[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Ме прашуваат: Kаде за мај?

    - Од кај да знам јас цел месец кај ќе одам и што ќе правам !

    :wasntme:
     
    На CIA, Gordana10, Springy и 8 други им се допаѓа ова.
  2. AnimeHQ

    AnimeHQ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    246
    Душа немам од коњи , кога ке видам на пат коњ - бегам како од оган изгорена. :D

    Али пак, од друга страна, имам голема желба да јавам коњ, само од оние расните, на ранч, убавини. Што знаеш можеби една ден ке си го пружам тоа задоволство, животот е пред мене. Само здравје.

    Се замислувам како би изгледала јас да јавам коњ. Еве, да ти покажам, како на сликата подолу:
    [​IMG]
    Кажи Г-не? - во прашање е вкус бре! Абе да, филозофијата е воодушевувачки прекрасна. :D

    Секој чекор во животот, секој потег може да се преточи во нов предизвик а воедно и ризик затоашто никој не може да знае што може да произлезе од тоа. А, се додека не пробаме нешто непознато, нема да знаеме дали тоа ни годи, дали не прави среќни или спротивното...
     
  3. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.733
    Допаѓања:
    6.721
    Аааахх. (за почеток една голема воздишка.)
    Едноставно, не можам повеќе. Знам дека стално кукам за се и сешто ама сега сфаќам дека сите тие работи не се толку важни колку што ми изгледале во моментот. Но ова што ме мачи не е само денес или вчера.. ова е константно, се случува секој ден во текот од моиве скромни 15 години.

    А што тоа? Па, моето семејство. Во моментов мајка ми. (ене ја се смее сега во кујна, ја слушам.. ако, смеј се мамо додека јас плачам и ме болат твоите закани, наредби, викања за се и сешто и повторување како ти тоа секој ден работиш и тебе ти било тешко и ние сме биле вакви и такви.. аха, добро, од сега само ќе ти климам со глава, ќе бидам твој роб ако сакаш, важи? Искрено, веќе твоите закани почнаа и да не ме тангираат.. Навикната сум де.)
    Не можам. Преку глава ми е од се. Ми се смачи да го живеам овој живот. Жими се секој ден го одбројувам времето додека не наполнам 18 години. Ги бројам годините, месеците, па дури и деновите.

    Си се тешам секој ден со помислата дека денес е нов ден, ден за нов почеток, дека денес ќе биде подобро, нема да има нова расправија или караница дома и дека нема никој да ме замара.. барем денес. И дека поминал уште еден ден што ме дели од моите 18 години. Останаа уште 2 години и 10 месеци. Ајде Блу, издржи.. го можеш ти тоа.

    Знаете ли дека во последно време сите вас ве доживувам како едно мое огромно семејство? Во моментов се чувствувам како да сум отворила нешто како дневник, во суштина нешто многу подобро од дневник и дека се исповедам, везам зборови проткаени со многу емоции се со цел да се олеснам, да ми спадне еден голем товар и камен од душичката. Со таа разлика што дневникот ретко кој ќе го прочита, барем тука можеби ќе имам каков-таков фидбек. Можеби ова не е решение и ништо нема да ми помогне, но барем ќе ми биде полесно, и повторно ќе соберам храброст и од утре пак ќе се правам ко ништо да не било.

    А длабоко во себе знам дека не е така, но се обидувам да го потиснам тоа во мене.. иако веќе два пати во еден краток период прснав- и се што чував толку долго во мене излезе. Мислам дека никогаш не сум плачела толку како тие денови. Нејсе, поминаа.. Ќе поминат и овие. Ќе станам и јас еден ден девојка, ќе наполнам и 18 години иако овие ми се најубавите тинејџерски години кои за жал не ги проживеав како што треба а нема ни да ги доживеам.. Нема ни барем за миг да го почувствувам тоа прекрасно чувство да се биде адолесцент, да излегувам до доцна навечер и да уживам во животот. Ама си ветувам самата на себе дека уште денот кога ќе наполнам 18че, ќе фрлам се позади себе и ќе и речам на мајка ми, чао мамо, отидов јас и не ме чекај вечер!! Па и да ми рече нешто во стилот дека сеуште живеам под нејзин кров, не нема да ми биде гајле, ќе си ги земам парталите па ќе се снаоѓам сама ако треба, ама под овој притисок јас нема да останам дома, да си знае.

