Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Го гледав видеово и си останав баш mesmerized :clap:
    Браво за тие што го направиле, прекрасно изгледа земјата од 400 км во вселената, уште кога и народот кој ја населува ќе се свести дека не треба да ја уништува добро би било.

    http://www.youtube.com/watch?feature=player_detailpage&v=Ip2ZGND1I9Q



    Имајте убав продолжен викенд, знам кога работев колку им се радував, сега секој ден ми е викенд :lol:
     
    На teddybear, mims-89 и L-enna им се допаѓа ова.
  2. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Корнфлекс и млеко прекипено по цел шпорет. Бравоу!
    Точак и наочара и пиштење на MGMT со Еlectric feel дур корнам педали накај дома. Ама е сладок моментот. Се будиме заедно, јадеме банана, он си иде на работа, јас дома, па пак на работа. Обратнопропорционален живот. Да ти запре здивот!
    По Кеј едночудо забава. Дедиња со полуголи грбови печат години листајќи весници. Избегани студенти од први предавања ждеркаат бурек крај клупите. Едно жениче прекрасно, босо, со дланките на горна чакра над срцето, правеше јога вежби и сангејзинг, додека до неа се ашкаше малечок кутричок мопс.
    А јас како збирач на прикаски си ги запамтив сиве овие нешта, за само да ги прераскажам.
    Денов ми е напола кус. Попладне на работа, а што до тогаш?
    Преуредување плакар? Хм, што знам. Саем на книга, сама да се ашнам? Хм, не знам. Иван ќе ја потпишува книгата денес на штандот на Темплум, магарац, од фејсбук морав да дознавам и му пратив заканувачка порака дека ќе го сторам биено сирење штом го видам. Ми изгунџа нешто, лажов.
    Ќе види он со гушкање како коски се кршат :P Нејсе, другар ми е, му се простува будалеење!
    Размислувам некако во правец лудило и ролеркостер, животот е тоа, бар така Ронан Китинг кажа еднаш одамна :D
    Сонував вчера како сме чекале селски автобус со број 15. Првиот ни кидна. Требаше со автобусот да се симнеме на некое си поле и од таму да летаме за Америка. Јас, тој и бебето. Мислам беше женско, ама ко кукла некако на сон. Гастербајтери сме биле, сме лажеле дека сме во брак за да киднеме.
    Идејава не ми е лоша, кога ќе си подразмислам така подлабоко :lol:

    Како и да е. Сакав да речам дека вчера моите гаќи со мачиња доживеја огнено крштење, пробав да мачкам и ја ограда од тераса ама не ме бива, мјаукав цело попладне на The Presets и трошев калории на паркет дома. Утрово внимавам на појадокот, ручекот ќе го смалам, а вечера ќе му ја мислиме!
    Да се доведам во некаков несовршен ред сакам, зошто не смеам да имам 7мица напред на килажа. И буквална 7мица морам да избегавам, зошто од тие нивни компири, станав сурогат компиромајка! Ги носам со мене и со укус и со лажовштина! ]:) :D
    Бран се бранува, мене од кревет сега не ми се станува.
    Редот е фатен,штом во 8 сум разбудена.
    Можам и едно орце да свртам околу зграда, а?
    Оки.
    Хиперактивност, штиклирано!
    Идеме да пливаме во денов!
    Краул, па синхронизирано кучешки. Ав ав! Од акција не ми е страв!
    Филмови бе.
    Во петок.
    Ако.
    Имајте лесен викенд, џунџулиња, мене ми е работен, а во вторник ќе распалујемо скара и ќе квичиме како ни се урнала цеееела диета од цел еден ден!
    Алоха! :*
     
