Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Денес имав шанса да прошетам по околните села и да видам убавини. Вистина е дека во Македонија има што да се види, но дали некој ги цени тие природни богатства?
    Се изнагледав на секакви цркви кои ни малку не се заштитени од општината, а камоли пак од државата. Толку многу убавини имаат во себе црквите и манастирите и само еден човек има желба да се грижи за нив.. жално, многу жално.
    Уште повеќе срцето ме стегна кога посетивме едно семејство-граничари. Луѓето на +29 степени се потат надвор, работат, изработуваат од глина секакви склуптурички, зошто? Затоа што мора од нешто да живеат.
    Општината, ниту државата не можат да им дадат 200-300 евра барем да си купат соодветна машина за изработување, а не да се мачат со таа која е многу по малку ефикасна.
    Не сакам да навлегувам во политиките на оваа никаква држава, но се прашувам како спијат оние луѓе кои што се полнат со пари благодарејќи на нас кои што плаќаме секакви даноци, и не ти знам што таму.
    Многу ми падна жал за тоа семејство и си купив стомна.. не е многу 60 ден, но барем нешто заработија денес. :)
    Не сакам да трупам сега секакви муабети, но стварно никаква е власта во државата, никаква !

    Одам јас да се подружам со Стале Попов, а вие останете ми најдобри. :hug:
     
    На Cynthia и Hipster им се допаѓа ова.
  2. MissElly

    MissElly Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    102
    Сдк дека не ми се допаѓа мојов потпис.. :^) :^) Дали можете да ми предложите некој потпис (со анимација) :rofl: Немора анимација и со сличе може :rofl: :rofl:
     
  3. levely

    levely Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    902
    СДК ми се возат ролеркиве ама некако...Ме мрзи да станам од форумов....Изнервирана сум до даска овие од канал 5 не знаат да си ја уредат програмата на интернет...Цел ден чекам да дојде 4 часот и коа гледам очајни домаќинки пропуштена.....Ма нека се *бат
     
  4. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    СДК дека би пишала на секоја тема од форумов, освен во оние теми што се со турски серии. Значи навистина неможам да ги сфатам серииве...
     
  5. Wild-GirL

    Wild-GirL Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    1.266
    Допаѓања:
    1.258
    Значи големо БРАВО за Феминкиве! :*
    Благодарение на нив си ја открив депилацијава со шеќернава паста, и навистина...немам зборови! :D
     
  6. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Знаев дека не треба да станувам рано, знаев дека цел ден ке зевам ама ај било што биднало..
     
  7. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Дојде денот.
    Дојде денот и јас да почнам да мрчам, да хејтам, да давам коментари за работите што ми сметаат. Мрчатор бе. И ништо не правам. Баш ништо жени мои. Моментално сум со четири во вис, пијам кафе и слушам некои поп песници... Ма шта се то самном догодило?

    2012та започна со сонце, така? ;)
    Дојде денот и МЗТ титула да земат :D
    Ќе дојде денот јас виза да земам?! :) :^) :)
     
  8. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам денес се наоблеков,а времето топло треба да го превртам плакарот и да си ги најдам летните алиштенца.Морам да купам и некоја хулахопка не е уште времето за боса.Незнам како да се облечам на ова време.
     
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.285
    Допаѓања:
    157.980
    Да живее љубовта,ама да ме запросат јавно,од принцип ќе го одбијам! А уште ако ме запроси на/после утакмица, му раскинувам со никакви шанси за помирување! (уствари,ако е Барса у прашање...чекај да размислам...Не! Ни тогаш! :D )
    Туку ако не победел мзт,не знам дали дечково икад ќе соберел храброст да ја проси момана.Туку арно сега искористил момент,пошо кој знае кога пак титула... :( Добро шо у тренерки не ја запроси у сред Аеродром! :D

    Чекам да заврне!
     
    На la-chicka, Cynthia, Phyramide и 3 други им се допаѓа ова.
  10. AnimeHQ

    AnimeHQ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    246
    Овие два дена останав си сама со мојот ми лап топ. Вчера бев цел ден во Скопје, на психолог појдов.
    Убаво пројдов, што е тука, тука е. Бегање нема.
    Прошетав малку низ Скопје, сама, као утче, али нејсе, не е битно. Утре ке одам пак, пак и пак. Денеска зедов слободна ден од работа, неможев, ми требаше малку време да се средам.
    Од сабота здравје, јово на ново опет на работа.

