Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Во моментов многу ми е мило што немам фејсбук да читам глупи статуси. На твитер не се толку брутални. Ипак дознав дека Реал игра вечер фудбал. Вау.

    Се вратив кон една стара блогерска љубов. Ќе ја негувам. Не знам зошто прекинав. Можеби се засолнив меѓу форумиве. Имам желба за рандом муабет со рандом личност во пријатна атмосфера. И пиво. Точено. И блуз, џез, или лајт рок во позадина. Да скратиме - гитарче.

    Сакам да го душкам воздухов, вака свеж, ладен. И по некое јоргованче.
    Осеќам ми се лизга нешто од рака, ама знам дека ќе си дојде, кога најмногу ќе ми треба.

    Втора шанса. Онака махинално ми дојде да си пишам. Не знам ни јас што би требало да значи. Во последно време гледајќи ја Тоuch почињам да барам внатрешност и последица на се што ми се случува. Ми влијаат серииве. Во овој непродуктивен период. Бар да можев да учам. Ама ај, си сакам изгледа јас се да ми се насобере на грб. Па да се згрбавам од обврски. Така сум се научила. Така ми е, кога сум чурка. А ова со вторава шанса, дали ќе ја дадам или ќе ми ја дадат останува да видиме.
     
    На Sara123, LivingGlam, Trendafilka и 2 други им се допаѓа ова.
  2. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    СДК Дека толку мисли ми се измешани во главата, што не можам да склопам ниту една реченица од она што навистина сакав да го кажам. :drunk:
    И еве нешто надвор од тие мои мисли - Трагикомично ми е како баш сите станаа филозофи, не знам дали мислат дека изгледаат попаметно така, или пак самите си се тешат дека тоа т.н филозофирање ги прави понапредни од нивната генерација... :?:
     
  3. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Ако сакаш да знаеш што мисли за тебе некој твој пријател, тогаш налути го.
    Идеален начин да ти каже се' што мисли за тебе, без маската на ,,искреноста''. :Down:
     
    На ines.h и Noemi им се допаѓа ова.
  4. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    Спотов е прекрасен, излив на најнежните емоции уште не можам да си ги соберам солзите, и вистина е
    да се биде мајка е најтешката работа на светот, но воедно и најдобрата работа.
    Колку борби и битки не чекаат, колку предизвици..
    Страв голем имам али пре него знам дека ке бидам храбра, нема да покажам слабост.
    Мора да биде прав Лав - борец, да не потклекнува пред никој и ништо, а да биди вистински каваљер пред дамите.Стабилно и цврсто да чекори на земја, да биди голем алтруист, смирен и рамнодушен како татко му, сакам да го земе најдоброто од нас да израсне во една зрела и совесна индвуда.
    Сето ова и само уште една желба - да си дочекам внучина, да им играм на свадба па после може да си умрам :)


    http://www.youtube.com/watch?v=2ehkB1UQ ... r_embedded

    P.С. Видете го видеово феноменално е,направено е за олимписките игри 2012.
     
    На bittersweet, Annath, Divinebutterfly и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    8.643
    Ич не се замарам да правам договори и планови. Кој навистина сака да се видиме ќе преврти се за да одвои саат време за муабет.
    А во последно време уживам во своја придружба. Јас, книга/музика и удобна клупа. И омиленото кафе.
    Подобра опција од чекање, доцнење, нервози, кукања и солење памет.
    И веќе не се трудам да разведрувам некој, да изигрувам паљачо, за утре да ми се лути.

    Колку себично, а не ми е криво. И така сами се раѓаме, сами умираме, што ќе ни е некој по пат?
     
    На MissSpark, anabel-a, julie77 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Прост народ - силна држава :x :x :x
     
  7. AnimeHQ

    AnimeHQ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    246
    Времето надвор е свежо, ведро, по мој вкус.

    Уживам на вакво време, го сакам мирисот на свежиот воздух. бев со моето превозно средство до стадион
    [​IMG]
    Имам едно вакво, тоа ми е најверно другарче, се вика Лука.

