Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. glow

    glow Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    3.023
    Допаѓања:
    1.264
    Американски форум: Поставуваш прашање, потоа ти одговараат,
    Израелски форум: Поставуваш прашање, потоа тебе ти поставуваат прашање.
    Македонски форум: Поставуваш прашање, потоа долго се дискутира за тоа колку си глуп.

    Шо јес, јес! :!: :D
     
    На x.Daisy.x, Mrs.Cuper, ines.h и 23 други им се допаѓа ова.
  2. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сдк човек велат од крв и месо а чувствата каде ги забораваат ?

    Топлиов чај што го пијам да ми го смири стомакот помага, но за мисливе не измислиле чај.
    Ги замрсувам и одмрсувам, да го видам крајот или почетокот само да знам од каде доваѓаат или кон што ме водат. Моментално сакам да имам храброст !

    Храброст да поталкам низ самата себе и да ги вриснам на цел глас емоцииве.
    Ме боли тој договор да се немаме на фб, не дека премногу ми значи фб. но криво ми е, што ептен се одалечивме. Се мачам себе си-психички, отварам од на сестра ми профилот да ѕирнам, како мало детенце под капачето со слатки да ги виде само иако не смее да ги вкуси.
    Гледам фотографии, ми талка погледот во неговиот пробувам да сфатам дали е среќен, дали овие година дена од како ништо не е в ред помеѓу нас, дали кај него е вред.
    Дали понекогаш во ноќта пред да заспие размислува на некои наши мигови.
    Пред спиење се покривам преку глава и со отворени очи сакам да ја вкусам темницата под ќебенцето, и се присетувам на некои убави мигови среќни што со него што ми ги овозможил. Душа човек.
    Само јас вакви-никакво не знаев да ценам.
    Отворам очи гледам темница пред мене и ја чувствувам топлината од кебенцето, се трудам да се вратам во тие мигови на среќа да ги почувствувам неговите дланки околу мене.
    Неговата голема, цврста прегратка каде што се чувствував сигурна, заштитена и малечка како детенце во прегратки. Ми фали тоа чувство на топлина.
    Ниту топлиот чај не е толку топол како тие прегратки, топлина за душата.

    Мигови.
    Бев згрешила, тој ми прости со топол разговор ме сфати и не ме обвини. По сето тоа нежен, неочекуван бакнеж. Тие скалила никогаш нема да ги заборавам, јас три скалила качена погоре тој на првото и пак повисок, се смеевме. Не ми помагаа ниту потпетици, не ми беше гајле.
    "Морам да одам 10 за 00:00 е :| "
    "Баш мораш? нејкам да одеш баш убаво ни е, остани. :wasntme: дај наполни 18 да биде полесно :P ај не оди си "

    И сега, си ги имам 18 уште малку 19 а ги немам ниту тие 10 минути до 00:00 со него.
    Сега имам само фотографии скришум симнати, празни погледи, непоздравени денови, будење во ноќта со надеж дека на екранот ќе се појави неговото име, очекувања и немања.


    Нека работи судбинава, нека не не става во ќош.
    Да се плеткаме во сопствените мисли како во пајажина.

    Да живееме , да љубиме ... па што сме ние без љубовта, едни без други не сме луѓе ние луѓето без она на Љ. во нас.

    Ги пуштив мисливе барем малку овде, да ми олесне без срам од оние феминки со кои си се имаме на фб. им верувам, ме знаат ги знам доволно ми е што некој што ме познава може да нурне во мисливе.
    А јас ќе нуракам во чајчево и ќе се топлам со Тоше.
    Па на спиење, утре испит, неуспеси, успеси, луѓе, средби.....НАДЕЖИ.
    http://www.youtube.com/watch?v=MyYZb8FV82o
     
    На blond, starfish, Anna-Banana и 2 други им се допаѓа ова.
  3. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.357
    Допаѓања:
    286.458
    Гледам, слушам...

    Но не можам да ја сватам потребата на една возрасна особа да се изразува на начин на кој најчесто се опишани фиктивните ликови во бајките кои сме ги читале како деца пред заспивање.

    Зарем нивниот живот е толку розов, зарем кај нив вечно сонце сјае, зарем кај нив љубов вечно цвета?

    НЕ бре, препаѓаат само.

