Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. lovelife

    lovelife Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.722
    Чувај боже заебан баксуз сум
    [​IMG]

    e oва значи...е не ми се верува...што и да барам да купам...НЕМА БРЕ КО ВО ЗЕМЈА ДА ПРОПАДНАЛО СВЕ..кога ќе купам нешто било што...наеднаш све искача МАГИЧНО од земја и зима и ми го кине срцето затоа што не го имало претходно коа сум барала...ЧЕ СЕ УБИЈУ бре :(

    Why me God..why? :devil:
     
  2. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Пеп е ќелав,ама многу згоден мажјак.
    Фудбалов што нема шмек,нема..ептен надуено,на сила е/хипстер
    И еј..боли што чепкаме во минатото,особено кога не сака да биде возвратено од глумење лудило.
    Боли..не од нешто,туку така ради гордост.
    1000 зошто,ни едно затоа..зошто овој свет е наопаку.
    Ајт..
     
    На MacaLove, TeddyGrey и Libera им се допаѓа ова.
  3. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    СДК денес си се сретнав со едно многу весело чупенце шо цело време е зафатено и како џивџанче само брза негде :D Со Ади,да :D :hug: :* Срцка таа моја,баш ми е мило што се видовме :) Важно најдовме време и се видовме,си пиевме убаво нескафе и не можевме да стигниме да се изнаправиме муабет за се :D Ама нареден пат повеќе.

    Јас,си се спремам по малце,си читам и треба психички да се спремам за уште една тортура...Ама ајде,ќе помини се уште малце :) Be strong! Овој живот од нас очекува да сме силни и спремни на се,иначе не би преживеале.Не сме ние разгалени ко другите нации :D Понекогаш сум пеперутка,ама понекогаш треба да сум како орел,да гледаш се,да внимаваш на секој чекор,иначе ќе ти избега пленот т.е. она што си планирал.Сите се трудиме.Се надевам да се исплати сето тоа и да имаме ако ништо друго барем мирен живот.
    Тоа е.Се надеваме на подобро сите. :)
    Ви посакувам убава вечер :)
     
    На Libera, Miss.Ricci, AnimeHQ и 3 други им се допаѓа ова.
  4. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски
    Во последно време многу почнав да филозофирам и да си поставувам прашања поврзани со љубовта и општо со животот. Ете едно што ми текна по извесно време...
    Како може да ја осеќам плунката на дечкото во мојата уста ( исто како да го бакнувам) кој последно го бакнав пред 4 месеци :wasntme: хахахаха
    Мислам дека сум на работ на ново откритие :rofl: За мене гласот на момчето и начинот на кој се бакнува се клучни афродизијачки фактори во врската :lol:
     

    Прикачени фајлови:

    • kiss23.jpg
      kiss23.jpg
      Големина на фајлот:
      23,2 KB
      Прегледи:
      356
  5. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Сфатив дека кога немам ПМС, имам опасен МС. О па сен. Не болен, туку остар. Накурчен. Исфрустриран.
    Да, ме фрустрираат плитките луѓе околу мене, кои најјако си поминуваат во животов. Баш дека се плитки, не допира до нив ништо. Убаво им е. Како је лјепо бити глуп, работава. Треба да пробам. Ама никако не ми успева.
    Ме фрустрираат долгите редици на шалтер, небањатите мишки во автобус, ме фрустрира полната читална, конкуренцијата на факултет, ме фрустрира дефицитот на путер стапчиња во вегера.
    Ме фрустрираат гзолижачи, клошари, метросексуалци, манијаци. Исто и оние напудрени, напумпани, надуени пицајзли. Крлежи и кучки, кучиња и бубашваби. (цело време зборувам за луѓе, да не се сфатиме погрешно.)
    Ме фрустрираат и недоразбирања. И објаснувања. Ме фрустрира и кога некој нешто не сфаќа. А толку е очигледно.
    Ме фрустрираат крајни рокови, пропуштање на рокови, постоење на самите рокови.
    Ме фрустрираат и правила и казни и норми и прописи.
    На кратко се.
    Ме фрустрираат и кратеници, и неписмењаци, и уличарски жаргони.
    Ме фрустрира и фактот што треба да си го платиш работното место, а не да си го заслужиш. Ме фрустрира контрола, а и небрижност и немање абер за контрола.
    Јас сум значи крајно исфрустрирана. Ме фрустрира што се фрустрирам. Што се замарам за глупости и обрнувам внимание на окружувањево кое не заслужува.
    Краток ми е фитиљот. Знам. Ама одвреме на време, се зголемува, самиот. Не знам како. Треба уште малце.

    Се извинувам за негативнава енергија. Не читајте фрустрации. Think poѕsitive. И јас, ќе си мислам на слончиња, верверички, песна од птици и слично. Исто како кога си играм со умот, се саморазведрувам кога се плашам и си правам филмови дека има нешто страшно во просторијата. Сега само посакувам да не си правев филмови. Посакувам и да не им обрнував внимание.
     
    На ines.h и Phyramide им се допаѓа ова.
  6. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.435
    Допаѓања:
    4.993
    Сакам да кажам дека тажам по денешните штикли.

