Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.357
    Допаѓања:
    286.460
    Денеска и двајцата сме дома.

    Ноу уни. Ноу работа, потребно е да довршиме некои проекти кои ни се потребни.

    Стандард јас ја зазедов спалната, онака истегната со цел кревет само за мене, а он дневната и столчето пред бирото.
    Од како знам сама за себе учам у кревет. Се сеќавам во првите студентски денови, уште кај мама кога си бев, постојани бев предупредувана дека ќе направам дупка на креветот.

    Јас истегната а книгите насекаде околу мене и така то цели денови цели ноќи.
    Кога ќе ми здосадеше на грб лежење ставав книгата на пархетот а јас на стомак легната и со висечка глава надоле читав :rofl:
    Единствената разлика е што сега еден лап топ ми е доволен, не мора да се забарикадирувам со еден куп книги, и да листам нон стоп де во една де во друга.
    Наместо постојаните зиркања во тел. да не ми пишал или зазвонил (некојси кој тогаш ми значел)а јас поради длабокиот транс во кој сум паднала поради учење евентуално не сум го чула тел , демек |( сега секој саат, кратка посета до некст рум да видам до кај е он.
    Само колку да го галнам и бакнам по пресно стрижената ќелава глава...повеќе не ми ни треба.

    После неколку саати се намали концентрацијата, па ставив слушалките на уши, и на најмало волуме и препуштив на музиката да ме води низ пишувањето.

    Во еден момент дојде СКИТНИК, од Јаков Дренковски на ред
    како изминуваа секундите, тоа најмало волиме почна да ми пречи, и наместо тоновите да допринесуваат за моја поголема концентрација...јас ја изгубив целосно.
    Менталните активности поврзани со проектот ги сведов на минимум, наместо тоа ушите и сетилото за слух започнав да го напрегам се повеќе и повеќе.
    Сум ја слушнала песнава толку многу пати, али никогаш на тој начин, толку тивко а сепак толку гласно.

    Ќе си ја пуштам уште еднаш , и пак и пак.....додека не се наситам, па дури потоа ќе премина на друга :wasntme:
     
    На teddybear, Noemi, thinkerbell и 3 други им се допаѓа ова.
  2. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    сакам да кажам дека возењето точак на дожд не е толку лошо :D
    си поминав убаво, освен што имав вирови во старките и фармерките и чорапите и дуксерот се цедат :D
    се да се проба :)
     
  3. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Ех моментот кога алкохолот те ослободува од стегите на општеството и стануваш табула раса, забораваш на тоа „немој сине срамота е“ од мајка ти, и едноставно, си го исполнуваш да речеме сонот кој долго време го сонуваш на јаве, ама без ич да те боли лева цицка, или едноставно, ти растат 2 огромни ќесиња полни со жлезди што го лачат семето на животот и одиш му кажуваш у фаца на симпатијата дека 2 месеца ти прелетуваат стршлени во стомакот и се окезуваш ко зелена кога ќе го сретнеш.
    Под дејство на алкохол најдобро можеш да процениш за каква и колкава глупост најмногу си се грижел и да си ја тргнеш од грб веќе еднаш, и се насочуваш кон фундаментално важните скалила на животот, као исхрана и баланс во организмот. Во тој момент кога се би дала само да повратиш и да ти биде подобро рассудуваш дека уствари се воздржуваш за глупости и сфаќаш дека едно признавање на „Те сакам“ е далеку полесно и по неважно од тоа дали ти вечерта ќе преживееш...иако реално гледано, да, ќе преживееш.

    А зошто уствари не стегаат, и потоа со нивното мислење стигаш да ги осудиш другите? Родители, општество, еве и храбри комшии, секогаш се наоѓа по некој да те потсети дека тоа што го правиш или планираш да го правиш, не е општествено прифатено и ти пресметуваат процент на веројатност за прифаќање кај твојата таргет особа.
    Баш ме интересира како би пораснал некој ако онака, не го предупредуваш за важноста на нештото дали е срамота и дали комшиите после ќе го имаат за трач тема цела недела, сам да рассудува за добро или зло итн итн...најверојатно би бил најискрениот и најхрабриот човек на светот, ама неславно сместен во некоја психијатриска институција зошто ќе има некој кој тоа ќе го смета за недолично, неприфатливо и слично во негација однесување.

