Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Му купив на дечко ми за матура, воедно и партнер, прекрасен часовник на Casio од B-Watch, јест да е скап, али знам дека таа марка е една од најдобрите во светот и е класа, па нема да му ја мислам дека ќе му се случи нешто на саатот, а најважен ми беше квалитетот и моделот. Супер, едно гајле помалку! Туку...од што е убав целиот и кутијата и кесата не ми се ни дава :lol:
     
    На Monna.Monna му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.296
    Допаѓања:
    158.154
    Коа глупа без цицки ќе го мрчи ова. Оди па сфати го ова сега ти се молам... :lol:
    Жени со големи цицки,обединете се и шерувајте го,убедете го светот дека сте паметни и покрај сликите со деколтеа,погрешни избори,мода ко приоритетен интерес и јадење го*на за модни избори на други девојки,избор на шминка,лак за нокти и такви работи кои треба да го сменат светот! :rofl:
    Многу ми е смешно коа некои особи се сфаќаат пресериозно... да си воздивнам! :D
     
  3. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    СДК или е коинцинденција на настани или пак мојот парфем има некаков ефект на настаниве :?: :^) :wasntme: не дека сум суеверна, далеку од тоа, ама нешто у последно време се подзамислив :wasntme: :D оти друг ефект има ако го сменам :D :wasntme:
    Само размислувам гласно :wasntme: :D
     
  4. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.516
    Допаѓања:
    17.249
    СДК Многу сум изморена деновиве. Цело време трчај ваму, трчај таму, испрашувања и тестови во школо цел тон, а шо да праиш кога неможеш да научиш, па нели сакам и јас да одморам. Секој ден истата песна, се извинувам не научив после 11 прашувајте ме, после друг наставник се извинувам немам научено испрашувајте ме после 11. И така цела недела и сега оваа. Ама од понеделник како ќе го загреам столчето, ма нма на себе да си личам. Али што да се праве свадба се спрема, не е шала.

    http://www.youtube.com/watch?v=Zmkvk-7rXi0


    :lol: :rofl:
     
  5. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    една од најдобрите во светов ?
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    т.с да раскажам една приказна...

    Си живееа во една мала барака, во оние од после земјотресот. Домаќинката имаше мала, скромна кујничка, но готвеше секојдневно, со многу љубов за своето семејство. Навечер во дневната, иако на стара гарнитура, семејството се собираше и зрачење од топлина и љубов. Со домаќинот спиеа на тесен кревет, но не им пречеше. Гушнати заспиваа и гушнати се будеа.

    Е после времињата се сменија. Трошната барака ја заменија со простран стан. Домаќинката сега има убава, модерна кујна, со апарати за се живо....но нема време за готвење.
    Среде дневната - кожна гарнитура, но толку ладна... Децата секое по своја соба, како подстанари

    Е да, и имаат со домаќинот широка и удобна спална, но секој на својата стана заспива и така се буди...далечни со километри.


    Е тоа сакав да го раскажам, а секоја сличност со реалноста е случајна
     
    На Trendafilka, la-chicka, MSkorpionka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дека најубаво е чувството после напорно вежбање, знаеш дека нешто корисно си направила. :)
    Денеска малце ја претерав со стомачни и прилично се исфорсирав, ама ептен мерак ми беше. Ги совладав и тие што не можев да ги правам кога имав 15 килца плус. ^_^
     
    На Monna.Monna, ljubam, Bright и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Barbie-mwa

    Barbie-mwa Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    Почина многу драга личност, искорна парче од моето срце. Дедичко мој најмил почивај во мир и те сакам најмногу иако не умеам тоа да го покажувам на никој. Не знаеш колку многу ќе ми недостигаш, иаку беше далеко од мене знаев дека си тука, блиску до мене и до баба ми. Многу ми е тешко. многу. ;( ;( ;(
     
  9. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Па и татко ми и чичко ми имаа уште на времето и добри 8-10 години ги носеле. А и таму така ми кажаа. Сеа сигурно не се мери со Ролекс, ама во најдобри 10 е по квалитет.
     
  10. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Фризурата е готова, а фустанчето чека на закачалка.
    За неколку минути почнувам со шминката и ќе бидам туто комплето.
    Скоро се е спремно, ама едно нешто ми недостига - желба.
    Ех, да можев да си ја купам, или да си ја сошијам, па како брош да си ја закачам на мене.
    Се тешам со мислата дека токму од вакви работи кога не очекуваш ама баш ништо, испаѓаат најубави проводи. Се надевам дека така ќе биде и вечерва, зошто не ми се мрднува од дома.

