Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Прво, сакам да кажам дека сум премногу разочарана од жената која мислев дека треба да ми биде пример у мочаниот интернат, а уствари излезе најголемата пичкетина. Тие твои француски манири и сталоженост на сите ни го поматија умот, мислевме дека стоиш зад сите нас, да не браниш и заштитуваш од оние расипани гадишта што секој ден не трујат со нивната несовесност, а ти, а ти...ти си само една обична стара дроља која не отвора уста кога треба да не одбрани. Браво. Ја изгуби мојата почит и сфатив дека сум те надраснала интелектуално и покрај твоите 60 години и половина живот поминат како воспитувачка у интернатот. :clap:

    Сакам да кажам дека овој притисок не можам да го издржам веќе.
    Овие долни работи, некултура, несовесно однесување.

    Ништо не ви вреди факултетот. Мислиш дека засекогаш ќе држиш ма ти, деца затворени и психички малтретирани само оти те мрзи да мрднеш со газот? НЕ! НЕ ВИ СЕ ПЛАШАМ, АЛО!!! НЕ ВИ СЕ ПЛАШАМ!!!!!!!! Мислиш дека нема да ти се спротиставам? Чекајте да видите што ќе ве снајде.

    Јас од вас да учам за морал, вие да ме воспитувате, да ме изведете на прав пат?!
    МАРШ У ТРИСТА ЛЕПЕ ПИЗДЕ МАТЕРИНЕ! Да ви се плукнам у тоа партиските војници, да ви се плукнам.
    Од млади деца направивте затвореници на вашата манипулација.

    Вие не знаете колку боли солзата на едно дете.
    Не знаете колку боли душата на едно дете.
    За вашите ебени пари, за вашите ебени комплекси.
    Нема уште долго, бедници низаедни, нема уште долго.

    Смешно звучи можда, дека седумнаес годишно дете им се контра на партиски војничиња, ама не, не ви се давам, има да ви ги бодам очите додека сум таму. Без разлика што речиси никој не стои позади мене, јас сосема ве согледав. Вашата глупавост, површност, и не, НЕ ВИ СЕ ПЛАШАМ, не ми е страв од ништо. Да не дочекам да ве видам у четврта, има да ги јадете гомната шо сте ги сереле од кога се појавивте у интернатот. Жими мајка има да ги јадете. :!:

    Не знам само каков пример сте вие за вашите деца?
    Што пример вие им давате на вашите деца?

    Глупи, површни, необразовани. Бесчувствителни несовесни животни, ете тоа сте!!
    Ќе умрете у заблуда.
    Ќе умрете.
    Умрете.
    Умрете.
    Умрете. ;( ;(

    Од срце ви ја посакувам најтешката, најмачната болка, најголемиот страв, да не можете да спиете со ноќи како што не спиевме ние, да ве начека поголема неправда, да ве обезгласат и притиснат, да ве боли и да ве бодат уште толку, да не видите бел ден.

    Оти да уништиш една детска душа е најголемиот грев на светот. А вие токму тоа го правите.

    Не заслужувате ништо. Гнијте. Мрши.
     
  2. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    И баш кога помислив дека знам се,и токму кога мислев дека се ми е познато,оп еве ти нов проблем,нешто како равенка со 5непознати ми се случајот,а јас мислев јака сум,и оп еве ти го моментот кога сватив дека погрешив. Ноќ,романтика,испреплетени страсти,веќе ги бројам деновите,ќе замине.. Понекогаш си мислам дека сум единствената на која што и се случуват вакви работи,баш кога си го пронашол својот спокој еве ти нов предизвик,а како можам да постапам освен да го поддржам,ќе се врати,се надевам ќе ни биде уште поубаво!
    Сакајте луѓе,не постои поубаво чувтсво кога ќе се разбудиш и знаеш дека си сакан !
    Борете се за личноста која ве прави да се чувствувате посебни!
     