    Треба да има едно основно правило во животот, прави што сакаш се додека тоа не повредува некој друг, и сите да го почитуваат подеднакво. Утописки, пацифистички и делумно викански, еве и телемитски, и никој нема да ти се меша во твои одлуки а сите среќни.

    Ако ако, ќе се научат сами испитите.
     
    На Johny, Lov3, Strumfeta93 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Squirrel

    Squirrel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    437
    Си одиш од школо,онака преморена и сретнуваш некој дра лик. Некој кој те дарува со комплименти и совети постојано. И ти се смешка и ти зборува онака заводливо. За шлаг на тортата ти каува дека си ослабела и си се разубавела со годините. Една од малкуте работи кои на жената можат да и донесат убаво расположение, да ја исполнат и да и разбудат убава насмевка.

    Ми вријаат хормониве! што од нервоза, што од лутина, што од потреба за маж до мене.

    друго сакам да кажам нешто што активно го размислувам деновиве. Жените цел живот бараат маж или кој ќе личи на нејзиниот татко, ако тој бил совршен или пак цел живот ќе бара маж кој ќе личи на татко каков што таа го замислила. Мислам дека истата работа е и со бракот на твоите родители. Ако си растел во здрав и нормален брак на твоите родители тогаш речиси да нема шанси да приватиш сама да го одгледуваш детето и ќе приватиш се само за истиот да се задржи, а потсвесно цело време се надеваш дека тоа е само период кој ќе помине и еден ден ќе го достинеш совршенството на бракот на твоите родители. Но, ако растиш во брак полн со кавги и расправии тогаш упорно се стремиш на своето дете да му обезбедиш живот спротивен на твојот. Барем јас вака ги резонирав работиве во последно време!!
     
  5. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.041
    Допаѓања:
    11.860
    Пол:
    Женски
    Прегратки и срамежливи бакнежи на сред пладне. Украдени погледи и случајни допири. Како тукушто да се запознаваме и заљубуваме.
    Стара е нашата љубов, ама мириса на ново, чисто, утрински.
    Скопскиве улици топли, ние потопли, сонцето грее, ме смее. Детска рима, со детски брчки околу очите од радост.
    Пролетно повторно заљубување.
     
    На teddybear, Divinebutterfly, glow и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    И оноа кога си очајна, една вест ти го огрејува цел ден и ти дава надеж. Сакам фотографија ама не можам да ви опишам колку сакам, и колку ризикувам ама на крајот се исплаќаше!!!
     
    На teddybear, LivingGlam и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  7. glow

    glow Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    3.023
    Допаѓања:
    1.264
    СДК дека од тоа чудовиштето што вреска што го објавувате чат-пат имам фобија да кликам на линкови.. |(
    Толку.
     
    На Chocolate.me му/ѝ се допаѓа ова.
  8. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Не, не можам и не можам. Нема да научам да готвам за двајца, никогаш нема да ја погодам количината. :shake: :shake: :shake:

    И после само фрламе храна......Еден куп деца ќе нахраневме до сега :^) :fubar:

    п.с. Очигледно ни треба особа плус во заедницава :$ :D
     
  9. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Денес за малку ќе убиев еден мачор. :x
    Одам на тераса и што да видам.Еден огромен одвратен мачор им го јаде специјалитетот што им го подготвував на моите мачиња.И не е само тоа,јас многу пати го имам начекано да дело. :!: Му го собирав и на крај го удрив.Избега далеку,и се надевам дека нема да се врати !
    Поздрав до моите две мачиња. :*
     
