[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Ај здраво живо људи, Мона пак се врати. :wasntme: :*
     
    На simon4etooo, GarpovaV, Adi888 и 7 други им се допаѓа ова.
  2. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сдк слатко било така пред цел амфитеатар што сум се вцрвила во обравчињата :lol:
    no,no јас се чувствував ко црвен патлиџан :)
    Но пофални зборови никогаш доста :)


    Смачкав едно чоколадо и сега си се молам самата себе си да ја совладам мрзата и вечер да идам на студентска.
    А студентската со наслов "Македонските млади пејачи тезгарат со српска музика."


    Е не ми се игра на Миле воли диско.
    Во овој случај е Кенди воли диско, али youtube си е youtube.
    Мене ми се мрда газенце на нештo што ќе вришти ...
    http://www.youtube.com/watch?v=39YUXIKrOFk&feature=fvst :rofl: :rofl: :rofl: си се валкам ко прасенце, со чоколадо во мешенце.
     
  3. JustSimple

    JustSimple Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2012
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    48
    Најубавиот дел од денот, сега! Сонцето заоѓа и добивам некоја чудна, моќна инспирација. Се фаќам за книга и почнувам да учам. ;)

    Ако ви е потребна инспирација:
    [​IMG]
     
  4. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Ми се љубит! Не ми се учит! Ич! Аш од мозоков, ич не ми фаќа! Ц! Ми лета! И док дедово за сладолед поминува со таа чудна свирка, ме ежи, се чувствувам како во хорор филм, и мислам дека некој сака да дојде да ми убие! Иухх језиво. А како ги мавнала еден сладолед, до душа овошен. А бре у нашана земја сите станаа преку ноќ магистранти, ма то мастери, фрчат, како ајде кажи ми како? Ја мозоков сол го сторив сол!
     
    На FortuneTeller.xD, glow, Divinebutterfly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. theAristoCat

    theAristoCat Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    384
    Пол:
    Женски
    утре одам на екскурзијаааа :D
    конечно цела недела надвор од случувањата во градов :)
     
  6. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Тукушто се вратив од Саем на книга и библиотеката си ја снабдив со уште седум книги. Неколку вечери по ред осеќам дека нема да склопам око. Одвај чекам да си ги прочитам, овој пат внимателно одбрав што да купам. Пред се квалитет, а не како предходно квантитет.

    Сабајле мајка ми ме израдува со вест дека уплатиле за на одмор. Ехе и почнав со разгледување на костими. Абе радостиии.

    Ми се иде денов да си го гушнам.
     
    На antonina, anabel-a и LivingGlam им се допаѓа ова.
  7. Lovely15

    Lovely15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    31
    СДК дека утре идам на саемот на книгата и сакам да се изнакупувам со книги... :lol:
     
  8. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Заборавив како е да бидеш ислушан, да се пуштиш во рацете на сигурноста да и се предадеш целосно. Заборавив како е да бидеш придржан кога пред тебе се скали по кои треба да паднеш. Заборавив ..
    На моменти, ликот ми тоне во болка, лик на кој секогаш има утешителна насмевка не сакајќи да ги уништи оние искрените, а сепак ме боли, многу.

    Како да ме турнаа низ скали, по кои од крвта која течеше од раните ништо не се гледаше, немаше врата, немаше пат, излез, прозорец... не можев да се спасам од падот,па, продолжив да паѓам.
    Сега повторно истиот проблем, не можам да се збогувам со тишината. Нејзиниот глас ме повлекува се подлабоко низ неа... Тивка е и самата таа.

    Има денови кога сонцето ми го грее лицето и не чувствувам ништо друго освен топлината која ја преколнував да ме стопли.. Тогаш живот тече низ моите вени, самата светлина истурена врз мене ми ги отвара очите за момент и додека е светло бара начин, бара место каде да се фати и да стане, душата моја, стана како камен, од кој сега се одбиваат сите навреди, сите предавства, сите лаги, не чувствува ништо... освен топлината на безгрижноста и смиреноста, сигурноста . Нив ги нема.

    Погледнувам нагоре, ова е нов почеток за мене, го тргам превезот од страв. Очите ми се полни со солзи, накисната од својот сопствен дожд се мијам во чистотата на љубовта и мирот, мирот во мојата душа, погледнувам, продолжувам, успевам, чекорам. Среќна сум што открив дека сум жива, а воедно многу тажна што требаше да го почувствувам непознатиот поглед на несреќата на мене, но ништо не е изгубено, напротив све е толку прекрасно.“

    Не смеам да ги прегазам, почнувам да чекорам ...
     
    На ViktorijaMari му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    ЕЕеееј Мона Мона! Супер! Welcome back :) :hug: Знаев јас дека уште некоја фали :)
    Па пофали се сега нешто :D

    Ги повикувам сите феминки да се вратат :D Па фалите!
     