    И ако некогаш се посомневала дека сум направила глупости- нека знае дека се што сум направила било под влијание на неа и тато. Не, не сакам да ја префрлам вината на некој друг, вината за моите сопствени постапки, ама таа несомнено има голем удел во нив. Да имав повеќе слобода, јас сега ќе бев сосем поинаква, немаше да бидам исполнета со гнев и неотстварени соништа.. Негативната енергија се обидував да ја исфрлам на различни начини, мислам дека боксот беше мојот издувен вентил но некако и него го запоставив.. Незнам што се случи, но се сменив, а ни самата незнам зашто и од што. Можеби боксот веќе не е она моето, не е тоа тоа.. Веќе не сум среќна и исполнета кога ќе се сетам на боксот, само ми навираат некои спомени во глава, ме удира носталгија и тага ..но не, мислам дека не постои веќе љубов кон него, барем не како порано.

    И да знаеш дека кога еднаш одвај ќе ме пуштиш во град, прилично нормално е да земам да се напијам, не е не го правам тоа заради твој инат, туку зашто сакам да се почувствувам слободно барем на момент, без твоите стеги кои ме задушуваат и да правам што сакам без да бидам прекорена заради тоа.
    Мамо, ќе се каеш еден ден да знаеш! За се ова што ми го правиш..
    Уште најде да ми зборуваш за вистинските вредности во животот.
    Да, ги знам кои се вредностите многу добро, многу пати сум размислувала на таа тема, но тебе ништо не ти е важно очигледно, ни мојата облека, ни како ќе бидам јас прифатена во општетството, друштвото, дека треба да се социјализирам и слично, нели?

    За ова со облекава па јас воопшто ништо не реков, јас не ни побарав пари од тебе, јас само си кажав кои се моите планови, што сакам да си купам и треба да бидеш среќна што сакам да го споделам тоа со тебе, и ако сакам да купам ново парче облека не значи дека не ги знам вистинските вредности во животот. ;)
    А и да знаеш, облеката го прави половина човек и секој се чувствува убаво, самоуверено и заводливо кога е добро облечен, намирисан и барем минимално среден (нашминкан) Сум ставила римел за во школо, ле-ле големата шминка, знаеш? Па што, средно сум, 15 години, не сум веќе мала како што ме сметаш ти па да неможам еден римел да ставам.

    Незнам, незнам до кога ќе го трпам ова, но знам дека го чекам денот кога ќе станам самостојна, ќе имам свои пари и ич да не ги барам твоите и кога ќе трошам колку сакам и на што сакам, ќе излегувам до кога сакам, ќе се гледам со кои другарки сакам и ќе одам со кој дечко сакам! ;)
    А ти ако продолжиш вака, не ќе видиш добри работи од мене во иднина.. и што повеќе ми забрануваш се полошо за тебе, зашто во тој мал период во кој ќе ме пуштиш да излезам јас ќе ги направам работите што тебе ти се чинат неморални и неубави.

