Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Супер си поминав на роденден :)
    Само оваа моја страмежливост ќе ме убие,знам да си останам и гладна некогаш зошто ми е срам да јадам пред други,што навика ќе имав јас незнам... |(
     
  2. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Кога ќе ве прашаат колку треба да се плати за да биде денес вчера, како во песнана, што можете да му оговорите, со тап поглед да речете вчера е вчера, назад веќе никогаш нема, носи се со тоа што си го сторил вчера, денес, и чекај да дојде утре, и да биде подобро, од се претходно. Некогаш е џабе се, подобро пушти се да тече, како што негде е зацртано, и олабави се. Страшно тешко, но со муки, успева. Подобро тоа, него ли да се обидувам да го вратам минатото. И да постои најмала можност да го вратам, не би сменила ни најмало чекорче од се што сум сторила, буквално се исто би сторила, по исти патови би одела, исти одлуки би носела, би се радувала и плачела, онака како што јас знам.
    Утре, секое утре, ветува многу. Секое утре е поразлично од денес. Моето утре, ќе биде подобро од денес, оф, во тоа сум сигурна.
    Кога ќе го прашате што размислуваш, и ќе ви рече за тоа колку те сакам. Те облева некоја убавина, па некој страв... вчера беше вака, сега е онака, утре можеби ќе пееме вино не зна да смо некад били сречни пар, на некој први мај, негде раздвоени со болка во душата и убави спомени во срцето. Не ни знам од каде дојде ваква мисла во мојава тиква, можеби од така малку поголем стрес деновиве, ме фаќа некоја блага депресија. Доволен знак е што јас не седам до олку касно, освен кога сум пренервозна и не можам да заспијам.
    Без причина мозок си гњавам, мигновено делувам, избрзувам, летам со одлуките.
    Тешко е да, да слушнеш некои зборови непотребни, да се најдеш во свет, а не свет, да не се пронаоѓаш нигде, да седиш со другарките и уствари си викаш што барам јас тука, што ме спојува со нив, лесен е одговорот, ништо, буквално, ама ете, таму си, во тој момент, посакувајќи да си покрај него. Кога си покрај него, си мирна, ништо не ти фали, не се заморуваш со банални работи, со некои муабети, трачеви и слично на тоа во кои ни под точка разно не се пронаоѓаш.
    Викаат животот е тежок, од кај да знам, за мене моиве работи се тешки, а кај некој неговите три пати потешки се многу полесни, според него. баш затоа сите сме различни.
    И не сфаќав што е животот, само без врска, тврдев, читав, се надевав, милував да верувам во некои мои замислени работи, се доддека баба ми не ми падна во раце прееска. едвај се стабилизирав и ја средив, ја наколкав со апчиња, мислев дека е готова, дека крајот и се пиша, ми навираа спомени и слики низ главата, кога сум ја прекорувала за нешто, кога и викав дека ми досаѓа, и почнаа солзи да ми течат, легнав до неа, ја држев за раката што и се тресеше додека не ги отвори очите. Добра е, ме праша дали ако останела жива, а не била во ред, би и ги менувала пелените ако е потребно ... боже какво прашање, па секако дека да, таа ми е баба, ќе ми ја давала пензијата, будалетинка моја, кај што ми го скрати животот уште се будалее бре.
    Прееска чудна работа ми се случи, јез да, не ни беше толку чудна, влегував во такси да си дојдам дома, зошто бубрезите ме стегнаа, и еден човек ме фати за рака, неразбирливо зборуваше, на кај ќе сум одела, немал пари, да дојде со мене до негде, е ај зарем некој ќе го одбие тој дедо мил со книшка во раце и куп резултати, на сосем друг крај одеше ама до дома го однесов, ми кажуваше за разводот негов, за семејството, дека ќе станел прадедо кај и да е, пред да излезе ми ја грабна раката и ми ја баци. Јас си останав подзината, а тој ми изнакажа убавини. Секогаш верував, а и ќе верувам дека вреди да си колку толку, во овој немилосрден свет, добар човек. Има нешто појако од мене, вас, од сите нас. И убаво ми е во тоа да си верувам.
    Исто како што не сакам да се соочам со вистинската причина зошто плачам, па пуштам тажен филм, и се утепувам од плачење, пуштајќи ги солзите да течат, и вадејќи ја сета тежина што во мене надвиснала, а овој пат богами прилично доволно се насобрало за исфрлање. Пројде.
    Во принцип мене мај ми е омилен месец, во мај сум родена, мај е најубав, во мај свадба ќе правам, во мај ќе темпирам деца да родам, од мало така викам, а овој мај лошо го почнав и криво ми е. Далеку од тоа дека нема да се опорави, ама ете не сакам кога вака ќе почне нешто што го сакам многу. Затоа, по брза постапка морам кругов да го завртам за 180 степенчиња, или тешко него.
    И пак, си ја чекам 20ката, во меѓувреме треба да ги фатам конците во рака и да решам милион работи, од сите полиња на животецов, кој некогаш те гали и ти пружа цвеќе, некогаш те мава со цигли, и е горчлив, ужасно горчлив.
    И сфаќате, на крајот од денот, дека прееска сте избувнале за глупост, дека емоциите ве надвладеале, а дека не можете да го вратите истиот момент и поинаку да постапите, па првичниот заклучок си го кажувате сама на себе, и после се, кога ќе се смирите и со ладна глава ќе размислите, колку и да ме повредиле моите, секогаш бескрајно ќе ги сакам, колку и да ме нервира тој(и обратно), секогаш, во секој момент, ќе сакам да сум до него, без разлика дали да го гушнам, бацам, каснам, од среќа, или само да се стуткам во него и да плачам... секогаш, во тоа никогаш не се посомневав.
     