    На Monna.Monna му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.192
    Пол:
    Женски
    СДК значит толку лесно и сами се разоткриваат луѓето кои се преправаат, тоа е чудо некое :tmi: плус и неискрени, со задна намера, интересно е што мислат дека се премногу автентични во својата глума |( а тоа од авион се гледа :tmi: Понекогаш ми иде да им „нацртам“ за да видат што всушност откриваат за себе си.Само погрешно е ако мислат дека другите ги лажат, самите себе си се лажат, а не другите :fubar:

    И понекогаш од некои луѓе останувам со ваква фацка |( |( не дека сакам така, ами така прават за такви фацки да правам.
     
  11. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    2.047
    Допаѓања:
    5.057
    The weather was PMSing today...

    Во рок од 5 сати видов 3 годишни времиња, не заврна снег иначе и зима ќе беше. Иако залади едно време. Кон 11 беше убаво, малце облаци топло. Од кога излегов од полагање, гледам црни облаци никакво стемнато надвор. Додека ги правев ноктите, заврна. Отидов на кафе, ладно беше и облачно. Излегов од на кафе СОНЦЕ и ладничко. Да не знаеш како да се облечиш.

    Време, биди посериозно.
     
    На Divinebutterfly, k.i.m и thelittle17 им се допаѓа ова.
  12. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.768
    По некое време лебдење низ релакс просторот, назад на литературниот маратон. Пигушен џез во позадина,
    и уживање.
    ПС Овие тапи за уши, кој и да ги измислил му благодарам, дека некогаш тешко е да се воздржи човек кога слуша невидени глупости од подлизурковци и непрокалкулирани индивидуи. Тенк ју тенк ју вери мач.
    Фала му на Бога што денов толку добро ми почна, та не ни стигнав да се изнервирам иако отепана, хронично недоодморена со додатните валцери на бебушов внатре :rock: Ви праќа поздрави
     
    На ljubam, TeddyGrey, anabel-a и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.857
    Комотно можам оваа Среда да ја наречам

    Збунка Збунувачка,Непозната Непознатоска ,Стресна Стресноска
     
  14. Barbie-mwa

    Barbie-mwa Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    На мажете бројот удвоих
    Точно како них дејствам вече
    Сите чувства си ги забраних. ПРЕЧАТ! ;)
     
  15. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Денов ми е да не кажам среќен, ама ќе кажам.
    Фак јеа. 8)

    Знаете, видов една феминка - се испогушкавме.
    Па, на некој начин личностите како неа знаат да бидат емоционални вампири, ама во случајов она ми влева позитива. Ја сакам бре. 8)

    А кошарката на убавото временце и Еминем - ме раздрмаа. Ма, немате ништо послатко од насмевката на едно детско лице, затоа сеуште играм фудбал и кошарка во маало. :D Едноставно, ги сакам малите деца, од толку гњавење веќе бегаат од мене. :angel:

    Ма, се чувствувам слатко и радосно.
    Онака, детски.
    Гледам дека уште е многу рано за да згасне детето во мене.
    Ама, ако..

    И плус прошетка низ град и допаѓање на едни сандалки, се вметнуваат во списокот ми.
    Дури сега знам дека јас сум навистина среќно дете.
    И покрај сите општи и финансиски проблеми.


    [​IMG]
    И, кога еднаш ќе се навратиш на сето ова.. посакуваш никогаш да не си пораснал.
     
    На sweet-cherry и anabel-a им се допаѓа ова.
  16. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    СДК дека си ја научив лекцијата!
    Ама ич не ми е гајле што мислат тие, јас со главата горе, си ја гледам работата. :)
    Зарем сите не сакаат да се успешни? еее...во никоја работа не треба да се форсира.
    За да се биде успешен треба многу работа,труд и премногу потење.
    Епа така, нема да се биде успешен со една победа на утакмица. :|
    Ајде, сега ќе победиме и ние славните спортистки, ма дајј, уште колку искуства, утакмици и вежби идат не се свесни!
    Ама и јас еден ден ќе пораснам, па ќе видат тие квачки... :wasntme:
    Ајде, сабота гордо, кон нови победи! :) ќе им покажам јас.Самоуверено, само така, со главата горе и никој ништо не ми може 8)
    [​IMG]
    Ајде, девојки, нема разочарување, ќе изиграме ние... :rock:
    Упорност,борбеност и сила.Да не бидиме себични, само така ќе успееме...... :angel:
     
  17. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Моментот кога планираш нешто ко euro-trip ама во Србија! Serbo-trip. Со тете :D Ма немам поим како ќе стигнам, и кога ќе стигнам. Од прееска се смеам и барам автобуси, линии, пустам, гледам.
    Ми текна одма на Ко то тамо пева....ииха! Ништо чудно у таков автобус да заглавиме, по оние краишта :D И ќе чекаме да ја убијат кокошката!
    Ма на трактор ќе се качам и ќе викнам, Вози мајсторе, натака по тоа нивите! Лудо!!!

    Наредниов период ако ме снема, сум заглавила по српските села негде, на ракијада веројатно не знам.