    Често знаеме да си правеме муабет, си имавме наш јазик и само ние го знаевме.
    Тој ме дружеше кога јас бев тажна а и јас го дружев кога тој беше осамен.

    Утре ке се дружиме повторно, го оставив сега да се одмара, треба да поминеме утре 20 км, натаму и наваму. :!: Му кажав да се спрема - рече Добро.

    за крај, пријатна вечер на сите членови на фемина, јас заминав да спијам, утре треба во 4 да станам. :hai:
     
  8. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сдк дека мразам, ме иритираат машки кои си се самобендисани, тако звани НАРЦИСИ.

    Си мисли метар и врба е висок, широко развиен, смувал пола град, пие пиво како вол, изиграва боди гард на џурки со сукни кратки т.е. широки како каиш и шминка ко од Планета да излегле.... и си мисли он дека неговите плитки мисли и "манири" можат да успеат кај сите.


    Епа гадно се лаже ;) :lol: си свиркав и си се смеев под мустак 8) лево, десно, збор, два чао, пријатно :)

    И така.

    Се има по државата ни наша.
     
    На CIA и sadangel им се допаѓа ова.
  9. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Операцијата беше успешна-пациентот е мртов ! Вака би го крстила денешниот ден
    Како да им објаснам на луѓето кои само седат со скрстени раце,чекаат решение од другите без притоа да мрднат со прст,дека коцките нема да им се наместат,па дури ни една нема да дојде на точното место.
    Лесно е да манипулираш со останатите,застани ти,ти соочи се,ти запрашај се до каде ти е чергата,а потоа замислувај си дека владееш во своето царство пу-пу скраја да е.
    се прашувам дали е човечност доколку еднаш простиш некому и потоа секој нареден пат да му ја качуваш на глава работата за која наводно си му простил? Па подобро немој ни да му простиш,бидејќи со самото спомнување на таа грешка правиш уште поголем грев.
    И сега додека го мачкам лицето со крем така полека ќе ми се натрупа со чадот од цигарата, а тоа човечност ли е?
    Имајте добра ноќ
     
  10. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.451
    Допаѓања:
    91.799
    Пол:
    Женски
    Ако никогаш не се омажиш секогаш ти е тука 1 април за да облечеш невестински фустан.
     
    На Sara123, bittersweet, cigarce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.270
    Допаѓања:
    157.733
    Кога ќе налетам на некои особи сасвим случајно по улица, настани, што год, ИНСТАНТНО у глава ми одекнува 5тата симфонија од Бетовен! Ете н! толку е! Ама правам здравооо са осмехом и фитиљ!

    И друго,многу ми е смешно коа на твитер ми глуми мангуп некоја која не и стои...ич!

    И трето, луцкаста си тиии,луцкаст сам и ја... дечко у Веро,у моја фаца...Молим?! :^) :D И си отиде! :D
    Ете зошто си ја сакаш државата,сите пролупуваат кад тад. Едвај чекам и јас скроз да отидам,е бит че беља тад! :D

    И шо друго?! Абе убаи работи треба да се случуваат,ама си молчам...дур не се случат. Е после може и да се подфалувам! :D

    И четврто, она го сака него,тој ме сака мене,не знам дали ми се допаѓа ова! А јас него...? :wasntme:

    И петто,се мислам дали да одам на саем на книга...сериозно. Оти?! Оти секоја глупача се кандиса да оди да си ја купи ПС те сакам,Порака у шише, Љубов у Лас Вегас, Цветови и срциња, Еднорозите го спасуваат светот, Глитер за појадок,да де,некои такви... Кој ми е филтерот?! Види кој ти атендуваат преку фб,потоа види им вкус на музика и филмови и толку е приказната. Абе стереотипи и ограничености ете таму ми лежат. НЕ МОЖАМ И НЕ МОЖАМ И НЕ МОЖАМ И НЕ МОЖАМ да имам разбирање за тие категории на Љуѓиња! И по нулта толеранција на кенкачи по КЛАСИЦИ (класиците се фантастични,што од руско говорно подрачје,што од англиско),одлични значи до свемирот и назад, ама се враќаме на почетокот со манекенките и Ана Каренина. Едно време, Пауло го зема приматот,па сите го сакаа Алхемичарот и СИТЕ негови книги и откако овај,го испљука(вме)а, ете си проговоривме за истиве од еднаш сите ги сакаат класиците. Тоа е тој круг наречен,глупавштина, потреба да се биде прифатен на глуп начин, медиокритетност и такви ми ти глупости...