    Туку себеси се убедуваат да се уверат или мене. Не слушнале ли за Who cares?

    Мразам лигавење, мразам срцепарателни зборови за козата на Петко, мразам душегрижност за озонската дупка.

    Част би ју, повеќе ќе те почитувам.

    И да, новото ИН е да си АУТ

    Бунтовници колку сакаш, несватените уникати на денешнината кои се двојат од толпата оти се спешл |(
     
    На Noemi, julie77 и blond им се допаѓа ова.
  4. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    3.742
    Ах, повторно она чувство што не те остава ниту слободно да дишеш!
    Многу ме нервираат луѓе кои многу брзо забораваат што се' имаш направено за нив. Тоа се истите оние луѓе кои секогаш кога им било тешко сум трчала да им помогнам, без разлика дали тоа било во некое незгодно време, дали било утро или мрак, без разлика дали поради тоа ќе морам да се испокрам со сите дома, НАЈВАЖНО е дека СЕКОГАШ сум била таму да ги ислушам, да ги прегрнам, да им дадам совет и доколку сум во можност да им помогнам! Тоа се истите тие личности кои никаде ги нема, додека јас се гушам во солзи и си удирам шамари што ни во вакви ситуации не можам да се сменам и да бидам ладна кога нив ќе им затреба нешто.
    И да, признавам сега сум сама, оставена сама на себе oд сите што претходно ми глумеа пријатели. Сега сме само јас и Тој. Во Него пронаоѓам се што некогаш имав, а сега веќе не - пријател, партнер, потпора, рамо за плачење.. Се во едно, толку големо и значајно за мене. Признавам дека тој ми е се и не би посакала со никого да го заменам, но потребен ми е пријател, некој што нема да биде тој.. Многу глупаво се чувствувам што неговиот прекрасен ден мора да заврши со мои лични проблеми и што ќе му го направам да му биде еден од полошите.
    Јас имам до некаде среќа во љубовта, среќна сум што го имам него, ама другото наоколу ништо не е добро. Чувствувам дека се ми се руши, а јас не сум доволно силна да го издржам тој товар на мојот грб. Сите очекуваат нешто големо од мене, сите очекуваат јас се да завршам, па колку и да се трудам на крајот ништо не чини. Домашните проблеми ме гушат и фрлаат на земја уште повеќе.
    Ох, дали некогаш ќе дојде крајот? Ги лажам сите наоколу дека сум среќна, а всушност тонам во себе. На сите им велам дека ќе биде подобро утре, а и сама сум свесна дека нема, нема баш утре.. Барам надеж, грабам среќа, но залудно...

    Простете ми сите што сум ваква периодов, ако воопшто можам да го наречам период или сепак животов ми е таков.. Но, секогаш може да биде полошо, а може и да биде подобро. Никој не знае што следува, дури ни јас.. Што биде нека биде..
    Веќе не се познавам. Добра ноќ!*
     
    На blond, Adi888, Divinebutterfly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Нема поубаво чувство од она дека некому можеш да помогнеш па макар и со муабет ! Посебно кога тој некој гледал на секој можен начин да те извлече од го*на,и не себично давал,давал поддршка да се опоравиш ! Него полошата варијанта е тоа да нема кому да се искажеш,да мораш да плачеш со главата во перница и да си правиш муабет со креветот.
    Вредат пријателите,нека се малку но нека останат дел од мене :)
     
    На Libera, blond, Divinebutterfly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Па денес сум расположена малце романтично :) И онака главава ми е полна со што ли не...Бебиња,деца,родилки,болести,тој,моите,сестра ми,другарките,работите на факс,што ли уште не...малце пауза :)

    Кој е за Love songs on Antenna 5? Која друга е така расположена? :)
     
    На blond, lovely91, LilBaby и 2 други им се допаѓа ова.
  7. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Cдк дека не можам да сфатам, како е можно толку напорни луѓе да има :D Aма искрено, боже, скраја да е, фала богу такви немам во близина.
    :D :D
    дивајн и јас и јас, ама ако се успијам утре, тебе ќе те кривам :P
     
