Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    незнам зошто мора да се неубави некои работи?!.
    е не дека не знам знам само не можам да сватам зошто така...??... :tmi:
    па не е се до нас и затоа е така али бре лујге еден е животов зарем сакате и тој да го поминема со карајне,лажејне,тепајне,глупости правејне,повредувајне на други..што ке се постигне со тоа?
    ништо!...
    незнам зошто сите така морат да постапат,дека ке бидат она што не се,е па тогашт стануват уште полошо оти се прават нешто што не можат...
    е ајде барем не се мешајте во другите,оставетеги да си живеат кога вејке вие не можете да бидете како вистински лујге
    ајде нека е животов добар,сакам да е :) ;) :)
    смејтесе,сакајтесе и живејте!.. :*
     
  2. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Ден поминат со најдобрата другарка е......убав ден :)
    И беше роденден денес, не го славеше поради смртен случај во семејството ама не може и да не и отидам и да и го честитам, толку многу години сме заедно и во добро и во лошо.
    И купив машина за правење паста и и дадов 5 купони за бесплатни часови од мене, кога сака да ги искористи :lol: првиот час веднаш го искористи.
    Знаев дека ќе и се допадне подарокот, цел живот збори како сака да научи да прави паста ама сепак и беше полесно јас кога ќе и направев :lol:
    Не знам како изгледа тоа да бидеш изневерена, разочарана итн од другарка, сум имала среќа и ги имам најдобрите другарки и другари на свет, можеби се малку на број ама јас претпочитам квалитет а не квантитет.

    Туку не знам како не сум ни приметила :o Матео наполнил 6 месеци и станува се поинтересен, седи, шлапка со рацете, се плази :P, се тркала од една страна на собата до друга со брзина на светлината и е мал глумец, тоа на татко му е :D
    Инаку за да биде поинаков од стандардното мојот син не е мамина маза ами татина маза, кој и да го држи во раце ако влезе татко му во соба одма пружа раце за кај него, така за 20-тина години некоја девојка ако нешто не и е по мерка син ми јас нема да бидам виновна туку татко му :rofl:
     
    На DeMelo, Annath, teddybear и 17 други им се допаѓа ова.
  3. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Ептен ми е кнап периодов со учење. Овие 2 дена мора да научам за петок, математика. Денес сум на проба за фустанот за матура, се надевам одличен е и ист како на сликата. Едвај чекам 8)
     
  4. stylishh

    stylishh Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
  5. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Не пробувај да ме нервираш, да знаеш јас си наумив нешто ако не го исполниш тоа што го барам од тебе. И после немој да викаш дека јас сум била неодговорна личност, кога самиот се покажа каков си. Не ме терај да почнам да те мразам...
     
  6. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    СДК поголема мрза од мене нема!
    Ама форумот ми дава сила и станувам како нова, да се фатам за работа. :* :)
    И, ништо не ми помогнало да ја победам мрзата, секогаш била посилна од мене, ама вие помогнавте.
    П.С. тркалото се врти. :)
     
  7. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Денес сум легач. Вчера мрчев. Денес ќе легачам, ќе јадам домашни банички, ќе гледам Two and a Half Man, и one Missisipi, two Missispi, дур да стигнам до three, ќе поминам 2-30 страни од скриптето. Ќе го листам као списание.

    Убав е денов. Малце лабилен. Јас будна сонував откако се разбудив, не знам зошто мислите ми летаат натака. Се тешам дека е некаков вид на реципроцитет, ама не бе, нема шанси. И тој ли, остана неодговорено прашање. А јас нема да се смирам дур не си најдам одговор. Се надевам, дека ќе заборавам на барањето одговор. Подобро.

    Чувството кога ќе го лапнеш последниот еклер од фрижидер. И потоа, ја собираш амбалажата и ја сместуваш во ѓубре. Као демек, да не приметат, дека си лапач(ка). Епа ми се јаде. Што да правам, ќе јадам.

    Убаво ми е. Немам што да измрчам. Денес така ми се погоди. Се надевам и се молам некој да не ми го крене притисокот. Сакам да не си напињам крајници денес.
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    На патот школо-дома, на повеќе места видов расцутени јорговани. Секако дека ми се насмеа лицето. :) Многу го сакам свежиот, скоро мистичен мирис на јоргованот, неговата нежна, виолетова боја, фините мали цветчиња.. Со букетче јорговани се вратив дома и не сакав да ги оставам туку така. Одново го исчистив бирото, ги ставив во чаша вода (немам толку мала вазна) и сега ми го красат бирото, но и животот. :mm:

    А тој, животот, комплетно разочарување. Можеби не на секое поле, не сакам да гледам така депресивно, но сепак не е се розово. А кога ќе погледнам поубаво, никогаш и не било. Јас се научив на розовиот свет, на лебдењето во облаци.. А сега кога паѓам назад, во суровата реалност, тажна сум. Па јасна работа. Толку убавини околу мене, но сепак грутка во срцето. Зошто? Ни јас не знам. Во последно време се изгубив. Толку прашања, а одговори нигде. На моменти толку ми е тешко што сум тинејџер, што се влечкам во сега не толку златната средина. Не сум возрасна, но дете пак - никако. Водена перница наутро, болка во главата поради преплаканта ноќ, нешто тешко што не дава да уживам во животот.. А објаснување? Никогаш нема. Ова би требало да бидат годините кога ќе рипнам од креветот во 5 наутро и ќе речам ’Добро утро убав животе!“. Со насмевка и лесен чекор ќе стигнам до училиштето. Еланот и енергијата ќе ме прават уште посамоуверена, затоа што барем два часа ќе учам. Но не. Немам енергија. Умот ми е далеку од дропки, рационални и цели броеви, но тестот е утре. :|
     
  9. cinderella5

    cinderella5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    895
    Допаѓања:
    3.018
    Пол:
    Женски
    проклет да е денот кога сум се родила.
     
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.270
    Допаѓања:
    157.732
    Ја знам да сум тежок човек,ама ... морон е морон...точка. Жими штиклава бежова!

    Нејсе...

    Скопје,сончево и ветровито, со бизарни идеи дека ќе умрам од паднато дрво врз глава и така со илјадници мисли... оп, дечкото на денот после долго време ко чемер на душа. Што правиш?! Како си?! Секогаш си сменета! Оти?! Ама не ти е убаво нешто?! Уморна си?! Ајде на кафе... Не,благодарам.

    Ми се спие.
    Актер его,нешто кое е за пример,поставува стандард. Оди па исполни го! А толку е идеално!
     
    На la-chicka и anabel-a им се допаѓа ова.
  11. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.451
    Допаѓања:
    91.799
    Пол:
    Женски
    Сите заљубени, блеснати... Срце, буци, миличко... И се прашуваш каде ти е сонцето? :wasntme:
     
    На JuLleE, la-chicka, cigarce и 2 други им се допаѓа ова.
  12. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Периодов беше ко торнадо состојба, поточно минатата недела која ме натера да размислам што понатаму.И донесов заклучок.Се надевам дека се' ке биде во ред. Денес сум у regural расположење, пишувам јасни и вообичаени работи, бидејќи си ветив дека нема да мислам ништо. И не мислам ништо, деновиве сум глупава, не филозофирам, не се замарам. Деновиве што изминаа беа здодевни,од времето само да му се приспие на човек. Ама ко за беља мразам спиење. Не се случуваше ништо посебно. :drunk:
    Збунета сум до даске и тоа е тоа шо ме нервира, не шо не мислам, него шо сум збунета!

    Ај заминав јас коса да сушам.
    Аривидерчи.
     
  13. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    POLATOmanija ја зафати Македонијава ....незнам чему толку трзаванции :)
     
  14. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Убавини бе. Времево се затоплува и конечно почнува да личи на пролет, а јас се разболувам.
    Епа поубаво може да биде?! |(
    Максимално сум изнервирана сама од себе. Што имам еден куп работи за правење, а сега не сум способна за ништо. Од сабајле потрошив цела ролна тоалет, па ко што тргнала работава, ќе ја оставам локалнава продавничка без залихи на тоалетна.
    Имам така, голема, голема желба, да си ја мавнав главава од ѕид.
    А, да , и мачорот ми е заљубен од неодамна. Имаше близок сусрет со најубавата црна мачорка во маало, и сега нешто ми е замислен и така скиснат. Знам јас... Ебати љубовта! Ако не те фрли во агонија, нема што друго!
    И ако има нешто што ме вади од такт, тоа е лак за нокти што се лупи следниот ден одкога е намачкан на ноктите! Можеби ова е знак дека треба да престанам да купувам вонземјански бои, којзнае.

    Само уште пет дена од гадниов месец! Јееј!
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Rosewood

    Rosewood Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2012
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    60
    Епа вреди, се вреди ! :)

    И тие прекрасни пеперутки во стомакот кои ги почувствував повторно.И твојата насмевка што ме прави да се чувствувам како да летам.И твоите очи, усни и начинот на кој што си само свој.


    Се приклучувам во клубот на заљубени и изгубени.Само се да испадне на добро, не сакам реприза на веќе добро позната серија.


    Сега само ја чекам мајка ми со нејзиното „ Е баш ти одговара она заљубим се 5-6 пута у року од 3 минута“ кога ќе и кажам дека пак се заљубив хахаха :lol:
     
  16. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Ќе измислам ликови и немат да бидат ништо по малку вистински од овие околу мене.Стојам зад принципот на работа на кармата и спремна сум да се носам со товарот на сопствената,ама празни суштества да ми философираат за вратки не знам и не сакам да знам.
    После дождот доаѓа сонце..блесаво и вистинито,ама деновите без дожд и сонце се долги и досадни.На сив ден не му можеш ништо..освен да замислуваш сонце или дожд,на кој како му одговара.
    И коа во таков развлечен ден кармата ќе крене рака врз твојот идеал..време е за наплаќање долгови.Од необјасливи причини она што го имаш ти е малку..и целиш кон повеќе.Тоа повеќе не значи дека е повеќе,туку така..го немаш.Ко за беља тогаш нема фидбек,а пред тоа све ти било на располагање.
    Јебеш га..кучка.
    Ваљда зошто сега стварно е пролет и мириса на трева јас сум палава.А поразите се составен дел од животов..дури и на оние,кои се родени за победа.И ќе победат,само кога ќе прифатат..
    Така,поштено прифаќам да ми се врати..но не,не сакам сожалување и утеха за утре.
    За се треба време.
     
