Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Само Чак Норис може да си го провери статусот од State Electronic Diversity Visa :D
    Ах, каков ден, ова би дошло како совршен крај уште да можев да го отворам...
     
  2. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Мрч, мрч, мрч, мрч, и по некој фин збор.
    Денес повеќе се нафатиле на мрчење одколку на уживање. :^)

    А, јас уживав да ви кажам право, со луѓето што ги сакам(со мал исклучок). Цревата ги наполнив со скаричка, што иако не ја правевме, ами готова си седнавме да ја јадеме, а потоа и цревата си ги превртев од смеа.
    И чудесно ми беше, колку различни може да бидеме луѓето, а колку да добро да се склопиме. Комбинации, варијации и пермутации, и многу, многу интересни ситуации. Кога има рима е најзабавно!
    И кога нема мрчење е доста интересно.
    Од многу мрчатори боли глава, а мене здравјето во моментов ми е најважно од се.
     
    На Strumfeta93, Trendafilka, MandyLane и 2 други им се допаѓа ова.
  3. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Јас сеуште сум во исчекување на нешто а на што, ни сама не знам :^) . Малку ми фали, само малку да се изгубам потполно, ако веќе и не сум изгубена. Понекогаш се прашувам која е поентата? Но одговор не добивам никако. Конфузија до бескрај, поглед избледен, отечени очи. Тука сум, а воедно и не сум. Не обрнувам внимание веќе на никој околу мене, и тоа се повеќе почнува да ме плаши. На моменти како да се одалечувам од реалноста, избегнувам да мислам на било што оти знам дека ужасно ќе ме боли. Сама се лажам дека ќе биде подобро, дека не ми е толку лошо... Заморно ми е веќе, има денови кога толку ми е дојдено преку глава...Знам дека не треба да потклекнам, дека во животот има и вакви периоди ама само не знам како да издржам. Посакувам да затворам очи и кога ќе ги отворам да биде се како порано ама знам дека тоа не е можно...
     
  4. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.720
    Допаѓања:
    8.825
    Пол:
    Женски
    СДК многу ми се смешни некои личности што ептен се соживуваат со ова турскиве серии. :lol:
     
    На GarpovaV, LilBaby, Trendafilka и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Зарем мрчење и за 1ви мај? Машала, машала.
    Епа јас супер си поминав, и не, тоа не ме прави помодарка. Не се сликав и не се чекирав. Едноставно само многу убаво поминат сончев ден во природа, со скаричка и базенче. Не го сфаќам како славење нешто, туку како фина прилика за собирање и дружење, фаќање боичка. Кога сите би го гледале така ноншалантно, би имало помалце надрвени луѓенца. Ех камо среќа, ама тешко. :)
     
    На JoxyTheFreak, maca99, 1209 и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    ДК дека де срамота, ептен срамота. :x :x :x
     
    На baguf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  7. theAristoCat

    theAristoCat Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    384
    Пол:
    Женски
    СДК дека едвај чекам да поминат овие 2години и да се мафнам од земјава.
    Не чувствувам како да припаѓам овде.
    Се чувствувам како странец во својата земја..
    А можеби и сум? :?:
     
    На belieber му/ѝ се допаѓа ова.
  8. si.exs

    si.exs Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2011
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    140
    Не знам дали сум премногу современа со повеќето работи кои секако подоцна бидат прифатени од мнозинството,само за жал по така 50тина години. |( Како што е и обично за секоја работа кај нас.

    Не сум против врска со човек од друга вера!
    Не гледам ништо лошо во тоа некоја да сака да ја чува невиноста до првата брачна ноќ,ниту пак во тоа да некоја девојка имала повеќе партнери!
    Не сум против,пиење,мување...т.е забавување во најубавите години...Секако се во своја мера. |(
    Не знам зошто луѓето се замараат со туѓите животи.На кој му е убаво така си прави.