    На Doozy, Monna.Monna, bittersweet и 4 други им се допаѓа ова.
  3. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Титулче за МЗТ!
    Аеродром мислам погласен не бил, а повеќе пиво не се продало за рекордно време.
    Јас нозеве не ги чувствувам, ама битно пехарот го дочекав и гласот си го засипнав.
    И ете, значи, баш кога сакав да седнам да учам, се дешава историја. Тоа е. Ми било судено да си паднам макар еден предмет.

    Срцево ми чукаааа
    Цел живот сум тукааааа
    Плаво-бела бојааа
    е и крвта мојааа
    Нананананананааааааааа


    http://www.youtube.com/watch?v=2htZRPWQle8


    Ајде сега пријатна вечер свима.
     
    На Monna.Monna, Miss-Independent, Rozich и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. minne-mouse

    minne-mouse Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    536
    Вчера на форумов случајно налетав на една тема „Што е денес нормално“ не е така ама нешто слично беше насловот но немав време да ја отворам па вака сабаљечки решив тука да си ја отворам душичката :lol:
    Искрено денес зборот „нормално“ го има изгубено своето некогашно значење. За да бидеш прифатен како нормален во ова опшество и да не бидеш етекиран како сноп треба во најбуквална смисла да бидеш ненормален или шмизла друг излез нема :!:
    Буквално имам чуство како шмизлите да царуваат во нашито град,па искрено и така е, да почниме од она што денес е најактуелно- Фејсбукот социјална мрежа (дрога) за секој тинејџер а и за некој повозрасен.
    Се логираш на фб чисто од досада, да видиш дали другарките се договориле нешто за излегвање и ај успат да видиш што има ново, и секој пат истото,некоја шмизла со скратеница од нејзиното име и презиме или со презиме на некоја позната личност напишала статус од типот:
    - „ Со срцуф4инатаа на кафе/јадење with (татините принцези) at (на тато кафичот)“
    И чупчето си има едно стотина лајка на статусот а подолу гледаш коментари од татините принцези „преубо си врвимеее “ и 6523 срцина |(
    По неколку сати повторно се логираш и гледаш прво ти излегва нов албум на шмизлата погоре со има
    „ денешната дата и ден што ќе се памети“ внатре 1567 слики и на сите мин. 100 лајкој.
    Кога вака ќе погледнам на работите си мислам можеби јас и моето дружтво не знаееме да се забавуваме но не е така ние имаме инакви работи што ни се интересни шетање в парк, шпионаша на симпатите :$ и други типични глпости на 15 годишни чупина а не ко татините принцези секој викенд да сме пијани и да кршиме чаши од шанкот :!:
    А, да и ние имаме едно 756145 симпати :lol: симпати и на тоа останува а тие со сите симпати се имат смувано :fubar:
    И кога на крај ќе се решиш да излезиш на шеталиште ги гледаш сите облечено во пантолони со висок струк и блуза со британското знаме, да парчината само по себе се стварно убави и модерни но овие ја претераја ја имат направено како униформа на шмизлите :puke:
    И вечерта ќе видиш статус от типот сите машки се исти -па ќе бидат сите машки исти кога вие се напрајвте сите исти - која од која по мизерна :fubar:
    И на крај...
    [​IMG]
     