    На сите мои колеги и колешки, еве јавно им ја честитам апсолвентската. Па здравје што побрзо да славиме и дипломска. Е тоа ќе биде славење!
    За тоа ќе вреди да се начукам и да се изнаиграм.
    И ќе си порачам ваква торта! :rock:
    [​IMG]

    Радо би им ја шлапнала во лице на сите професори, а поготово асистенти што ме изнамачија и се изживуваа врз мене, ама добро е што гледам малку во иднината и си викам: Море чекај, следниот семестар на мастер ќе ми предаваат. Седи си Ана, седи си... :angel:

    Убав провод вечер правници! ^_^
     
    На LilBaby, Cynthia, Annath и 30 други им се допаѓа ова.
  11. chocolate.chick

    chocolate.chick Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    644
    Најнапорна ќе ми биде оваа недела. Секој ден или тест или писмена работа. Ах, тоа школо. ;(
     
  12. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Знаете, јас никогаш не би посакала нешто лошо на своја другарка. Исто како што никогаш не би и застанала на патот на среќата.
    Не само што верувам дека тоа што некому го правиш, тоа и ќе те мавне по задникот еден ден, едноставно имам желба луѓето во моја најнепосредна близина да се исполнети и среќни.
    Ама понекогаш има работи што мора да се кажат гласно и јасно. А очигледно дошло време за сериозни муабети, за зборови што претходно никој не ни верувал дека ќе ги каже...
    Јас си стојам на своето. Зарем може на човек да му згасне потребата од социјализација и дружба? Зарем човек може да се промени под влијание на друг човек, притоа тврдејќи дека веќе не се пронаоѓа во нешто што одсекогаш бил?! Мислам, јас знам, дека љубовта знае да биде некад чудна, некад заебана, ама зар не е жално човечиња од 20 години да кажат дека животот им е изживеан?!
    Добро, до мене е?!
    Или сите наеднаш станаа зрели за свои години, гледаат со презир кон искрената дружба и сите тие глупости што човек треба да ги направи додека е млад? У мода е пак да бидеш млада невеста? И да мрчиш за тоа што го прават луѓето на твоја возраст, додека седиш дома и правиш мармалад?
    Има нешто во воздухов. Изгледа е непожелен за дишење, па луѓево се залетани кон правење апсурдни избори и непромислени постапки.
    Али ако, секој со своето, мора да се прават и приказни за прераскажување.
     
    На TeddyGrey, tweety26, Lepaaa и 9 други им се допаѓа ова.
  13. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.373
    Допаѓања:
    286.614
    Ај и јас да покукам :rofl:

    Косава ми е катастрофа :@
    Новата работа ми наметнува нова фризура :devil:

    Не претерувам, тој збор совршено го упишува моменталното а и општото стање ....
    Си купив венче, едно па уште едно,после и од тие стегачите за на глава(ко индиски ленти тако нешто) малку малку да заличи на нешто.
    АМА ЏАБЕ Е СЕ.
    Ќе тргнам да барам и од оние нерд наочари ама ама со светло стакло, да може човек да ги носи и во просторија, а не само на сонце.
    Малку малку ќе одвлечат внимание од главниот проблем.

    :@ :@ :@
     

    Прикачени фајлови:

    На MacenceEna му/ѝ се допаѓа ова.
  14. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    СДК опкружена сум со чудаци. :tmi: Сериозно, не сте свесни што дочекав. Повеќе за ова, во друга прилика зашто :смајли што шепти: и чудаците го читаат форумов
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.578
    Интернетот одлично работи се до оној момент кога имаш важен разговор.
    Марфи јебачу ти матер, најсериозно!
     
    На marama и anabel-a им се допаѓа ова.
  16. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.641
    Допаѓања:
    252.655
    Како немаш желба?
    Ајде ќе ти дојде веднаш штом ќе зачекориш во Палас. И јас не бев посебно возбудена, за разлика како што бев на матура, ама си поминав многу убаво.
    Ах да има пак.
    Вечер уживај, најубаво да си поминеш и те молам шлапни им ја тортата :D .
    Или не, само да одбранам магистерска јас ќе им ја шлапнам и ќе им кажам ова ви е и за Ана ;) .
    Утре, те чекам на рапорт, да пишеш колку убаво си поминала.
    Знам дека ќе е така :* .
     
    На AnaKarenina и tweety26 им се допаѓа ова.
  17. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    722
    Одличен ден. Од 3ка хемија на првиот тест, стигнав до најдобар тест во цела прва година! Вау :o . Ова чудо се случува! Колку сум горда на себе еј :D









    Почастете се најмили мои, прекрасен е денов :*
     

    Прикачени фајлови:

    На Monna.Monna и pamelche им се допаѓа ова.
  18. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    227
    СДК дека и јас сум имала среќа бре :) . Добив денес награда од AMC, најтрагично е што ми рекоа само прати маил, а јас не знаев ни зошто праќам. Богами така наградата е послатка. ;) ;) . Море ќе си играм јас наградни игри.
     
  19. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Еве ваков ми е животов!!
     

    Прикачени фајлови:

    На sweet-cherry, Monna.Monna, DeMelo и 8 други им се допаѓа ова.
  20. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    3.742
    И официјално почнав со вежбање и диета - две во едно :party: :party:

    Мора малце да се затегнам :$ :rofl: Се приклучувам во останатиот клуб на форумов :* :hai:

    [​IMG]

    **
    [​IMG] :P
     
    На Monna.Monna, M.a.r.i.l.y.n, anabel-a и 4 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.