегувам одвреме навреме да не го видам него :lol:
    Сакам да носам само едни кратки пантолчиња, лесни и удобни и една рамбовка. Сакам да вдишувам слобода и самостојност.
    Чудо е колку со еден пост можеш да си се испразниш и да се чувствуваш подобро. Јас не сум повеќе нервозна. :)
     
    На bittersweet, MandyLane, martinuska и 2 други им се допаѓа ова.
  2. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Сдк се вратив повторно во реалноста.
    Дефинитивно имав потреба од ова патување, барем за момент да избегам од овде. Да видам нешто поразлично, нешто поубаво, нешто..
    Цело време чувствував дека се наоѓам во некоја бајка или сон, кој несакам да престане. Кој сакав вечно да трае. Но се има крај. Велат убавите работи кратко траат. Така е.
    Таму не видов ништо убаво, таму јас видов преубави работи, прекраснотии! Убавото неможе да се опише се додека не се доживее.
    И така јас се уште сум под импресии, па кој знае кога ќе се соземам.
    :hai:

    http://www.youtube.com/watch?v=bhzJO34SCoc
     
    На bittersweet, mims-89, Strumfeta93 и 4 други им се допаѓа ова.
  3. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Колку е убаво времево, само за надвор е...

    Ах, со тоа учењето :devil: Денес недела, ден за шетање, ден за релаксација, за надвор, а не за книга !

    Кога ќе завршат работните саботни денови ?

    Надвор сеуште има сонце на чистото сино - светли небо, се слуша црцорењето на птиците, тревата во паркот пред зградата штотуку разеленила... А јас си седам на Фемина да одморам од учење малку. Се ближи екскурзија а по неа нема шанси да се поправаат за учење. Треба 2 оценки да поправам , а богами страв ми е да не ја расипав историја на тестот. Леле мајко, страв ми е !
    Кој ќе поправа после 3 четворки. Кога ? Нема време повеќе.
    Си мислам требаше да и речам на проф. по математика да си ја поправам оценката веднаш по Велигден, ама фама се крена со таа инспекцијата и ај реков да не ја замарам бидејќи ќе ми рече ти не треба да поправаш :angel: Неделава инспекција, наредната ќе правиме тест изгледа и ај белки петка ќе е тој тест, па нема потреба да поправам :)

    И така си се распишав за оценките и се потсетив на времето пред околу 3 години кога немаше ни фејсбук ни слични досадни работи кои не дека многу ти се допаѓаат туку сакаш нејќеш ќе ти одвлечат барем саат време од денот... А не е поубаво да се излезе на ваков убав ден надвор , а?
    На вакво убаво време си бев излезена надвор со другарките. Си седевме во паркот , си зборувавме што ќе правиме летото, кој каде ќе оди, каде ќе се оди на екскурзија... Мобилните пуштени со убави тивки песни и убав муабет. Има ли нешто подобро од тоа ? Ах бе, скрос се променија сите ? Се јавувам кај едната, се јавувам кај другата, пишам на чат на третата НЕ МОЖЕЛЕ ! Ах, затоа постоело разлика од другар до другар. На најдобрата другарка не можам да ја викнам, бев денес кај неа и не е расположена ич ! Уште јас и фалам ! Се изменија луѓево денес, само фејсбукот да не го укинат, аман , што ќе прават кутрите тие :fubar:
     
  4. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Тато е најдобар татко..
    ,а јас сум татина маза.
    :hug:
     
    На Chocoholic и Alesii им се допаѓа ова.
  5. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    СДК луѓе мене страв ме фаќа,ова не е на арно! :x Се надевам да не дојде до тоа,ама мене вистина страв ми е. Мислам дека разбирате...

