Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Барам работа, доага лето, сакам одмор, сакам и пари. :D
     
    На tweety26, srcekrsacka и kate-the-great им се допаѓа ова.
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.270
    Допаѓања:
    157.738
    Ова време е невреме. Дали е бре нормално?!
    Како и да е... нема ништо подобро од предвечерие на викенд, убав маж на повидок од вечерта, убави планови за идната и кафе...
    Ах бре...Ако ме боли десен бубрег,срцево ми игра!
    Ми се чини сите најубави работи во мојот живот ќе се случат помеѓу 17 и 20 часот. Многу го сакам тој период од денот,ама многу,многу,многу!!!
     
    На tweety26, anabel-a и starfish им се допаѓа ова.
  3. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    во каков град живеам :x
    имав прилика да видам неколку случаеви каде што жени се облечени баш како за некоја журка а не за на работа, со минич до пич буквално , и си се шетаат така, абе гајле си немаат бог да чува и да брани
    а после ке се жалат дека колегите на работното место биле манијаци, само на секс мислеле, е не треба да се жалат оти тие се тие кои провоцираат.

    и да ви кажам дека како што имам чуено дека со раскопчана блуза или деколте, како и со мини сукња се доага до работно место-сега јасно ми е, а не како што не учеа на факс пристојно облечена, со сако, панталони.
    ми се :puke: од цела оваа држава
     
    На anastasijaki му/ѝ се допаѓа ова.
  4. laryla

    laryla Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    229
    Добро бе луѓе,толку ли се затупел светов,да нема никој општа грижа на совест?!

    Значи правиш грешка,место да се обидеш бар со еден општ лесен збор „Извини“ , не признаваш грешка!Кој к*р ви е на вас бре?Не сфаќате дека кините живци на некого?

    Не,тоа е чудо,колку сурови станале луѓето.Се за себе да се гледало,секој свој интерес си гледа,никој не го боли за друг.Све се саможивњаци,бе! Никој асален да се родеше малку бар да помислеше и да си ја чукне таа главата,кога греши да сфати дека е грешка која не смее да се повтори!!! :envy: :fubar:
     
  5. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Горан Михајловски, 20.04.2012 - ВЕСТ, рубрика: Сакам да кажам

    Ај осмели се и окрупни го бизнисот во Македонија. Имаш деведесет вработени и решиш да вработиш уште десет. Кога, оп - мора да купиш дефибрилатор. Ако некого го стегне срце, колегите да го оживуваат.
    Кај нас лифтовите не се одржуваат како што требаа, не, пак, дефибрилаторите. Ќе изгинеме на работа. Кога ќе почнеме да си даваме електрошкокови по фирмите, ќе има повеќе жртви отколку во конфликтот во 2001 година.
    Туку, зошто министерот за здравство Никола Тодоров не донесе уште една мерка корисна за здравствената заштита? Покрај дефибрилатори, секоја фирма да мора да набави и вибратори. Како превентивна мерка за да не се абат дефибрилаторите. Па со нов правилник ќе пропише и практична настава за користење на вибраторите. Работодавецот да мора да определи дежурна екипа која секое утро ќе одлучува кој дента има нужда од вибратор. За да не заврши на дефибрилатор. Следствено на тоа, во фирмите ќе се организираат обуки. Со показни средства и пракса како се користи вибраторот. Така нема да бидеме само поздрави. Туку и посреќни. Оти несоодветно ракување со дефибрилатор може да биде опасно по живот. А од вибратор зијан нема. Освен ако не те фати клетва од некоја колешка што ќе ти посака да ти цркне батеријата кога ти е најубаво.
    :rofl: :rofl:
     
  6. AnimeHQ

    AnimeHQ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    246
    чуството кога ке едвај чекаш да си дојдеш дома и да седнеш со твоите дома да испиеш по едно кафе, да си направеш „асален муабет„ и...... влегуваш така возбудена и сакаш да викаш на цел глас „татоооооооооооооооо !!! , мамооооооооооооооооо !!! се вратиииииииииииииииввввввввв !!!! “ и .... во соба го гледаш човекот кој што те бележал - за сва времена.

    Сакав да ги израдувам , сакав да им кажам зошто блескам од среќа, сакав да ја споделам мојата среќа со нив .. но наместо тоа, јас добив - шамар по лице.

    Ах тато, тато, ах мамо, мамо ... Не свакате дека со вашите постапки ме одалечувате од вас ...

    Но добро, не ви се лутам. Не ви замерувам и по се јас ве почитувам.
    Како рекле старите... ТРПЕНИЕ = СПАСЕНИЕ ...