    Уствари,не знав шо сакам да кажам. Ете набој...
     
    На LilBaby, Strumfeta93, NoellePage и 7 други им се допаѓа ова.
  12. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК тактички скроз погрешно!
    Congratulations Wild, you have just been friend zoned!
    На здравје шишање.
     
  13. lovely91

    lovely91 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.500
    Допаѓања:
    4.506
    Пол:
    Женски
    Значи колку ми е само на место душава кога ке си застанам со мајка ми и си правам нормален муабет,таа е единствената личност за која знам дека нема да ме изневери,нема да ме исмејува и пред која можам да заплачам а да знам дека пола град нема да дознае за тоа! ете така постов ке и го посветам неа :)
    [​IMG]
     
    На ViktorijaMari и Miss.Ricci им се допаѓа ова.
  14. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Лесно е да го живееш животот напамет.
    Тоа ти е исто како кога учиш лекција. Лесно е, ја бубаш од а до ш, ја раскажуваш. Се будиш следниот ден немаш појма ни што си учел.
    Така и со животот, стануваш еден ден, си остарел а немаш појма што си постигнал во животот-т.е. ништо не си постигнал.
    И ќе дојде некој празен, шутикав и ќе ти соли памет, вака било така било. Тоа ти е исто како кога некој што се родил после 1992 зборува колку било убаво во времето на Тито! :drunk:
    И сите чезнеат за подобро утре, сите сакаат љубов, мир, среќа, а всушност тие истите се празни во душата.
    И додека трепнав, поминале 20 години. Мајка ми вели, како вчера да те гледав додека си играше во дворот, кога порасна? Што ти е животот, денес те има утре те нема. Денес си дете, утре си старец.
     
    На lovely91 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.270
    Допаѓања:
    157.733
    Леле ете што сакав да кажам...
    Знаеш дека си дете со трауми од социјализмот,па и транзицијата коа најлошиот дел од денот ти било коа твоите си доаѓале од работа и ЗАДОЛЖИТЕЛНО морале да дремнат едно 2-3 саати... Мува да не прелета, уствари тоа по другите куќи,моите трпеа свашта,па мајка ми правеше испади,кој како си дојде дома, децата кај нас на чување,да се одморат,па кога јас ќе одморам?! :D Ама стварно колку беше досадно, особено летно време,спуштени ролетни (тогаш имаше оние зелени,на ролна најчесто,па после добивме други џиџи-миџи од ролетни,со внатрешни кутии,ма шо знам јас) и играш нинтендо со звукот на нула! :( Тоа спарина у пизду матер,овие џоњаат! Прозор,природна клима.Надвор не ги пуштаа другите,зошто според една глупа мајка,ќе им се сварел мозокот од жешкото. Се сеќавам еднаш така се заиграв со пециво,квасец и брашно,мајка ми стана меѓувремено,мислејќи дека ќе ме кара,го сокрив под маса,утредента ВУЛКАН и тоа запечен! :D Ама ете,од тогаш сум врхунска домаќинка!
    Е истото тоа ми се дешаваше и на одмор! Значи,те носат на плажа и ти си ептен среќен,со сета душа и срце и у 12 те носат у соба на ДРЕМКА,они крчат,а ти џмиеш до 3-4 попладне! О,не! Какви лоши,лоши, лоши родители! И ете од тогаш имам проблем со досадата и длабоки трауми и комлекси на едно дете кое немало внимание(извинете,ние единците научени сме на прајм тајм ол д тајм,разберете)! :D Стварно на досада ме тепа депре,ама опасно!И после татко ми коа ќе ми рече,е колку сум те играл ко мала! Е да бе,а коа дремнуваше?! После тебе коа ти се играше,мене ми се спиеше! А стварно ми се спиеше,ама тој ќе ме игра...абе ај ти се молам! И да ти се плукнам у игрите,математика задачи у ЈУНИ,ЈУЛИ И АВГУСТ,не се рачунаат за играње,ако сакаш да си знаеш! А и што коа со моите играчки ти поише си играше,него јас! После у капитализам поише работеле,како не! Тогаш не можеле да надвасаат кафиња да се изнапијат.
     