    На bittersweet, anabel-a, JuLleE и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Можеш да бидеш реално најгрдото девојче на планетата со најгрдата фаца, можеш да имаш вишок и повеќе од вишок килограми, растресен стомак, гради до стомак, недостаток ваму или онаму. Не е битно де, ми ја сфаќате поентата. Можеш значи да си најнесовршената личност на светот, према некои стандарди кои денес ги поставуваат глупите модни списанија.
    Ама кога ќе се погледнеш во огледало, и кога си задоволен со себеси, па уште и кога ќе излезеш у бели свет и сееш насмевка, ведрост и добро расположение, ма ни Бар Рафеали у купаќи нема да ти е рамна!
    Тоа е тој момент, кога ќе се погледнеш во огледало и толку си задоволна сама со себеси што чекориш сосема достоинствено, со дигнато главче у пристојна хоризонтала и шириш позитива каде и да одиш.
    И тогаш нема попривлечно нешто на светот за секое окце. Машко или женско. Сеедно е. Едноставно кој ја рекол излишната и премногу силувана - вистинската убавина доаѓа одвнатре, бил во право.
    Е сеа можда мене другар ми, кралот на сарказмот ми вика, јбг ја карактер не е*ам :D
    Ама тоа е сосема друга димензија на муабетов.

    Вчера сум се размуабетила со другарка, зборевме нешто за општоприфатени стандарди, за тоа како луѓето мрчат за туѓи животи и слично. И јас и викам, абе чуј, можда има еден рецепт за највкусната чорба која постои, ама пак секој си ја прави по свое. И сега јас ли да и мрчам, стај мори поише вегета, кога неа така и е повкусно?
    Поентата ми е, работите никогаш не се црни или бели. Некад сивило је*е зделка да ми простите на францускиот. Ама едно знам, ,дека никогаш, ама баш никогаш не можеш да бидеш толку паметен за да знаеш како му е на другиот па уште и да си даваш за право да мрчиш и да се мешаш. Или делиш совети. Можеш да пробаш ама не очекувај да бидеш послушан. Мене тие луѓе шо се запршка у секое тавче гравче ми се чак што и доста одбивни. Седи си мадро бре и ќути си.
    И се изнасмеавме на крај, шо муабети затеравме почнувајќи од тоа да анализираме секакви врски кои постојат у наша околина.

    И сфативме на крај, дека сме воделе љубов со ежот у моментот кога сме решиле да се осамостоиме и да живееме ко единки. Каде бе Балканац сака жена да носи пари, и жена да има свој живот, и жена да не зависи од никој? :D

    Се шалам. Јас тој Балканац пак ќе го сакам :wasntme: Викам јас ја утнале песната, место Босанац треба да биде - тако ти је мала моја кад љуби Балканац.

    Него, многу убаво петочево бе! Станав покасно, се успав, не дека самата решив така, и си викам - сега да се брзам пошто е петок, или да кулирам пошто е сабота? Сериозно не знаев што ден е, и така после 5 минути интензивно размислување на тема - кој ден сме денес? Станав!

    И арно шо станав! Многу ми е убаво денес, ме скокотка нешто не кажувам што. А викендов наводно право лето не чека. Е кога дојде лето бре?! Затоа јас од вчера си слушам летни хитчиња. Ма готово јас сум више на плажа со коктелче и се пржам.

    Повелете и главче горе, сите сме убави, кога сакаме ;) А јас сум денес сериозно многу убава. Искри пуштам со очиве, пау пау! :D

    http://www.youtube.com/watch?v=SoaTea06mG4
     
    На Elenaaaaaaaa, bittersweet, anabel-a и 15 други им се допаѓа ова.
  4. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    ТАка е Пирамидке,сите сме убави на свој начин :D А и што рекле некои други,Нема грда жена,има само мрзлива :lol: и тоа е точно :D

    СД ви К добро утро на сите (спанки едни,ајде активирајте се) денов е и така и така,врнело,можи пак да врни,ама ми е гајле,јас имам куп обврски и одам да ги завршам.А и ќе си прошетам ;) Ако сака нека врни па,ми е гајле,ќе си земам и чадор.А вчера во кома паднав во 10 вечерта,сум заспала покриена со едно ќебенце и до сабајле така,тоа беше некое време после постот од ко ви го пишав :lol: Се читкаме :*

    HAVE A GREAT DAY ;)
     
    На lovely91, Phyramide и maca99 им се допаѓа ова.
  5. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Ѕиркам од прозорв, луѓенцава од сабајле како да си шетаат по Млечен Мат и си грицкаат од истиот.. Комуналнтото се расчистило посабајлечки, за да го грабнеме чист денов иако воздухот ми мириса на прегорено млеко.

