Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Anabelle

    Anabelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    458
    Kaфенце и цигарче за добро утро! Сонцево ме разбуди со зрациве, ми се пикна во кревет непокането и морав да станам. Маме отишла на пазарче, сега сигурно ќе ми донесе некое портокалче или лимонче и ќе се радувам. А може и ќе си направам некоја овошна салатка пред да одам на патека.
    Со Љубовче ќе возиме, спортски живот, нема што!

    Иначе во екот на други случувања заборавив да ви раскажам дека во петокот спасив еден мал желчешки живот! Да, да, го најдовме на улица, на тротоар, па го прибравме во школо. Го малтретираа што го измалтретираа сите, никој несакаше да го земе, а беше бебе желче, дури и оклопот му беше сеуште мек. Па јас си реков, ајде ќе го земам, ќе го спасувам, многу ми беше душичкасто, помало од моите дланки, мини желче. И така го земав желчето и го крстив Донатело-Мирче Рафаеловски. И можам со сигурност да ви кажам дека Мирче е единственото желче во Македонија и пошироко што се возело во автобус :D
    И така Мирче го однесов дома, бабе му се израдува што сум го спасила, па му дававме да јаде марула и тревички. Го оставивме некое време и почна да си каснува минијатурни залачиња милото. Го почекав Мисирко да дојде па го земавме, да го пуштиме во дивината :)
    Кај мене во маало има една стара куќа со огромен двор, никој не живее, само гние така куќиштено. Се прекачивме преку огромните камени огради и го пуштивме Мирче слободно да си го живее својот желчешки живот, а се кладам дека таму ќе си најде уште желчиња пријателчиња :D

    п.с. Веројатно е Мирче а не Мирка, гуглнав и според она што го прочитав на интернетов, би требало да е Мирче :$ :D

    Добар ден, убав ден на сите Феминки :)

    http://www.youtube.com/watch?v=jP1sjD9u0uA
     
    На la-chicka и BlackSwan5 им се допаѓа ова.
  2. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    Едно даааалечно време кога јас читав книги, се криев кога одев во библиотека, бидејќи одев доста често, а тогаш не беше кул како сега да се шеташ со дебела книга за сите да видат дека читаш, туку си смотан, забеган, немаш попаметна работа, немаш социјален живот, сигурно си глуп и не знаеш 2 реченици во живо да сврзеш па се криеш по дома и забегуваш во друг свет...-Кај е Скорпионка, зошто не е излезена? -Абе остај ја, сигурно седи дома и чита книги (следи громогласно исмевање)...И кога ќе те сретне некој со книга во рака и те праша-еее, ќе читаш? -Ами аха, онака си реков да земам нешто не оти ќе ја исчитам до крај...Се срамевме бе...
    Сега е во мода? Ако, и треба да биде...
     
    На Buttterfly, Lux, mims-89 и 13 други им се допаѓа ова.
  3. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Што убаво ми почна денот со How I met your mother, кои легенди се бе еј...Следеше една долга купка со млака (читај:ладна) вода, ама ако.Си мирисам на She is cool лосионот, и убаво ми е.Прозороv ми е ширум отворен и едно ветре ме дува по косава мокра, и да се разболам не ми е гајле...Се убаво со сонце, па дури и неделите.
    Ми се пие едно ладно Нес, ама нема кој да ми го свари, ако му се вари на некој нека вика. :wasntme:
    Имајте убав ден, мене веќе ми е прекрасен. :f:
    [​IMG]
     
    На Lux, Elennaa, Cynthia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Благодарна сум на животов што ми испраќа прекрасни луѓе во него. Има личности кога не ти треба многу. Доволно е да си купите крофни во боја, да одите до езрцето, да седнете на некоја клупа, и да се изгубите. Во приказни за вчера денес, утре и да си подадете рака, без да побарате.

    Ти благодарам красна девојко, ја правиш и Шведска потопла од што е. И се радувам на твојата среќа, чувај ја, не ја пуштај, и ти не се манувај. Благодарна сум за надежта и енергијата која ми ја даваш. :hug:

    Денов ќе ми биде фотографија, се посветувам на сама себе, и ќе заминам на езерото, кај што си го наоѓам својот мир.

