[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.981
    Ме разбуди полен и косилка за трева. Ова се оние зелени тревоги дека мај доаѓа со брзина на светлината и во прашумите по Карпош се збираат алигатори, мотокултиватори, можда и вибратори! :rofl:

    Појадок музика, бакнеж од небо. Сонцево е ко џитнато јајце на тава. Рамно со мали меурчиња предизвикува бранови низ облаци. Вчера си заспав со кутија Келис житарици во скут и поезијата на Господинов. На еден негов стих - Како му е на Бог кога си нема свој Бог? - се изнасмеав така хистерично што мислам дека лустерот ќе паднеше среде соба.
    Како ли им е на сите оние што мислат дека се Богови бре? Па немаат што да прават, кога ќе подразмислам!

    И така, чисто информативно вчера си го прегрнав Скопје, како што одамна тоа не сум го направила, седејќи на валкано демек столче од оние црнине метални демек фотелји на сред плоштад. Слушалки на уши, фонтаната прска, јас мирувам и си чатувам со својот единствен сопатник, мојот град.
    Колку е безобразно потребен, а го има?
    Во сите зборови, дворови, џунџулиња, крајпатни станици, искинати весници и страници, подвлечени скрипти, смрдливи автобуси, дворови и ѕверови во истите. Ко некоја петпарачка прикаска. Не вреди да ја запишеш, ама затоа ќе ја раскажуваш. Да има што да се памти.
    Ко епопеја на еден град, што тивко жмурка и брои до 100, а граѓаните се кријат.
    Шарац, комарац, иглица туц, буц!

    Изгоре лончето, претече млекото... Мој граду.
     
    На Monna.Monna, la-chicka, innablood и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Денеска баш рано си завршив со праксата и уште во 10 стигнав дома.Убаво си се разодив до дома,со утринско сонце и слабо ветренце..
    Дома сум сама.Ке си правам макаронки со многу јајца и кашкавал.Во меѓувреме ке средам и ке ги отворам прозорците да ми влезе свежина во собава.
    И задоволна сум до некаде со мојот живот.По добра патека ми оди младоста,по добра патека ми минуваат деновите.
    Си пуштив музика и започнувам со обврските :lol:
    http://www.youtube.com/watch?v=_KSyWS8UgA4&ob=av3e
     
    На Libera му/ѝ се допаѓа ова.
  3. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    И повторно се будам со главоболка.Главата ќе ми прсне,а од што не знам ни самата.Во последно време напнатоста ми оди во нагорна линија.Секојдневните обврски се трудам да ги извршам максимално и сега за сега ми оди добро.Понекогаш знаам да бидам и неорганизирана али фала му на бога сега таа карактеристика не би си ја препишала.Се обидувам да најдам време за се.Да го балансирам од една страна учењето а од друга страна излегувањето.Вчерашниот ден беше напорен и исполнет со стрес како за мене така и за тие околу.Се надевам нема никогаш повеќе да се најдеме во таква или слична ситуација.Фала ти боже што си ги чувал, што поминале со лесни повреди а пари, кола па тоа све се заработува.Одкако помина се почнавме да се зезаме за да ја намалиме напнатоста и негативните струења што вибрираа но длабоко во нас на никој не му беше дојдено до смеа.Иако не сакаат да признаат знам дека беа преплашени.Денот беше долг.Само што ја ставив главата на перница веднаш ме совладал сонот.Денес повторно се будам мамурна.Главата неможам да ја подигнам од што ми тежи.Се надевам тушов од пред 10тина минути,шумечите и кафето што се крчка ќе имаат некој позитивен ефект.Феминки имајте убав ден :) се надевам и јас исто.Ќе седнам да ја загреам столицава порано па да излезам да го видам сонцево, и да впијам што е можно повеќе позитивна енергија, затоа што стварно ми е потребна.
     
