1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    СДК Господ нека ни е напомош! ;( ;( :headbang: :headbang: Не е добро :x Кога тој не е добро и јас не сум добро...
    А и испитот се одложува,морам да останам,ни свадба нема за мене ни ништо... :envy:
    Леле Боже,требаше да пишам порано.Се осеќам ко најголемата глупачка на светот! :headbang:
    Не ме прашувајте ништо...Морам ова да го решам,морам! ;(
     
  2. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Денов ми е уморен ама среќен. Ајде Ирено покажи се.
    Туку многу е убо кога ќе си сретнеш Македончиња на плажа, многу. Осмеси, дремење ко Швеѓни на сонце и впивање, хранење гулаби, кафе од Старбакс, дрндање за луѓе, одење низ парк. Признавам ми се наполнија батериите како никогаш, од толку убави души шо си ги имаме. И ако не ти помогне Македонче во туѓина не знам кој друг..
     
    На bittersweet, Cacy, Smilly и 5 други им се допаѓа ова.
  3. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Ми се допадна ова за оправдување ако се касни на предавања :D . Секако, ако успее :lol:

    [​IMG]
     
    На Adi888 и Lepaaa им се допаѓа ова.
  4. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Весел мај, прекрасен мај, најубав до сега!
    Пешачење, шврљање по природа, жештини, пиво.
    Бев среќна, не мислев на ништо.
    Кога се прибравме дробевме салата со глуфецот, јадевме у двор, ја раскренавме масата заедно.
    На минување по некоја скришна, срамежлива бубка ќе прснеше и ќе ширевме насмевки низ цела куќа.
    Никогаш не сум била посреќна. Лулање, ко мали деца.
    И такви уморни, а ти никогаш не спиеш на други места..си лежиме до доцна, си разговараме.
    Колку ми беше мило што така добро се изнамуабетивме.
    И јас пред да ме вјаса с(т)онот, ти раскажувам што грабаат рачињата на моите зеници.
    Ти велам почекај, да помине пајачето па ќе продолжиме да збориме.
    Те влечам во некои чудни светови - те гледам. Коооооолку си прекрасен.

    И утрово гледам - си заспал. Колку (си) слатко (кога) спиеш.
    И да, треба да бидеш возрасен во главчето, и дете, нај-дете во срцето.
    И да размислуваш со главчето, а да ги правиш нештата од срце.

    Да, прекрасен си.
    Кап, кап, капе месечината во езерцето...
    рачињата на зениците со прстињата ја брануваат водата,
    шушкаат осум панделки, пајачето ги брои,
    се ќе биде во ред, се до осмата панделка...и од ново, и од ново, и од ново.... :)
     
    На Mishela, kravce, L-enna и 4 други им се допаѓа ова.
  5. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    среда божем срекен ден како да не, лажги со опашки
    денес се ми оди наопаку од снимањето на неврологија-што не ми се изврши, затоа што сум немала упат,па се вракав кај матичната за да земам , па пак назад :envy: а проблемот биле картончињата(обично не е вака, ама сестрите се договориле да ми го загорчат денот изгледа) па ме моткаа наваму-натаму

    а кога си ја видов сметката за мобилниот, ке се онесвестев, а имам само 2 пораки пишано, и 2 повици кратки и пак висока сметка, го колнев вип , како жожевме да бидеме толку глупави со мајка ми и да станам пост-пејд не ми е јасно, а кога дома зборувавме за уште еден мобилен да ми купат за да станам со друг број припејд, ништо од тоа.