    Деновиве и те како ме плаши иднина, вложуваш во себе, се делиш од сите и од се, за некој си успех за скромен живот. Некогаш од сета таа борба се изморуваш, ја наведнуваш главата, ама повторно ја дигаш зошто има за кого го правиш сето ова. Ненадејно Португалија ќе ми стане јаве годинава, ми даде благ осмех инфово..не дека не одат работиве чекор напред, ама страв те обзема од она сам.. се што правиш сам во непознат свет. Како и да е, останува на мене да пробувам, и да не успее, барем ќе знам дадов се од себе..
     
    На antonina, Phyramide, ludoto19 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. katakomba24

    katakomba24 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    533
    СДК Го сакам секој сончев ден започнат со него. Сакам кога ќе ме разбуди. Но денес не сум сигурна дека го сакам денов. Болката во мускулите не остави ниту да се наспијам. Училиштето ми е само причина плусда не знам кој ден сме. Денес не сум, утре сум, па пак не сум. Преку глава ми е од тоа да гледам едни исти личности, со еден ист фонд на зборови, секое излегување копија на претходното. Ми треба мала авантура. Планина, чист воздух, зелена ливада и дрво кое прави сенка. Толку сум желна да одам некаде што посакувам да заминам сега во истиов момент. Било каде, само да заминам. Колку и да одрекувам, морам да продолжам. Обрски, учења...
     
    На Lux и Serafima им се допаѓа ова.
  6. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    пмс пмс пмс.... :devil:

    Aјде сега свечено ќе си скувам лазања со мнооогу кашкавал :drunk: . да не се фалам ама најубава ја правам :)
    заеби ти диета, цел живот е пред мене :D 26 дена од месецот може да се гладува, ама во пмс- тешко :)
    и сакам да кажам дека го мразам сонцево |(
    Hе можам да го поднесам начисто, не знам, ме депримира- како обратно пропорционално моме.

    повеќе уживам во снегот, иако и него го замразев...
     
  7. Wild-GirL

    Wild-GirL Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    1.266
    Допаѓања:
    1.258
    Колку е интересно во светот на книгите...
    Полека, нежно, со секоја нова страница како со нов чекор да се доближуваш во тој возбудлив свет...и така занесно пловиш во него, губиш чувство и за време и за простор, сакаш само да навлезеш целосно таму....и да уживаш. Копнееш да дознаеш што те очекува со новиот чекор, какви ли перипетии тој ќе ти донесе, и така продолжуваш, навлегуваш...страница по страница, чекор по чекор, стигнуваш до крајот, се чувствуваш помалку тажно што мораш да се раздвоиш од тие „другарчиња“, но се надеваш дека во следните книги, следните нови светови, ќе наоѓаш се подобри и подобри, и така се тешиш, се дур не ја земеш новата книга во твоите раце...
    ...и тогаш повторно, целото патување почнува од почеток, но сега, со нови другарчиња, со нов брод, со нов капетан...и пловиш, пловиш... :sun:
     
    На Lux и Serafima им се допаѓа ова.
  8. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    На кого бе јас волку срамежлива се метнав ?
    Одам, се мирна, смирена, си уживам на чист воздух, кога наеднаш ТОЈ пред мене. Во истата половина од стотинката како патлиџан црвена станав !!! Море бетер, најлошо што ме гледа ТОЈ и приметува се и почнува да се смее.. Господе, си мислам, зини земјо голтни ме !

    Ги става неговите раце на моите образи, ги лади, образите стануваат посветло црвени, но сепак се црвени. А срцево, 100 на милисекунда чукаше. Си мислам, што ли сум направила за да ми врати вака.
    Потклекнува малце, малце само, со едната рака ме прегрнува, и оооп уно бакнежито. Јас ми се чини летав, а крилја немам. По неколку секунди ми вели : Неможам повеќе, дознав пред некое време и неможам мирен да седам. Сакам да кажам нешто, но зборовиве не ми излгегуваат од уста.

