Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. senjorita-v

    senjorita-v Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    1.707
    Допаѓања:
    10.156
    Пол:
    Женски
    ја денес нигде не заминав иако "требаше"за струмица... ке дремам сега во станот ама ако ке си пуштам музика на цел глас и ке се дружиме со цуци...а утре одам за кавадарци
     
  2. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Македонија се жали, мали биле платите, многу работно време, ова - она... ЕПА денес е вистински ден да покажете дека многу работи не ви чинат, пошто ПРВИ МАЈ е ден кога работникот се бори за своите права, а не се бори да запали оган за да направи скара на ливада .. Само сите се тука да се бунат, ама само на тоа и останува секогаш.
     
    На cigarce, sadangel, Divinebutterfly и 2 други им се допаѓа ова.
  3. SanjaKirchner

    SanjaKirchner Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    762
    Досадно ми е:( досадаааааааааааааа аааааааааа :doh:
     
  4. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    СДК во денешно време изгледа е подобро да си расипан, како тоа повеќе да се цени |( иначе ништо.Штета што ние луѓето не си дозволуваме да откриеме дали некои нешта се такви какви што бараме...затоа што можеби тие нешта ни се пред нос, само поради нашето НЕ, воопшто не ги забележуваме.
     
  5. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Ајде децааааааааааааааа,напаѓајте на фб сеа со слики од 1 мај,вие сте оделе у природа за да уживате во неа или за да се сликате,жити се ? |(
     
    На Elennaa и Cacy им се допаѓа ова.
  6. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Ете така, напиени, најадени, надишани чист воздух ( ова за кој како ) а демек ден на трудот, ден кога во светот има протести за подобри права на работниците. Ама, ајде, доста се жалеме веќе. Следи еден ладен туш, па на учење. Ги трошам последните 2 недели од мојот средношколски живот. Ќе ми фали еден ден, сега не размислувам за тоа, ама обично е така. Надвор пекол, чинеш август е. Па и волку жешко не е на арно.
    Не ми е криво што не отидов со друштво денес, зашто со моите во старата куќа на село си поминав многу убаво, а знам дека со нив нема да беше така.

    Отидов да се подружам малку со фармацевтска хемија и броматологија. |(
     
    На Elennaa, Lov3 и SanjaKirchner им се допаѓа ова.
  7. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.148
    Сдк дека воопшто не ми жал затоа што денес не заминав некаде туку останав дома во моето дворче со добра книга и музика ,уживав во друштвото сама со себе
     
  8. LGBT

    LGBT Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    108
    СДК.
    7 часовниот напад помина. Добро е.
     
  9. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.065
    СДК ... давам и тоа искрено доста, а добивам малку или ништо. Иронија животе ...
     
  10. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    722
    Среќна сум. Денов испадна супер after all. Скара со фамилијата кај баба ми, зеленило, чистота, абе милина! Се натрупав со јадење за инает на диетава ]:) .
     
  11. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    ...Сите среќни семејства се слични едно на друго. Сите несреќни семејства се несреќни на свој начин. :)
    Hello, I'm back.
     
    На Shelea и cigarce им се допаѓа ова.
  12. AnimeHQ

    AnimeHQ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    246
    Полека изминува и овој ден, полека но сигурно. Утре здравје ке одам на работа, ми здосади дома да седам овие 2 дена. Не ги сакам празниците бидејки не се работи тие денови. Македонија дефинитивно е една од земјите кои имаат највеке неработни денови во годината , од 365 дена чак 27 се неработни. Helloo , мислам сериозно? :^)

    Почнавме да војуваме со домашните.. нажалост.
    Тие едноставно не ме разбираат си умислиле во глава дека треба да си фатам дечко , да се омажам и да раѓам деца.
    А додека јас.. имам си други приоритети во животот. Не вроди плод тоа што им се отворив, тоа што им кажав како се чуствувам, тоа што им кажав кои се мои приоритети. Ги замолив да веруваат во мене бидејки јас нема да направам никогаш нешто што тие би се срамеле од моите постапки. 100 пати и имам кажано но тие по нивно. Јебига.

    Кога би ми дале барем најмала подршка, кога би ме свателе барем малку јас би била најсрекната девојка на светот, не би ми требало многу за да им се фрлам во прегратка и да им кажам колку ги сакам.

    Жал ми е, но јас нема да се вратам назад од мојот патоказ, цврсто сум убедена дека сум на добар пат. Ако мислите дека ако ми поставите ултиматиум па ке потклекнам? .. не не..
    Колку малку значи ме познавате ...

    Жал ми е бидејки не се радувате на секој мој успех... секој мој успех го доживувате како најтрагично нешто.
    Кога тражете веке да направам избор .. тогаш = во ред.
    Без двоумење ке си одам од дома и тоа пред да истекнат тие 24 часа што ми ги дадовте а за да одлучам дали ке останам со вас и ке ве слушам или ке си терам по мое но без вас. Но, една ден вие мене ке ме тражете, не јас вам. Но тогаш јас нема да можам да преминам преко овие работи и не сум себична. НЕ СУМ.
    И да во право сте, јас сум дома изродот. шта чеш, то је.

