[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. ana-girl

    ana-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    648
    викенд и пол :D скоро два ;)
    толку убаво си поминав толку смеење дружба весело пеење ..немам зборови како да обајснам :)
    специјалитетите мораа се да пробаат а за алишта има време ;)
    денес имам некоја посебна позитивна енегрија првомајска :D
    утре друштво со малку скара сокче ;) и убава журка е совршено за добар провод
    позз :*
     
  2. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    СДК дека Лунд е пијаннн! Паркот, улиците се е дрво! Бевме со Лана и се смеевме, што е многу многу. Се враќам во станот а внатре 20 души, претежно мажи, еден Индиец облечен во розева блузичка и ми се шета со наочари по стан, други плавушани си седат у скут и се викаат пиуу и се хранат пица. Трети играат карти и тие сите наочари на нив, и одекнале Горан Бреговиќ. Неколку моми со пискав глас. Па и не дека очекував журка у станов. Ах..не е за Швеѓан алкохол!
     
    На NoellePage и belieber им се допаѓа ова.
  3. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Ведар сум.
    И Скопје ми е убав!
    Незнам колку изгубил од магијата од порано затоа што никогаш не сум го искусил тоа,но и сега ми е доволно привлечен и живописен. :)


    И ова цуцето мое. Ме усреќува! :hug:
    [​IMG]






    Јас се извинувам ама неможам да издржам!
    Добро девојче,те читам почесто и гледам дека почнуваш да посетуваш психијатар и сето тоа поради комплекси. А дали си свесна дека изворот на тие комплекси е твојата самокритичност и самопотценување?
    Сите имаме комплекси. Ама додека не научиме да застаниме пред огледало и да речеме "прекрасен сум!" ниту еден психијатар нема да може да ни помогне.
    Значи пред да мислиш дека општеството е криво за твоите проблеми,и почни од себе. :)
    Не гледај на себе како гнида која само ги оништува сите во околината,научи дека никој не е совршен и собери муда да му се спротиставуваш на секој што мисли поинаку!
     
    На 1209, macence85, Monna.Monna и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.635
    Допаѓања:
    161.526
    Значи не,времево не е добро освен ако не си некаде покрај вода. Ало бре,мај е! Што ти е на тебе?!
    Леле ко вчера да беше кога зборев у ноември,дека декември не се рачуна,празници,јануари ја го ја и тој е ист,февруари краток е и оп март! Каков март бе...мај дојде,мај со се 33 степени!
    Цицки се добра работа и голи нозе,ама леб треба да јадеме луѓе!

    И никогаш нема да станам утрински човек. Не ми се верува дека инсистирам да имам 10 мин вишак пред излегување за да си седнам и да си дремам во дневна! Ц ц ц ц ц ц ц! Кога ќе пораснам?! Мама ми викаше ко мала дека ќе се навикнам,а јас со години више се навикнувам!!! И многу се нервирам коа ќе ми рече некој, ќе си легнеш порано и сабајле ќе бидеш наспана! Е не! Не! Самиот факт дека стануваш рано,РАНО предизвикува пласибо ефект дека ти се спие!!! Не можеш да станеш рано и да не ти се спие! Ноу,ноу!

    Нек си ебе матер,мириса на љубов... голема. А за воља на вистината,природата се секса на велико,се праши, оплодува,размножува,со се бубачките и сите ситни мали нешта... и ете,мирис на љубов.

    Дур сите лудуваа,јас налудничаво зборев за независност.И би независност... и што кој к*рац?! Пак ќе зимаме исти плати со огромна веројатност дека некоја неискусна ќе ми го дрпне работното место за стално,а јас ќе работам на договор... ПОШТО СУМ УМНА И ПОШТЕНА! Живот!

    Најубавото нешто што може да ми се случи во моментов е... да ме одболи глава, да имам магично стапче и мирна душа! Ете толку! И едно ладно нес во добро друштво...
     