    Стојам, нема. Стои и тој. Стоиме двајцата и се гледаме. На сред пат, на сред тротоар, луѓе гледаат, но мене не ми е гајле. Па што, не се случуваат вакви работи секој ден. Си мислам, после толку солзи исплакани, после толку стравови, после толку треми ... Фала ти Господе !
    [​IMG]
     
    На CharmedGirl, Doozy, Lux и 5 други им се допаѓа ова.
  9. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Категоричен бокс за мрвите луѓе кои ги проучувам,како и за нивните теории поради кои можно е да паднам на испит ! Добро,некој ќе учи за мене ? Боже,боже
    Абе знаете како,додека ви го пишувам ова меѓу нозете ми се наоѓа книгата и тетратката,ама ич ја нема потребната хемија меѓу нас,и знам дека згаснала со доаѓањето на оваа убавина надвор
    се чувствувам како птица само кон надвор гледам,си викам да летнам кој знае може ќе ми проработат крилата па ќе си леткам,убавина бе,ќе им се покакам на луѓето 8)
    него ништо нема смисла,па ни ова моево,овие отидоа да прават список за мајот ма ич бе не ми се замарам,јас ќе се замарам во вторник кога ќе отидам под сенката кога ќе се одморам и кога ќе се понашам како мало дете со него играјќи си на тревата,за мене тоа е среќа !
    Друга среќа,хм од сабајле испушив само 3цигари,дал ме очи варају? Така цигарче сама ќе се охрабруваш сама!
    Сите да ми имате убав ден до следното сдк се надевам ќе имам нешто дефинирано во главата
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    „Старите навики тешко се искоренуваат“ - е тешко мајке ми, посебно пак ако цел живот некој те учел да бидеш човек, а светот одеднаш станал живеалиште на нелуѓе, тешко многу. И на крај се сведува на Дарвиновата - ќе преживее само оној кој најлесно се адаптира...или најсилниот беше?

    Ете така, јас моите деца нема да ги учам да бидат добри луѓе, да помагаат на другарчињата, да си стојат на зборот, да бидат јаки карактери. Не, ќе ги учам да бидат убијци, себични предавници кои не гледаат подалеку од својот нос. Така функционира светот денес, и барем нема да дојдат во ситуација да се предадат себеси.
    Колку и да си добар, или цврст карактер, или човек, на крај пак ќе преминеш на другата страна.
    На крајот, сите си ги погазуваат своите зборови, си ги лижат своите повраќаници, и си ги забораваат своите принципи и своите вредности, зошто така функционира светот. Останав само јас будала, со најглупавото чувство на светот, да се прашувам дали јас сум будалата што се обидувам да си го зачувам образот и да си стојам на зборот, одбивајќи да плукам по она за кое што вчера главата ќе ја дадев, или тие се паметни што газат се пред себе па дури и себеси.

    Викам јас, табула раса!
     
    На ludoto19 и Libera им се допаѓа ова.
  11. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Викендов дојде братучедка ми. Се изнауживавме три дена.
    Прошетки, гледање филмови до рани зори, муабети со многу кафиња и благо...
    Треба да се породи сега, во мај. Леле мајко, колку сум возбудена! А таа, таа лета некаде вон земјава.
    Внучето мое апла реагира на мене. На секое шепотење или пеење кон мешето нежно подава раче или ноџе! Толку мек и скокотлив допир немам почувствувано никогаш.. Таа вели дека уште по убаво го чувствува она.. И верувам. И после толку мераци си отиде. Ќе ја видам дури во мај, ама тогаш и внучето ќе си го видам!

    Боже, колку сум исполнета!
    Добро ми дојде нејзиното присуство после толкав сушен период. :)
    Ми ги наполни батериите за наредниов месец, кој ми се чини доста ветувачки.
    Сега едно ладно Нес, цигарче и со лиглето мое на телефон да си помуабетам.
    И за жал уште непреболената математика ќе ми остане. До кога јас ќе и ги решавам проблемите? :fubar:
     