    Денеска ја направте најголемата грешка во животот. Си го избркавте детето од домот! - да јас тоа така го сфакам!

    Ке успеам и без ваша подршка, тоа што не ме убива само ме јача. Толку.
    Останите ми со здравје.
     
    На Dgirlll му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    Дами и господа,
    ви го претставувам Марјан Ѓорѓиевски и неговото фамозно видео " Пијаници ", кое денес и утре ќе го достигне својот врв во постирањето.
    Деца, по 12-13 години го постираат и тагнуваат 150 свои другари и другарки, како сите се направиле дупки, и одвај одат.
    Како бе од толкава пијаност успеале да се логираат на фејзбук, да стават видео, да ги тагнат сите точно и да пишат дека се опиле ? -.-
    А за статусите, ау ау, сите се обидуваат да бидат интересни, да ги брецнат другите. Толку оргинални статуси немам видено никогаш.
    - Топ за мај <3
    - Статус за мај -.-
    Сите статуси се како последново, демек да се направат интересни. Ако толку сакаш да пишеш статус, најди некој поетичен на интернет.

    Инаку дечки, верувам дека сте си поминале најубаво на мај. Па за тие што си поминале, а и за тие што не си поминале :
    [​IMG]
     
    На baguf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Сте биле некаде денеска? - Да, да еве...одма ќе ставиме слики да се испофалиме на фејсбук.
    Фејсбукот фрчори од слики (1 Мај, преубо беше, сакам пааак, леле срцка преубав беше стекот, и слика со стек каде што јаде) Офф леле, пак уште со јадење ставаат слики?
    Порано се сликавме за да имаме спомен, а сега за на фејсбук да се пофалиме и ние бевме, ај сликите да беа квалитетни, ама тие аојдињнфц. некој седнат, некој легнат, некој јадит, некој се пока*ал в гајќи, ахаха ма немој молим те...
    Аманте бе луѓе, аман! Сите можат да појдат, па сите да се фалеа како вас, еехехехеех ...
    Ете за што се користи фејсбукот најмногу за фалење.
    Ама ајј, кој ги шишат, нека си тераат по свое, фалбаџии едни. -.-
    Не само за Мај, туку и за сите празници, прослави мора да се испофалат... :x
     
    На Shelea, cigarce, Divinebutterfly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Убав ден. Мило ми е што се излезе како што беше планирано, дури можам да кажам и подобро! Се чувствувам среќно и исполнето. Малку работи ми се потребни за насмевка. Малку но доволно. И кој што сака нека рече, ама нема ништо поубаво од споделените моменти со блиски и мили луѓе. Тоа е нешто бесценето, и ништо друго неможе да предизвика таква радост во мене. Многу сонце, убава музика и најубаво друштво. Што друго ми е потребно?

    :sun: :f:
     
    На Glossy-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Додека сите јадеа скари и вртеа ора, ние се љубевме. :inlove:
    Цел ден Љубов...Љубов и Љубов.
     
    На cigarce и Springy им се допаѓа ова.
  17. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    196
    Оставив го моето мало кај мама и тато и јас демек ќе си карав мај,ама прв пат да осетам потреба дека нешто ми недостасува(па како нема да осетам потреба кога и никогаш се немаме делено)и цел ден џрн џрн на телефонот да прашувам како е моето најголемо злато на светот, па не можам да живеам без него, не можам без него ни 5 саати ,а каму ли повеќе,како ќе сум кога ќе треба да тргнам на работа,плачко си е ама ми недостига неговиот плак и неговото смеење па тој е мојот живот
     
  18. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Прекрасен, ептен исполнет ден од 12 саати забава. Јест да станав како што си станувам за прва смена, ама се исплатеше. Преубаво беше и времево сончево, и местото, и дружењето, и манастирот со пауните прекрасни, и јадењето на скара и пиењето (особено увијачите мои) и жутото комбе на Славе со луди журки внатре а и детето што се закачи позади и се возеше некој метар гага па слезе, сакаше да си ја олесни работата :D луѓево си мислеа кој знае кај не носат :rofl: а богами и мојата салса на „Ла ултима ноче“ додека го чекавме беше за пофалба, мора да кажам :D прекрасно навистина. Ахх како сум скапана уморна, сега освежена и црвенкаста си одмарам.
    Многу го сакам љубовчето! Кутрото, ми подизгоре, многу е вредно и плус со мене беше, маз-маз, сончко ми е, мице! Кога го гледам нонстоп се заљубувам во него, се чудам и ја како, ама најубав и најдобар ми е, жими се. Еден е. И ќе остане.

    http://www.youtube.com/watch?v=cJIkhUPl1n8
     
  19. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    782
    Први мај - Ден за протест на работниците или ден за излет и правење скара?! :^)

    Како и да е секогаш излегува дека непланираните работи се најубави. Мене овој први мај ќе ми остане во многу убаво сеќавање.. :)
     
  20. SanjaKirchner

    SanjaKirchner Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    762
    Боле ме заб а ме стра да отидам на заболекар ;( а да се напиам апче па сам терсене кога се во прашање апчиња , ич нејкам :doh: те така сеа ке си седам и ке чекам да ми дое јајцето на газо па да отидам.....
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.