    Прв пат нешто да си купам сама (освен во Барселона) и да се прерадувам дека џомити убави штикли сум си купила (а у принцип рамни стапала имам треба ептен штиклата да ми е погодена за да ја купам а не па да можам да ја носам) и кога што да видам... За еден саат (од кафе во такси-од такси дома) мене штиклата ми се одлепила. Вријам...
    А убави се, не дека не се убави..
    И сега кога ќе појдам кај Бит Пазар во тие продавничките од кај што ја земав, ќе им кажам да ми ги вратат парите (па и 1300 не е малку) ќе си додадам уште 1000 на попуст од Бата ќе си купам (од таму до сега сите ми се погодиле ептен), не ми е зорт одма за други штикли.

    И така си кажав што ми лежи на душата.
    А да, и не ми се учи, уште ми е екскурзијава во глава.
    И дека ова ми е Дај Боже последно полагање на вторите колоквиуми па дипломска преку таквото ми е, али морам.
    Утре ги враќам штиклите и у читална..
    Што се мора, не е лесно..
     
  7. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    СДК дека сеуште го чекам оној ден,денот кога повторно ќе бидам во твојата прегратка...денот кога ќе престаниш да ги слушаш другите! ;( ;( Денот кога повтроно ќе бидиме среќни....и двајцата.
    И СДК дека конечно после толку време,ќе се реализира изложбата од фотоклубот каде што членувам,Петок Can't wait! :)
     
  8. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Lux , и сестра ми се зачленила само тоа го знам
    ќе си ја познаам јас по темиве само нека пише :D
    Секо, пиши ма нешто :hai: од мене ќе го имаш првиот лајк :D
     
    На maca99, Serafima и Gordana10 им се допаѓа ова.
  9. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Ако не сте слушнале економска криза е. Лековите се поскапени, болните ќе причекаат при исплата на пари од фондот, трудниците исто така, за обична крвна слика ќе дадете 300денари, а за да отидете на едно обично снимање ќе ви треба упут од тројца лекари. Криза е де. Фирмите немаат средства за да си ги подмират обврските ни кон добавувачите ни кон работниците. Даноците навремено мора да се исплатуваат, но повратот го нема...оти е криза. И таксите и казните се зголемија, оти е криза и оти на државата и треба пари, а ние имаме вишок, сите под душек ги пикаме, безобразно одбиваме да платиме рдт. Криза е и за социјалните семејства, оти не се доволно социјални па мораа да бидат избришани од социјално. За тие што останаа, пак е криза, оти нема пари кои би им се исплатиле. Голема криза е, имајте обзири и трпение.
    Кога ќе пораснат нашите деца, ќе пораснат и еврата на врбите во Вардар, 250илјади на број, а јас колку и да одбивам да допре се ова до мене, боли што ни ја потценуваат интелигенцијата...или пак храброста.


    На пролетен одмор во Македонска Каменица. Затоа што делува така убаво, чисто и едноставно...ете така.
     
    На Strumfeta93, mims-89, slavica999 и 4 други им се допаѓа ова.
  10. laryla

    laryla Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    229
    Зошто светот е толку суров?Зошто се користи бебето,невино суштество кое само што дошло на свет,за да се соберат пари? :@

    Прееска поминувам и гледам едно преслатко бебенце,циганче.Душиче,многу слатко лазеше по тоа кебето.Се приближувам накај „мајката“ и си викам ајде ќе и дадам што имам ситно 2,5,10 денари.Таман да земам ташната да вадам новчаник,гледам доаѓа една друга циганка и и вика на таа што седи доле „Ајде,ајде давај го! Доста беше! Колку си собрала!Си се напунила!“ .Го зема бебето и оди на раскрсницата на подолната улица и застанува по семафорите да проси со бебето во рака.


    Леле ми пукна филмот!Како така ги малтертираат децата,уште од мали нозе.За што ги користат,леле,леле... :x
    Знам дека пола и повеќе од вас го знаат ова,ама морав да го споделам,чувството кога слушав што и збореше и кога го грабна детето,тоа беше неописиво лошо,лошо чувтсво. :envy: :swear:
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  11. malo18

    malo18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    102
    мразам самобендисани (грди и глупи) луѓе .. што себеси се сметаат за најубави и најпаметни ..
    алооо !!! :fubar:
    свестете се бе луѓе ..
    спуштете се на земја .. не летајте ..
    не правете се тоа што не сте ..
    јесте да секој си има некоја поинаква слика за себе ...
    али јас ако сакам (тајно во себе) да бидам супермен .. треба ли да облечам супермен костум и да шетам таква ??
    не го бива бе .. :worried:
    Буквално..
     

    Прикачени фајлови:

  12. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сдк денес со насмевкиве и среќава убаво ми е, слатко, топло.

    Убаво е да се има инсомнија поради среќичка во душата, а посебно кога сте ја пронашле среќата во нешто ситно околу вас.