    Нема да ве тормозам повеке, излишно е да ви укажувам на се едно исто, затоа и тука прекинувам, и продолжувам по својот пат. :!:
     
  7. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    3.742
    Ете така да си знаете :P
    Се чувствувам одлично и со повеќе килограми ! 8)
     

    Прикачени фајлови:

    На Buttterfly, BeYourself, Serafima и 11 други им се допаѓа ова.
  8. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    899
    Вредеше, парите што со месеци ги збирав си ги потрошив на книги, јадење и кино. Прекрасен ден во Скопје, со кое задоволство би се преселила таму, или Охрид!
    Ајде, уште сега се фрлам на штедење пари за следниот саем, до тогаш илјади ќе соберам па ке мора су куфери книгите дома да ги носам :D
     
  9. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.661
    Допаѓања:
    22.479
    Пол:
    Женски
    Дека според мене на форумов невероватно му фалат мислењата на Offspring. Мене лично барем ако ништо друго. Особено кога ќе имаше некоја поосетлива тема, едвај чекав да видам нешто од нејзиниот сурово-реалистичен поглед кон нештата. Многу зрела приземна и интелигентна, можеби и повеќе за нејзини години. GeorGinna исто, уште откога се зачленив одма ја приметив и таа ми беше една од поомилените.

    Исто така ми фалат форумџики кои сум уживала да ги читкам и биле поредовни порано, а сеа така послабо ги среќавам низ темиве како на пр. MarylinMonroe (значи не еднаш женава ми го има разубавено денот и ме има максимално расположено, да е жива и здрава), после 2468 - баш ми беше пријатна за читање ама оваа 2012 никако да не` подружи.

    Ми фалат и мислењата на enca.69 од темата од Кафе Муабети и штета што е заклучена темата На 2-3 реда муабет уште пред да се регистрирам. Некако на четов потешко ми оди :lol: тогаш да знаев да се регистрирам ко шо периодот беше таков умирав од досада, ќе се скршевме од муабет праење :lol: . Сеа на четов некако друго ми е, автоматски глеам кој е онлајн и некако како бариера ми е, а вака ќе си пишам шо има да пишам и ако не сеа-за два саати ќе видам шо дискусија се развила, па ќе се навратам за 2-3 саати и така.
     
    На slavica999 и JuLleE им се допаѓа ова.
  10. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    За прв пат по долго, прилично доооолго време, се осеќам исполнето. Душата ми е полна.
    Ослабната сум, го решив тестот математика денеска, новите фармерки ми се свиѓа како ми стојат и го подобрив односот со некои луѓе. Ги сакам состојбите на моментална среќа!
    Решив да се ,,дружам'' со моите, па во недела одиме во Дојран на неколку дена. Само ние четворица. Јас, брат ми, мајка ми и татко ми. Weird! Викаат малце у семејна атмосфера! Далеко је било то..
    Моменти на родителска посветеност? Што беше тоа? Мајка ми цел живот самата без никој друг е покрај нас. Него го нема. Сега го има. Шознам.

    Него, ви кажав дека не отидов на саем и не ни планирам да одам. Јок.
    Цените што ги видов во каталозите ме разочараа тоталка! Не одам ни по Dear John, ни по A walk to remember. Сакам книга. А книгите со тие никакви цени, не можам да си ги дозволам.
    Саемов стана само промоција и ништо друго. Разочарувачки..
     
    На Serafima, tweety26, Divinebutterfly и 2 други им се допаѓа ова.
  11. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    http://www.youtube.com/watch?v=46f179VS ... ture=share

    Да ви се плукнам јас у факултетот, интелектот, добрата плата, моралот, грижата за младите, доброто на граѓаните и партиските книшки. Ама ноа, стварно ногу да ви се плукнам, да ви се растече по совесноста и човечноста за која зборувате, да ви а потхране глупоста и да цркните у таа заблуда дека постое времето, болеста се лече со апче и тоа шо паѓа у зимо се вика снег. Пу!
     
  12. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    761
    Допаѓања:
    1.227
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека во Општи прашања не може да се постави прашање. Дури да трепнеш е избришано. :devil:
     
    На Juicy03, Elennaa и Glossy-girl им се допаѓа ова.
  13. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.225
    Допаѓања:
    140.064
    Немам што да облечам. Направив план за ревитализација на плакарот, нешто слично на преродба во 100 чекори.

    Оваа недела пресисав на работа. Требаше да имам сончев викенд со лепо друштво, ама се сј*ба планот. Изгледа ќе се сје*е и тој што го планирав 3 месеци, па и повеќе. Ај, здравје.

    Брат ми секогаш вика - шо е твое, ќе си дое.
     
