Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.691
    Допаѓања:
    5.468
    Пол:
    Женски
    Како растам, се повеќе се плашам од луѓево што ги знам, што се околу мене... Ако и воопшто се достојни да ги наречеш луѓе и да ги оградиш од останатие живи суштества, само поради нивните својствени карактеристики со кои се разликуваат од животните и растенијата... Страшно!
    Во што ли се претвораат луѓево, посебно младинава со која треба да растеш и допрва да се зближуваш, заедно да се донаградувате и да постигнете нешто за себе и за оваа земја,за подобро утре за сите?
    Спремни да напакостат, да те изиграат, изманипулираат, искористат... Боже Боже, се само нормални, искрени, добрнонамерни не!
    Изгина тој човечки подвид ако можам така да се изразам, и затоа се плашам, се фрапирам од ситуацијава.
    Ако си добар, секој ке те гази, ке си дава за право без разлика дека си израснал со него- да ти повиши тон без потреба, да те критикува на секој збор, т.е постапка, да те осудува за секој чекор??? Од каде му ова право? Советите познаваат граница и толеранција, познаваат мерило што смееш а што не да вметнеш во кажаното, а не користејки го исповедот на блискиот, утре да ти го плесне во најлош вид -испратен во лажна форма на пријателски совет??
    Доста е, веќе нема да го зборувам реалното, н е бидејки се плашам да го речам, туку едноставно постојат луге кои толку им е капацитетот да проценат многу битни и суштински животни моменти и прашања, и невреди на нивната глупоча да трошам зборови на убедувања, противења, разубедувања.
    Па, не секој заслужува да му нудиш рака, кога избрал слеп да го води понатаму, не секој прифаќа добри и во се подобри од него, не секој има амбиции да успее, не секој прифаќа реална ситуација, не секој прифаќа конкуренција и за крај, не секој заслужува пријател!
    А ако ми речат, искрени пријателства не се склопуваат на овие години, ке им одговорам со широка насмевка, не ми треба, го имам најверниот пријател до гроб, за кој вие ќе љубоморите засекогаш и поискрен од неа нема да најдам никогаш, а впрочем сигурно ке најдам пореални од тоа што вие го пружате !Останете во тоа огорчение, затвореност, замисли колку сте бистри, згодни и убави, анализирајки го животот на сите околу Вас, освен сопствениот, осудувајки ги истите и барајки им решение, а јас ке се оградам од сево ова за многу брзо време...Доста од сите овие стеги кои гушат и неносат ништо позитивно, доста од малоумноста и љубомората...
    ЗАКЛУЧОК: Подобро многу познаници со кои ке имаш слобода да направиш и кажеш што и да е, без обврски, со многу забава, отколку долги и вештачки ,со изгубен квалитет ,наводни другарства!
    Поздрав мили другарки, јас ке цутам уште повеќе, никој неможе да ја смени мојата мила ѕвезда , комуникативност и харизма, не сум крива што за се се трудам да направам од ништо нешто, што знам и со најдалечниот да сврзам муабет и да насмеам се околу мене, јас ке останам посакувано лице и покрај Вашите пристрасни совети и критики! Чист воздух !!!
    Боже чувај ме од пријателите, од непријателите сама ќе се чувам !
     
    На IndieGirl, calliope, julie77 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Рандеву од минатото. То ест не! Рандеву поврзано со нишка од минатото. Онаа слика визија на плетен шал, чии волнени нишки се бескрајно поврзани, очи не гледаат ни почеток ни крај. Свеж воздух за дишење, полни гради - балони. Во овој свет моментално не постои игла.
    Кафе со дамнешна другарка, зборови кои паѓаат и се тркалаат на подот сите подеднакво забележани и изанализирани, скокоткани... Сркнување со збрчкано усте од вруќината на течноста, грицкање чипс со оптимиснични мисли дека можеби и нема да се наталожат телото, барем не вечерва... не смеат!
    Како краен резултат на тоа земаш четка на мислите и креираш нова слика за личноста, подобра или полоша - сеедно, важно променета, со траг од поминатото време – песочни стапалки. И ја закачуваш на ѕидот на твоите впечатоци, заедно со останатите слики – друшки, одма покрај онаа минатата, веќе во црно-бел избледен филм... но тука е, стои! А ако ти ја преврти душата наопаку, или барем малку го протресе срцето, тогаш местото и е на ѕидот со вредности, покрај другите триумфалисти, врамена во стаклено ѕвоно, богатство...
    Прекршени и расипани планови? Сеедно. Вечерва не е момент за нервози и грижи... сеедно. Битно е тука, битно се тука, битно постојат и се крај тебе… ги сакаш & vice versa. Правопропорционалност, наизменичност, меѓусебно дејствување – мразам физика, но ја има насекаде.
    Како што некогаш, некаде глас се ослободил Еден за сите... сите за никаде?. Звучи мошне подобро отколку сам секаде...
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  3. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Мене ми е јасно дека и во зима треба да бидеме убави, дотерани, средени....
    Ама што имаат во тоа главите кога на минус степени излегуваат со проѕирни хулахопки?? И тоа оние бисерните, што се 20 денари и изгледаат како ногата да е гола?
    Од пуста желба за внимание, голем дел од девојкиве изгледаат евтино и жално. Затоа што нели, по дифолт, гола нога е секси. |(
    Макар што надвор пингвините се шетаат со капчиња.