  10. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    СДК денес денот хаос...
    Тргнав од сабајле јас,заедно со црвената тетка(и се патувало и неа овај пат,па морав да ја земам :D :drunk: и тоа од прв ден) ми правеше проблеми,главата ме болеше од неа,стомакот исто,ама аналгинче златно тоа што постои : ) И ноќните пелени :D Се изнавозив,ама ко за чудо,ко стигнав еве,сум полна со енергија,ко да сум спиела 12 сати,а имам спиено само три сати се на се...Ама ако,убаво ми е вака : ) По пат стандард,разни теми низ глава ми фучеа,а во тоа пусто Скопје ко ќе ви поминам на автобуска,секој пат делче од срцето ми се кини,и денес така...Нервозно го пиев кафето и шетав наоколу онака,ко лав во кафез...А да,една на Shelea ми заличи,во еден бус,зелено беше облечена :D Ама можи се препознав : ) Слушав музика,шо друго ќе прам и на секоја песна по некоја приказна во главата си правев.А оваа заразна,а и баш ми е со енергија онака,си се разиграв на седиште онака,си мрдав со главата и нозете :D
    http://www.youtube.com/watch?v=6L44qiHVqhQ
    А луѓево па,чудни луѓе ќе сретниш по патиштава...Еден имаше странец,изгубен цел,само прашваше нешто и апаратот на врат и едно време на граница тргнал да слегва и му вика на шоферот Can I take a picture? Демек надвор да сликал,и овај ко демек не не не не седнувај,не сега,не смеј...Ќе му го земат апратот бе,будала и тој,кај тргнал да слика на Бг граница :D И шо ќе сликаше на граница незнам : ) Како и да е...Други па едни,машки две,дотерани демек,со наочари и в автобус седеа цело време,фатиле да се сликаат в автобус, ко на екскурзија да се...Ама како,и од автобус треба да има слика за на Фејсбук |(
    А па од Софија до Ст. Загора автобусот динга! Леле,ми се слоши ко видов дека сум 49 седиште,а тоа 49 седишта вкупно :D Се настегавме ко сардини :D За среќа убав беше автобусот и не возеше мн. брзо па не не истресе ко компири...Иначе уште тоа ми фалеше.А јас гладна,гладна,фатив си отворив смоки и од чанта јадев,немаше место кај да ги кревам рацете : D И сега ко се вратив право в продавница : D И сладолед си купив,мммм..
    И ттриста идеи ми истекнаа,си викам ќути Дивајн,се ќе се среди,само ти биди силна и не одложувај...Си реков дека ќе скокам одма работите да ги направам и се со план и време,нема поќе трте мрте...
    Сега уште да се освежам и да одморам малце,редно е веќе : ) Се читкаме пак покасно :*

    П.С. Езел вечер гледање на смотаниот Зулу,ама морам некако : )

    А и да,Љубам не си единствена,еднаш и мене тоа ми се случи,ми идеше да се фрлам од 11ти...Ама после тоа па си го зедов.Не се секирај,ќе бидни и тоа.ТАка ни е ко седиме до сабајле да учиме.Нареден пат легнување во максимум 1 (или 2 : D )
     
    На Shelea, Mrs.Cuper и Adi888 им се допаѓа ова.
  11. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Црешна се од корен корнеше,Тошка се од родна грутка делеше
    досега сум шетал Шар Планина, од сега ќе пливам в езеро
    збогу мое мило Тетово и мој мили Дебар и Гостивар
    Напуштам стара дедовина одам во нова татковина
    Проштевај Македонијо фала ти научна академијо
    Ај што ни иба мамата на друг да викам комшија :D :D :D
    к-15 и енергија цел ден
     
    На ViktorijaMari му/ѝ се допаѓа ова.
  12. B.Waldorf

    B.Waldorf Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    33
    СДК дека денес сум се зачудила од самата себе. Се зачудив што не се зачудив на нешто што ми го кажаа во врска со моја другарка, што им рекла да не ми го кажуваат. Лошо. Веќе не ме интересираше ни да ја посоветувам, ни да се карам зашто крие од мене, се навикнав.. е на тоа се зачудив. Како да не ја познавам таа личност веќе. Како и да е, писмената математика ми е со сите бодови. :rofl:
    Е толку.
     