    На 1209, caroline.costa и Bright им се допаѓа ова.
  5. Missbutterfly

    Missbutterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    20
    Хехе баш кога помислив дека господ ми пружа и мене шанса да најдам добар и препаметен дечко,и баш кога помислив дека и јас му се свиѓам...Која иронија бе како воопшто помислив дека таков како него може да биде заинтересиран за некоја како мене?.А навистина ми се допаѓа,дури разговарав и со мајка ми дека има некој кој навистина ми се допага,за да биде уште полошо вчера му се удварав апла.За денес да ми пиши порака дека погрешно сум ја проценила ситуацијата.Морам да му се извинам,дефинитивно сум испаднала идиотка во неговите очи.Јавно ти се извинувам И. ;(
     
  6. SanjaKirchner

    SanjaKirchner Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    762
    Денеска дено ми е турлитава!
    Легна си у седум, со намера да спијам, има среќа ДА поспа си до 11. Коа блесна тоа сонцето диркетно на мене у фаца!! иначе немаме уште завеси и така секој ден се мачам со сонцето глупо или убаво незнам како да го наречам! И зема премести се у дневната , викам си ај тука ке поспијам барем. Неееееееееее
    На комшијата му текнало травата да ја косе :@ море идеше ми се да станам и да му ја треснам од глава таа машината. Ај виде нема аир стана. Зема да си правам кафе нема КАФЕ леле КАФЕ НЕМАААА :@ готово надурлена, изнервирана седна на интернет . Смириа ми се нервите со фемина. Дојде си муж ми и ојдеме да пазаруваме (плата се зема одма да се потроше) Така целата насмеана упаѓам у супермаркето фаќам се за пиперки и срцев удар доби...!!! Триипол евра пиперки :swear: коа да мислеш позлатени се... божееееее
    Ае нишо купи тоа шо требаше дојдеме си дома, ојде воа телето на работа па. зема јас едно цигаре да пушам и кафе конечно да пиам , и коа да видам последното цигаре. Ајдееее па рикверц назад купувај цигари. Доаѓам си дома и си викам *сеа ке си плеснам гз пред интернет и ке си дремам така неподвижна се додека не дое муж ми*
    Ни тоа не испадна, телефон звоне шефо од работа будалата мора да ми дигне притисок до 100ка :fubar: , и после него звоне комшито да ме потсете дека утре јас сум била на ред да чистам улазо. :^)
    Те ти малери. ке пламнираш едно ке ти излезе трето .
    По турлитава ден не сам имала
    Али јбг шо да праам мора да се живее
     
  7. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Само што се вратив од напорен жежок ден во Солун. Претепана сум, се избањав ке лапнам нешто и право на спиење. Инаку си купив фустанче за апсолвентската и да не се фалам ама... како за мене правено е. :) Едноставно без шљокици и кичерај на кило, и пак најубава ке сум, знам. :wasntme:
     
    На Glossy-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.882
    Пол:
    Женски
    сакам да кажам дека мозе ке се уморам наредниов месец од работа али ке вреди..
    се тоа ке се среди и потоа ке остане малце време за себе-па спиејне,шетајне,и се што ке сакам :) :)
    така да мора да се направи нешто за потоа да е подобро ;)
     
  9. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Ууууу, каков ден денес! Поточно каков пречек кога си дојдов од работа.... :o

    Си се враќам јас од работа покасно отколку обичното, се враќам од козметичар поточно, влегувам дома, и што ќе видам! :o Се пикнал дечко ми во купатило топлес по бермуди :mm: и чисти ли чисти :o И уште не ми дава да се бунам или да преземам нешто, зашто (пазете ова) :!: почнал да се осеќа ко паразит во врската и морал да прави нешто! :lol: И не само купатилото, ја исчисти и спалната, ходникот.....е мене ми останаа дневната и кујната. И за цело време ме брка да не сум се мешала во штипки :rofl: Ама јас утре ќе си го завршам моето. Одам сега да го извадам од купатило и да изразам благодарност :$

    Е како да не го сакаш најмногу на свет, срце мое најмило :* :hug:
     
    На girl-miri му/ѝ се допаѓа ова.
  10. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Да се надополнам :)