    Епа, драга моја мамичке да се помириш со тоа! Како ти со мене до сега, така и јас со тебе од сега.. Ама не, нема да бидам приметлива, пред тебе ќе бидам фина, нема да се карам, мед и млеко ќе ми тече од уста ама само така ќе ги отстварам моите планови и ќе гледам што повеќе да уживам во животов каков-таков што го имам. А кога ќе наполнам 18че... останува само на времето да видиш.. и да се покаеш за се што си направила !!! ;)
     
    На Butterfly15 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    501
    СДК денес искарав едно идиотче од дете.
    Кантата му беше на 5 чекори од него, а тоа ја фрли хартијата од чоколатцето на земја. И јас настапив така жустро и фино лепо го натерав да го земе и да го фрли во канта. Со тешка мака се наведна и го зема, дури му висев над глава.
    И така после го "пеев" малку, а еден чичко цело време гледал од страна и после ми пријде и ми кажа: "Секоја чест девојче, браво! Само тешко дека можеш да ја промениш денешнава младина."
    Срцево ми се наполни, образите ми се вцрвија. Му се заблагодарив и насмеана си тргнав.

    p.s. Сите што утре ќе одат на излет, пикник или скара-журка, да внимаваат - прво на себе, а после и на околината и да не оставаат ѓубре зад себе.
    Фала многу.
     
    На Monna.Monna, Buttterfly, julie77 и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Кој ,,прекрасен" момент го доживувам моментално. Вратата од балконот отворена, ми годат вечерниве температури, ни ладно ни топло. Инаку моментот е што ми мириса на пржени лепчиња со јајца, оф така ми се јаде, а неможам да јадам, како прво не ги спремам јас, а како второ моментално на диета сум :)
    Али најбитниот момент е што слушам албанска музика од некој ,,комшија" што го рокнал радиото најверојатно од неговата кола и што сега сите ние тоа мора да го слушаме. Барем забавна да беше песната :^) :lol:
     
  6. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    Дечки, убав помин на сите утре. Немојте многу да јадете, после ќе ја преплавите категоријата Диети, немојте па да не јадете, па ќе барате Морална поддршка за сите што сакаат да се здебелат !
    Немојте да мислите многу на работа, училиште, љубов или слични трасканции.. Пуштете го мозокот на пасење, само немојте да се препаси, многу витамини се штетни во организмот.

    Некои ќе јадат скара, ќе одмараат, ќе уживаат, а некои ќе седат дома. Поддршка за оние што се дома ! Ништо страшно, само ако лажете каде сте биле и како сте си поминале, запишујте што кажувате оти може да ве зезне некој.

    А вие што ќе одите во природа, покрај езеро, планина или слично, пазете се, сега била сезоната на мечки. Па ако сте слатки како мед, не одете подалеку од шаторот. Ако ви се мочка или кака, најблиската грмушка нека биде ваша. :)

    За тие дома, не е се така црно. Овошна салата и книга, или сепак филм подобро. Ни те апат бубачки, ни си се нафрлал, ни си се здебелил, ни те изела мечка, ни си се изгубил :)
    [​IMG]
    А за оние што ќе се дават во море од масти, и иако свесни за тоа потоа ќе го малтерираат цел форум како знаат дека претерале, да им отворам апетит :)
    [​IMG]
     
  7. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.979
    Ау, перверзии значи. :D Овој Блаже, го искинав значи, го соголев море, угол гол го оставив. Цел ден се тркаламе по сите кревети, од еден на друг на трет, во круг се вртиме. И така, по целодневно валкање со Блаже во кревет, веќе почнаа страници да му паѓаат сиротиот... Ненаучен е вака некој да го малтретира, да го црта со моливчиња и да му остава срценца и смајлиња во книгите. Тоа за поубаво да ги запамтам деловите кога прљаво ми ги шепотеше сите свршени и несвршени.... глаголи бе! Ало! :D

    И така, некаде низ долгото валкање, додека сите некаде тргнаа, тргнав и јас. Да ви кажам, кафенце само со баба и деде одма ме расположува. :) Ау, кога си седнавме тројцата, па и мевце од вчера што имаше си каснавме, мераци. Падна муабет и за книги и за годишни одмори, и за се и сешто. Мерак ми е бе со нив кога си правам муабет, знам дека ќе ми направат некој паметен муабет, нешто убаво ќе кажат.

