Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Излегов да си купам сладолед во прав (некое благо лудило ме стегна) и налетав на виножито, vanilla sky, слатко кученце, мирис кој ме присетува на лето (крупни капки дожд врз жежок асфалт/земја)... и да, јадев Addicto. Поголемо уживање на поинаков начин во рок од 15 минути не сум имала. ах.. убајните се во ситниците.
     

    Прикачени фајлови:

    На BeYourself, Monna.Monna, sesilija и 16 други им се допаѓа ова.
  2. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно мајка ми се потресува повеќе од мене за апсолвентската вечер.
    Јас дури си се замислив дали да одам, а откако си направив една едноставна комбинација на црвено фустанче и штикли, мама од глава ми ги тресна велејќи ми: „Каде ма ти вака у Палас?“ :fubar:
    Па почна да ми носи фустани, халињи, чипкани, сатенски, вакви, онакви, а денес ме влечкаше низ цел град за да ми најде соодветни штикли. Го свртевме цел женски пазар, изнакупувавме разно разни материјали, за на крајот да го одбереме вистинскиот. И сега следува земање мерки, кратење, шиење, кроење, правење наметка врз фустанот за да не ми било ладно и такви ми ти работи.
    Два дена пред прославата, јас немам фустан!

    Си велам, зар остарев па толку ми се одбивни овие спремања и дотерувања? :?:
    Или имам многу поважни приоритети сега од една најобична прослава?
    Наместо да не можам да ја дочекам вечерта, јас не можам да го дочекам утрото потоа, кога целиов циркуз ќе заврши.

    Скопјево ме задушува, гужвите ме нервираат и едвај чекам да заминам што подалеку.
    На некое осамено место, каде јас и тој ќе си собираме камчиња, ќе лежиме на песокот и ќе уживаме во морето.
    Soon, very soon.
     
    На LilBaby, Cynthia, teddybear и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дека не знам што да правам, уште ми е слабост...
    Колку бев изнервирана, само името ми го спомна и во иста секунда на лицето ми се појави насмевка. Најлошо ми е што не знам „на што сум“ и до каде ми се шансите, а ја немам таа храброст, воопшто. :(
     
    На Avril.09 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Денес прочитав убава мисла од паметниот и остроумен Херкул Поаро, па ќе се обидам да ја парафразирам, а не цитирам: `Не секогаш се потпираме на интуицијата. Онојпат кога нема да ја послушаме, а испаднала точна - велиме дека сме знаеле дека тоа ќе се случи, а ако не испадне точна - никому ништо, премолчуваме.`

    Епа јаз'к ако постојано не ми се случува ова.
    И ко да е фалба што не сум си ја послушала интуицијата, а испаднала точна. :devil:


    Биди храбра мори Лил, иди на ризик, што се 20 ден. во споредба со илјадниците кои можев денес да ги добијам, ако не постапев смело, и лупнев утакмици на ливче со по 3 коефициент. Да си го берам сега гајлето, или да одам пак да се коцкам сега,а? :!:

    Читате една страс(ш)на комарџика, само да знаете! :|
    ДовиЃења! :hai:
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Го обожавам периодот пред Ѓурѓовден. Полна куќа, доаѓаат сите блиски роднини да помогнат, сите носат кој слатки, кој нешто солено.. Се чисти куќата генерално.. Па дружење со братучедите, со тетките, со сите.. убавини.
    Утре е голем ден за нас дома. Татичко да е жив и здрав уште многу години, за уште многу години да го славиме празникот.
    Па ајде повелете утре на слатки, на кифлкички, салати и што уште не.