    Не забушавам , не не.
    Претпоставениот ми знае кои денови ми требаат слободни, а знае и дека од следниот месец ке го напуштам работното ми место. Мало градче е, се се дознава, нема бегање.
    А сепак, ме унапреди во Надзорник. Да.
    Ке земам сега 3х поголема надница од предходно. :lol: Па добро бе, си заслужив! имам искуство во работата, имам познавање а и имам диплома за то! техничарче бе!
    Не се преценувам, само така е, реалистче сум. :D

    И заборавив да ти кажам, ги видов моите како си уживаат на кафе, во чаршија. Ме видоја и ја завртеја главата на друга страна.
    Незнам шо да мислам, али ет, конкретно јас, во моите 19 години, скоро 20, не сум ги видела да испаднат на кафе. Од кога ме нема мене, во нивниот им дом, трк во кафич. Која ирониај. :!:
    Најтешко ми падна тоа што седеа со нивниот „Пријател„ и мислеш кој знај што се. Ми се повракаше уште на самото место, само издржав.
    Бљак ! :puke:

    Ама ако... нека настават да уживаат , додека можат. Кој последен се смее, најслатко се смее!
     
    На CIA му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.285
    Допаѓања:
    157.980
    Тие шо се жалат од пуфките на тополите...немаат смисла за романтика!
    (речедевојчекоеевисокоалергичнонатополи!!!)
     
    На La.Reina.Del.Sur, CharmedGirl, blond и 5 други им се допаѓа ова.
  12. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    Сигурно веќе сум спомнала... Ама страшно ми лазат по нерви луѓе што се фалат за се и сешто. Тоа повеќе ми личи на лечење комплекси, искрено. Ама ако, при отсуство на вистински квалитети, сепак мораат да пробаат да надополнат со нешто. :)

    Друго што ми лежи на срце, и што очајно сакам да го кажам :lol: е дека многу ми фалат почести средби со некои личности. Ми го полнат срцето со топлина и среќа што ми е тешко да ја искажам со зборови.

    Имам една цел што морам да ја остварам, што побрзо, затоа што мислам ќе полудам од неизвесност. Ама сега сум многу цврство решена, не постои сила што може да ме сопре. Ми треба некој да ми држи среќа. :P
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Со подарокот и насмевкава од уво до уво, идам да го изненадам мачорот мој!

    Убав ден. Убав.

    Цуфки еден куп до вас, кратко и слатко ви мафта Ши!
     
    На bittersweet, anabel-a, Bright и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.289
    Допаѓања:
    8.652
    Вчера, ден поминат во авантури со омилената американка, обиколување продавници и манијачење на провокативна долна облека, јадење џанк фуд, првото ледено фрапучино за оваа година.
    Денес со нозете во вис, отворен прозорец, светлина и благо ветре што ја ниша завеса. Книга, мир и тишина. Денови до започнување сесија, малку повеќе до враќање дома.

    Штета што некои луѓе сами ме тераат да ги исклучам од моето секојдневие, само зашто не можат да избројат до три пред да кажат нешто. Импулсивност да, ама со усул.
    Нека ви е пријатна попладневната дремка, кафе или пиво :)
     
    На bittersweet и Doozy им се допаѓа ова.
  15. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    604
    Их, знаам знам дека досадно е да се чита нон стоп за времето ама оти нели, јас веќе 1 месец сонце не сум видела, морам да го испофалам! :D Коолку убаво ми свети денес, мх мх. Абе мириси се шират, трева зеленее, јас на лулката во дворот и опа-иха! Милина!
    Ме тера на песна денес мада кој ме слуша кожа му се ежи, гајле ми е! Си певнувам си подрипнувам мммм. И пак и пак и пак се враќам од старт, не можам да избегам од себеси.
    Ма боли ме уво за све! Денес се јавив во факсот, би требало се да биде ок годинава. Сега само уште една работичка да си најдев за преку лето и го фатив бикот за рог :) Па да си шеткам и јас без да чепкам од зашпараните пари што си ги чувам за факс, да помогнам на моите, и да си одам на одмор пак летово, да си одам на латино журки секој петок во барот, па да си ги видам пак хрватчето и русинот.
    Е, е да му фатам око на хрватинот друго не ми треба, ма не на излегување...на Марс ќе одам со него :emo:

    И за сите вас сингл девојчици, ПОШТОВАЊЕ! :rofl:

    http://www.youtube.com/watch?v=L-Vcvk8E-Kc
     
    На CharmedGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    И јас сум алергична на овие тополиве.
    ________________________________________


    Воопшто не се чувствувам добро,цела сум затната носот ми тече и незнам што да правам веќе со оваа алергија.И мајка ми е алергична на тополи и сега двете така онерасположени сме.. ~
     
  17. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    ^Can I join the club? И јас сум алергична, лошо ми е, ќе умрев за малце во училиште.. Другарка ми ме пофали дека сум го чешала носот и очите како машина, дома ме надуваа со лекови, глава ме боли, али ке се преживее! :)

    А денов, интересен ден. Првата половина на денот беше толку топла што три пати се испотив од глава до пети, а во втората половина ме изненадија грмежи и силен дожд. Но, ова не беше типичен, досаден дожд. Ова е првиот пролетен дожд. :mm: Сега природата ми е некако посвежа, позелена.. Поубава, едноставно.
    Но утрото е тоа што ќе го запишам во мојот дневник. За прв пат, по долга, студена зима, низ мојот отворен прозорец замириса на лето. Го вдишував воздухот со полни гради, ме радуваше, ми ги полнеше батериите.
    Сега, заинтригирана од белите цветови надвор, ќе земам да учам биологија. Да си го изненадам мозокот.

    Имајте пријатна вечер! :)
     
  18. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    *Пост во врска со дождот.*
    Се зезам, обожавам дожд. (Само по могучност да не ме накисне ко улична мачка сред парење.) :D
    Снемав нет, телевизорот исклучен (нели, според мајка ти, громот таму прво удара), никаков допир со технологијата и едноставно уживав во дождот со ширум отворени врати и прозорци.
    Комбинацијата од омилените виолетови пижамки со туфнички, воздух што мириса на дожд, нес со вкус на лешник и мозок пуштен на пасење во далечните предели на градот е неповторлива. Чинам ме наполни со позитивна енергија до даска, за сите периоди кога сум се чувствувала негативно.
    А моментално гледката над градов е неверојатна. Немам видено досега вакво нешто. Фотошоп природе.
    Како два различни света да се споиле и ги дели само една тенка линија, а мојата тераса се наоѓа токму на средината.
    Како што дождов полека си оди, едниот дел од градот е под тмурен оклоп, од кој извира виножито, а како пресечен до него стои другиот дел од градот со ведро небо од кое полека излегува сонцето пред залез. Леле, ќе си приумрам!
    Мака ми е што апаратот ми е зафркнат, а мобилниов не го бива да долови вакво нешто. Јаз`к! Со тетрис да сликав поарно ќе излезеше.
    И дури да дојде интернетов, се стемни, ама ако, да не ми е џабе пишувањето. :D
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    СДК дека ептен се натажив за луѓето кои што се борат за едно парче леб, за кои што немаат појма што е интернет, што немаат скршен денар, за оние гладните, измачуваните, болните, сиромавите...
    Во денешно време да се биде хуман е само колку да се докажиш дека си помогнал, а она што го правиш треба да е од срце направено, и нема поголема радост ако некому му подариш парче леб, облека и на кого можеш да му го спасиш животот.
    Единствено што сакам е правда и мир во светот. Некои, својата плата ја даваат само за да купат едни штикли, а некои една плата може да го чини живот.Тоа не е правда.
    Наместо да бунтуваме, да се караме, зошто не можеме се да решиме со разговор и добро? Тоа не е мир...
    [​IMG]
    Ќе го имаме ли ова некогаш, и да се чувствуваме безбедни, кога ќе има мир во светот? :worried:
     
  20. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Ах таа екскурзијата што ми направи, уште не можам да се вратам во колосек, само таму ми е умов, таман ќе се сконцентрирам на книгиве ќе ми текне нешто за таму и пак се губам и патувам назад, се на тоа ме асоцира.
    Книгиве отворени, затворени, ги изнашетав, дома-Скопје-факултет-маса-кревет-кујна итн., чекаат некој да седне да ги види, ама џабе, кој да седне. :wasntme:
    Денес полагав, превод, лесно беше, убаво поминав, еден чкртнат од листата, уште шест чекаат, а мене ич не ми се учи.
    Плус и апсолвентска вечер се ближи, уште една недела, па и на тоа треба да се мисли, не е едно гајле :P, и како да учи човек после на толку други „обврски“.
    Поздрав, отидов да учам, морам!
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.