    Годишнината им била сега на почетокот на мај, а јас сирота, изгубена низ вртлозите со Блаже, мислев дека е на средина. Ќе стасав јас со сликарско платно на 15ти мај, забаено ама не и заборавено ќе беше. :rofl: Нажалост, предупредена од сите наоколу дека портретите од луѓе не личат воопшто со вистинските личности и дека ќе им ги упропастам фаците :( а со тоа и изненадувањето, а тие атер за мене ќе се закачат во дневна и ќе се гледаат секој ден УПРОПАСТЕНИ, се решив на маалку друга варијанта. Баш добар предлог добив и ќе чекам да го изреализирам па да се пофалам. :D

    Најнакрај, кога се припремив дека и утре со Блаже ќе ги редиме сите кревети, испадна план и за Мај. Да ви кажам, кога не се замараш и кога си ја ладиш, најубаво се редат работите. Па на Езеро, кафенце, пициче, едно друго и така. :wasntme:

    Аферата со Блаже продолжува до незнајно време.

    Чус. :D
     
    На 1209, CIA, green.eyes и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    ^ Еми и ние така, со учебников :D
    Искрено,од се ми е смачено,ама ќе издржам уште малце...Ништо не ми се прави,дури и мрза ме има фатено,се ми е безвеза,досадно,пошто нема кој да ми го крени расположението |( Ми иди во кома да паднам и да се разбудам мажена и со работа :D
    Дури ни на 1ви мај нема да одам,пошто нема со кој,а и нема ни каде,кога немаш друштво или оној што го сакаш,ни празник не ти е важен ни ништо :worried:
    Ај да си читам,извинете ме за негативниов пост,ама не ми е денес денот...
    САмо после ќе си послушам LOVE SONGS,ќе си потонам уште толку онака,ќе полетам малце со мислите и така...Кој сака нека ме дружи.

    Утре кај и да одите најубаво да си помините,не правете глупости :D и да се фалите после :)
    Ми недостига и мене тоа време премногу...

    Ајде,имајте добра ноќ сите :*
     
    На Springy, pamelche и Doozy им се допаѓа ова.
  9. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Денес направив едно добро дело. Не знам колку е добро, но мене душата ми се исполни кога го спасив кученцето. Не знам како може да има толку безчувствителни луѓе. Го гледаат дека се мачи, дека лае за некој да му помогне и со прстот не мрднуваат. Па ми прек*рчи отидов во реката и го спасив.
    Душата ми се исполни како никогаш до сега, како да не сум спасила само едно кученце од мачење туку како да сум спасила човек пред смрт.
    И животните имаат чувства и тие заслужуваат да бидат среќни!

    И друго нешто ми ја растревожи душата.
    http://www.youtube.com/watch?v=GFFrJZOOlmA

    Убав помин на сите утре. Оставете си ги лошите мисли дома и само со убави мисли одете на Мај. Препуштете му се на денот и поминете си најубаво.
     