    и кога подобро ке размислам дека се почна од вчера кога разговаравме јас и тој,речиси се му кажав ама едно не сакав да му кажам(фино дете е па не сакам да ме мрази после) дека не го сакам т.е. речиси и не чуствувам ништо за него, а грешката е што го откачив тој што многу ми значеше некогаш, а ме покани кај него дома за 1 мај :fubar: не сум му девојка, зошто дома :?: како што ми рече вчера мајка ми-кога ке го заборавиш него? си мислам во себе-е мамо тоа што јас го живеам, не ти посакувам ниту небе ниту на никој да го доживее :|
    Изгледа дека трите наречници мене на првата нок кога се родив не ми посакале да бидам срекна во љубовта ;( во овој живот, можеби во наредниот ке биде подобро, ама секогаш кога ке решам да се оддалечам од емоциите, не ми успева :worried:
     
  6. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.136
    Допаѓања:
    124.488
    СДК ,колку малку треба за да биде се во ред.
    Вчерашниот ден,нека го има почесто.
    Зошто да чекаме први мај,за да се собереме на излет,на скара,на гости :^)
    Мене и ми сметаат таквите гужви,па затоа си направивме скара во двор,со моите најблиски.Преубав ден,многу јадење,пиење,уживање.Сега се плашам да не не ме собере во фустанот ,ова де венчаницата :|

    Се некаде брзаме.
    Цело време мрчиме,без да уживаме во денес.Ни смета се нешто.
    Мене ми сметаше станот кој нема клима,а за кој некој би дал се да го има.Ми смета сонцето,а некој не може да го види.Ми сметаат киријата и сметките,ама имам работа со која можам да ги платам,итн до бескрај.

    И кога ќе видиш,се е поедноставно.
    А сами комлицираме.
    За жал такво време дојде,а дури се свестиш-нема назад.

    И јас мрчам и се жалам,И мене ми смета се,и сакам да е поубаво.
    Не знам што би правела без мајка ми.Ме чита како буквар и секогаш како да знае што ме мачи,ќе ми ја каже најпозитивната реченица на свет-Се си доаѓа на свое место,од некаде мора да се почне! Мора да бидеш стрплива......И да,морам.
    Сакам да сум позитивна како неа,не знам зошто тоа толку тешко ми оди :doh:
     
    На MandyLane и Lepaaa им се допаѓа ова.
  7. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.840
    Допаѓања:
    25.752
    Пол:
    Женски
    Чувството на слобода и летна заљубеност ме обзема, сериозно се чувствувам како да е лето,распуст,кој во теорија за мене веќе не постои, но сепак.
    Спијам до касно, сама си правам неработни денови и отсуствувам од факултет, тогаш кога ми се може.
    Навечер шеткам во придружба на топлиот ветер,јадам солено-благи пуканки и сладолед проследено со насмевки и лесни муабети,а зборовите од утре ми стануваат заштитен знак.
    А учење, што беше тоа?

    Ај уште денеска ќе се зафркавам, во име на роденденот на мачорот, за мене посебен ден и како таков уште еден изговор за избегнување обврски.
    Ама затоа од утре ...
     
    На lovely91, L-enna, eli25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342
    Вистина или предизвик! Прашањето е сега :)
    Си го знам одговорот ама си го чувам во себе. Ќе да е вистина со предизвик ако ми се погоди хороскопот за Мај :$ . Не дека нешто верувам во тоа зашто постојано ме лаже и избегавам да го читам ама во кафе пауза кога си вржан за биро читаш се и сешто.
    Им вадам сеир :angel: на оние кои си го буткаат носот каде што не им е местото. Како да нема ништо продагоцено од тоа да си центар пажња или да мислиш дека си во центарот на универумот. Па никој не добил крила и не полетал до сега, бар јас колку што знам али ок, се нема друга работа па и така е интересно.
    Пак ќе си кажам, Мај доста ветува а и сонцево. Ако не си оптимист ништо од бизнисот.
    Сакам промени!
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    TУш за ослободување од стрес !
    После таков ден кој не би се осеќал дека го боли секое делче од телото,денес е денот за правење ништо (нема врска тоа што имам за полагање си велам ќе научам)
    вчера ми кажа дека сум посебна,дека сум била премногу добра,не го сватив тоа како комплимент,го сватив како критика,јас морам да се променам!
    џа или бу?
     