    На bittersweet, teddybear, Doozy и 4 други им се допаѓа ова.
  12. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.522
    Допаѓања:
    174.002
    Се чудам како некои луѓе се си земаат здраво за готово.Како некој да постои само за нив,за нивните хирови,глупави навики и потреби кои „мора“некој друг да им ги задоволи.Како некој да е на закачалка и чека на нив да им притреба за нешто и оп,во моментот треба да се скокне и да им се исполни нешто што и малите деца самостојно можат истата работа да ја завршат.
    Не залудно рекле старите-секој што си има маша-нема да си ги гори рацете.
    Е мене ми здодеа веќе да сум маша.
    Да се ориентираш и организираш според нивните обврски-кога они ќе завршат се,тогаш ти можеш,слободна си.
    У п.м. ми здодеа веќе,си го земам моето време во свои раце и не давам никој да ми го организира,третира и претендира у нешто што мене не ми одговара.
     
    На Libera му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Не го заслужувам јас тоа, ми иде на цел глас да викнам. И сум кажала до сега 1000 пати, и на себе и на другите.. Никој не слуша. Не сакам работи кои не ги заслужувам па макар тоа нека бидат и нај убавите работи на светот. Ништо не боли како тоа да го имаш она што не го заслужуваш а не ни знаеш како да го заслужиш...
     
    На IndieGirl и Libera им се допаѓа ова.
  14. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    Ја сакам Шведска. Ништо друго..
    [​IMG]
     
    На Libera му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    СДК и јас сакам! Ми фали љубов бе...Епа тоа е,љубовта го врти светот...
    (П.С. Овај Питбул т.е. шитбул ми ја расипува перфектната песна :) )

    http://www.youtube.com/watch?v=bjgFH01k ... r_embedded
     
  16. MaCa-J

    MaCa-J Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    604
    Допаѓања:
    135
    СДК не сакам утреееееее во школо. Не пак. :(
    Не сакам нова работна недела. Не сакам секоја сабота во школо до крајот на учебнава година. :|
    Не сакам веќе наставници, тестови, писмени и испрашувања. :devil:
    Сакам РАСПУСТ!!!. :inlove:
     
    На CharmedGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Морам и ова да го кажам
    Vlado Janevski - Pjer ? мене овде ништо не ми е јасно :^) Што се случило со Владо наш ?!
    Чаирска романтика,Булки,Некогаш и негде,ко да вчера не ни било никогаш,ако не те сакам и ред ред други,се песните поради кои јас лично му се восхитувам на човекот,гледам нова песна,немам нет,чекам да се наполни,си велам еве го новиот хит,пуштам и останувам без текст,мене искрено не ми е јасно зошто му требала песнава воопшто,се надевам помалку ќе ја вртат на радио бидејќи ги сакам песните на Владо,ги обожавам,има песна за секоја ситуација и за секое расположение,но оваа? Лошо
     
  18. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Злобна сум и манипулирам, си признавам.Ама со личности што ме бараат само од корист!
    Јееееееебига...
     
  19. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    СДК, доаѓа лето, луѓе! :D
    Конечно чао на јакните, бундите, дуксерките, шаловите и капите... :hai:
    [​IMG]
    [​IMG] :inlove:

    Уживајте во денов, навистина е прекрасен. :*
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    899
    Денот си го почнав со широка насмевка. Сестра ми ме разбуди со прегратка, па тркнавме до Крушино со тато. Е, ама беше убаво. Ги истрчав 4 круга, се изнаиграв тенис.

    Направив венче од цветчиња, на истото место каде што ги правев ко немав ни 5 години.

    Си го запознав Мики, мислам дека има само една година, додај/одземи месец. Се шетавме околу куќа кај баба и дедо и трчавме по тревата. Ми помагаше во бербата на цветови, јас му подавав нему а тој мене. Кога клекнав покрај него онака без предупредување ме гушна и ме бакна на образот. Е, како ми го направи денов од убав уште поубав.

    Дома им направив ручек, некои чудни тестенини и стек, печурки и каков не зеленчук. На сите им се свиде. Сестра ми рече ќе ме бивало за мајка, дека нејзе посебно и направив јадење.

    Да, сама си дозволив да си бидам среќна, и така од сега ќе биде.
    9 детелини со по 4 листа ми го фатија окото, би требало среќата да ме држи некое време :)
     
    На Doozy и Lux им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.