Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Squirrel

    Squirrel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    437
    Уморна сум веќе,ама до коски, секоја клетка ме боли и ми плачи. Им се извинувам на сите што не сум лижипи*ка и никогаш нема да бидам. Им се изинувам што незнам да се дерам како нивната друга ќерка и кога ќе си легнам плачам од што ми е жал за нив,а ни малку не треба,затоа што се претерано себични. Ме исцрпувате, секоја желба за живот буквално ми ја одземанте најбруално.

    Ако еден ден имам некаква моќ прво што ќе направам ќе забранам секој лудак да има дете или пак на оние што не заслууваат ќе им ги земам и јас лично ќе и одгледам. Затоа што никој не заслужува да не го живее детството поради некој лудаци. А, поради моиве дома мислам дека и јас ќе полудам, односно веќе полудувам.

    Извинете ме што постојано се жалам, ама мрам душава да си ја олеснам некаде.
     
    На cinderella5 и maca99 им се допаѓа ова.
  2. traumhaft..90

    traumhaft..90 Активен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    20
    СДК дека сум ептен тазе на форумот и дека ете можеби токму овде ќе почувствувам барем малце од оној наш менталитет онаа дружба со сите свои позитивни и се разбира негативни страни.Ве читам веќе подолго време и ај сега да не испадне клише но ете така е редот како и сите други што прават па и јас :) да ве поздравам :hai: ..целта на ова зачленување во уште еден виртуелен свет ми е да си малку олеснам на душата :angel: па да споделам и јас некои мои анегдоти :D ...Живеам малце подалеку па викам зошто да не... ај да не го завлекувам многу ..ви посакувам пријатна вечер
     
  3. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    319
    сдк дека дечкоми људи скроз се шекна :lol:
    идеме на кафе со другарму и девојката на другарму и си праеме муабет ово оно и она ми вика
    ај утре со мене да прошетаме мало и после да идеме на кафе или кај мене или кај тебе и ја
    само што ке отворев уста и он и одговара шо ти е ма на тебе ти луда ли си каде да прошетате не може па и кафе ма ај не причај без везе само,другар па ти оваа шо вака само ајде ајдде не може и ја :o она му вика а зашо да не ? па може некој да ја прелаже па да иде со него да ми ја земе некој неееее. :o

    и си идемо дома и он ми вика гледај тука ке правиме свадба :o
     
  4. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    И тебе тоа ти а смешно?
    Браво.
     
    На tinkerbelll, JoxyTheFreak, Neytiri и 14 други им се допаѓа ова.
  5. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    319
    па смешен е бе сеси,коа е налудничав шо да му праам ја ,ја бев шокирана зашо он тоа намене ми го збори и не ми е ново али на други почна да му збори исто и ме шокира,а девојчето имаше една фацка оваква :o :drunk: ,и коа се збори страшни работи као денес смешен е :lol: а ја да кажам дека не му прекутувам више,почнав да си идам кај другарки кај девојки на другари негови они идат кај мене па нека туфка колку сака ,па затоа он глеаш тука ке правиме свадба :lol: зашо глеа дека не го сматрам више
     
  6. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Е голем напредок си направила, одиш кај девојки на негови другари.
    Девојко, абе свести се, жити се, ова не е смешно еј, страшно е.
     
    На mims-89, Acerola, baguf4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Го пијам кафево за да ми даде енергија бар за уште два часа, да си ги завршам сите обврски.
    Ветров фучи надвор, и прави звук на мала виулица, на каминов кој од памтивек не е искористен.
    Кризирам за нејзе.
    Кризирам за Љубов.
    Кризирам за нив.
    Не сакам да спијам сама.
    Понекогаш се чувствувам моќно, некогаш тотално без моќ.
    Овде во туѓина, дури и ситно.
    Правам оригами, мали хартиени птици и бродчиња во различни бои и ги врзувам за конец.
    Утре ден на блесавеење. Валборг, ќе има испијанети лица исполегнати по треви и улици, разголени жени, надразнети мажи. Докажано е кога е овој ден, се случува бејби бум. Јас ќе одам со неколку Македончиња, да се измешаме во топлата на блесавост. Пивцата се спремни, музика, и мрдање кукчиња.
    А сега ќе сонувам со отворени очи, за Нас и иднината..

    http://www.youtube.com/watch?v=luM6oeCM ... re=related
     
    На Serafima, Anabelle и daddys.princess им се допаѓа ова.
  8. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Спие градот сите сонат, надвор е свежичко со топол воздух, 10 минути ко за почеток е добро, секој ден ќе наголемувам по пет минути. Тоа што го реков го направив, сега ќе правам чучњеви.
    Господ нека ми е напомош, налудничава станав. :D
     