    Денеска е срамота да немаш дечко на 14 години . Ако имаш повеќе од 14, а немаш дечко, тогаш ти си бубалица и заостаната.
    Денеска е срамота да не „киснеш“ в чаршија до 2 часот по полноќ .
    Денеска е срамота да немаш изгубено невиност пред полнолетство ( смајлиштосипукавглава)
    Денеска е срамота да ги поздравиш своите родители и роднини в чаршија кога си во друштво :x
    Денеска е срамота да немаш кило пудра, маскара , кармин за в училиште.
    Денеска е срамота да излезеш в чаршија со твоите родители ако си над 12-13 години. Големи сме готово, така ?
    Денеска е срамота да читаш на одмор пред час, да носиш книги, класична училишна чанта. Се носи само чантичка како за в чаршија, внатре три тетратки и ФИЗИКАТА обавезно, огледало, маскара, крем , кармин....Нормално е ? Како што тргна работата и пегла за коса ќе стават внатре?
    Денеска е срамота да кажеш дека твоите родители се невработени и немаат завршено факултет .
    Денеска е срамота да кажеш дека твоите родители потекнуваат од село. |(
    Денеска е срамота некој да не навредишш и да не му се смееш право в лице.
    Денеска е срамота да излезеш в чаршија без мини здолниште/ фустан, деколте и без 15 ка штикла.
    Денеска е срамота да немаш скапи парфеми .
    Денеска е срамота да ги искажеш своите чувства и да заплачиш на цел глас кога ти е тешко и кога планини ти тежат на душата !


    Така се чувствувам што незнам да опишам. Не го знам ова чувство. Ни си среќен, ни си тажен, ти доаѓа да заплачеш, но животот ти дава причина да се насмееш.
    Утре 1-ви мај, ама не одам никаде изгледа...
    Дома за 1 ви мај, вторпат во животот... Како само чекав да дојде овој ден. Да потрчам во природа, да поиграм фудбал .... Еднаш годишно имав ваква желба, само на 1 ви мај. Мммм колку го обожавам мирисот на печено мевце на скара. Баш си го разгледував фотоспоменрот од 1 ви мај .Се потсетив на времето од 2000 па до 2010 . На секој мај сликани . Леле насмевки на сите страни. Пони маси со јадења, зеленила, дрва, цвеќиња, прекрасни пејзажи....
    Се се измена. И први мај не е тоа што беше. Одиш со друштво , а тие таму само глупости трескаат. Цело време дечковци/ девојки и ненормално смеење без врска. Да се насмееш за нешто што навистина вреди, ама на глупости како види му ја фацата :x и смеење цели 5 минути за тоа ? Арни се денешниве деца ? Па добро па и не баш деца, бидејќи ти си имал 17 и си бил малолетен, а тие 18 :rock: годинчиња и пораснале, готово...Јасно? Ако заглавиш в полиција по 12 чаот по полноќ можиш слободно да ги викнеш, ќе те извдат тие :rock: The best friends... За „ бебиња “ и „ мали деца“ нема седење по 12 часот надвор, јасно ви е ? Ако не ви беше ќе ви се разјасни ако дојдете во мое друштво. А да и надополнетиот пост од Длитл, aсоцијација е на денешниве, апсолутно ! Јас разбирам да се зафркаваш со овие работи еднаш-два пати,да се насмеете и вие, и тие и цело друштво, ама два пати дневно да го слушаш вистина е претерано. Навреда е ! А најјако ми е му објаснуваш дека те навредил со постапки и зборови, а тој не може да сфати . Ех, пропаѓа општеството, а за жал, заедно со него и општеството.

    На крај ви посакувам на сите убав помин за мајските празници. Убаво да си поминете каде и да одите. Не е важно каде сте , важно е со кого сте . Заборавете на грижите барем на ден два и уживајте во прекрасната мајска атмосфера :*
     
    На CIA, Divinebutterfly, chocolate.chick и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    899
    Toj со неа, таа со тебе, ти со таа.