    Сликите се превземани од интернет, тоа што го има дома е уште послатко. :D
     

    Прикачени фајлови:

    • lala.jpg
      lala.jpg
      Големина на фајлот:
      74,3 KB
      Прегледи:
      343
    • ss.jpg
      ss.jpg
      Големина на фајлот:
      39,4 KB
      Прегледи:
      343
    На Monna.Monna му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    СДК неделава беше напорна и брзо ми помина.
    Бев ослободена од школо, и удрив на шетање, ама нозете ми знаат, битно убаво беше. :angel:
    Конечнооооооооо дома, конечно. Home sweet home.
    Сепак, колку и да уживав, нема ништо поубаво од дома, од разбудено утро во мојата постелнина, од мирисот на мојата куќа... :$
    Сепак, вредеше, ги видов моите најблиски, принцезата мала, и го видов Скопје, ја почувствував атмосферата, се на се, супер беше, уживав!
    Од утре, повторно се враќам на своите обврски! :wasntme:
     
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.129
    Допаѓања:
    67.243
    Пол:
    Женски
    Тоа е тоа. Емоции, емоции... Не знам ни што да кажам, збунета сум ептен, ама онака позитивно збунета.
    Ајде поздрав девојки. :hai: :)
     
    На Lepaaa, Ariel, kate21 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.464
    Допаѓања:
    91.829
    Пол:
    Женски
    Ако среќни ве прават ситници, ѕирнете низ прозорецот и уживајте во погледот.
    Месечината вечерва ми е магична. Не знам дали придонесе замагленоста на небото, испреплетувањето на облаците после дождот... Сепак крајот секогаш е светлина.
     
    На Breezy, sweet-cherry, bittersweet и 10 други им се допаѓа ова.
  9. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Денес требаше да биде лесен ден, ама не испадна така. Се разбудив со гостин кој цел ден прави р'шум по мојов стомак, половината, па дури и нозете. Војна се случува. Се ме боли. Тивко липтам, најтешко ми е што не е тука тој за да му се пожалам, поплачам, да му викам малце и на крај да се пикнам како мало дете и да заспијам. Ако ништо друго барем психички ќе се олеснам.

    Мразам што сум жена, можеби не секогаш, ама во овие денови од месецот најмногу.
     
  10. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Сите гледате месечина овде уште ден.
    Денеска мирисав, вкусував, се смеев, плачев, создавав. Некако не ми беа баш распредени планетиве како што треба.
    Одамна пораснав, и знам дека треба да созадавам, ме фати страв. Несоници, ноќи поминати во работа, претерувам и мислам дека можам повеќе, ама не можам, туку сум рекла и сега ќе си стојам на зборот.
    Колку сакам да ја грабнам перницата, да легнам, и да сонувам. Ама не смеам. Времево ме гази.
    Не знам што ми стана, ме потресуваат информациите на колку дечиња им треба помош за лекување на одредена болест. Знам дека стана се јавно, затоа и забележливо, ама самата информација дека некој се бори со некоја болест некако ме уништува и ми влијае многу. Ах само да имав пари, на сите ќе им помогнев, колку и дебилно да звучи, посакував само да имав..
    Туку и денес ќе си се дружам со осаменоста, ги бројам деновите уште 4. Гледам во небото, облачињава се бркаат, патетично депресивна сум некако. Ко некоја осамена романтичарска душа која пати за внимание, а не дека не патам. Море да има да ме зграби некој, и шамар да ми мавне сега.
    Сфаќам дека не ги можам момите што ме дрват само за гардеорба, и совршеноста на нивиот нос, и пунџичките на нивната глава. Мене реалноста ме мава, и таму сакам да ми остане мозокот, да бидам конструктивна и да дејствувам, а не да се лигавам дека крив ми е носот лелее мамо, крив ми е и што?
    Туку ја да не забегувам многу, уживајте во месечината, и шепнете и да се појави наваму, да ме насмее.
     
  11. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Многу е заебно, кога некој ќе те заебе, и ти ќе бидеш толку многу заебан што единствено што останува е да се дозаебеш со многу пијачки.
    Многу честа уботреба на „заебан„ е заебана работа.
    Денес наопаку и пак нормала. :D
    И убаво ми е што сум млада, не сакам да остарам. Серизоно.