    На blond, Divinebutterfly, Ann.94 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    Денес поминав кај ширинката со крлешките и стадионот, кај што си играв ко малечка, тој пат го правам секој ден, но ниеднаш не ми текнало да застанам и да видам што има изменето.
    Срцето ми чукаше ептен брзо, и ми се вртеа во главата оние моменти, кога бевме собрани цела мала деца и игравме фудбал машки женски, незаборавно.
    Солза истече, сеуште се чудам зошто, но малку ми недостига то време.
    И Сега си играа дечиња но не беше истото, никогаш нема да го заборавам, памтам како се да беше вчера, таква дружба нема да има пак, сега се сите по фејсбуци интернети и сл.
    Дефинитвно ништо нема да ги замени тие преубо поминати времиња.
    Понекогаш многу ме фаќа носталгија, колку бев само безгрижна, знам мајка ми ко ќе викаше да сјодиме дома се криевме само за да не бегаме, немавме вакви проблеми дали си финансики обезбеден да пиеш кафе, да си купиш нешто, го земавме сендвичот в рака и правец надвор.
    Багабонтка бев со сите машки се дружев, шо праеа тие то праев и јас. :D
    Како и да е, Утре 2-ра средба Со Дивајн, кој сака можи да ни се придружи :)

    Имајте убава вечер. :hug:
     
    На blond и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  9. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Да,се согласувам со Ади :D Е да,баш ми е мило што ќе се видиме,да можев уште со многу од вас би се видела :)

    А Лудо важи,викај по мене утре :D Ама ова ми е неделната доза релаксација :D Искористете ги така и вие :)
     
    На ludoto19 и Adi888 им се допаѓа ова.
  10. ViktorijaMari

    ViktorijaMari Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    159
    мее гуши од внатре еден немир, имам тежина една огромна, се чуствувам како во нешто затворена, заглавена и како да ми нема излез...и не сум паметна, незнам како да постапам, што и да направам ќе биде погрешно, неможам да дишам, животот ми пропаѓа пред моите очи, а јас неможам да направам ништо...никогаш,никогаш не ми било толку тешко и само сакам да заврши еднаш засекогаш...
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ViktorijaMari

    ViktorijaMari Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    159
    мее гуши од внатре еден немир, имам тежина една огромна, се чуствувам како во нешто затворена, заглавена и како да ми нема излез...и не сум паметна, незнам како да постапам, што и да направам ќе биде погрешно, неможам да дишам, животот ми пропаѓа пред моите очи, а јас неможам да направам ништо...никогаш,никогаш не ми било толку тешко и само сакам да заврши еднаш засекогаш...
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Iki.Olsen

    Iki.Olsen Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    115
    СДК Дека во Среда имам премиера со Чорбаџи Теодос и сум премногу среќна
    :inlove: Конечно повторно на сцена
     