    На CharmedGirl и XMaN им се допаѓа ова.
  9. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Јас и на 30 години кога ќе одам алишта да си купувам, мама ќе си ја земам со мене.
    Нека ми е жива и здрава, си ја сакам најмногу. :*
    Денес треба да идам у потрага по нешто што ќе ми се допадне и ќе го облечам, или такозвани шАпинг. :!:
    Денес е денот кога ќе почнам да мразам се и сите, особено продавачките у бутиците, најмногу оние досадните.
    Денес е денот кога се ќе ми смета, ќе бидам неодлучна и мама ќе сака да ми ропне шамар кога ќе изгуби трпение од талкање по бутици.
    Денес е денот кога ќе си здосадам себеси, а можда и ќе се вратам со ништо купено.
    Е тогаш дури... :rofl:
    Е па шо да праам, сеа, па. :wasntme:

    Него, добро утро..
    Имајте убава недела. Утре скара распаљутка за љубителите на мефце, ви посакувам убав мај каде и да сте. И покрај празникот, во моите мисли продолжуваат борбите. :)
     
    На Mishela, kate-the-great и Anabelle им се допаѓа ова.
  10. Anabelle

    Anabelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    458
    Убаво утро е денес, ми се погоди, и плус Ljubam ме расположи со песничката што ја постирала погоре :)
    Плус во related си најдов една песна што тотално сум ја подзаборавила. И сега сум си ја пуштила до даска и си уживам во кафево. Голема благодарност до неа :)

    Денес ќе е убав ден, а и сонцево ми се смешка ете, ме повикува да излезам да ме разнежнува со зраците!
    :sun:

    Расположение и инспирација на ниво. Денес ќе биде креативен ден.

    http://www.youtube.com/watch?v=Su1wK7iCQfQ
     
    На ljubam му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Понеделникот и не е така тежок кога Вторник е неработен :)
    И ајде спремајте си се полека за скари и зеленила. :*
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    СДК, време е за промени.
    Време е за нова рамка во нова боја, со нова слика, посветла а не во темнина сликана...
    Време е за ново цвеќе во нова пролет, и за нови насмевки со старото добро сонце, со кое се галиме после долгата зима, секоја година откако паметам за себе.
    Време е за нови чевли, нови фустани, нови марами, време е за бела лефтерна кошулка со расфрлани руси локни околу неа, време е за очи сини насмеани, време е за нови шарени пеперутки...
    Време е...
    А само одложувам... Одложувам... чекам... и сама не знам зошто, кога промениве толку убаво звучат и се пошарени...
    :(
     
    На Elenuskaa, marama, MandyLane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    После утринско туширање,големо кафе,кроасан и портокал-зар може поубаво да почне денот :inlove:
     
    На mims-89, Monna.Monna, CIA и 3 други им се допаѓа ова.
  14. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    СДК...дека сум многу среќна!Саботава што помина ми создаваше многу нервози, ама како и се друго, и таа дојде и си замина.Конечно сум слободна од тој товар што го чувствував.И не беше толку страшно колку што мислев дека ќе биде.Напротив, целата работа се заврши за 15 минути, а остатокот од времето го поминав во запознавање со нови луѓе и дружење со нив.А и уловивме неколку машки погледи и насмевки, а од двајца од нив и нешто повеќе од насмевките :inlove: Најбитно беше што многу убаво се чувствував во друштвото на луѓе што воопшто не ги познавам-што е вистинска реткост за мене...И сега, ми останаа само убави спомени од таа сабота, иако не мислев дека ќе биде така...Животот е убав 8)
    А, и уште нешто...голем поздрав во Велешани, иако сум од Скопје, во саботата ги сакав нив, повеќе од Скопјаните :lol:
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Утрово е сјајно.

    Ко гол, избањан маж. Ти пружа задоволства на невидено! :lol: Кафево и горко, ко шеќер да има. Надвор безобразно се шири пролет, ко некоја позитивна болест. Од која благо полудуваш, ти се шират зеници, стапалца, нозе, море сВе!
    Мирис на зумбули, станува секојдневие. Музика од комшилук, окотени мачиња пред зграда, југото на перење, килограмите на мерење, светот е диско топка што се дрма во вселената.
    Имам што да речам, а и треба пиленце да печам! Да да. Капиталистички сум обезбедена со работен ден на први, и ми чуе. Попладневни шеми се тераат, како да вам кажем. Но, некогаш и не е така страшно, зошто имаш за што да мрчиш и размислуваш :)