    На Monna.Monna, Divinebutterfly и pamelche им се допаѓа ова.
  10. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.105
    Скопје го гледам како никогаш до сега. Море јас самата не можам да се препознаам, сама се гледам и не можам да се изначудам, ох не можам. Тоа што сакам да кажам е дека Скопје се смени во моите очи, го чувствувам како свое, се чувствувам удобно и топло. Ова го чекав цели две години...
    Јас... зар го дочекав моментот кога сама себеси се фаќам како му се дивам и го поштувам повеќе од се живо овој маж кој кој ми го донеси светот на дланка?! Дочекам, да заспијам со солзи во очи, солзи на радоста и среќата која ме одвива неколку месеци, и секој ден само се прашувам, има ли нешто вистина во тоа премногу среќа не е на арно?!
    Се фатив себеси синоќа како го гледам неколку минути и само лежам до него, го мирисам и оставам да ми дише на лице. Отвара очи и ме гледа, и не е потребно некој нешто да каже, погледите исти страсти кријат, иста љубов плетат и за иста иднина сонуваат...
    Значи јас сум ова, јас сум таа спонтана и урбана приказна која зборува сама за себе, јас сум таа која легнува во 20 часот со навиен аларм во 23 за да ги зграбам фстаците и бадемите в рака, со него до мене и да се изгубиме низ Скопјево...или па едноставно да шетам и да се губам низ маалските улици кои се сведоци на оваа голема моја среќа... Јас сум таа која тип топ средена знам да се затрчам до првиот кафемат и да пијам мукачино, да му се радувам како мало дете на сладолед, или па да се стрчам во Рамстор кон гумените бомбони, или па да се фатиме под рака и во Тинекс и со скромни пари да ја пуштиме креативноста да го даде најдоброто од себе и да ја наполниме корпата, а дома, да танцуваме и сецкаме салата, да крчкаме некоја чорбичка, или па да испржиме прекрасно месо со пивко вино и да се жалиме после од пренајаденост.
    Ние сме гурмани за храна, љубов, среќа...
    И да, се фаќам себеси моментално после овие неколку месеци како ја доживувам мојата вистинска љубов која е мажот кој на некој начин е одраз на мене.
    Тоа е мојата приказна што животот ми го обои во пролет, лесна песна и искрена насмевка.

    http://www.youtube.com/watch?v=sIvLbDNwhMQ
     
    На Lepaaa, mysterious, antonina и 22 други им се допаѓа ова.
  11. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Ете женски помина и месецов од утре нема да се дружиме :( (освен ако овие од кабловска не ме изненадат и ми го продолжат нетот) :lol:
    ќе ми фалите многуу
    ух брее се навикнав со уште не отворени очи да пишам тука, што сум сонувала, да се испукам да му кажам нешто, да ви кажам што појадував, ручав и вечерав, да ви постирам сликички и која песна ја слушам :D

    Се читаме набрзо (Се надевам) :* :*
     
    На N.Kety и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  12. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    Изгледа јас сум единствената што не се возбудува за утре. Не сакам први мај, нема ќеф во седење на ливада или во приколка или во не знам што :^) Ќе си седам дома подобро :lol:
     
    На fallenangel му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    Среќна сум, после долго време можам да кажам да. среќна сум. И не поради некој, туку поради самата себе. и не велам дека константна ќе биде среќава, за тоа што тој шо вика дека цело време е среќен лаже. Нема среќен живот, има само среќни моменти кои го сочинуваат животот. И денес си признав дека конечно сум задоволна од себе. Видов дека од материјалите за колоквиумите што ми следат се имам поминато бе, и тоа не со напор, ами онака со некое средно задоволство. Денес така мирна си се срошетав до матка, си поминав прекрасно, сеа напишав неколку есеи шо ми се за наредна недела и не жалам шо немам машко во мојот живот сеа за сеа...се чувствувам толку релаксирано и исполнето после долго време и не се нервирам за ништо :)
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Муж со помал гз од мојот и потенки нозе од моите, не е за мене муж! Точка.. Ту мач бонс!
     
    На glow, Monna.Monna, sadangel и 13 други им се допаѓа ова.
  15. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.172
    Пол:
    Женски
    Епа, ни јас не се оптоварувам премногу за утре.
    Единствено е што знам е, каде ќе одам, и дека имам многу сончоглед. Доста ми е тоа.
    Доста веќе планирај, планирај, и разочарај се. Неколку години сум се зезнала за истото.
    Си мислев, што убаво се си испланирав, се имам, таман ќе ми е. И што се случи? Ме изнервираа неколку ситници, и си плачев за 1 мај, му ѕвцнав на татко ми, и си цвиздрев: Доџи и узми ме.
    Така и утре, ќе си набутам се во ташна, што ќе видам пред мене и крај. Т.е уште да знаев каде стојат ташните..
    Ме радува и што, конечно после долго време, си облеков, кратки пижамчиња, шорц и маичка. Се чувствувам како да лебдам.
    Ма не ме интересира. Одам да гледам Бумеранг.
    Бај, бај. И убаво поминете си, каде и да одите. :)
     