    Ја пак, си го почнав денов со неколку страници низ авантурите на една книга.. така поомилен ми е жанрот + авторот. Абе реков ја дека ми започна маратонот по саемот.

    И така денес ко за чудо на тераса со мајка ми пиевме кафе, мамурни и уживавме во градскиот метеж. Се познаваме доволно за да сфатиме дека посабајлечки не треба да си се обраќаме една на друга бидејќи смртнички откачуваме луѓе. Ретко вака кафе со неа.. редок е денот кога се сложуваме како денес.. ретко кога ќе прошетаме низ градот заедно како денес..
    Ретки се овие денови.. па затоа си ги шмукам од цефка ко лимонада.
     
    На anabel-a, glow, la-chicka и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Ептен ама ептен ми е мило што ги пронајдов луѓето што ги брав целии 9 години :inlove:
    кога виножитка ми ја избриша темата изгубив секаква надеж, али одма после неа лепа.милена ми ја врати во ЛП ми пиша за луѓето... И благодарам :*
     
  7. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Патетично розева сум денес, расцутена, огреана. И не ме интересира сивило.
    Ќе одам покрај езерцето да нахранам некое патче.
    Ме чека разговор, за работа. Мир, мир сталоженост и акција. Ќе биде.
    Ми фали, им фалам.
    Со мојана пуштаме CV- ја кај стигнеме и се реметиме од смеење ко зелени. Ајде може некој и ќе ни рече ју гот ит бејби!
    Мај почеток за работа на мојата теза и посета на Голем Град островот. Немам трпение, сакам да стапнам таму и да почнам да дејствувам.
    Од јуни до септември сфатив дека ќе биде напор голем напор, авиони, патишта, одења, враќања. Ах колку сакам да се сплотам негде во мир. Со мојана боревме колку авиони само лани сменив и излегоа негде накај 36 бррррр страв ме фаќа понекогаш. Ама позитивно Ирена позитивно!
    Одам да си направам салата и да почнам да дејствувам.. доста е лежење во кревет и твитање, и скајпање и феминизирање.

    Имјате убав ден.
     
    На bittersweet, anabel-a, glow и 2 други им се допаѓа ова.
  8. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Овој викенд го посветувам на една стара пријателка. Бевме многу блиски и одеднаш бидна ,,бум,, и за момент патиштата ни се разидоа. Никогаш не ми стана јасно а и до ден денес што се случи, битно минатото ме научи да ги заборавам лошите работи но и да го запаметам тоа што ме научило.
    Имав пријатели кои го видоа најдоброто во мене и ми завртија грб и сватив дека не се вистински пријатели а имам и такви кои го видоа најлошото во мене а сепак останаа со мене. Тоа се вистински пријатели. Е таа е таква. Го видов истото и јас во неа.
    Израснавме заедно во исто мало, исти школи завршивме, се омаживме, родивме деца и не снема. Толку очајно сакав и поред тоа да го задржам пријателскиот однос ама обврските си го чинат своето можеби ќе каже некој, ама не е баш така. За пријател се наоѓа секогаш време.
    Подобро направи паметен муабет со 1 паметен отколку со 100 будали.
     
    На Serafima, NoellePage, thinkerbell и 4 други им се допаѓа ова.
  9. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    Го случам часовников на рака, трчаат стелкиве луѓе.
    Трчаат тогаш кога најмалку се потребни. Нека трчаат на часови, а не сега. Треба да се спремам за во школо, а што ме фатила една мрза не станувам од кревет.
    Не е битно јас пак сум среќна.

    Да ви кажам јас, вчера едно малечко девојче ми го разубави денот.
    Ме прават среќна мали работи.
    Баш брат ми пред некое време ме праша како може да ме прават среќна мали работи. Јас само се насмеав ништо не му одговорив.
    Зарем тешко ли е?

    Отидов јас. Ви посакувам убав ден. Не се нервирајте и не јадете паштети :D
     
  10. lovely91

    lovely91 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.500
    Допаѓања:
    4.506
    Пол:
    Женски
    Презадоволна сум уште од сабајле,си донесов една одлична одлука одамна не сум почуствувала ваков мир,срцето ми е весело а и сонцево уште повеке ми влева позитивна енергија... решението е донесено а деновиве и проблемот ке си го решам,не било така страшно како што си мислев.. и да точно е никој проблем не е толку тежок па да не може да се реши :!:
     
    На Divinebutterfly, danniela5 и DressedToKill им се допаѓа ова.
  11. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сдк bad day .... go away :( :( :(


    да се немало сили уште рано,рано ...