    Седнувам да учам пошто крајот нема да можам да си го најдам... :worried:
     
  6. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Хух,еве сега си пишувам со другарка ми,ми кажува што и се случувало вчера.Ми вика леткам,леткам од возбуда.
    Она летка,јас паѓам.
    Ми рече немала мотивација сега да учи,
    Она нема мотивација за учење,јас уште малце за дишење.

    Господе,дефинитивно си го згрешил моментот за ова.Мислам дека доволно ми е тоа што следува,доволно ме турка надоле,не ми требаше и ова другово да ме бутне уште толку.
     
    На Alesii му/ѝ се допаѓа ова.
  7. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Често ми велат: Добро, како не ти е досадно цела недела на планина? Без интернет, и само со МТВ 1 програма? Цела недела помината во осамена викендичка сред шума, додека на километри од нас нема жива душа.
    А колку брзо ми поминаа овие 6 дена! И колку не сакав да им дојде крајот за да се вратам дома!
    Одморив од светот и од обврските. Ги наполнив батериите, па од утре повторно одново почнуваме.

    Изминатиов период не бев тука со мислите, бев нестабилна и исплашена. Несигурна и со недостиг на самодоверба. Паднав во некоја депресија и апатија. И еве ме сега - сосема променета.
    Деновиве се губев низ планината со апаратот во раце. Часовите ми поминуваа како минути и додека да трепнам - беше време да се приберам. Во мојата колекција на фотографии, место најдоа уште две пеперутки.
    И еден мачор :wasntme:
    Што го најдовме изгубен во планината, па го засолнавме и го нахранивме. Заради него ги засакав мачките. Денес го донесовме од планина и му најдовме топол дом.
    Го крстивме Марко

    И официјално - станав љубител на мачките!
    Да не чував кутре (кое станува љубоморно од самата миризба на мачка на мојот дуксер), ќе го земев дома да си го чувам. Ми беше тешко да се разделам од него :worried:
     

    Прикачени фајлови:

    • 1.png
      1.png
      Големина на фајлот:
      1,3 MB
      Прегледи:
      211
    На eli25, sweet-cherry, Theodora и 28 други им се допаѓа ова.
  8. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    Sakam da kazam ..ama neznam da recam :rofl: ;)
     
    На Glossy-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Колку се преценуваат некои луѓе, неможе да е вистина. :fubar:
    Јас, јас и пак јас! Или ќе биде по мое или по ничие. Само јас постојам и никој друг. Каква малоумност. Неможам да си објаснам.
    Чекај, застани малку. Слушни и туѓо мислење, научи да водиш смирен разговор, и барем еднаш не се издигнувај толку, ако вредиш навистина другите ќе го знаат тоа, нема потреба од толку празни зборови.

    Ете така.
    И да не биде постов само мрчење и ништо друго, сакам да кажам дека убаво си го поминав денов. Сонцето sирна, и веднаш се расположив. Сонце си е сонце, никого не остава рамнодушен. :sun: Го сакам и ме радува.
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Ко да ми се пие..сама на шанк,а во позадина само евргрини и странци.Што од мака..што од убавина,да се опијам.Кај сите..доаѓаат денови,глупави од напред..и од назад.Се смеам на сопственава беда,мисливе разлетани..една со друга немаат врска и шанса за спој.Но..проблемите ќе се решат,на крај ќе ми останат спомени..Плус поентата е во беда,да имаш нешто цврсто..за да се држиш.Сам Господар на судбината..ама не е живот,ако го минеш сам.Поседувам место каде што бури не доаѓаат..или си одат,од љубов.
    А тој спремен за авантури..и трпелив за моите празни муабети,кратки дестинации..по далеку од градската џунгла.На саат два,ама бевме :) Ко филм е..и не,не сакам да пројде.Зошто можеме и повеќе..многу.
    Денот не драстично,ама доби друга димензија,општо и пропаднатата седмица зад мене.Па..ај,ваљда ќе биде сонце утре.Во понеделник.За блиц диета..
    Мир
     