  10. SanjaKirchner

    SanjaKirchner Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    762
    Колку сум изгубена тоа е чудо! СТанувам денеска од спање гледам го саато 12 :o Рипам од кревето набрзина туш, набрзина се обелчувам (ке закаснам на работа) , звонам на рбота кажувам ке закаснам малку / шефицата фина ми вика ноу проблем / зимам набрзина да јадам, да се нашминкам е тука у овај дел готово...ручна се дига и време се запира САЊА СЕ ШМИНКА абе од кај каснам па и полека лагано нем да не се измачкам. Гледам на саато еден ипол дошло а јас у 14 почнувам а ми треба 20 мин со кола да возам. Цркам дома на македоснки цепам „лелеле каснам , бреее будала јас„ Кристијан гледа така чудно, не ме сфаќа шо сакам да кажам.
    И така трченик до колата, давам гас коа мислеш ферари возам и правец Мекдоналдс. Упаѓам целата засекирана, зимама картичката да се пријавам дека сам дошла, сите ме гледат зачудено и јас воздишнувам и викам „уф успеа добро е не е ногу пола саат закасна„
    Гледам овај шефо на смена ме гледа чудно и ми се смее, и пола екипа се смешка под мустак.... Стоам јас така зачудено и му викам на шефо е шо се смееш, па закасна малку.
    Става ми рака на рамо и ми вика „ Добро Сања ти имаш ли го плано за работа дома„ јас па од тука сигурна „ да бе виде дека сам на работа од 14 до 22„ и ми вика ај оди види поубаво
    Коа одам да видам 18 до 02 :@ :rofl: :@ АААААААААА готово идеше ми се да земам да се обесам
    Па јас за кој брза толку ногу. И така сви си опаш под гз и полецка лагано рикверц назад.
    Водени лудории ееее
     
    На Doozy, Monna.Monna и Cacy им се допаѓа ова.
  11. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Ах 1ви мај колку си само прекрасен! :)
    Додека за некој си изговор за глумење пијанства,за мене си најопуштениот и најпозитивниот ден во годината.
    Прошетки,пиво,Лана Дел Реј,гитара,шатори,цигарчиња и смеа...
    И се почувствував сакано. И моќно.
    Моќно затоа што бев опкружен со толку убави личности.
    Само затвараш очи за момент и уживаш во воздухот влажен езерски.
    И пак сакам. Со истите личности на исто место да ги правеме истите работи.
    And now we're back to reality.
    Второ мислење денес ама морав да споделам импресии. :)
     
    На Divinebutterfly, SanjaKirchner, MandyLane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Уште една недела... Уште САМО една недела...

    :sweat:
     
  13. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.766
    Допаѓања:
    23.737
    Пол:
    Женски
    топло време + многу пешачење = пликови на секој прст од двете нозе. Плус автобус нема па мораше сама да докленѕам до дома...се` уште се прашувам како ли уопште стигнав...офф
     
    На NoellePage му/ѝ се допаѓа ова.
  14. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.184
    Допаѓања:
    12.496
    Пол:
    Женски
    3 дена и повторно назад во цивилизација. А не сакав воопшто.
    Влез во Скопје и бум, бран на загушливост, еднобојност и озбилни лица. Скопје, кога те гледам од високо, без луѓето и нештата што те нагрдуваат, прекрасен си ми. Светилки, ѕвезди, а ние на старата клупа на тераса. Совршенство? Па секако.
    Зеленото имало безброј нијанси, сонцето во квечерина исто. А моево лице се навикна да се смее.
    Селската чешма и лончето до неа, манастирите и црквите, копривите до патот и луѓе што ги сакам. До мене.
    Утра со смеа и јако, турско, горко кафе. Ноќи со превртување низ кревет, пикната горна пижама во долната и смеа. Гласни поздрави до младоста, животот и љубовта од таму горе, викајќи накај мојот град.
    Назад во цивилизација. Ладен туш на пладне и се одми од мене мирисот на зеленило, на планина.
     
    На Noemi, Nine25, Trendafilka и 2 други им се допаѓа ова.
  15. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Балашевич на гитара, Скопско у рака и куп шеги. Од секоја викендичка се слушаше музика најчесто Фолк радио и радио Роса, ама вчера тоа не пречеше затоа што првенствено дојдовме за забава и релаксирање(делумно), а не за мрчење.
    Многу љубов, шум на дрвјата, повремено некој инсект.. природа. Си дојдов изгорена на рамениците и со насмевка од тука па се до крај на светот.
    Се снимавме, шкрапнавме некоја слика за успомен и си дојдовме капнати. Следеше туш и ласта во кревет.
     