    На Chocolate.me и AnimeHQ им се допаѓа ова.
  14. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Чудна работа како некои луѓе не оставаат никаква трага во нечиј живот, па макар и да газат во снег. Сосема случајно се појавуваат, присутни се и бдеат над туѓите успеси и падови, безгласно сведочат за свечени и тажни моменти и се губат како виножито после дожд, без никој да забележи дека дишеле ист воздух, делеле иста просторија со нас, без никој да размисли дека таму некаде во тоа тело постои срце што чука, душа што чувствува, очи што плачат, усни што се смеат. Ги нарекувам - сенки. Дали и тие мечтаат да бидат сакани, дали и тие чувствуваат болка и непријатност, дали нивното мислење може некогаш да послужи како добар совет и да разреши големи дилеми?
    А зошто се безгласни и незабележливи? И кога одиш во голем маркет на каса зјапаат во твојата корпа со продукти? Дали бараат некоја твоја особина и навика во тие пакувања што ќе им создаде некоја тесна врска што тие ја доживуваат како сличност и подудирање на карактерите? Милиони лица што секојдневно се сретнуваат и немо разминуваат, а прават метеж низ коридорот на животот. Секое од нив има своја приказна што сака да ја раскаже некому.
    А колку сме подготвени да слушаме? Некогаш се исклучуваме насочени кон своите животни цели и само телото ни е присутно, додека духот лута некаде, а главата механички ја придвижуваме во знак на внимание, иако и самите сме свесни дека ништо од кажаното нема да го понесеме со себе.
    И кога ќе помине некое време, ја проколнуваме осаменоста, а никој не е виновен што во моментот не дејствуваме, единствено кога тишината нуди безброј одговори, ние поставуваме реторички прашања.
     
    На zhap4e, slavica999, tweety26 и 3 други им се допаѓа ова.
  15. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.494
    Допаѓања:
    17.214
    СДК дека сум преморена. Оваа недела ете така си ја поминав напорна и ненаспана. Денес мака ми е до ве-це да идам, ме болат нозете олку големи ми станале, ми треба една масажа да се опуштам.
    Ајде идам јас да одмарам, имајте пријатна вечер. Поздрав. :*
     
  16. laryla

    laryla Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    229
    За разлика од прееска кога се чувствував изнервирано и исфрустрирано сега сум по relax верзија и тоа само заради едно искачање со стари пријателки.Леле,се потсетив на минатото на убавите моменти кои ме опкружувале во детството,баш уживав.Два ипол саати летнаа како ништо,неколку вотки исто така летнаа како ништо,ама барем се чувствувам полутрезно.Половината која ме држи трезна ви го пишува сево ова,додека другата се противи и бара уште. :lol:

    Ех,уште еднаш ќе кажам,едно седнување со стари добри пријателки,заедно со многу смеење и сеќавање на минатото,прекрасно време поминато,го направи моето расположение да се качи на врвот(од најдоле).

    I'm not drunk.- :drunk: :wasntme:
     
  17. i-am-who-i-am

    i-am-who-i-am Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    17
  18. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Мило ми е што конечно целиот ден го искористивме максимално.
    Си прошетавме до Ленинова,па во ЗОО,па во парк,на плоштад итн, итн...
    Убаво си поминавме. :)
    А кога дојдов дома ни беше на гости братучедот кој го имам видено мнооогу ретко со негови другари беше,па си поседов малку со нив си помуабетивме. :)
     
    На anabel-a и Libera им се допаѓа ова.
  19. Scar.Tissue

    Scar.Tissue Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.045
    Part 01.
    Спиевме цела вечер со отворен прозорец.
    Го чувствував пролетниот ветрец, неговото дишење и уживав во спиењето.
    Убаво почна денот. Со него покрај мене.
    Ги отворив очите, зраците веќе навлегле во собата, ми беше ко на филм.
    Part 02.
    Бев на факултет, среќа брзо ми поминаа предавањата.
    Некако стигнав дома, ручав, односно вечерав, малку TV, па учење... Error.
    Part 03.
    Еве ме со книгата в раце, отворен прозорец, без него покрај мене.
    Пролетен доцен ветрец, летна музика од некој близок кафич...
    Филм во главата, јас во бело лелеаво фустанче... wooah I'm walking on sunshine. :music: :music:
    Stop it there.
    Part 04.
    All that matters is the ending, its the most important part of the story, and this one is very good. This one is perfect.
     
    На Strumfeta93, SanjaKirchner, teddybear и 5 други им се допаѓа ова.
  20. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Солзи за некој кој не заслужува ни најмалку... Упорно врти грб а јас слепо го следам.
    Нека биде минато, сево ова... И само една добра лекција.
     
    На slavica999, Serafima и ViktorijaMari им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.