  4. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    Најдобар лек против настинки е музика! :!: Или чоколадо, да размислам.. :?:

    Се предозирав со сируп против кашлица и сега се` ми е розово. :drunk: Место една лажичка, целиот го испив. Није до мене, многу беше убав. :wasntme: Се осеќам како трудница, очајно ми требаат ишлери. :sweat: А глупата продавница нема, па се задоволив со обична чоколада.
    Ке биде ова добар ден, затоа што нели денот по утрото се познава. :)
     
  5. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Сакам да му посакам на сите феминки пијатен и успешен ден. Си се тешам јас уште неколку недели и после уживанција. Ајде многу да не должам сакав само да ве поздравам, одам да учам :hug:

    :wasntme:
     
  6. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Станав со некое чудно чувство, односно сонував чуден сон во кој што имаше мои две драги личности и одма чим станав веднаш и на двајцата им пишав порака да видам дали се ок. Потоа ми кажа нешто дечкото што ме натера да се прашувам како е можно некогаш да нема ниту една позитивна работа во моментот и се да е црно и веднаш ми дојде на ум дека животот секоја секунда не става на тест кој што мора да го поминиме ако сакаме да продолжиме да живееме.Секое лошо и секое добро нешто се случуваат со причина и ние мора од секое нешто да собериме храброст,да сме секогаш со позитивна енергија за да поминиме низ тоа и да го извлечеме најдоброто од тоа.
    Имајте убав ден Феминки :*
     
    На Libera му/ѝ се допаѓа ова.
  7. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.283
    После објавувањето на пунџичката со чорап како главна новост на почетокот на сајтот, тајната е откриена :@
    Сега сите ќе шетаат со балеринска пунџа.
    А толку се радував и се смешкав кога ќе ме прашаа како ја правам :D

    Лоши стеее :!: :devil: :lol:
     
    На Evellyn, Strumfeta93, Trendafilka и 2 други им се допаѓа ова.
  8. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.235
    Допаѓања:
    12.686
    Пол:
    Женски
    Токму така. Модифицираната пунџа со чорап и плетенка, ми е омилена. Сега сите ќе ја знаат. Ту... :envy:

    Туку...
    Го сакам времето кога во кината царувала темина поголема од таа денес.
    Филмовите- темни. И не само тоа, платното постојано со дожд.
    Тогаш младите се љубеле, не само во позадината на темните ложи, туку и во последната редица столови.
    Така кажува дедо ми....
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.760
    Допаѓања:
    162.819
    Вторник е вторник,особено ако е со кафе и the script,лош и малце потресен,овие двете му се антипод,контра за рамнотежа. Ама овој и не е баш таков. Не нарачавте будење,ама ќе добиете какво што не сте ни помислиле. Убоо... ги сакам!
    Мислам дека треба да престанам да разгледувам каталози кога сум дома и ми е досадно. Направив трошок на работи кои и не морам... Лоша Лилит. :( И тоа е тој лав хејт кога можам да ги одпорачам,ама нејќам, се помирувам над тажната судбина и непромислени постапки. :D
    Од денес решив да сум со синдром,сите ве сакам,со сите се поштовам,немојте да сте ме нарекле лицемерна,НЕ-МОЈ-ТЕ! Си го баравте!
    Смисла за хумор,ја немаш,купи си ја. Сериозно треба да се измисли нешто ко смисла за хумор и да се вакуумира,да стои во близина на гондолата за чоколади. Сарказам,цинизам и иронија,помалку дозирано,ама чисто колку да се има усул. Сешто гази на планетава и ме засмејува,малку мене ме разбираат,а јас повеќето.Сами од себе пиздарат,јас само тролам...а тие навредуваат. :( Тажно! Работам по принцип тражиле сте,добили сте и после плачeте... а не ни боли! :(
    Ама не,од денес реков. Викнете ме ќе си врзуваме кикици,ќе си лакираме нокти и ќе зборуваме за сите грли стаф, ќе збориме за мода и дечковци. Уствари денес не,имам планови за покасно,ама за утре може да се договориме.
     