  16. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Каков интернет бе, какви скари, пива, ден на трудови, јас си го чекам хороскопот за мај. :D
     
    На sweet-cherry, CIA, la-chicka и 8 други им се допаѓа ова.
  17. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Страшно ми се патетични луѓенцава на фејсбук со филозофските статуси, мислења и совети за животот, цитати за љубовта, што треба а што не... А истите ги гледаш утре испоначукани се влечат по скопскиве асвалти, пеат шабанарија тешка па кога ќе им се разбистри малку во главата се клецаат на клупа, кеј или во вецето на првиот кафич. |(
     
    На Monna.Monna, CIA, fashionista и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.125
    Допаѓања:
    81.626
    Пол:
    Женски
    Сакам да трчам. Да трчам, до немајкаде, од тука до некаде, да стигнам до недоглед. И таму да ме чека тој, некој, било кој.
    Не, не е ова уште едно од многубројните клишеа, ниту пак ме спука романтичарски момент - само сакам да се опуштам и да ги тргнам од глава сите мисли што ми го реметат мирот. Знаете како? Така лесно, како кога тргнуваш купче книги од полица со еден потег во лево или десно - ФРУП! - и БАМ, во ќеса. Ќе ја заврзам и ќе ја пуштам в канта. Или по вода, па нека плута и нека загине некаде, пак во недоглед.
    Риалити сакс. Штета што не умеам да фруп-нам купче книги, макар безвредни во глупа ќеса и туку така да ги треснам некаде. Исто е и со мислите, па после се жалам дека немам мир.
    Е немам, и нема да имам сѐ додека не се научам едноставно да не си земам сѐ при срце, да не се замарам со сваштарии. Тесна душа сум, тоа ми е, па нека ми личи сега. |(
     
    На caroline.costa и CIA им се допаѓа ова.
  19. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.262
    Допаѓања:
    43.925
    Штотуку се вратив од моминското вече! Изедов едно маде од фалусната торта, се напив ракиица, изденсав куп орца наоколу по кафана, ја запеав Стариот Џумбушлија од Ана Бекута и сеа можам раат да спијам 8) :rofl: :rofl:


    Се радувам за колешките, се радувам за мекиците, за птичкиве што ми пеат во населба во 2 по полноќко да е права пролет. А некако се прекалеми директ, од зима на лето. Ама ако.
    Во искушение бев да му се пикнам во кревет прееска кога на екс се запив и со вел на глава и дајре се разиграв. Да види он што невеста може да има. Па сеа се прибрав, и подобро што не. Мужи, не сфаќаат ништо, во принцип, од купот женски лудории по маси, ордевер и шамарање со лудачки маици на кои цртавме куриња. Срамота или не, радост е и ќе биде.
    Продуживме накај Џубокс - народ ипол. Не се напикавме, во 1ипол веќе пут под ноге, малку во парк на росни ливаѓе и после накај дома. За убаво е пак.
    Ми се наполни срцето, душата, петата со вода, се акосав во вирче пред Џубокс. Да не раскажујем какви фацки видов, но добро. Скопје допира дна, но и таму има бисери. Тоа се моите најдобри, најблиски луѓе со кои и гајле ми е каков е ноќниот живот кога си ги имам нив.

    И така! Ќе се мажам и ја, осечам! Јако! ]:) 8) :D :D :D
     
    На 1209, green.eyes и Adi888 им се допаѓа ова.
  20. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.468
    Bad Luck Brian отиде во историјата,од денес тоа е лудо :D :D де бре, биваше ли да дојдам со прв ден менструација :rofl: за греотка сум... :(
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.