    Луѓево околу нас веќе не се луѓе.
    Просто да ти се згрози од некои НЕчовечки постпки. :puke: :puke:
     
    На JuLleE, maca99, Nine25 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    убаво наспана и со убави исли....убави лјуге и позитивни и денот може да запоцне убаво се надевам и ке продолжи.. :) :D
     
    На ViktorijaMari му/ѝ се допаѓа ова.
  13. AnimeHQ

    AnimeHQ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    246
    Некои работи едноставно не можат да се променат..
    [​IMG]

    Ми се гади од истите. Нажалост секој ден, уз дан уз дан се множат се повеке и повеке.

    Човек да не може глава да крени од нив. Ама ако, ке им дојде крајот една ден. Порано или подоцна ке им дојде.
    А јас ке чекам, кој последен се смее најслатко се смее. :!:
     
  14. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    163
    Се вратив од саем и комотно можам да си цркнам. :@
    Значииииии тоооооооооооооооооооооооолкууууууу убавииииииииииииииииииии книгииииииииииииии имашееееееееееееееееееее а јааааааааааааааааааас немааааааааааааааааааааааааав париииииииииииииииииииииии ниеднааааааааааааааааа даааааааааааааа сииииииииииииии купаааааам!!!А ги имаше толку добри :( :sweat: :sweat: :sweat: :x
     
  15. Nine25

    Nine25 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    1.726
    Пол:
    Женски
    После девет месеци породилно повторно се враќам на работа и таму имам што да видам
    Толку многу злоба лицемерие лага а да да многу лага се чудам Исчезнаа ли добрите луѓе исчезнаа ли добрите особини на луѓето Па добро и јас имам дома проблеми како и сите нели ама јас пак сум фина насмеана гостопримлива и да навистина јас незнам да лажам па искрено некогаш и ми е жал поради тоа затоа што не ја заслужуваат мојата искреност :(
    Каде ли се сите човечки вредности на луѓево? Што се случува???
     
    На Fearless и maca99 им се допаѓа ова.
  16. mamita

    mamita Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Уживам во моето попладневно дупло кафе, читкам,си крцкам едно житарче :lol: од Виталиа,а бе мераци.
    Прекрасен ден :)
     
    На maca99 и ana-girl им се допаѓа ова.
  17. tessi

    tessi Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    518
    Конечно викендот може да почне :) Сонцево ептен прави да се осеќам среќна иако сум жива ненаспана.Ама ако :) Има ли нешто поубаво од 5 саати зборење и смеење со колешките од факултет?Порано кога ми збореа дека студентските денови се најубави не верував,ама дефинитивно е така.Штета што само уѓте неколку дена сме заедно на предавања,а после секој на своја страна.Сега е време за еден убав ручек направен од мама и после може да почне да се шета :)
    Имајте убав викенд :*
     
    На mamita и Danilela им се допаѓа ова.
  18. ana-girl

    ana-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    648
    СДК самата помисла дека е петок ми ја носи насмевката на лицето. :)
    Следува викенд кој е испланиран за прекрасен помин со друштво надвор од нашата земја :)

    Се голема среќа времето е топло ми се погоди за добар викенд.П.С едно време денес жешко ми стана :lol: :lol:
    Ви посакувам убав ден и уште поубав викенд :* :*
     
    На mamita му/ѝ се допаѓа ова.
  19. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Бојата на вашиот лак за нокти го открива вашиот карактер :|
    Па каков карактер сум јас ,ноктите секој ден ми се во различна боја и различен дезен... :wasntme:
     
    На anabel-a и SanjaKirchner им се допаѓа ова.
  20. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.522
    Допаѓања:
    174.002
    Сдк...жабата видела дека коњот се потковува па и таа дигнала нога(ја жалам..)
    Е земјо,што се трпиш,јаки нека ти се плеќите.
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.