    На anabel-a, zhap4e, slavica999 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.357
    Допаѓања:
    286.460
    После долгиот исполнет ден конечно у кревет |-)

    Се решив да ја менувам работата, па во потрага по поголем предизвик денес уште рано бев на едно интервју.
    Работата не е во моја бранша, но во секој случај подобро платена од постоечката и евентуално би ме исполнила со чуство дека придонесувам со нешто кон средината и можам да влијаам врз животите на оние на кои им е потребна помош.
    Но сепак си го поставив прашањето дали е тоа вистинското за мене, макар и привремено додека не дипломирам , или its all about the money и да барам даље нешто друго.

    Се уште не сум решила, треба закажам уште едно интерју на кое треба да ми бидат подетално објаснети обврските па потоа да ја донесам конечната одлука....

    После тоа удривме на шопинг со малиов мој.
    Изненадувачки он имаше дупло поголем број кеси од мене, али од пусти мерак за шопинг се радував исто како да се мои, дури и неговите кеси доброволно ги влечев :rofl:

    Доцните попладневни часови посетивме изложба на слики во еден музеј.
    За прв пат у животот толку висока влезница платив, што беше и причина со целосно внимание да го разгледам секое ќоше од музејот :rofl: .
    Најчесто се бесплатни или некој симбиличен издадок....па ги земам здраво за готово,али денес :geek:

    Не дека се разбирам или интересирам многу за уметноста...али ете, не е лошо од време на време колку да добијам филинг дека и од оваа обалст имам барем основни познавања, плус и малиов мој има талент и склоност кон уметноста(цртање) па и за негов атер.

    Вечерта заврши со по едно гиро, кое го лапнавме во еден здив....и сега ко некои прасиња се превртуваме од што ни е тежина.

    Си прибрав флашата вода до кревет, оти гарант душава вода ќе ми присака у сон па кога ќе се разбудам
    да си бидам спремна.

    Малиов заспа.....доста шкрапам, ќе го разбудам
    Гуд најт ју ол
     
    На Doozy, Abeja, slavica999 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Дали ви останаа јајца од Велигден? Дали не знаете што да им правите?
    Ви ја претставуваме јајчарката Елена.
    Јајчарката Елена, е уникатен апарат, кој ги јаде јајцата останати од Велигден.
    Тајната е во нејзиното стомаче. Само со два уникатни додатоци, за жолчки и белки. Но, тоа не е се!
    Доколку се јавите порано, добивате и додаток за јадење на лушпичките.
    Не чекајте, нарачајте веднаш на ХХ ХХХХ. Побрзајте, количините се ограничени.

    Е да. Веќе една недела, сум на некоја јајчарска диета. Прибидејќи, не можам да си најдам диета, по мој мерак, нели, си испланирав сама. И во секоја скоро диета, се јаде овошје, за доручек, еми мене тоа не ме најадува. И врти, сучи... јајце. Денес 4 смачкав. Да не бев јас, моите ќе имаа јајца до Нова Година. Некои прибираат, нејќум жуч, нејќум белка. Еми што не кажеш, ја све сакам. :wasntme:

    И да, така ти викам, денес времево облачно, доумерено сончево. :?: Па и немам ништо попаметно за зборење, чекам да ми помине мераков за учење, па да си легнам.

    Добра ви ноќ. :hai:
     
    На green.eyes, kika13 и perlaa им се допаѓа ова.
  18. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    СДК денеска полнам една табла јајца :lol: а се чувствувам како да имам пола табла јајца :) . Има некоја мала сериозност во мојата несериозност, а и што ќе ми е кога и така и онака животот ќе пролета.
    Ќе ви признаам, лани не ја ни отварав и не ни знаев дека постои темата ,,Среќен роденден,, :tmi: се додека пред некој месец не ја забележав. А денес, прво таму ѕирнав :$ .
    Убаво е чувството кога ќе видиш дека некој помислил на тебе и од куртоазија ти пишал нешто. Јавно ќе си се заблагодарам на сите за честитките (иако е клише ама не е :) ) и Ви праќам многу позитивна енергија овој ден.