  5. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Колку и да се стремиш кон идеалот едно е јасно-никогаш нема да го достигнеш! Уствари не ти е ни потребен доколку околу себе имаш луѓе кои те сакаат и те почитуваат,но според мене би требало да се имаат барем некои критериуми кои би наликувале на нешто идеално,порано си мислев дека јас сум идеална,но сега кога ги гледам некои работи сваќам дека воопшто ни не наликувам фала богу не ни сакам да се стремам кон нешто што не постои :)
    Вака така летото доаѓа,кој ќе заврши со школо,кој ќе исчисти година на факс,но мислам дека е иделаното време за да сватиш дали околу себе имаш некого,дали имаш со кого да испиеш кафе,да се забавуваш или пак ќе има топли ноќи кога ќе останеш дома пред компјутерот.
    Луѓето се менуваат и стануваат баш такви какви што никогаш не ни сакале да бидат !
    Бла,бла,бла и пак ништо не кажав,шта чеш
    http://www.youtube.com/watch?v=6AkRS7pIK8c имајте убав ден
     
  6. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.667
    Допаѓања:
    22.592
    Пол:
    Женски
    Дека мора да ве напуштам до попладне ;( ;( ;( ;( шо да се праи, ме впрегнаа денеска :lol:

    Ај се читаме поподне...if I survive, that is...
     
  7. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Сериозно веќе преку глава ми е од „хипстер“ шеширчиња. Сламено шеширче, црно шеширче налик на оние еврејскине, жуто шеширче, какво и да е, макар изгледал ко морон у него, опни го на глава и мисли си дека си кул.

    Па, мисли си, ако те прави тоа среќен. Јас нема да ти кажам, дека изгледаш ко недораснат идиот у тоа, али бујрум, насмевката те спасува. И нели најбитно е како се чуствуваш ти а не како те чуствуваат останатите.

    Е сега, ако ја немаш ни таа, а пушиш пура, со џемперчич Lacoste стил иако е надвор плус 50, со свиткано книжуле издание девеесинекоја, пошто ново издание не се рачуна за хипстерај, и цело време приметуваш дали некој те гледа, со примижено окце под чадот кој го испушта пурата за која некој заборавил да ти каже дека се пафка а не увлекуе, ондак ми иде да ти го земам книжулето и да те акнам по глава, чисто да се разбудиш у она што си бил пред да станеш позерче и наводен хипстер, пошто не си!

    И не ме ставај во ниедна група на луѓе ти се молам. Носев гумени чизми, before it was cool. Искачав на percussion discussion журки у Метропол со хипстер цвикера, before you bought yours. Маици 2 броја поголеми, за да може да ми паѓа преку едно рамо, купував before you told me I look good in it.