    Ноќва ако заспијам ќе спијам со насмевка. :)

    да не ме чие некој малер, па утре да е тапа ден. :lol: требаше да ви шепнам дека сум среќна а не да се дерам ко нездрава и викам низ форумот.
    псттт ! свиркајте си Кенди ништо не е зборувала денеска, и не е спомнувала никаква среќа. :lol:
     
    На CIA му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.225
    Допаѓања:
    140.052
    Си мислам... кога ќе ти кажат дека ќерка ти личи на Хурем, и кога ќе порасне ќе биде како неа, тоа комплимент е? :?:
     
  14. lovely91

    lovely91 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.500
    Допаѓања:
    4.506
    Пол:
    Женски
    Сдк денес добро потфрлив како личност сама си се омаловажив,малку ми фалеше да паднам во некоја депресија заради нешто кое зависи од мене и кое можам само јас да го поправам ,т.е треба самата лично да се поправам во тоа ако сакам да успеам во тоа што сум го зацртала во животов,после неколку препреки посакав да се откажам,но нема ке се борам и ке се трудам да успеам,како што зборував како помала ке кажам и сега -ке направам и ке успеам еден ден моите родители да се гордеат со мене ... и после цело дневно кукање и плачење (за кое заслужувам добар чотек) застанав повторно на нозе ...
    го молам господ да ми даде трпение само тоа...

    вечерва ке си ја посветам само на себе.морам да соберам сила за да продолжам,арно си пее Фреди во песничево
    http://www.youtube.com/watch?v=4ADh8Fs3YdU

    и немојте никогаш да се откажувате,све зависи од нас самите ...
    имајте убава ноќ :*
     
    На cigarce му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.270
    Допаѓања:
    157.732
    Друг пат кажи му да си ги измие забите. Мора да е непријатно.
    Ако ова се филсофските прашања и дилеми на нашата младина...збогом!
     
    На mims-89, MandyLane, Shelea и 3 други им се допаѓа ова.
  16. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Сдк дека секогаш јас ќе си останам јас. А ако на некој не му се допаѓа тоа тогаш слободно може да ме игнорира. Можеби премногу се нервирам за ништо, можеби плачам како мало дете кога денот ми е лош, можеби некогаш сум намќор, можеби понекогаш грешам, можеби понекогаш не постапувам како што треба ама од се тоа се состои моето јас. И најважно од се е што никогаш не глумам и не се правам нешто што не сум. Јас сум ова, со сите мои доблести и мани. Не правам театар од сопствениот живот, не им се умилкувам на луѓе а после да им зборувам зад грб, не се раководам по она сите скокаат од Вардар, па ајде и јас за само да не бидам поразлична од другите. Луѓе бидете оригинали а не нечија бледа копија.
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  17. majaaaaaaa88

    majaaaaaaa88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2012
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    27
    сдк дека целата сум радoсти,минам низ најубавиoт периoд,среќна сум,ама вистински...а сепак ме мачи нештo :( акo пoвеќетo другарките ги oставаат вo лoшo,мене мoите ме oставија вo убавo..се прашувам каде се сега кoга имаме тoлку рабoти за славење,ми требаат и ги сакам,не сакам да пoмислам на најлoшoтo зарем тие за кoи би дала се за да се среќни не се радуваат за мене
     
  18. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    Убав ден денес :D
    Кафица со Дивајн и малку муабети, штета шо брзав па не се помуабетивме баш многу, али друг пат сигурно поќе време :D
    Фустанот ми е готов, утре си го земам :D :inlove:
    Проектната и та готова и со неа завршив, останва понеделник да ја полагам, се надевам се ќе помини добро :)
    Учењето нека заврши побрзо з'ш стварно не можам поќе, ама стварно ми е преку гла :worried:

    Имајте добра ноќ.
     
    На CIA му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.691
    Допаѓања:
    5.469
    Пол:
    Женски
    Е неочекував дека некогаш ќе отидам во 1 по полноќ сама на Видиковец.
    Запалени и напалени, скршнати од патот и скриени во првата грмушка, зорт или не, сами си знаат и јас како единствена единка.
    Уживав во малите точки светкави, мирот и чистиот воздух, дефинитивно Водно е моето место кое може да ме успокои и олабави...
    Убава е тишината и празнината низ улиците и градот понекогаш...


    So, whats your destination?
    -Rome
    Business?
    -Plasure & Love!

    Ситно се брои! ^_^
     
    На Noemi, lovely91, anabel-a и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. EVA19

    EVA19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    37
    сдк ДЕКА МИ СЕ СМАЧИ ОД ЉУБОМОРИ ГНИДИ не ми е јасно зашто сите го посакуваат туѓото ??? :^)
    уф ме опкржуваат негативни створенија кои демнеат на секој чекори и нема да се симрат додека не ги бутнат сите во нивната депресијааа (а мене ми е убаво јас не сакам да бидам негативна )
    И не нема веке добри луге, нема другарство злоба насекаде,не сум слуснала ниту еден убав збор,ниту една добронамерна критика не нема веке другарство во денешно време сите се од корист и ти звонат само по потреба,додека се со тебе оговараат други кога се со тие те оговараат тебе а не се виделе што мизерија се епа не бе не ми требате боље сама одколку во негативно друштво :lol: :lol: 8)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.