    Пред точно 5 год. стоев пред матичарот како изгубена (искрено) и го кажав тоа фамозно ,,Да,, и знаев дека не грешам, иако бев хаос ин лаос тој ден од емоции. Тогаш го доживеав најголемото изненадување во животот.
    Додека јас се подготвував за журкање за роденден, тој се појави пред врата, ме фати за рака и право во матично. Беше четврток убаво се сеќавам а венчавката беше закажана за во сабота, арно ама ги сменил сите планови без да знам. Целата збунета кога отидов таму сите блиски пријатели и роднини беа пред врата. Ми требаше време да се соземам и да ја прочитам среќата на моите родители.
    Да, верувам во љубовта и ќе верувам. Јас мојата ја најдов и не ја пуштам.
    Тогаш бев јас збунета а денес тој ќе биде збунет ;)
     
    На DeMelo, teddybear, Hiii и 19 други им се допаѓа ова.
  19. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Не знам кој ми кажа, али на Саем опет царује Ог Мандино и Паоло Куелјо.
    И јас вака со своите Џојсовски трауми, книжевник во опад и благ раскош, да одам таму да си мачам мозочни клетки, а? Не знам. Апсолутно се прашувам. Ко кралица.
    Има ли некое гребло за плевел овде? Немааааааа.
    Кафе со три капки лимон. Штачеш, џин тоници и пар цигаре, малку муабет, малку Дамар, малку фудбал, малку смрзнати носиња, Биси ме отвори философски квалитетно, чекање Годо да дојде а можда и да ни фрли троа магија и чиста постела точно во пепелашковско 12!
    Без ова, сакав денес да ги испоштувам тате и мама. Си ги сакам. Колку и да ме нервираат, колку и да тате мести антена на балкон и ме вади од памет, пошто е нестабилен и дебел, и може да падне, толку ме нервира и мајка ми што си става карминче и коа иде по туршија у подрум. Ама ете, родители, те створиле вакво човечуле, па како да не им кажеш едно Благодарам.
    Настрана сите гомненици, финансови препирки, маки и ноншалантни прдежи у ветер и етер кога ќе згусти. На било кое ниво!
    И готвам на сестра ми шитаке печурки. Крај им нема.
    Успеав да направам 34 стомачни и да паднам ко воин од коњ на паркет. Ијааа, можело, се сакало! Од ѓаолска тежина 66, сеа иам секси - 69! Чудни ми чуда.
    Џабе точак, брат, коа сакам да си папам ко мецана!

    Нејсе, ми вртела Сај вчера. Ќе да е за саем. Ама некако ми се не да. Што знам. А и крај на месец е, едвај едно иљадарче да ќе ми дае срце да купам нешто.
    И се занасаат со цени, го видов каталогот.

    На 31ви мај ќе има промоција на Антологија на македонска современа поезија. Ќе ги има моите пишувалки, ќе имам перформанс од трет вид и општо познато е дека ќе паѓам во поетски транс.
    Елајте изволете. Само не знам кај ќе биде, дополнително ќе ви кажам.
    Друго - трето, време проклето! Само за бизнис и ајкули да се зборело. И за врски што пропаѓаат ко Титаник, и пропратени се со солзи и некаков си ти мудречки баланс.
    Боли бре, и активен слушател кога си.
    Ја би, три шамари, спорт до даске и мало тишине.
    Али не секој трпи капацитети енергетски! Што сака нека е. Само здравје и љубов од Дома да си носите.

    Све друго е пролазно, нејасно, можда и лажно.
    Важно е да не е тажно!
    Чиаос.
     
    На thinkerbell му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дека и јас пијам кафе, не тренирам џудо, ама колку сакав да ја пикнам темана во канта - тоа е чудо. :D
     
    На CharmedGirl и L-enna им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.