    На Serafima, tweety26 и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  3. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.287
    Допаѓања:
    8.645
    Вчера беше убава вечер.
    Се дејтавме, пиевме кафе во градината на мојот омилен бар.
    Времето беше совршено, замрачување, портокалов хоризонт и споделување насмевки, фенерчиња во градината, жуборење на фонатаната, совршен ритам во позадина.
    Шетавме, се смеевме на глупи текстови на турбофолк песни, мирисавме јорговани и расцутени дрвја.
    Ме убеди да го испуштам и последниот автобус и продолживме на пиво. Ме испрати до дома, ми го бакна обравчето.

    Денес се валкам во мирисот на кашмир, рози и лубеница, со мокрите прамени коса околу рамениците.
    Убаво е.
     
    На bittersweet, Doozy, mims-89 и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Bubbi

    Bubbi Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    563
    СДК дека не ги разбирам луѓето што верглаат ко навиени. Уште повеќе што ги наметнуваат нивните “шали и зезанции“ во друштвото, кои патем се едната иста фраза 5 пати повторена во рок од 20мин, се со цел да се прикажат како забавни и интересни и паметни за да останат во т.н. круг. |( Не сум во ПМС и не ја мразам околината, али да немав пивце за разладување до мене денеска ќе излетаа некои зборови. Дааај молим ти се, уШути :D
    оценка за денов :
    - персоната
    +пивце
    + прошетка
    - учење
    + песни од lenny kravitz
    +сладолед во пижами = одличен 8)
     
  5. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.697
    Допаѓања:
    6.624
    СДК дека мириса на летенцеее! :sun:
    Знаете дека школскава година некако многу брзо ми помина и мислам дека не е само до мене, сите тоа ми го викаат. Уште само 28 дена учиме, не сметајќи ги викендите, 1 мај и патронатот на ЈБТ. :D И иако имам купишта за учење и треба да ги воведам во ред оцениве, јас си свиркам и си уживам, стварно незнам што ми е ама битно фино ми е. Температурите се покачија, веќе се над 25-от степен, за малку и 30 степени ќе биде.. абе право лето! Некако кога доаѓа лето, се будам, се полнам со позитивна енергија.. убаво ми е. Можеби ова е само оваа година, незнам до што е.. Кога ќе размислам и погледнам наназад во минатото, уписот во средно, сакањето да се префрлам, омразата кон ова училиште.. чудно ми е сето тоа. Се привикнав и на ЈБТ, и на децата, запознав нови другарки, од кои едно девојче што е популарно да го речеме ми стана најдобра другарка и сватив дека не е таква крената во облаци, туку е едно приземјено девојче што само си ги знае своите стандарди и каде припаѓа. Се е поинаку кога гледаш нешто или некого од страна.. Затоа сега гледам дека многу личности гледале погрешно на мене и сите мислат дека сум променета на полошо, сум станала шмизла и слично. Хах, на тоа само воздивнувам и се насменувам. Што можам друго.. Да, точно е, се променив, неможам цел живот да останам иста, да останам исто дете како што бев во седмо и осмо одделение. Мило ми е што созреав за олку краток период. Научив многу работи за разни теми. Иако ме фаќа носталгија од време на време за времето поминато со старите школски, ми недостига овој период април-мај кога бев осмо.. Колку бев помала, не сваќав некои работи , што знам можеби така беше и подобро..
    Сега, ми останува само да си правам планчиња за летово што доаѓа и овојпат ветувам ама искрено ветувам дека ќе го искористам до максимум, секој ден ќе излегувам, ќе има лумпувања, пијанчења, кафичи, журки, музика до бесвест, дружења! И патем ќе соберам пари и на некој поладен ден, ќе излезам во шопинг и така убаво ќе си изнакупам се што ми душа сака..мммх, одвај чекам!

    Summer, we need you!!
     