    Кисел карфиол од туршија, краставички, моркови, еурокрем, чипс, и не знам што уште набутав вчера у уста.
    Не се грижете, ПМС е, нема да бидам мама. Барем засега не. Се надевам :wasntme:

    И ме нервира фактот што кога ми се случуваат прилично задоволителни ствари за кои треба да рипам до таван од радоС, јас морам, да сум у ПМС. Е*ате женското е*ате, а мразам да мрчам, а ете, морам! Не по мој избор! Хормон штиклира у мое име :D

    А да, и ме нервира патетика изразена јавно, поготово ако цурата има години, а не годинКи. Мора ли бе цел свет да дознае колку си ти рањена у љубави?! Па немаш петнаес да му се сневиди!

    И ме нервира кога некој се слика пред фонтаната у Скопје ко да е не знам, Бред Пит у посета на Скопје - на коњ! Како дозволивме грдотијата да ни стане обележје на денешницата не ми е јасно?!

    Мрч, мрч, мрч...бегам, се кријам, у дупка, у бункер, у кафез кај и да е :) До следната прочка, очекувам да ми биде простено.

    [​IMG]
     
    На Springy, Strumfeta93, Monna.Monna и 8 други им се допаѓа ова.
  8. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.511
    Допаѓања:
    17.247
    Пуштете ми среќа денеска за тестот македонски. :D
     
    На Monna.Monna и CharmedGirl им се допаѓа ова.
  9. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    СДК...сабајлево сфатив дека немам желби, не посакувам ништо.Кога една особа ме праша-Кога би можела да добиеш една желба, што би посакала?...не знаев што да одговорам.Прв пат во животот имам се што сакам.Не е се совршено секако, и има работи кои би сакала да се сменат во иднината, ама имам чувство како се да се среди и се е ок.Поголеми проблеми немам, малите не се бројат како проблеми, тоа се само мали грижи.Сите околу мене се здрави и среќни, а и јас сум, секако.Наредниве две недели ќе бидат уживанција, обврските ќе бидат сведени на минимум, па ќе можам да си се фокусирам на вежбањето.Така и физички ќе се доведам во ред, кога психички сум супер...I feel good, na na na na 8)
     
  10. AnimeHQ

    AnimeHQ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    246
    Времето брзо поминува кога ти е ограничено. Да, да.

    Можеби чудно но овие 2 дена се чуствувам како птица, слободна, весела итд итд... :geek:

    [​IMG]

    Како поминува времето јас сум си се повеке убедена дека не грешам и нема да се вратам назад ни под точка разно.
    А едвај чекам да дојде денот и да фатам патот за Швајцарија. Не сањам нит бајка нит ништо. Само гледам реалната ми страна. ;)
     
  11. LGBT

    LGBT Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    108
    СДК. Кај и да е ќе напишам ода на Асентрата. Заслужува мајке ми.
     
  12. teletabis4e

    teletabis4e Нов член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    27
    СДК шо ти знае п****та на тебе :^) |(
     
  13. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
  14. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    СДК дека на форумов се постираат повеќе слики одколку текстуални мислења. Темиве се окупирани со едни исти ликови, кои како да се натпреваруваат кој повеќе слики ќе закачи во денот.

    Мене ми е досадно, не знам за вас... :yawn:
     
    На la-chicka, drugarka, Cynthia и 17 други им се допаѓа ова.
  15. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    СДК добро утро шампиони!
    http://www.ekipa.mk/News.aspx?newsId=7930
    Овааај ,Аеродромци и Аеродромки.....и сите останати навивачи на МЗТ.
    После толку чекање,уште послатка ни е титулава,мада се надевам ќе ги собереме повеќе па и да не бидат толку слатки :D .

    Секое утро е подобро кога се почнува шампионски,
    со јако кафе во мојот сакан двор на омилената лулашка која ја чекав цела зима.
    Од идилава дури добив и инспирација за поголема активност на форумов..А и олеснителна околност е кога од сабајле ќе добиеш повик дека дури и предавањето ти е шампионски откажано. :muscle:
    Имам многу поводи за славење денес,и нема да дозволам некои идиЈотски ствари да ми ја уништат еуфоријата...како на пример тоа што добив :?:
    ...добро може малце уз славење ќе се жалам,али и даље ќе славам :D .