    Против сум да се мешаш во некоја врска ,брак.
    Против сум кога дозволваш некој да ти удри шамар или да те нарече курва и се уште да бидиш со него,бидејќи нели дечкото те сака,те почитува,МИСЛАМ екстра врска. :x
    Против сум кога нешто што не сакаш да го направиш ,го правиш заради тоа што се плашиш да не ја изгубиш таа личност.

    Не сум против тоа да го правиш тоа што те прави среќен! :fubar:

    Искрено разочарана сум од ниските размислувања на луѓето.Не ги препознаваат вистинските вредности.Не ги препознаваат поимите курва,расипана и слично. :x Нема надеж за мнозинството.Нема. :!:
     
    На Dgirlll и danichap им се допаѓа ова.
  9. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    Полош први мај здравје. Не мислам на тоа како си поминав, мислам на тоа што ме дочека дома кога се вратив... папагалчето ми умре, и моите не сакале да ми кажат по телефон, па чекаа да се вратам. Се здробив од плачење, не го ни видов, го тргнале и исчистиле се, ни кафез ни ништо немаше во соба. Сега ми е пусто, и ми недостига многу, нема веќе кој да ми пее во соба... нема кој да ми се радува и превртува на лулашката секој пат кога ќе дојдев во соба! Без везе ми е денов... ;( ;( ;( ;( ;( ;(
     
  10. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    Да ви кажам и јас се чуствувам странец овде.
    Барам мир, слобода. Но овде неможам да најдам.
    Молам да излезам од државава, но немам услови.

    Али друго сакав да кажам.
    Кога ќе му дадеш на човек нешто, тој уште и уште и уште повеќе бара, а не враќа. И уште помалку знае да се заблагодари. Штета што многу се вакви :x

    Доста мрчам. Убаво си поминав денес со моите си се прошетав, изнасликав. Па утре очекувајте слики, ве сакам :*
     
    На stylishh му/ѝ се допаѓа ова.
  11. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    СДК...помина уште еден, не толку спектакуларен први мај.Малку карти, малку музика и малку повеќе дружење.Едноставен и релативно интересен ден беше.
    Денес, со многу енергија и ентузијазам го започнувам денот.Мислите ми одат само во една насока-ништо не е побитно од љубовта која ја добиваме од семејството, пријатели, бившите, сегашните и потенцијалните идни кандидати за врска :lol: А знам дека сум љубена, премногу...и тоа ме прави многу среќна :$
    Сакајте за да ве сакаат и уживајте во тоа :*
     
    На Ann.94 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. LGBT

    LGBT Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    108
    СДК. Ми помина утрово без напад. Се надевам на училиште нема да имам проблеми.
     
  13. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.895
    Пол:
    Женски
    Што попрво? Кога спиеш до средина ден така е :D
     
  14. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Кај се тие постови што те оставаат без здив кога ќе ги прочиташ??
    Десетици страни наназад во темава едвај два поста заслужуваат звездичка! Чудно ... |(
     
    На thelittle17 и kate21 им се допаѓа ова.
  15. levely

    levely Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    902
    СДК дека едвај чекам да си одам дома.....
     
  16. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Си отворив најмирољубиво на Јаху за да видам какво ќе биде времето утре, а завршив со ваква фаца :( ;( . Прочитајте за девојчево, не дека тоа ќе смени нешто, касно е веќе, ама ќе ве замисли, дефинитивно многу ќе ве замисли.

    http://gma.yahoo.com/blogs/abc-blogs/av ... ories.html
     
    На danniela5 и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  17. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Се изначитав куп книги вчера вечер и се почувствував ЖИВА!