  6. funkygirl

    funkygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    408
    Денот,ист како и предходните 20... НЕубав,НЕсреќен,НЕактивен.
    Не сакам да мислам.Не сакам да бидам оптимист и да се надевам,кога немам верба во самата себе.
    И не ги сакам сценаријата што ми се мотаат в глава.
    А по низата перипетии овој месец и после 20-дневната непродуктивност и неактивност и блага депресија заради повредено колено и да сакам и да не тој е негативниот и морничав филм што ме врти.
    Кога немам каде да ја ифрлам непотребната енергија од болка,се форсирам психички.
    Знам дека ќе најдам излез од сите проблеми,а ме води мисла дека секое лошо е за добро...
     
  7. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    :) Цигарче,тоа е,баш кога мисли човек дека се се средило и дека ќе е во ред,оп ајде уште триста нови предизвици,не од една страна,туку од поќе! Па има некои периоди кога се е даун...
    Не си единствена не се секирај,а и ќе помини се,бори се и ти : )
    Ако губиш една битка,не значи дека треба да се откажиш :)

    А мене,веќе премногу ми е тешко :headbang: аман нека помини се,мир да имам малце...А и баш кога ми треба најмногу љубов,тогаш нигде ја нема,да ти**м среќата...А Марфи,тој верен придружник,секако.Ама те неќам бре Марфи,оди УПМ веќе! Цркни пак и не се појавувај аман! Господе дај прибери го овај,пушти поќе среќа на светов! Ќе издржам,мора...крајот го краси делото :) ,крајот најтежок е! Како онаа сликичката копаш,кошаш и само шо не си стигнал до скапоценоста,е тука не смееш да се откажиш : )
    Денес арно барем преубав денот,успеав и на кафе да одам со чупињата овде,а и наочари си купив,чудо некое,јас тешко да си погодам иначе наочари. Ама не се розови :D Whatever,моментално секако бледо и сиво гледам на животот,ми го нема главниот сликар да ми го обои денот...Да му ја запеам Обои ме од Каљопа,дали ќе му текни? : D Ај еве,од мене денес тоа нека оди :D Не ми замерувајте,глупости зборам,ама секако сум сама,па да го искористам виртуелното пространство да се олеснам : ) Еве пак,таман можам да се уклучам на Фемина,ми се губи нетот! Туууу....Сто сати еден пост да пуштиш :envy:
    Ви посакувам убава ноќ :*
    http://www.youtube.com/watch?v=KtG_CcNJfaE
     
    На srcekrsacka и cigarce им се допаѓа ова.
  8. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.045
    Допаѓања:
    11.870
    Пол:
    Женски
    Имам кажано дека сум заљубена, секој ден се повеќе.
    Уште еден ден и доаѓам планино моја каде поминав голем дел од детството. Куќата на дедо ми, сликата од Гоце Делчев и врамената слика од свадбата со баба. Сеќавањата се подготвени повторно да испливаат.
    Во последно време учам како да ги разликувам нијансите на сивото.
    Светлина сред ноќ и тенки пижами.
    Исполнета сум.
     
    На Noemi и teddybear им се допаѓа ова.
  9. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.107
    Допаѓања:
    1.793
    Сите нешта се подобруваат, полека-полека.
    И јас, и моите емоции, и моите расположенија, и моите односи со другите, и околинава.

    Па надвор сонцево пука, свети ли свети и ме радува. Иако воопшто не треба. Си го сакам ладното повеќе, не сакам да ми се врти, не сакам да зовирам на клупите во училиште во униформа, не сакам очиве да ми станат минуски зашто не можам асолно да гледам.

    Два родендени во еден викенд и ново пријателство .. за арно нека е! :d:
    Интересно беше денес, а уште поинтересно ќе биде вечер. Сите најсакани на едно место, како лани, само со еден-двајца плус. Тој де ме радува, де ме натажува. Смеења, слушање дешавки од низ Европава, ѕверење во најубавите слушалки и јадење вкусна тортичка.
    Ме радува, а не сум веќе со него. Можеби .. не ми ни фали. Сеедно, напредок на видик!!