    На mims-89, blond и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.270
    Допаѓања:
    157.727
    Што е поента,а што суштина?! Глупави и чести прашања за површни црпки, но и не е така едноставно да му се потсмееш незрело на нештото,особено кога ќе ти ја плесне една,ама баш по нос.
    Не знаеш колку си среќен до моментот кога ќе ти рече,заради тебе станав подобар човек и тука некаде ја покажува сета доблесност и ширина на срцето. За некого будала,за некого наивец,за мене човек, огромен. Нема гордост,нема страв,а нема ни осуда и подсмешливост. Се спознаваш себе си низ туѓи очи и харизма. Личност со интегритет и самодоверба,доволно голема за да ти го пресече патот за да ти покаже што си низ она кое што ти си му нему и зошто си му.
    Луѓето катадневно минуваат во кажување лаги,пцости, гадости, но во името на духовитоста и забавноста се поминува како дневен печат и е лесно сварливо четиво за просечни умови. Но тоа некако не поминува ок кога почнува од одредени луѓе. Прееска спиев и слушав вести, ми текна нешто брилијатно во врска со нашите пратеници и заборавив.... Зошто најфантастичните нешта ми доаѓаат во полусон,а потоа не се сеќавам?! :^)
    Убавината на денот е кога се движи спротивно од домот на сонцето, имаш една прекрасна перспектива која изгледа пердушесто,розево и меко, но доволно грубо за да има нијанси и на модро сино,тамам за да заврне и ти ја натопи надежта и тука некаде го добиваш повторно својот прајм тајм,додека се наслонуваш на седиштето, со мек допир ти ја тргнува косата и ти вели- со тебе започнав да сакам работи за кои не ни бев свесен дека можам,ма не ги ни забележував. Зајдисонцата се навистина убав дел од денот. Мирисаш свежо,те замислувам во бело,на моето балконче кое гледа кон Водно, како ти подавам кафе,а ти замижано ми велиш благодарам и си тонеш во мислите.
    Не знам каде одат луѓето кои имаат избегано од сите,а најмногу пак од себе. Луѓето кои се отуѓени и се класифицираат како практичари. Да,јас сум практичар исто така,кој умее со зборови да се изрази за да некој ја почувствува мојата вистинска намера,афекција и потреба. Полудување се идиотштините од типот, дела,а не зборови... Извини мистер,јас сум суштество кое е бура самото по себе,често носам латици од црешов цвет,виножита и еднорози,како год,ама и ќе те утепам во некоја моја олуја и немирен дух. Мразам кога ме боиш во клод и ме жигосуваш ко на сточен пазар. Факултет,чек, познавање на јазици, чек, цицки,чек, гз,чек, изглед, задоволителен,чек, сега можам да сум дибек и да се трудам да ја угнетам. И тропна на погрешна врата... Ама да знаете,со стандард за квалитет сум,немајте гајле,само по оцената на комисијата,сум тешко достапен производ(да де, пошо ваљда очекувањата беа дека ќе бидам теле обесено на чивило). Никако да го убедам дека таквите се со поголема вредност. Не као на дијамант,ама нешто повише да :D .Се шегувам! Будала бе!
    Не дека беше сјајно, но беше прекрасно,а истовремено од другава страна ме повредува што се чувствувам како...ајде да бидам поблага,па да речам како предмет во продавница за сувенири. Јас знам каде стојам, но боли што некој мисли дека неговиот збор и избор се исправни. Како шнола на машка машна или брош,детал... Не те вага на вагата на вредностите,а мојата грижа беше оценета како апсолутна глупавост...О,да?! Фала многу,чао,пријатно,мислам дека доволно ти ги бирав причините зошто си ти апсолутна нула,нечовек и губитник,небитник,кукавица. Само затоа што за него емоцијата е говор на слабост... Ми смачи од чорбаџиско однесување и ампутирани емоции. Ми смачи од хирови, од неутврдени околности, од исрпужување на нозе повеќе од должината на чергичето, од преценувања... Ми смачи од неблагодарности, а уште поголеми очекувања, од бизарности, од инсистирања на незаслужени нешта... Ете така...грозно. Сите ние сме добри,особено кога зборуваме со други за лошотијата на другите луѓе... А како партикуларни случаи, луѓето се ужасни и бедни. Но некако, од сите лоши човечки карактеристики, вметнувам уште една која е невообичаена- крутоста. Крутост кон промени, крутост на чувства, разбирање на потребите на другите, секогаш инстант,секогаш сега и одма и нетолеранција,а пак за себичност да не разговарам,лакомост ич па...
    Оној кој не умее да ми биде пријател, не може да ми биде партнер

    И повторно, тој искрено рече, да не беше таа,јас не знам каде ќе бев...не е мојот триумф,туку моја љубов... Зошто е прекрасен и обоен со светлина... Никогаш не ќе дознаеш каков си вистински ако не ти го кажат оние за кои би си дал дел од себе,посекако не и животот, но пожртвувано и жестоко би се изборил за да пливаат на површината заедно со тебе.

    Ми недостига мјаукањето на мачето... Со мака му го истурив млекцето кое го остави... Ете ... така... Дури и му простив што ме измоча вчера... :D Нејаснотии во еден јасен ден. А стварно беше јасен,знаев кај ме води,знаев што носи,ама ...
    Не можам да бидам поблагодарна на прекрасните пријатели и достапноста на раце кои ме креваат секогаш кога ми се подслошува од лоша енергија и идиотштини. Не можам да бидам поблагодарна за една прегратка која секогаш топло ме дочекува и на која топло и возвраќам и неизмерно многу ја љубам... Благодарна и на оние кои ме создадоа ко дете на љубовта, со првите зелени чорапи. Не се совршени родители, но се трудеа доволно и се уште не се откажуваат или бар до првото внуче,шо знам...
     