    Се зезам, а возбудена сум. Конечно да видам каде растеле, каде биле секое лето, кое е тоа магично место каде татко ми со сестра му оделе секое лето на три месеци и уживале во селскиот живот далеку од скопскиот метеж и летни горештини. Со таква љубов ми имаше зборувано, и сеуште тетка ми ме потсетува. И сега, конечно, се надевам, ќе ја видам прв пат таа куќа.
    За мене ќе има посебно значење, а не можам да замислам што значи тоа за човек кој е веќе во свои години и можеби сигурно едно 30 години не бил таму.
    Јас плачам сега кога ќе поминам од старото маало, а каква експлозија на емоции ќе биде тоа за неа, не знам дали можам да замислам. Возбудена сум во нејзино име ептен. А ја гледам и неа дека е. Се радува. Ми вели пред малку - леле ќе одиме кај баба и дедо. Ќе правиме турнеја.
    Кај баба и дедо бе! Сеуште така си вика. Не може поинаку.

    Едвај чекам, да го почуствувам мирисот на сеното и да слушнам крцкање на стар паркет, шкрипење на стара врата. Не знам зошто секогаш така ги замислувам старите куќи. А оваа наводно стои пуста, на истото место.
    Ви текнува на сцената од Пред Дождот, кога Александар се враќа дома после толку години? Е тоа ми е во главата.

    А ете го, се ближи и денот кога беше роден. И ете како патот ме наведе натака баш тука негде, во тоа време.
    Се наежив.

    Ах! Не. Не можеш да знаеш кој си, додека не откриеш до крај од каде потекнуваш. Убавина. А јас се возбудив. Конечно моите претстави во главата ќе добијат конкретна слика...
     
    На bittersweet, ljubam, Doozy и 3 други им се допаѓа ова.
  18. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Се е добро додека нешто не тргне наопаку :worried:
     
  19. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Прво едно ооогромно добредојде за Мона Мона, љубовта моја непрежалена. Се скарав со четот од кога си отиде ти. Добро ми дојде назад, почни веќе со откачените постови да се изнасмеам од срце, да си муабетиме додека исполнуваме трета смена! :hug:


    Изгледам како страшило.
    Подочњаци до земја, црвени очи, истоштена, преморена од се... А и како нема да се чувстувам вака додека моите постојано викаат, кршат предмети и трескаат врати, се навредуваат, зборуваат дека подобро било да умрат, да се разболат.. И така секој за себе. Јас во куќава сум икс фактор, не дека живеам јас од нив, не дека ми се прозорец кон животот позади кој сеуште седам и исплашено го гледам светот- додека не дојде време да го отворам прозорецот и да се соочам со се. Иако веќе компарацијава не ми држи вода, страв ми е и околу нив да сум. Толку се негативно наелектризирани што се осеќа на километар, намрштени, издишуваат, не зборуваат. И како јас да функционирам нормално кога тие влијаат на мојот развој? Истураат бес на мене, вниманието кое го добивав пред една недела сведено на минимум, ми префрлаат... И сето тоа постојано, три месеци е вака, еден одмараат.

    Можеби цел ден го поминувам насмеана и размуабетена, но внатре во мене бура владее.
    Постојано ја барам вината во мене гледајќи ги.
    Додека тие предизвикуваат да си го собирам опашот како искаран мачор и ми фрлаат негатива, јас го правам обратното со моите луѓенца. Лепам насмевка, јез да понекогаш е апла фејк, се зафркавам на моја сметка па и на туѓа, се смеам на нивните глупости, си правам муабети, шмркам кафиња, шетам, цел ден го поминувам во МНТ или МКЦ.. Лежам со него во стариот дел од паркот, си кркаме шеќерна волна и си се смешкаме, се љубиме а не си признаваме, тераме инат а во мислите веќе се мазиме. Трчам на кеј со Луна, тоа ми ја ослободува душата, ме смирува.
     
  20. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.611
    ... сум напоменала веројатно дека патам од ПМС (пост менструален синдром).
    Вчера заслушав една германска рап песна, која дури и германскиот јазик го направи да прозвучи лелеаво и милозвучно.
    Го ставив рефренот да се преведе, а кога го прочитав - се расплакав.
    Мислам дека пролеав кофиче солзи, толку многу ме трогнаа 4 прости стихови.

    Цвеќенцето ми расте, се лепршави. Го полевам со отстоена водичка и љубов, а од време на време му запејувам. Многу ми е ќејф што не сум killer plant ко мајка ми.

    Времето се шашардиса, лудило фати. Знам дека прогнозата се дебатира само со бабички, дедовци и таксисти, ама да не останам покусо, да го искоментирам и тука.

    Љубов се вее и гувее, јас разнежнето сум се запржила омлети, кои ги декорирам со срциња од кечап.
    Не знам искрено како уште не му здосадија на дечко ми.

    Темата за Котор ме натера да изгуглам и да побарам цени за сместување.
    Ладен туш ме плесна од 1200 евра за десет денови.

    Уф животецу... те живеам, некогаш со леснотија, а некогаш со мака.
     
    На Buttterfly, bittersweet, Annath и 9 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.