    И најважно - голтка-две од зелениот Monster за радоста да е целосна. ^_^

    Одам да си поуживам во животов додека ми е вака добар.
    Лека ноќ мили, а од утре почнете да цутите и вие. :f:
     
    На bittersweet, Hayley, Libera и 5 други им се допаѓа ова.
  10. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Сакам кога вака ми се редат коцките, кога се е убаво, кога ќе си дојдам дома и сите спијат, па ќе влезам кај моите, ќе ги покријам, ќе се насмеам зошто уште спијат гушнати или пак едниот си ја кренал ногата врз другиот, зависи кој имал среќа да заспие втор, па ќе ги ѕирнам баба и дедо, ќе го покријам брат ми, ќе се стокмам за во кревет, ќе си легнам исполнета, тој ќе ми каже добра ноќ, и ќе заспијам со насмевка на лицето, зошто за искрена среќа не е потребно многу, а јас имам дури и премногу...
    :f:
     
    На Doozy, LivingGlam, cigarce и 12 други им се допаѓа ова.
  11. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Денес конечно после толку договарања си испив кафенце со три девојчиња,си помуабетивме си се изнасмеавме баш убаво.
    А остатокот од денот и онака бев сама цел ден и ноќ си го посветив само на себе и си уживав.Ми се вратија многу спомени,за мене најубави,а кога ќе помислам на тоа секогаш имам огромна насмевка на лицето. :rofl:
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  12. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.720
    Допаѓања:
    8.825
    Пол:
    Женски
    СДК никогаш не престанав да го сакам него.
    Може да ми се допаѓаат милион други машки меѓутоа секогаш тој го зазема првото место и покрај целата болка што ми ја нанесе.
    Да, ти...Иако ме лажеше, изверуваше, и се најлошо..
    Се` уште си мојот единствен...
     
    На Divinebutterfly, ludoto19, Adi888 и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Macushkaa

    Macushkaa Нов член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    608
    Допаѓања:
    155
    Брат ми избега од прозор за вчаршија.. ако дознаат моите ке не испотепаат :P
     
    На CharmedGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Овие денови ич се немам наспиено.А јас како што сум зависна од спиење,кога ќе фанам утре,ма има цеееел ден да го преспијам,да си наплатам за овие 3 дена...или да си го оставам спиењето за понеделник,а утре да станам рано на пазар да одам :?:
     
  15. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    СДК сладоледот од Ескимо и после толку време сеуште го има истиот вкус.
    Некогаш лизнувањето беше чиста сатисфакција, сега покрај тоа враќа и спомени на едни убави времиња, на средношколски денови.
    Тој сладолед од пубертетска депресија не лечеше, со тој сладолед се частеше, со него оговаравме, плачевме, се церекавме...

    Тој пролаз чува многу спомени.
     
    На mims-89, JuLleE, Shelea и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Idonea

    Idonea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    642
    дека ми недостига едно детуле...барем да ме гушне...
    сдк и дека се молев за личност која заслужува да ја проколнувам...се молев бидејќи јас го поминав патот по кој таа оди, знам колку боли, и дека лузните од тешкиот пат секогаш остануваат за да не измачуваат. Посакав од Бога да и помогне да помине низ сето тоа многу полесно од мене,и да не ја остави сама да се справува со последците како што ме остави мене...
    живите рани многу болат,ама чудно е колку помалку боли кога некој те држи за рака...
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  17. AnimeHQ

    AnimeHQ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    246
    Спиев само 4 часа, едвај станав, сонлива сум а не сакам да сум?! :D

    Сеуште не сум погледнала каков ден ме чека, станав пред родителите, станав пред сите. Како и секое ново утро.
    Уште едно убаво, ново утро.