    Кожна панталона, маица во риги, чевли со змиски принт, лакована чанта и црвено сако. Журим у боље живот. :*
     
    На JoxyTheFreak му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    СДК дека понекогаш сум мн. трапава....по грешка сум избришала ЛП од една членка која ме прашуваше за димензии на една моја ташна,но беше мн. доцна и и вратив порака на членката дека ќе и пишам утре.Утредента како сум успеала незнам, ама и во инбокс и во испратени пораки сум ја избришала...а не се сеќавам која членка ме праша :$ така да ако го види постов нека ми пише,не сум ја заборавила да и одговорам, ама незнам која е :$ :lol: :$
     
  13. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    СДК некои нешта во животот едноставно не можат да се опишат со зборови, а говорат многу.Само се чувствуваат.
     
    На Bright му/ѝ се допаѓа ова.
  14. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.516
    Допаѓања:
    17.249
    СДК - Ептен убав ден беше денес. Навјеќе се радувам на она што Звезда пак победила. После се изгушкав со Ненко, внучето ми мое, ма душичка е. Трето денес едвај седнав, па мислам ногу јасно, спремаме свадба не е шала. После си купив фустан, ама мноогу убав, преубав. Си ги купив првите високи чевли (многу бисоки 8-9 цм.), ама ептен сум среќна. Си ги купив балетанките за кои долго време мечтаев, како ќе ги искомбинирам, се, се. :D

    Утре Ѓурѓовден. Не можев да идам по билки, како што секоја година одам. Ама бабами ми залепи да ми се лепат машки. Оваа песна Џурџевдан, многу ми е убава. Онака случајно ја пуштив, и ми текна дека утре е шести. Добро ај доста, поздрав и имајте пријатна вечер. :*
     
  15. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Една насмевка која се влече едвај за да прикрие цело море од солзи е по болна од илјада ножеви забиени по цело тело...
    Буквално како што се смееш те сече, и се смееш, се смееш.
    Ми рекоа, никогаш не дозволувај другите да разберат дека ти е тешко, секогаш има по некој што токму со тоа се храни.
     
    На cigarce му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Саботна вечер.Убаво звучи.Ама јас оваа сабота ке си останам дома.Психата ме јаде,црни мисли ми се мотаат низ глава,цревата ми кркорат во стомачето,косата ми е мрсна(немаме вода дома моментално) и незнам што уште не ми фали.Не е ПМС,ми помина.Е ако не е ПМС,што е?? Што ме натера да останам дома,да не излезам во клубот да се забавувам?
    Нема врска,нема многу да пропуштам..само една саботна журка.Не е последна сабота,ке има уште многу и многу...(вака само си се тешам).
    Сега ке јадам.Луѓе во 11 навечер ке се најадам како вол и ке се напијам минерална вода 2 чаши.
    Ете така..
    После ке се дружам со вас.. :lol:
    А замислете,за утре си направив план да учам демек. :x Историја цела скрипта од 40 странички треба да ги научам за во понеделнииииииииииииииииииииииииик :tmi: оффф мори мајко ..
     
  17. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Месечина, ни полноќ не мина, мене радости ми се ко пантомима!

    Ги објаснувам со раце, со нозе. Во од’. Со себе и без. Ко сендвич со кечап и со без! :lol: Среќавам луѓе по улица и психотично шарено им се смеам. Од никаде нигде. Ме спопаѓа лудило. Денес боев на балконот кај мачорот мој. Нацртав со мрсни бои две дрвца како се гушкаат, со лептир машна беше машкото, со цициња и штикли женското. И до нив јајце на око, плус мал точак. Да се возат.
    Ме искара дека сум направила лом, и ми понуди разредувач. Даа, тоа е онаа мрсна гадна течност со која би осталана зелена, розева, во сите бои, па и што ако!
    Инаку, мојов шешир собира месечев прав. И нека си ја акаат по глава сите хипстери, мојот е купен ради тоа што во него ловам ѕвезди, печурки, пеперутки, зборови. Такви ми ти нешта. Мили и мали, ко глувци. И ете, и месечевиов прав. За да заспијам полесно.
    Беса ми вели дека сум имала аура на индиго дете, а јас само се правдам дека нити имам плави старки, нити сум пиела модрици ко мала. Шо има везе, важно е конструктивен муабет да се тера.
    Три на број моми ќе се мажат мајов. Кај ќе ни биде крајот! Толку алкохол и оро, буквално ќе ослабнам три кила ѕенѕајќи. Им посакувам долг брак, полно љубов, смешки и бебиња! Да е за убаво!