    Браво за моја Дафе, што креира накит од небесата. И дадов неколку предлози за мојот иден накит, идеите заедно ги испровоциравме и сега чекам само да пукне мај и да се распостелеме по некои треви скопски и да направиме енергетски бум. Обожавам што имам такви луѓе, се појавуваат како зрак светлина во сивило и ти чинат радост. Умствена и креативна.
    Даде се прерадува за картите за Заз. Ќе шизиме колку што ќе даде ноќта. И времето нека си врви, колку сака. Следачи еден куп. Газолижачи. Случајни демначи. Љубоморни жеМки, неосвестени досади, завидливи скришум читачки. Знам, сето тоа го знам, и ми е смешно. Го користам до максимум, за да пишувам раскази. Ете и тоа ниво ми е облагородено.
    Ко што ми рече Снеже = Ана, ко Ганди си некогаш, сите сакаш да ги оправдаш. Ма не, само животов е прекраток за да думам околу недумачки глави. А оправдувам само кога свети сонцето јасно, по повод играрии!
    Во името на стокецот, езеро Треска, лубеница и сладолед Милки Веј, овој празник го прогласувам за иден, небитен и ситен. Зошто ете, така ми цврцнало.
    Идам да си гувеам со амарето вишна сладолед и музиче од шеесети.
    Цмокс.
     
    На la-chicka, imelda и Monna.Monna им се допаѓа ова.
  16. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.065
    СДК ... лалала денес е мутав ден, денес ми е роденден :P ... Ехее феминки денес имате пуне руке посла. Не сме малку родени на 30ти ... е ама затоа знајте сме посебни и уникатни. :wasntme: Хмм, спич спич ... :?:
    Благодарам девојчици на честитиките, фала ви што постоите заедно со Фемина ... Секоја година, трета мислам по ред овој ден вие ми го правите убав ... Искрено ми го исполнувате на поинаков начин, ме исполнувате со позитивна енергија. Ви благодарам од :l:

    Сега редно е ... частенкааааааа :party: :party:
    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]
    Повелете девојчиња има во големи количини :wasntme:
     
    На Theodora, marama, esperanca и 19 други им се допаѓа ова.
  17. stylishh

    stylishh Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    сдк ова..
     

    Прикачени фајлови:

  18. AnimeHQ

    AnimeHQ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    246
    Мислев дека моите соништа ми се изгубија по патот на секојдневието ама не, не било така, за моја среќа. ;)

    Моите соништа полека почнуваат да стануваат реалност. Да, да.

    Вистинскиот сон се случува во нашата потсвест. Од нас самите зависи дали ќе го прифатиме за да реализираме истиот. Јас прифатив, мојот сон да го остварам, моите сништа. Знам едно, кога нешто се прави искрено, со љубов и од срце, тогаш и Бог помага. Ако го има воопшто. :^)

    Тешко е бидејки почнувам од 0, но не е невозможно. Од минатата недела почнав да одам на психолог, не сум луда ни што како што мислат другите, но морам да се ослободам од тој страв, да почнам да водам нормален живот. Нешто што го потиснав пред 3 години во мене, сега се разбуди и почна да гори, страшно.

    За месец дена патувам за Швајцарија таму ке работам 3 месеци, здравје, после 3 месеца ке се вратам во МК , а потоа ке видам што и како.
    таман, за тој месец дена ке соберам доволно пари за пат и остало, барем мислам, Не ми се продава златото, но ако морам - шта чу. Се борам за Боље - сутра.
    А пошто немам никаква помош од домашните .. зна се.. јебига, живот.

    Незнам дали ке им недостигам, малку усм скепник.
    Ке им го остане пријателот, то им е најважно. Некај ги. Тоа што не ме убива ме прави само посилна.
    Чекорам смирено низ вревата и заборавеноста, се секавам на мирот што можам да го најдам во тишината. Ја зборувам својата вистина, кратко и јасно, ги слушам другите, дури и глупавите и неуките, бидејки и тие имаат своја приказна.

    Јас сум горда на она што сум денес, на самата себеси, Мојата макотрпен труд и работа, испреплетени со моменти на возвишеност и горчина направија човек од мене.
    Иако моите дома незнаеа да ме ценат, и сеуште не знаат, не е важно, не им се лутам, знам дека се заслепени и не можат да ги видат реално работите , кога ке го тргнат пердето од очите, ке биде касно..

    БИДЕЈКИ МЕНЕ КЕ МЕ НЕМА ВО НИВНИОТ СВЕТ ....
     
  19. LGBT

    LGBT Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    108
    СДК, јас сум пореметена личност.
     
  20. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    722
    Треба сериозно да престанам толку да сонувам. Ама шта чеш тоа ми е у душа :D .
    Може сум мала да пишувам којзнае какви коментари, а се сметам дека не сум. Што знам отсекогаш сум била затворен тип. Пет пати проверувам што кажувам пред да го кажам. Си го сметам тоа за маана :|

    Ајде ќе биде подобро. Морам да направам нешто за да ја запаметам годинава, барем по нешто ситно и за многу незначајно, а што мене многу ми значи. Уште само да решиме што ќе биде тоа...

    А денов.. Па не знам многу сум рамнодушна по сабајлечки (ретко кога не сум). Да се надеваме дека добро ќе помине. Па и не е толку тешко кога утре е неработен ден.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.