    На JoxyTheFreak, zhap4e, mims-89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Одам напред.
    Зошто би се вртела назад? Не ми е потребно. Можам само да си го уништам убавиот ден, кој јас самата, без ништо посебно да направам, си го прогласив за убав.
    Месецов беше хаотичен. Доживеав и подеми и падови, и солзи и насмевки, и воодушевувања и разочарувања. Но најважно е што остварив една моја одамна зацртана цел. Тоа е тоа што ме исполни до бескрај. :inlove: А лошото, брзо ќе го заборавам... и онака не е вредно да се памети.
     
  18. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    :rain: :rain: :rain: :rain: :rain:
    Ало! Има ли некој водоводџија на втори спрат да поправи таа цевка! Аман од дожд веќе!
     
  19. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    3.742
    Леле девојки колку прекрасен ден! :inlove:

    Станав уште од 08:30 часот и многу е убаво кога ќе го "фатиш" денот :rofl: веќе во 9 часот бев на кеј, возев со ролерки, слушав музика, по малку потпевнував кога немаше никој :$ , го пуштив мозокот на "пасење", се уморив и дојдов дома. Се истуширав и се спремив за на факултет... Ама моето Љубовче ме задржа по телефон, па автобусчето ми исчезна од видик за само 2 секунди :rofl: Другарка ми имаше фаца ---> :@ , а јас заљубено си се смешкав.. Дее, постојат и други автобуси.. Така отидовме на другата станица за да фатиме двојка! Јас такво заљубено само се смешкав и лупав глупости за да ја расположам и Неа. Во автобус си се газев од смеење, се потсетувавме на наши глупости од детството, дури и солзи ми течеа од смеење. Тогаш од страна дојде една жена до мене и ми вели: - Извини девојко, можеби малку непријатно од моја страна, но го слушав вашиот муабет и ми делуваш на многу позитивна личност. Дали си вработена?! Јас слатко се насмевнав и и одговорив негативно, а таа ми понуди работа :lol: си разврзавме муабет на сред автобус. Сака да бидам секретарка во фирма која ја основале со нејзиниот маж, на крајот се симна ми даде визит карта и ми рече дека очекува позитивен одговор и дека очекува да и се јавам. Искрено и благодарам што ми го разубави денот иако периодов немам време за работа и благодарам и за тоа! Ете така слатко и кратко денот ми беше преубав. На факултет професорот не дојде, па си заминавме веднаш :rofl: потоа седнавме со другарка ми на сладолед а потоа си седнавме на скалите на кеј си слушавме музика, гледавме во зеленилото, ја слушавме водата, се релаксиравме и јадевме крофни. Јас како мече се направив лом со шеќерот во прав, тоа стандард :rofl: па пред половина час си се прибрав.. Сега ќе ручам и одам да го досикористам убавиов ден.. Денес не е ден за учење. Жал ми, ама НЕ.. Денес си давам одмор самата на себе и ќе уживам! 8) :hai:

    Малите нешта го прават животот Совршен !!

    http://www.youtube.com/watch?v=co6WMzDOh1o&ob=av2e
     
    На Adi888, antonina, Divinebutterfly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.233
    Допаѓања:
    56.937
    Пол:
    Женски
    Абе, пролетта секогаш носи убави нешта, и некакви промени.
    Денес беше убав ден и за најблиската ми личност, а и за мене. Не за друго, ми падна камен од срце, или од бубрег, шо да е, битно бубреџево си почна да работи после паузата. Ми се регенерира организмот, а и животот. Не добива насока каква што сум ја сонувала, но најверојатно ќе добијам унапредување, па ќе тргнат работите, полека полека. И за мене, и за него, а се надевам и за останатите луѓе што ме окружуваат. Доста беше темни периоди, па и повеќе од доволно би рекла.

    Отсекогаш си се замислував како библиотекарка и се разочарав кога сфатив што треба за тоа, но неодамна си најдов друга цел што ме чекала, а сега веќе интензивно ме повикува да и’ се посветам. Работата која ми се плаќа можеби не е идеална, но ми остава простор да работам на она што ме исполнува. Којзнае, можеби и ќе ме биде, иако уште многу работа и учење ме чека. Некогаш мислам дека е преголем залак, но во денови како овој ми изгледа баш како возможна слика за мојата иднина.

    Си кажав што имав да кажам, долго време имам премногу за кажување, и од што е многу не можам да најдам зборови за да го изразам. Повеќе чувствувам и претчувствувам изминатиов период отколку што размислувам, а што - ни сама не знам да објаснам. :^)
     
    На Buttterfly, Phyramide, ljubam и 12 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.