    Си сварив кафе - па сега се дружам со него. Наздравје да ни е на сите феминки што се дружеме во оваа доба со него. :hai:

    Још мало, лека - полека, јово на ново спремам се за на работа. Вчера си поминав убаво, цел ден си мислев нешо позитивно, се смешкав ко лудаче :D некогаш си се чудам и самата себе, ама ај тоа ...

    За боље дане!!! :$
     
  18. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.495
    Допаѓања:
    17.225
    СДК - Денес денот ми почна така убаво, вака и нека ми заврши. Мојте се спремаат за на свадба, нема да има викови, нема да се караме :whew:, конечно. Мене оваа песна ми го разубави утрото http://www.youtube.com/watch?v=KyIEPmJbH2g. Ме потсеќа само на лето, на лето и на лето. Сакам бре ептен сонце, не како ова јес да е убаво временцево и сега, ама јас сакам да пукаат горештини, па да си пуштам два вентилатори да дуваат во мене, ох, ох, мераци. Па да идам во Дојран, пиење и журкање до сабајле. :dance: Ах..колку само ми недостасува летото. Убава е и пролетта, не викам не, зеленило и свежо временце, еве за 20 дена ќе се родам јас, па ќе си соберам подароци. ^_^ И така, имајте убав ден, поздрав. :*
     
  19. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    За први мај со ѕверот одиме у Богомила. Е сега, јас само еднаш сум била таму, и не знам како ќе се снајдеме, ама изгледа ќе биде возбудлив први мај. Само да не се изгубиме. :rofl:
    Ептен сум возбудена. :wasntme:
     
  20. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Утринско клише: кафе, музика, сонце низ џам, лакирање нокти во боја цимет, праска, ултраљубичасто и слично. А можеше и подобро од ова.
    Со вториве смени станувам двоен јунак. Се будам во 9, ги средувам сите можни обврски, итам на работа, а постработно пак сум некаде надвор и јурам со брзина на светлината.
    Недела е, мене не ми е. Како и на многумина.
    Успеавме со мачорот да појдеме на саем, да си ја набавам Марта, да свртиме миљон кругови со точаци по градов наш прекрасен.
    На недоговорено бевме облечени црно со зелено. Цуфки!
    Ми приреди средба од трет вид - после Саем да одиме со сестра му и мајка му во турскиот ресторан на ручек. Аиии машала! Се смеев. Три жени против еден маж. Башка од калибар ко мојон. Ние блабетевме, он си сркаше пилешко соте и се чудеше што не снашло. Будучата ми свекрва со љубов и секирација цело време не распитаваше - ви се јаде уште? Да ви земам и ова? И она? Ама ништо не чепнавте! И такви ми ти работи.
    Мене, мило на срце ми дојде. Башка што Нате дојде, ја ујдисавме да одиме на Водно деновиве и да фаќаме боја гастербајтерски.
    Исполнет ден емотивен, тапа на работа. Ја прочитав Марта за неколку саати. СентиМентал! :rofl: Се изнаплакав на многу делови. Се присетив со каков жар и напалм сум читала книги како мала. Дека тој дух не ме напушта иако сега немам толку време да читам ревносно. Тлеев. И такви денови мора да се доживеат. Роденден и кока кола. Лудиве од Берово испраќаа фотки на какви кревети лежат. Пиеле бело вино на балконче, а долу некој беровски Ромео им пеел песни од Брајан Адамс. Закон. Ми требаат. Ама ќе си се дружиме неделава, мајски, уз кромитче и пивце. Ги сакам. И они мене. Ко да сме од друга планета. И сме. Со декрет! И пасош од вселената.

    Уште ова сакам да си кажам - најдов куп програми за креативно пишување и изработка на накит на една академија во Копенхаген. Момчето вчера така убедливо и фино ми објаснуваше се’ што знае, па пробуричкав да видам. Којзнае што е следно!
    Грицкам од денов по ќошињата. Глувчешки.
    Недела, мене не ми е.
    Но, сонцето е сонце, секој ден!
    :*
     
    На Lux, mims-89, 1209 и 4 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.