    На Peperutce1115, Strumfeta93, LivingGlam и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.808
    СДК1 -Љубовта е чудесна! :inlove: Не разубавува, не подмладува, не смее, не дига на нозе, го извлекува најдоброто од нас, не лекува, не дели од земјата носејќи не кон облаците, не величи! Да, не величи. Мислам дека не секој знае и може да сака. Онака вистински... Среќни се оние што можат, што сакаат... (т.е. среќни сме ние!) :) Си го сакам дечко ми, многу сум вљубена. :inlove: Да не ме сфатите погрешно, за брак сега за сега воопшто и не размислувам. Ама имам огромна желба да легнам навечер со него и да се разбудам до него. Еднаш, само еднаш! :doh: Двајцата сакаме, се надевам конечно ќе си го исполниме тоа. Убав ми е денот и без него, ама со него ми е совршен. Горда сум што сакам- и горда сум што сум сакана. :inlove: Уффф, ова лигавење не личи на мене :$ убиќе ме романтика. Доста беше

    СДК2 -Не ми се случи ништо посебно денес, значи секојдневие, ама многу убаво се чувствувам, среќно, моќно... Не можам да опишам :?: Си имам нови фармерки- розеви се и ново болеро- бело! Ноктите си ги направив во три хоризонтални линии, црно-сиво-црвено. Се запрашав чие ли знаме беше ова- зошто на тоа личат, и на крај заклучив дека не е ничие! -Епа супер, тогаш од денес си е мое! :rock:
    Многу им се радувам на ноктите, мерак ми е, дали дека од мала ги грицкам, па сега вака пуштени интересни ми се (се додека не си бркнам во око и си го изгребам, не сум навикнала на нив...) Постојано нешто им правам, денес виолетови, задутре зелени... мислам дека мајка ми ќе почне да ја дава платата само за ацетони и лакови. :wasntme:

    Ете така, сите ве поздравувам :hai:
     
    На LivingGlam, blond, Serafima и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Во петокот излегов со мајка ми. Бевме на театар и гледавме една од подобрите претстави воопшто. На враќање грицкавме сончоглед и пиевме лимонада. Ми се допаѓа тоа што имам ваков, другарски однос со мајка ми.

    Во саботата спиев до доцна. Ги обожавам деновите кога спијам без аларм, а богами во последно време се вистинска реткост. Вечерта отидов кај една другарка и правевме планови за 1ви мај. Се вратив дома и ги изгледав сите три филмови од Филмскиот Маратон на Сител :lol:

    Во неделата станав нешто порано, појадов и и помогнав на мајка ми со ручекот. Потоа бев кај баба ми и убаво си помуабетивме. Вечерта се бањав, пишував домашно и се потрудив порано да легнам (не ми успеа баш :|).

    Се на се, поминав одличен викенд. Се одморив и од денес со нови сили започнав уште една работна недела. Не излегов во дискотека, не се вратив пијана, не ставив "grda sum na slikava ama ja staviv oti imav najdobar provod so srckiteee" слики за кои утредента ќе жалам.
    Вредностите се многу изместени деновиве. Не сум кул затоа што ме нема на кадевечер и со тоа не се слевам во хомогената маса? Во тој случај имам само едно да кажам: You laugh because I'm different, I laugh because you're all the same.
     
    На Cynthia, sweet-cherry, Strumfeta93 и 12 други им се допаѓа ова.
  16. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Ноќеска го сонував најубавиот сон. Зајаче и шатче како се гушкаат. Никогаш досега не сум сонувала нешто толку убаво. :rofl:
    Сонував и друга работа, јас мајка ми и татко ми лебдиме во некоја капсула.

    Не го видов типот у книжара - не беше на смена.
    Си купив парацетамол - не го испив.
    Немаше убави лимони у пиљарата.
    Вчера го преспав цел ден.

    Има огромна промена која ме обзема, треба да се прилагодам на истите...
    редно е и другите да се прилагодат на мене..

    ..патем, овие соништава многу ме просветлуваат понекогаш. Како овие од изминатава ноќ. :)

    Имајте убав ден. Јас да се нурнам во својот мрчотилук...и да хејтам се живо и диво. :wasntme:


    А да, и јас немам различности, ниту се праам посебна од другите.. него, си кажувам што ми лежи на душа. На моменти уствари мислам дека луѓево на светов еден со еден воопшто не се познаваат.