    На Strumfeta93, Magnolija и danniela5 им се допаѓа ова.
  11. Barbie-mwa

    Barbie-mwa Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    Конечно после толку многу време сонце, а јас немав ни минутка време да му се порадувам. Ах, таа математика ми ги скина нервите до крај. Само ако не ми притреба за натаму плоштина на потсечена пирамида, коси ќе си скубам. :devil:
     
  12. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    ... како да им појасниш на луѓето дека понекогаш уживам повеќе дома отколку надвор?
    Дека кога вадам 200 ден. од џебот за шопска салата, срцето просто ми се крши?
    Дека овој главен град кој би требало по сите прописи и правила да биде центар на сите забавно-културолошки збиднувања е само - уролошки центар?
    Дека е тап, блед, млитав и досаден, слично како и луѓето кои тресат муда низ него?

    И ете, без грам грижа на совест изјавувам дека - уживам дома.
    И правам подобра шопска од сите кафани и фенси ресторани.
     
    На pink4ever, Annath, eli25 и 26 други им се допаѓа ова.
  13. Monroe

    Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    431
    Допаѓања:
    416
    Празноглавите НАЈБРГУ испливуваат на површината!
     
  14. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    уес ју кен
     

    Прикачени фајлови:

  15. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    Трети пат коментирам за денес...знам досадна сум |( Ама морам да се пофалам..имам нов аватар..
    НА НА НА...хахахахахахахахахахахахахахахахахахааха
     
    На Pelikuna му/ѝ се допаѓа ова.
  16. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    ја би попрво да прашам не да кажам

    Кај можам да си купам : Мир, психички одмор и љубов ??

    Цена најмалку ме занима.

    Фала однапред .
     
    На Madonna, Libera и lola-86 им се допаѓа ова.
  17. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Што убав викенд, па дури ова е ПМС викенд а сепак е убав, а јас сум среќна :wasntme:
    Кафенца, прошетки, мнооогу прошетки, чист воздух, седење во полиња со цвеќенца, смеење, јадење марула и тоа домашна бре најубава е, скаричка, винце, прекраснотии.
    Водно сваќам ни е шемата, не сум знаела бре. Човек во тренерки на водно? Пу пу не дај боже. Тоа жичарницата ти е ко тарасата на Тренд. Штиклишта, фустани, сукњи, пеглани коси, црвен кармин ... ах бре неисживеан народ. Почнува човек во спортска облека да се чуствува како изрод на Водно, додуше јас ја хејтам жичарницата, пролетен убав ден штета е да седнеш |( абре шетање у природа, малце газовиве да ги растресам.
     
    На eli25, JuLleE, MandyLane и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Секој пат вртиш нов лист, чкртајќи го стариот лист, со надеж дека новиот лист ќе биде подобар.
    Tака и во животот...
    А, дали ќе биде подобар?
    И, така вртиш и вртиш додека не ти се допадне напишаното.
    Така е тоа, сме направиле многу работи, ако не ни се допаднат, си викаме "Океј, следниот пат ќе биде подобро", следниот пат е малку подобро, следниот уште повеќе, се додека не го најдеме онај вистинскиот начин, додека не ја направиме вистинската работа до крај, се обидуваме и "вртиме лист".
    А, дали нешто сме научиле од таквите ситуации, од грешките...
    Чисто се сомневам...

    Ама што било- поминало, и што ќе биде ќе помине,животот си тече, мене нема да ме чека, не размислувам за минатото... само гордо и исправено одам напред...
     
  19. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски
    А што сте запнале толку во девојките не ми е јасно |( Ако нив не им било срам да се појават такви нема што тука
     
  20. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Ете аш нема слика. Убави најубави манекенки си имаме. Само пофалби, од пофалби ќе живееме!
    Сало меше целулитче македонско девојче. Убави на мајка.
    Дебелината е во мода, коските не!
    Абе ај...
     
    На thelittle17 и mims-89 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.