    На Nine25 и MandyLane им се допаѓа ова.
  16. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Денес бев пресреќна кога си ја обновив членарината во библиотека. :$
    Од икс причини се одложи сето ова, но денес кога излегов од библиотека со две земени книги се почувствував пресреќна. Луѓе, не сте свесни како се осеќам кога њушкам во таа просторијата и си одбирам книги, кога ќе ги погледнам купиштата книги одкои многу сум ги прочитала, мирисот на книгите (или мувлата) просто ми го полни срцето.


    Човек кој не ги сака книгите за мене е пола човек. Нечовек.

    :sun:
     

    Прикачени фајлови:

    На Neytiri, bittersweet, Smilly и 4 други им се допаѓа ова.
  17. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    И моментот кога купуваш авионска карта порано, никој не знае, си ја пакуваш торбата полека оти за 10 дена си дома, и остануваш 6 месеци! Срцево полно ми е, мирно ми е, изнакупив подарочиња за моја Мила, ќе одам да ја земам наредна сабота, а она не знае.. сонце на мама има да ја израдувам, ќе ја грабанам ќе ја стиснам и не ја пуштам. Ми треба, очајно ми треба, и ако сите овие напори, депресии, трудења, тропања на врати, биднувања само странец во друга земја, изгубен во непознато ги правам, се само за нејзе. За една слика, јас и таа засекогаш, во наш дом.
     
    На kate21, Neytiri, bittersweet и 27 други им се допаѓа ова.
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.231
    Допаѓања:
    67.739
    Пол:
    Женски
    3 дена. Три дена не се многу нели? Боже не ми се верува колку се испотресов што ќе бидам без него три дена. Ама знаете колку се три дена во пмс? 3 години.
    Ах бре, дури не сум ни знаела колку сум била зависна.
     
    На Gordana10 и Bright им се допаѓа ова.
  19. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.172
    Пол:
    Женски
    Конечно после не знам ни јас колку години, се качив на љуљашка и клацкалка.
    После толку наговарања.
    Со страв во петици, гледање нагоре, во катанецот, да не се спружам на земја.
    А другарка ми запнала, ќе ме подбутнува.
    Стој си мори, таму кај што си. :!: Ко што бев, свежо прејадена, кај се видело, крава да се љуља.
    Нормално, она 3 метри пред мене. А јас 3 метри после нејзе, задишана, пешачам.
    Се беше во ред, додека не почнаа коњите и овците да напаѓаат. Ама и тоа помина.
    Битно си снимив кокошка како кокодака, и сега ми ѕвони на аларм.
    Се на се. Супер си поминав. Се изнауживав.
    После цел месец, без леб, месо, се надокнадив. Ама дури дупло од тоа потрошив.
    Рипање, скокање во најтоплото, и секако слушање фолк радио.
    Соске нервоза, дикле романтика. :wasntme:
     
  20. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    Не сакам да се сеќавам на таа вечер. И не сакам да се повтори, никогаш веќе. Само кога ќе се сетам како ми се стегаше срцето, мислам дека животот ми се скрати за неколку години. Толку немир, бес, тага и солзи, беше премногу за толку кратко време. Упорно сакав да верувам дека сонувам, сакав само да се разбудам, да ја гушнам перницата и да си повторувам-Беше само кошмар...

    Но не, не беше. Морав да ја погледнам во очи суровата вистна, и да се помирам со неа знаејќи дека на некој начин веќе ништо нема да биде исто како порано. Нешто остави дамка врз секојдневието. Помина време, ама сеќавањето сеуште боли исто толку силно како таа вечер.

    Се што сакам е тоа да не се повтори, никогаш веќе, иако знам дека тоа одвратно чувство ќе остане врежано во мене. Само сакам да кажам дека не би имала сили за уште еден таков удар. Нека остане само спомен... Нека биде што подалеку од мене.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.