    Не можам да ви го објаснам тој момент на повторно соочување со важни делови, обележувања, записи, фаќање белешки... Сакав да одморам душа и глава од телевизија, интернет, дремење по социјални мрежи и си направив какао, си наместив кревет и си читав. Ја прочитав Меше на годината, неколкуте стрипови, една поетска збирка од покојната Светлана Христова Јоциќ. И си заплакав, колку емоции, колку зборови сум закопала во внатрешноста си своја! Прекрасна катарза во вторник навечер!
    Колешка ми ја дадовме, сега се спремаме за мајско орце и Черешна се од корен корнеше, да фрламе китенки и да шамараме девери. Во таков пролетен елан запаѓам, ми се прават некои безобразни идеи од типот, да опнам бел фустан, да се качам на Кале со мачорот, да си се земеме без обврски, да купам два шеќерни прстени и да цугаме бело вино под Месечина. Чисто од радост! Од благост.
    Во Теа Модерна денес, приказни за три самохрани мајки, што им починале сопрузите. Храбри, жени од сила и страв и солзи создадени. И тука се расплакав. Ми текна на муабетите со една драга личност, дека кога губиш еден родител, си влечеш багаж трауми и бол цел живот. Дека колку и да се насмевнуваш на сонцето, некогаш, сенката сама од себе ти се појавува. Реалност.
    И сфатив колку сум среќна.
    Што постојам во хармоничен семеен, налудничав, ама каков таков свет. Што сум добила воспитување и љубов, грижа и надеж дека нештата се сирови, но мораат да се голтаат и такви!

    Прегрнете го животот. Живиот.
    И на сонце малку насмевка. Без неа не излегувам од дома. Баба така ме учеше, а и мајка ми сега.
    :*
     
    На Waka-waka и Lepaaa им се допаѓа ова.
  18. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Го знаете она чувство кога душата ви е толку полна, што мислите дека ќе си пукнете од среќа?
    Ете таква сум си денес! :)
    Бликам од радост и си ја носам насмевката цел ден на мене. Поубав моден додаток од тоа нема!
    На денешен ден пред точно 21 година, мајка ми си тргнала на излет во природа, ама јас сум ја вратила назад :) И некаде околу 3 попладне, родила буце тешко скоро 4 кила.
    Буцето веќе наполни 21 и стана девојка. Сега официјално сум полнолетна и во Америка :wasntme:

    Ви благодарам на сите за прекрасните честитки што ги прочитав на форумов.
    Годинава си порачав чоколадна торта, па еве по едно парче за сите!

    [​IMG]
     
    На bittersweet, Divinebutterfly, IndieGirl и 17 други им се допаѓа ова.
  19. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    А ѕвездичката по дифолт оди на какви мислења?
    На убаво осмислени со метафора,хипербола и останати стилски фигури?
    Или онака нешто ако однадвор е прекрасно заслужува твоја ѕвездичка?
    Добро јас од утре земам да читам Достоевски,да се навооружам со стилски фигури и да очекувам ѕвездичка од Лепаааа.
    Потценуваш и генерализираш.

    Нема ништо поубаво од мајчина прегратка.
    И на 15 со солзи во очите ме прави да се чувствувам безбедно.
    Тоа милување по косата и нејзиното "се ќе се среди..."
    Жена која ме одгледала без ничија помош и на која и должам апсолутно се во животот.
    Ух мора да и се оддолжам...
     
    На Sanniii, maca99, Smilly и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    3.742
    СД ви К дека два дена по ред се чувствувам одлично, завчера дека ми беше роденден, а вчера дека си поминав прекрасно.. И двата дена бев од утро до мрак со луѓето кои ми значат. Сонцето мое ме сака и без шминка и во трењерчиња, и со замоткана коса такво блесаво :inlove: Поубава сум била отколку со штикли, фустанчиња и шминки.. :D :$ Абе толку гушкања, прскања, прегратки, бакнежи и толку ЉУБОВ немало на едно место, сите што бевме вчера ги сакам и ги почитувам од дното на моето срце 8) :D

    Имајте убав ден, а јас од денес до крајот на месецов се исклучувам од користење на Интернет во огромни дози, намалено, па скоро сведено на нула ќе биде. Морам, ако сакам летово да имам повеќе денови како изминативе два, да уживам во Неговите прегратки и во прегратките на моите пријатели. Останете ми во добро расположение, бидете среќни без причина како мали деца. :* Ве обожавам сите!
     
    На Divinebutterfly, BeYourself, Adi888 и 7 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.