    Е тие се варијантите што не ми излагаат од глава.

    Сакав само да си го гушнам мојот најдобар пријател, розевото перниче, и со горки солзи да го наполнам. Ама не, нели реков нема повеќе плачење. Па ни книгата што ја прочитав не и поклонив ни една солза, а толку имаше заслужено.

    Со уста полу расцепена се изнаѕипав до дома, пошто ете еднаш реков автобусот ќе го чекам, ама не дојде. Животе малеросан.

    Нозете дебели, никакви, си ги мразам.

    Ко на ПМС да су. Ова се две недели после, ме припремаат за две недели пред. Кога одмор, боже бе?
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Idonea

    Idonea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    642
    ... дека почнав со трчање :D има да го нема мешето за еден месец ако продолжам со ова темпо од денес :D
    И сакам да кажам дека е многу глупаво кога ти недостига некој...уште полошо кога нити го имаш.нити го немаш, па не знаеш ни дали и кога ќе те почести со своето присуство, прегратките настрана |( сакам гушкиииииииииииииииииииииииииии!!!
    И за мајот останав дома во 5 до 12... ама не ми е могу криво, ми фалеа моите, вака цел ден ќе си бидеме заедно :D
     
  13. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Ехх... ме фаќа носталгија. Ми недостигаат излетите со родителите и сестра ми, нашето друштво (околу 15тина души), кога сите заедно одевме за 2ри мај. Па кога ќе почнеа постарите да пеат, после се чудат другарите зошто до толку сум ги знаела тие "старите" песни. Ехх не знаете колку се би дала да поминам уште еден таков излет како порано. Не дека не можи, ама се е сменато, времето е сменато, сите се нервозни со уште поголеми проблеми. Или можи едноставно јас пораснав, а како мала не можев да ги здогледам нервозата и проблемите на повозрасните? Не... сепак мислам дека времињата се сменаа, се е поразлично, ништо нема да биди како шо беше ;( ;(
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.635
    Допаѓања:
    161.526
    Значи многу ме нервира кога некој дава потврда за нешто со завршеток,нема што! Пример, многу ти е убава краватата,нема што! |(

    И си размислувам онака... за оние читачите...наводни. Тоа ти е онаа иста категорија која почна да гледа Хаус и го поставуваа прашањето,шо направи Хаус со Кади?! Или дали Хаус ќе заврши со Кади?! Сфаќаш,очекуваат сапуница,хепи енд, нешто бљувотина од лав стори...
     
    На Neytiri, CIA, Gordana10 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Долго пешачење и топење по сонцето.Многу долго.Изнемоштени ноџиња,а сепак весели очи полни со живот.
    Плачам,молам,убивам за масажа на стапалата..

    Капучино на екс,и долги списоци, без почеток и крај за денот на трудот.
    Заминувам мили мои,бегам од зачадените оџаци во градот и црниот тежок воздух.Одам од другата страна,да дишам со полни гради и да ја печеам кожата под дупките на широките дабови дрва. :)
    Колбаси и стек на скара,скопско со лимон, и звуци од дрдорењето на веселата дружина, околу мене...

    Полна торба со миризливи марамчиња,лабело со екстракт од цреша,розова четка и сосем мало огледалеце потпрена во аголот на собата.Чик литература и најудобниот душек на светот што можете да го замислите.

    Дозволете ветерот да игра со вaшата коса,и пијте го сонцето феминки.. :hai:
    [​IMG]
     
    На Monna.Monna, CIA, Doozy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. N.Kety