    На cigarce му/ѝ се допаѓа ова.
  10. stylishh

    stylishh Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    сдк ,дека го имам најоткаченото куче на цел свет,кефови прај во корито со вода :rofl: :rofl: :rofl: олку среќна не ја имам видено :rofl: :rofl:
     
    На ines.h и k.i.m им се допаѓа ова.
  11. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Денов поубав од било кога,искрено не се сеќавам кога последен пат во некоја лоша ситуација сум пронашла нешто добро,но тоа ми успеа денес,веќе одамна сватив дека само моите приоритети се важни,се борам сама за себе,не ме интересираат твоите испади,можам да те ислушам - ќе го сторам тоа, но да го решам твојот проблем наместо тебе- е извини неможам,во голобала јас самата си го трпам последиците за моите постапки ете соочи се и ти сама за твоите !

    Она што во последно време ми недостасува е храброста,некако ја подзаборавив неа, потребен ми е благ ризики за одредени ситуации...
    искрено незнам што сакав да ви кажам,важно пишав денес :D
     
    На k.i.m му/ѝ се допаѓа ова.
  12. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    Значи преку глава веќе од дволични луѓе!!! Аман бегајте од мене ограничени, прости луѓе!!! Waaa!
    Ех што ми е смешно кога ќе прочитам пост кој почнува вака или па уште посмешно статус на фејсбук. Немаше да биде толку смешно ако не доаѓаше од 200 различни особи, сите од чиста и бреспекорна до уште почиста. Не сериозно, зар никогаш не сте биле дволични или одглумиле лицемерие? :^) Ако размислиме убаво, спомнав 200, а релно е многу многу повеќе, секој од нас барем еднаш го има спомнато тоа, дали тоа значи дека вие 34298429 луѓе што сте го напишале тоа немате ни грам дволичност, не оговарате, не се мешате во туѓи животи, не сте лицемерни и бла бла бла, хммм тоа би значело дека веќе светот е подобро место на живеење благодарение на тие 34228347 луѓе кои не ги прават овие гревови. Јес, јес, немора веќе да правиме добри дела, доволно е да напишеме еднаш дека мразиме такви личности што автоматски не прави нас дека не сме такви грешници и рајот е на земјата. Добро има и уште многу други зла што не опкружуваат, ама за нив не е доволно само да се напишат две три реченици. :)
    Тинк абаут ит ;) туку што се замарам јас со прповедање, одам да испијам кафе и оговарам со другарка ми, се ќе ве кажам сеа какви глупости пишувате, ќе го рушам редот не за друго, туку и мене да ме спомне некој така индиректно во пост :smoke:
     
    На caroline.costa, bittersweet, thinkerbell и 18 други им се допаѓа ова.
  13. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    How are you girls? :) Pozdravce od Sofija vi prakam i da vi kazam se citkame narednite denovi :) A i sigurno ste ispisale eden kup postovi :) Miss U :*
     
    На Serafima, Adi888, CIA и 4 други им се допаѓа ова.
  14. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.007
    Пол:
    Женски
    Моите стапала навикнати на рамни чевли, синоќа си видоа мака.
    Не знам ни од каде ја извадив силата на штикла да играм цела вечер, а кога дојдов дома - нозете веќе не ги ни чувствував...
    Успеав некако да ги качам скалите до дома, па следуваше цел саат вадење шминка и шноли од косата. Имав преку 40 шноли на главата, и сигурно некоја останала.
    Нормално, мајка ми кога ме слушна веднаш изрипа од кревет и ме седна на тросед да и раскажувам како сум си поминала. А јас, испружена, полузаспана, и кажував какви салати сме имале за јадење и каква музика ни свиреле.