    На 21 мај ќе отварам трибина за современа поезија, на која ќе има многу млади автори. Ги поканувам сите девојки што сакаат да учествуваат, нормално и некој момак од форумов, доколку е заинтересиран да чита своја поезија на отворено, да споделува реч и искуство, нека ми пише по пп. Ќе биде забавно и младелачки!
    Патем, си појдов денес на промоција на албумот на Сашко Костов. Си купив музика за малку пари, а добив многу радост. Се изгушкавме и си посакавме убав ден. Горан ме виде и ми рече дека сум била ко муза на Фолтин, зошто сум била ко мачка и несмасна. Јеееј, има уште некој што ги гледа моите бркчиња! Радости.
    Многу благости.
    Благ умор во стапала. И неговите смешни смс пораки како диви јагоди во поле.
    Ех, да. Си го најдов на твитер дури и еден колега од факс, што пред сто години не сме се чатнале. Добар бил, му недостасувале моите шеги. И сите ние од ОКК... Пријателе, си велам, одамна пројде тоа време. Сега имаме и друго бреме! Да опстанеме нормални...
    Да споделуваме поезија и радост. И акција. Не само зборој. Но добро.
    Важно е дека релациите се тука.
    И срцево што е полно Љубов, убаво си чука.
    Гушка Шилеа. Многу многу.
     
    На anabel-a, la-chicka, Monna.Monna и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Сакам луѓе кои размислуваат долгорочно, а не од денес за утре само. Тоа се подразбира, но треба да си ги прошират видиците луѓето, а не фокусирани само кон определен број на рутински работи и подалеку од тоа не гледаат. Како не им е досадно и монотоно? И ме нервира ко ќе даам забелешка на некој близок дека треба да го гледа она суштинското во животот и да размислува околу тоа, ќе ми рече „не се замарам бе, може утре ќе ме нема дрндрн“ или „има време за тоа“. Луѓе, не туку барајте изговори за работите кои не ги правите, а би требало. Истотака сум кажала и дека го мразам изразот „ќе видиме“ и луѓе кои ме ставаат во неизвесност. Ептен онака, а ги имам во окружувањево и страшно ме нервираат, а потајно се замараат во дел од ситуациите зошто јас ќе им ги отворам очите, а се прават дека уште им се затворени. Тешко е да си ги согледаш грешките, уште потешко па и да ги признаеш, па ги разбирам до некаде, ама не е дека не ги приметувам. |( :fubar:
     
    На Monna.Monna и Cacy им се допаѓа ова.
  19. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.516
    Допаѓања:
    17.249
    Не сваќам бе, не сваќам како песните од Аца Лукас биле подобри од песните на легендарните Балашевич, Чорба, Бајага, Чола..како? Аца Лукас имал повеќе гледаности и лајкови на јутјуб, па не е се в тоа, во песната е. Важен е квалитето бре, не квантитетот, или нема разлика за нив, на К е и тоа-и тоа. Ма дај освестете се, молим ве. И шо има смешно во песната Друже Тито ми ти се кунемо? Има? Секако дека нема, ама на кој да објаснеш. Мислам боље да пејам песна шо ја пејала цела СФРЈ, отколку песна што ја пее нашиот Балкан, нели. Аца Лукас ќе собрал повеќе публика од Архангел, Балашевиш, Забрането пушење? Ма немој да ме ј*беш бре. Уф, ми го расипаа денот.
     
    На baguf4e и green.eyes им се допаѓа ова.
  20. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    ^Трагичното е што Аца Лукас стварно ќе собере повеќе публика. Ама има разлика од публика до публика.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.