    И сфаќам уствари дека ич не ми е денот. Кршоисдјфслкд
     
    На blond и CharmedGirl им се допаѓа ова.
  17. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Можда е најрано на свет ама и најдоцна.

    Се прибирам ко во некој филм, дур надвор уште е сепиа накај џиш розево и портокалово. Кога сме кај портокалите - знам дека во некој од идните овошни животи, ќе сум била портокал. Мило, округло, напати киселкасто, ама слатко и полно витамини. Портокалада и шарада!
    Обоени улици. Смеа низ очи и вируси што косат. Меки погледи и разговори за иднината.
    Во викендичката најдов четирилисна детелина. Ко тинејџерка ја спакував во новчаник, веднаш до неговата слика. И се прерадував. Кога ме гушкаше на бунарот, ме загледа во очи. Сите ѕвезди ги изброив!

    А вчера ми кажа.
    Си сакал да ми го поставиш прашањето.
    Сигурно ќе кажев да.
    Големо Да.

    И се фасцинирам, уште. Ме греат твоите вчерашни бакнежи и големиот сад со овошен сладолед и цимет. Украдените мигови пред да сфатиме дека сме симнале погрешен филм, и дека наместо љубовен пар и светулки, почнуваат јапонски борби со самураи и вештачки диносаури.
    Нема, нема поубаво чувство од она на припадност.
    На своето, на моето.
    На нашето.
     
    На TheCandy880, Strumfeta93, la-chicka и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Добар јутар :bow:

    Се мислев сабајлечки, поточно ја мислев внука ми.

    Ја однесов у парк, на шетња, пред некој ден, на рингишпил кој не работи и на вовче кое не го пуштаа (браво за мене, баш го избрав денот), и после љуљашките, седнавме на клупа на раат да си ги изедеме пирошките. И туку гледам нешто има бело на косата. И велам, ела до чешма, да те измијам, те покакало некое врапче.
    Ми направи скиселена фаца и истовремено почна заразно да се гази од смеење.
    - Ијуууу ме покакало?
    И викам јас миејќи и го праменот косиче и кикотејќи се со неа заедно
    - Е ако де, знаеш дека тоа значи среќа.
    - Како тоа среќа?
    - Па така се вели ако те покака птица, ќе бидеш среќна.
    И туку ми се трга од под раце, ме загледува, прекинува да се смее и сосема сериозно ми вика
    - Па не ми ги миј гомцата, ќе ми отиде среќата, а јас сакам да сум среќна.

    :D

    Прво се изнасмеав и после ми светна. Некогаш мора да ги истрпиш гомцата за да стигнеш до среќата. Врло битно што ги има и ќе ги има. Нека ги има. После нив ќе биде поубаво.

    Детски мудроштини бреј! Многу ги сакам :)
     
    На Sanniii, BeYourself, la-chicka и 9 други им се допаѓа ова.
  19. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дека треба да се усвои ученичкиот предлог секогаш кога професорот ќе задоцни на час, макар и три секунди да му се одзема од плата и да не го пуштаат да присуствува на тој час, а учениците да седат сами во училница.
    Неправда голема има! :devil:
     
    На blond и Rozich им се допаѓа ова.
  20. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.573
    Пол:
    Женски
    Oдамна не сум се разбудила вака,дури и децата со своите глупости не успеаја да ме извадат од кожа...дури и ги испратив на училиште со смеење...убаво ми е....
    ...се натерав себе да и испратам порака,добив известување дека ја примила ,но дали ќе возврати :?: ,
    можеби е време некои работи да останат во минатото,и погрешив многу на времето, но не беше намерно.Mоето неискуство и наивност беа повеќе одговорни за тоа,се каам многу,би сакала да ми прости...да ми пружи уште една шанса ...
    ...гулабиве повторно на мојава тераса водат љубов...колку се само мили...
    ..и на крај да споделам со вас еден рецепт за убавина
    *за атрактивни усни-говорете љубезно
    *за прекрасни очи-видете го она што е добро во луѓето
    *за добра линија-делете ја храната со гладните луѓе
    *за убава коса -дозолете им на децата барем еднаш дневно да ги провлечат прстињата низ неа
    *за добро држење-одете со знаење дека никогаш не сте сами
    ви посакувам убав ден! :f: :sun:
     
    На La.Reina.Del.Sur, blond и Serafima им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.