    Моментално се загревам со узенце по дома. Како за почеток, одлично е. Во позадина ми е некој си хип-хоп од 80-тите, па така дискретно си ја тресам задницата во ритамот.
    Ако вечер шетате, пиете, се трескате на подиум и сл.нека ви текне на мене. Ќе ви упатам една здравица, ама скришно, во себе. :lol:
    Cheers!
    Или како ние велиме Живели!

    [​IMG] [​IMG]
     
    На beached, Nika666, Sephora и 2 други им се допаѓа ова.
  4. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Знаете, успех не е кога сите ви се петки во евидентен лист или свидетелство. Успех е кога родителот ќе ви каже дека сте меѓу најдобрите во класот, без разлика што што не ви се сите петки. За џабе сум се нервирала и сум плакала што сум добивала некои безвезе оцени, а сум заслужила повеќе, за поголема оцена. Само знам дека кога ми ги ставале оценките, професорите не биле под притисок и знам дека не сум омилена меѓу нив, не разговарам со нив на часовите,не сум им се умилкувала, не се карам со нив, си молчам и тогаш кога вријам во себе поради неправда.
    Тато ме пофали за оценките, ми кажа дека за него сум најдобра, а мама ме бакна. И цел ден сум среќна. :)

    П.С. Ама нарцизоиден пост.
     
    На L-enna, WhiteAngel, Lov3 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Breezy

    Breezy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    476
    Допаѓања:
    766
    Многу сум горда на себеси во последен период. Се ова влијае многу добро на мене. Конечно сум задоволна и се наоѓам таму кај што треба, на прав пат. :sun:
     
  6. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски

    И јас како да се пронаоѓам во постов. :wasntme:
    Сега на почетокот, кога почна школото, дека ај прва година, и сите ми викаа.. Ај јавувај се, пикај се, да ти стават поголеми оцени (едноставно нешто како лижи г*) ама јас едноставно неможам така. И вака „приватно“, ич не ми е пријатно да му се бутам на некого. Повеќе ме нервираат луѓе кои се бутаат, и не сакам да сум таква едноставно. Иако вријам во мене, сигурно нема да се карам со професори. И мене иначе ме пофалија, ли како да кажам.. за тројката по физика. х)
     
    На starbucks му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ElenI777

    ElenI777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2010
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    125
    Па добро да,последна утакмица беше,требаше есенскава сезона да ја затворам со повреда а? Добро,ако.
    Јас пак не се откажувам.
    Не се откажав кога требаше,па сега...
    Издржав многу.
    Оф мори мајко колку ја сакам таа топка и тие 60 минути на терен!!!
     
    На Grunge му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Срце на дада си заспа тој а цртанот го остави јас да го гледам :worried:
    Колку ми е само слатко вака кого спие.Ми иде да го изгушкам едно убаво бидејки кога е буден не ми дава многу да го ѓнавам :D
    Не знае тој дека кога се роди од дома не излегував и само чекав да се разбуди за да си играме.А штом ќе се разбудеше за 5 минути повторно заспиваше :(
     
    На BeYourself, WildCherry, Divinebutterfly и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Прво несфатив зошто другарка ми ми го пушта видеово,ама после да.Само движете ја стрелката на маусот врз видеото,стварно е јако :D Додуша мене не ми се има случувано тоа ама има и такви работи на светов.

    А јас сега продолжувам да си учам,за мене тикви забава,немам излезено непамтам од кога убаво да се изнаиграм.Ама тоа ти е. На сите што ме дружат пријатно читање,на сите што се излезени,памет в глава,па кога ќе се вратат него го ѕирнат видеово,а и тие дома што си седат и немаат друга работа :D
    Абе користете уживање додека можете ;) Не си тепајте глави и да седите дома заради некојси таму што сега можи и вака да лумпува.Одете со другарки шетнете,не мора да си најдите друг,ама онака да се "излуфтирате" :D Ајт,се читкаме покасно или утре :)


    http://www.crnobelo.com/zabava/interesn ... e-vo-disko
     
  10. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.383
    :wasntme:
     

    Прикачени фајлови:

    • SLIKA.jpg
      SLIKA.jpg
      Големина на фајлот:
      31,8 KB
      Прегледи:
      169
    На BeYourself, SexyLady, Divinebutterfly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Ништо поубаво од студени ноќи поминати во прегратките на саканата личност.
    Имам мала главоболка, ме боли и стомак, ме нервира тетка ми, ама убаво ми е бе, несакам да мрчам за секоја ситница. Поубаво е кога си смирен и секој проблем, болка или нервоза изгледаат помали.
    А јас си одмарам со чаша сок и си уживам во омилената музика.
    Топло го препорачувам eargasm-ов во комбинација со rainymood страната и по можност на слушалки. :inlove:
    Приспивно, релаксирачко, out of this world.
    Перфектно за ваква саботна вечер. :nod:

    http://www.youtube.com/watch?v=adV8-_hgL4g
     
    На SexyLady, Magnolija и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  12. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Сакам овде да честитам роденден на една многу посебна личност во мојот живот. Малечка е, полни само 2 годинки, но уште неродена си го зазема тоа место, и за овие 2 години и тоа како си го оправдува :)
    Една мала шмизличка со неодолива и заразна насмевка, весела и ведра до бескрај, секогаш спремна за играње (на музика :dance: ) и играње (со нас :) ). Внесе неверојатна среќа во нашите животи откако се роди, не може да се опише задоволството кога човек е покрај тебе. Секоја помината секунда со тебе го продолжува животот за неколку години. Просто човек да се стопи од милина кога е покрај тебе.
    Малечка си, еден ден кога ќе пораснеш и кога ќе можеш да ме разбереш ќе ти ги кажам овие работи, а до тогаш слободно можеш да ме малтретираш и да си играш со мене колку ти душа сака. А тетките се за да уживаат во тоа ;)
    Остани ми секогаш насмеана, среќичке моја најголема.
    (само не ја повторувај епизодата од лани пролетта, ќе не умреш сите комплет предвреме :!: ;( )




    Среќен роденден моја најМила!!!! :^: :d: :hug:
     
    На bittersweet, LivingGlam, peperutkaa и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.936
    Поминаа 15 години од кога дојдов на свет. Петнаесет години од кога јас, мало крваво суштество излегов од утробата на мајка ми и љубопитноста ме одржа во живот. Петнаесет години на среќа, болка, тага, љубов, желби, разочарување, каење.. Од се по нешто. Па не е убав животот ако не е разновиден.

    Досегашното икуството е мало за да сфатам се во животот, но ветувам дека со гордост ќе се носам со новава бројка: 15 8)

    А, не сум скржава, еве да ве почастам за бројкава, јубилејна е. Што би се рекло со една нога во светот на возрасните. :wasntme:



    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    :party: :party:
     
    На LivingGlam, Hiii, la-chicka и 13 други им се допаѓа ова.
  14. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    СДК кафиќине станаа збиралиште на деца |( Деца бе, оние малине, од по 40+, кои мама и тате ги пуштаат до 11 и пол, смеат да испијат едно пиво, да фатат за газ една девојка, со надеж дека нема да добијат шамар или тупаница од дечко и, знаат само две сложени реченици „дечко, дај пиво“ и „дечко, кусур?!“, мирисаат на чорапи и обавезно мијат заби три пати до нивните 40 |(
    Следната сабота, мама пак ќе ги пушти!

    Озбилно, мене ми е ќеф да ги гледам, деца, се радуваат на шанкон и горделиво мрдаат на музиката...
    Затоа баталив излегување |(

    Секоја чест на ислучоци, ама ене ОзиЕјнџел нека ви потврди дали не е така :D
     
  15. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    7.306
    Пол:
    Женски
    Во исто време љубам, мразам, земам, оставам, ветувам, лажам..
    Во мене има две.
    Едната без срце и душа, другата без разум..

    Лудило е ова. И ме носи онаму каде што не сакам.

    Борба е, борба..
     
    На HoneyBun, WhiteAngel, MandyLane и 2 други им се допаѓа ова.
  16. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Ова не е можно по шест и пол месеци ме виде, а јас тебе не како може бе :@ па подзина аааа е ќе подзинуваш секој пат кога ќе ме гледаш ДЕБЕЛ ЕДЕН :rofl: :rofl: :rofl: хахха другарка ми алал да и е ме изнасмеа кога те емитираше како ме погледна :) ;)
     
  17. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Немам дечко и многу го сакам! :angel:
     
    На Nymeria му/ѝ се допаѓа ова.
  18. The.Crab

    The.Crab Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Што ќе да е оваа пуста вознемиреност?! Не ми остава простор да дишам :doh: Се секирам па... хипохондрик сум... Ај да ми помине ова чувство на немир (Па, нема потреба од секирации!!!).

    - Ракче чукни се во глава!
    - Знам, ама потсвесно е. Хох.

    Се смирувам - 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10! Готово! :P

    Поздрав до сите оние кои вечерва сакаат РЕЛАКСАЦИЈА и интимна атмосфера :lol: :angel: !
     
  19. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    СДК дека машките се големи копилиња ! част изузетцима,али стварно се разочарав! Што и направи едно копиле на братучетка ми...ме остави без зборови :x Немај доверба во машки,еј!

    И тоа.. инаку убаво си поминав оваа вечер.Цел ден ми беше исполнет.Прво депилација па кафе кај другарка, па на утакмица,па во град ....

    уф уф уф . :rock:
     
  20. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дека концертов вечерва беше врв, превртување!
    Ме врати во живот, една топка полна енергија која толку многу, очајно ми требаше.

    http://www.youtube.com/watch?v=xlCOQpqN ... re=related
     
    На HoneyBun и kelly.r им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.