    Ајде ве поздравува,денес скроооз шампионската,Мисс :hai: .
     
    На CharmedGirl, bittersweet, JuLleE и 7 други им се допаѓа ова.
  16. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Одамна не сум ви пишала,ама немојте да мислите дека не ве читам :lol:
    Денеска сум онака лабаво разочаранка у љубави,сломљена до коска,али ете се држам и пуфкам некако..
    Сега само знам дека треба да легнам и да отспијам малку,а после да станам и да си ги фатам книгичките,да се дружам и со нив.Во последно време ги запоставив..
    И има надеж! Утре е петок...А после петок доаѓа сабота.Тоа значи дека ме очекуваат два дена за забава и дружење.И кога подобро подразмислам сфаќам дека не е се така црно.Си имам пријатели и убав друштвен живот.И кога е тешко и кога е лошо,. другарите се тие кои те држат да не паднеш!
    ....
    ке биде подобро!!!!!!!!! :nod: :nod: :nod:
     
  17. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Покрај сите убавини надовор, дворци, замоци, бундестази, палати, и сите тие беспрекорни градби, само дома си е дома, и само дома се чувствувавам најубаво и слободно.
    Убаво беше да малку да се одморам од Скопје, по цели денови на тие огромни плоштади, улици, шопинг центри. Можеби имаат убавини кои ти ги полнат очите, но им недстига едно, топлина и разиграност која ти го топли срцето.
    It is nice to be back, it really is :sun:
     
    На la-chicka, LivingGlam, Doozy и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Podarok

    Podarok Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    76
    ФЕМИНКИ!!!Многу сум среќна денес,конечно ќе одам во театар после тооолку долго време и мене да ми се исполни желбата,а не сум била толку одамна.Се надевам на магична вечер :clap: 8)
     
  19. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Се осеќам ко член на ПЕТА денес. :D
    Зошто та ка?
    Денес си идам од школо и на мостот маченца мјаукаат. Слаби и гладни. Погледнав надоле и гледам уште едно доле паднало едвај на стеблото стои,кутрото. Се симнав и ги земав.
    После тоа мислам срцето ми се скрши. Кутрите гладни и слабички,мјаукаат.
    А колку беа најубави. Половина час барав некој да ги земе и конечно ги зема соседот на нивата.
    Камен од срце ми падна. И се осеќам најубаво! :)
     

    Прикачени фајлови:

    • Picture 005.jpg
      Picture 005.jpg
      Големина на фајлот:
      228,2 KB
      Прегледи:
      316
    • Picture 006.jpg
      Picture 006.jpg
      Големина на фајлот:
      513,4 KB
      Прегледи:
      316
    • Picture 002.jpg
      Picture 002.jpg
      Големина на фајлот:
      277,1 KB
      Прегледи:
      316
    На Sanniii, kate21, sweet-cherry и 14 други им се допаѓа ова.
  20. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.821
    Допаѓања:
    25.529
    Пол:
    Женски
    Најголеми демотиватори ми се оние кои треба да бидат баш обратното. И после најобичен ден на факултет или после некое интересно излегување,настан,било што, се враќам со ентузијазам и желба да прераскажам се до детал, но на што наидувам .. на незаинтересирани фаци, или пак на празно климање со глава кое покажува дека она што го зборам од едно уше влегува од друго излегува.Или евентуално ќе ме слушнат,но моите зборови се толку безвредни во нивните глави. И целото расположение спласнува за секунда. И не знам после зошто се лутат што не поминувам време со нив и зошто по цел ден седам сама во соба. Безврска,сега веќе немам никаква желба да споделам било што со некој,апсолутно.
    Таман се отворив и ги срушив ѕидовите околу мене-сега еве, дел по дел, пак ги градам. Ма да, на некој бизарен начин, ми фалеа.

    http://www.youtube.com/watch?v=7s0bvNY3KkU

    i'm forever black-eyed...
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.