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.018
    Допаѓања:
    81.358
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам, дека хороскопот ми касни два месеци. :wasntme:
    Периодов мојата мрзоволност се зголемува право пропорционално со зголемувањето на сончевите и весели денови, кои за "среќа" нели, принудена сум да ги минувам во чкртање и мозгање задачки за матура, ама убаво ми е бе - си се шлаам низ прозор и си замислувам сваштарии од типот - што би било кога би било итаканатаму зеленила. :lol:
    Смејте се, пејте и уживајте во сè што ви излегува пред очи - за инает на душманот бре! :rock:
    Ве гушкам. :hug:
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    604
    Ох бре, многу работи сакам да кажам, толку многу се што не знам каде би почнала и затоа молчам.
    Еве, 3ти ден како не ми пишува, и мака ми е и не ми е, шта буде, биче. Досадно ми е во школоно, се смешкам ко некој ретард и не правам ништо со денови. До сега кула ќе изградев еееј.
    Ми се дивее, флертува, лудува.. танцува до 5 сабајле, ама после тоа сакам и нешто друго, тоа што го имав во дланка. Можеби и уште е тука некаде, а можеби и се изморил. Еден Бог знае ама нема веза, ако нешто треба да се случи ќе се случи.
    Имам ли спомнато колку мразам луѓе што сакаат да филозофираат а немаат речник ни најпросто да се изразат ?? Е, ги мразам. :^)
    Сакам кажам-не знам речам се вика таа. Аман бре,шо ќе се прави, аман!!
     
  15. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    е ако с епотруди човек да го направи денот поубав после сите проблеми хм ете некој да ти го расипе...аман бре лујге сте или што??!!!!!!!!!!!!............
    а вие глупави што се јавувајте само за да се глупирате :fubar: оти сте без памет да знаев дека не е оној што мислев дека сте вие губријна јас ке ви покажев а не мајками...

    :lol: :D ама ве намести алал да и е :lol: уште еднаш ни цвона тел ни ништо ахаааа бас супер ви направи :D ај да ве видам..
     
  16. stylishh

    stylishh Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    дека оцркав на работа цел ден , :!: и ме фате ноќта меѓу друго :fubar:
     
  17. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Cо Oфи супер сме си поминале денес :D :D Mоре шетање, натаму наваму :D Tрач парти и така :) :)

    Aјде Oфке се гледаме пак :*
     
  18. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Денов ми почна со преубави вести... :rofl:
    Дефинитивно одам за Струга цел викенд на финална работилница за ЦКА-ПХВ Проектите
    Среќна сум :D конечно после подолго време и јас да добијам добри вести, конечно денот да ми почне со насмевка и без нервози...
    Денес сум експерт за глупости :lol:
    направив толку колку не сум направила целиот живот :rofl: :rofl:
    Денов ми е исполнет со смеа се надевам дека нема да се најде некоја будала да ми го уништи :rofl:
     
  19. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    Имам нов аватар. Ла ла ла ла ла ! Многу си го сакам, ми го прати една личност многу драга и мила. :$
    Сакав да ви кажам нешто.
    Се заљубив. Незнам на која сфера сум, ништо не приметувам околу мене, само него. :inlove:
     
    На Adi888, Divinebutterfly и starfish им се допаѓа ова.
  20. AnimeHQ

    AnimeHQ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    246
    Сакам да кажам дека според некои среќата со пари не се купува, и истото не е само - една обична фраза. а според некои спротивно.

    Навистина среката неможеме да ја купеме со пари, парата не го прави човекот подобар.
    ... среката е во вистинските нешта...
    - љубовта
    - свежиот воздух
    - сјајот на сонцето.. тоа е она сто не усреќува


    Со пари можеш да купеш куќа, палата но не и семејство.
    Со пари можеш да купеш забава но не и среќа.
    Со пари можеш да купеш секс но не и љубов.
    Со пари можеш да купеш лекови но не и здравје.

    итд....

    Рамнотежата не е во парите..

    [​IMG]

    Вистината е една..

    Среќата со пари не се купува а љубовта без мерак век не векува.

    Велат ..
    - Има безброј докази дека среќата се купува со пари .... - Но јас прашувам колку среќа можеш да купеш со нив?
     
    На ViktorijaMari му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.