    N.Kety Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    1.764
    СДК.смачено ми е од се, ама баш од СЕ.А и ова бремево абе заникаде е аман кога ке огрее сонце и ке може човек на раат да излези надвор, морало бе секој ден да врне.. ма тоа не е врнење,истура ни чадор не те спасува ни ништо :@ :@ :@.
    И овие комшииве овде безосетни луѓе..значи ако реновирате дома немора да го нарушите мирот на цела зграда,абе нервозна сум неможам ни да се концентрирам да учам нити ништо,се растропале уште рано по сабајле.
    И така јас си седам си се нервирам си дремам а испитната сесија за две недели и ми почнува,самата помисла колку имам за учење ме фака паника,јас знам дека можам,дека ке успеам ама ете моментално се осекам така,грдо.
    И покрај сите луѓе околу мене,друштво,фамилија јас се осеќам тажно,осамено..го мразам тоа чуство,нејќам да се осеќам така,веќе минав низ еден таков период што траеше долго,нејкам пак да минувам низ истото се надевам дека ке ми помине што побрзо...сакам да сум среќна бее..насмеана онака како што знам јас,секогаш расположена да ги полнам со позитивна енергија и другите околу мене ..
     
  17. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Кога играме салса во школо со тој танцувачот да го наречам, ме потсеќа на времето кога одев на Ритам Плус и сега сакам да се вратам таму, да го вратам времето и кога ќе ми текнеше да се откажам да не придадев значај на тие мисли, да не се откажев, да продолжев. Е сега, друго ќе беше. Ми внесува позитивна енергија тоа. Ги сакам тие латино танци! А песнава ми е ептен во срце, си играм дома

    http://www.youtube.com/watch?v=8bBprcXO ... re=related

    Аххх...
     
  18. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Соопштение:
    Се соопштува на сите зачленети на форумов, дека на фемина се појавуваат крадачи на лајкови, т.е. нашите предомислувачи.
    Молам за внимание! За побрзо да се најдат тие крадачи, да бидеме детективи, а подобро ќе биде да се јават самите ќе им дадеме бомбонче. :lol:

    Инспирирана од: Забунките што ги креваат феминките, дека некој им ги одлајкува мислењата. :rofl: :rofl:
    Хаха, шала на страна. Ајде позитивизам, не живееме од лајкови, битен е квалитетот на мислењата. :angel:
     
  19. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Форумов е вид на дрога,ама таква јака што дури и нај скапите терапии не би ве оттргнале од овде !
    Некогаш имав дневник,потоа имав споменар,па имав обична тетратка,но денес сите овие работи се наоѓаат овде,со голема слобода и олеснување можеш да си напишеш се што ти лежи на душа,и да си се чувствуваш полесно,и не само тоа можеш бесплатно да добиеш совет,овде се спојуваат и различните искуства за на крај да се извлече најдоброто,добро има и такви кои што сакаат да бидат центарот на вниманието,ал шта чеш?
    Исто така да ви посакам утре да имате убав ден,без разлика дали ќе одите негде подалеку,дали сте веќе таму,дали ќе останете дома,уживајте !
     
    На CIA, marama и Glossy-girl им се допаѓа ова.
  20. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    .. и то(пропратено со испуштање здив).
    Некои теми заборавени, некои зборови неизречени, некои сеуште не пристигнале.
    Шо е полошо да го кажеш тоа што го мислиш, а не си требал или да го премолчиш тоа што сакаш да го кажеш?!

    Во рок од еден ден не е чудо да промениш расположение. Посабајлечки се одеше како подмачкано, ама потоа околностите потфрлија. Ма што се лажам(?) ја сум виновна.
    Паметов лета ли летааа. Не ме тангира ништо, ни тоа дали денес имаше дома ручек, дали мачкава треба да ја однесам на ветеринар или на колку начини можам да кажам вагина.

    Си велам, не ме знаат мене шо ѓубре сум(мехехех). Не бе, вистинската Јас, со големо Ј. Јас што сум изгубила многупати надеж, колку пати си ја трескав вратата од собата и потоа се потпирав на неа и си плачев, колку пати лесно паднав. Абе никој не знае колку пати си ги задржував солзите, кога сум сакала да избувнам, а се воздржував. Не ги знаат мислите што ми се вртат, колку и да се страшни истовремено и будалести. И да резимирам дека никој не ме знае, а тоа најмногу ми се допаѓа.

    Осеќам дека утре умов ќе го заборавам на некој ливада.. :wasntme:
     
    На ines.h и blueeparadise им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.