    Синоќа се изнагледав се и сешто - од дречави „маркер жолти“ штикли и ташни, чорап фризури, кратки миничи, долги халињи, се до кратки кожни пантолони во комбинација со мрежасти хулахопки.
    Беше тоа интересна вечер од која испаднаа многу фотографии, интересни случки и мал мамурлак.
    Татко ми кога дојде денес од работа ме пречека со разбушавена коса, тук таму по некоја заборавена шнола и смкнати пижами. Па целата таква несредена си седнав пред компјутер со тост во рацете и си гледав Gossip Girl 8)
    Сега следува еден туш, па кафе за расонување и споделување импресии :)
     
    На LilBaby, bittersweet, Monna.Monna и 9 други им се допаѓа ова.
  15. tessi

    tessi Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    518
    Дефинитивно апсолвентската вечер ќе ми остане како еден од најубавите спомени :) Одамна не сум си поминала толку убаво,опкружена со сите драги луѓе кои ги запознав во овие 3 години.Колку и да сум уморна,овој умор навистина се исплатеше :)
     
    На Monna.Monna, JuLleE и Annie.mk1 им се допаѓа ова.
  16. levely

    levely Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    902
    На момчето што му го скапв носот пред 2 дена без потреба длабоко му се извинувам....:D
     
  17. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Знаеш дека си лудак кога стануваш во 5 сабајле за да се издепилираш, затоа што нели прва смена си. :D
    Од сабајле ми почна денов на лошо, го прекорував како и секој вторник, се прекорував самата затоа што го чекам крајниот период за да ги извршам обврските и да научам.

    Ама не, вторников е еден од најдобрите. Добри вести ми стигнаа по жица, среќна сум за шансите што ми ги понудија, недостига само ја да се докажам на тоа поле.
    А впрочем се чувствувам како да се движам по акробатска даска, те на едната страна се поднавалувам, те на другата.. така.. држам баланс периодично.

    Преку умереното размислување ме упропастува. Ги уништува моментите, дава некоја искривена слика за работите, прави постојано да се грижам и, воопшто, ги прави работите полоши од тоа што навистина се‘. Да, има денови кога си поставувам реторичко прашање зошто не можам да пробам друг живот, како фустани, да видам кој најубаво ми прилега(?)
    Не, денес не сум во такво (не)распложение. Денес сум благодарна што сум заробена во својата кожа, чисто да ја почувствувам оваа возбуда која ми влече насмевка повремено.
     
  18. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.192
    Пол:
    Женски
    СДК ако човек почне своите размислувања да им ги докажува на другите луѓе, тогаш тоа е залудно потрошено време.Доволно е самиот да верува во сопствените размислувања, а доколку не верува во нив, тогаш не може да очекува и другите да веруваат.А верата во нешто е многу длабока тема за да се разбере истата.
     
    На Serafima, elena.lavigne и k.i.m им се допаѓа ова.
  19. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.389
    Допаѓања:
    142.853
    Енергија немам, ама ајде од убаво и за убаво нека е :)

    Ми се помеша се' - и енергија, и материја, и цврстата врска меѓу нив. Материјата ми ја зема енергијата.
    Ма и физика со њутнови закони и астрономија, цел универзум, и темни материи и енергии, и галаксии, и звезди, и сонце, па и сонцето е звезда...
    И биологија со осмоза и симбиоза, и некои си таму системи што живот значат.
    И психологија, емоции, потреби, емоционална интелигенција. По пат на обиди и грешки, а поретко и увидување :D
    Математика не правам, нема да ми се исплати :D

    Хемија, е тоа е врв! Врв што те носи до врвот!

    Школото е живот. Или животот беше школо. Ах бе тоа школо, трајни последици имам сега од него!
     
  20. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342
    Колку пати прекршуваме свои сопствени правила за да се почувствуваме убаво?!?!

    Да, животот нема правила ама го живееме според некои свои критериуми. Спонтаноста е најубава затоа што колку и да планираш никогаш не излегува според планираното. Дали навистина ги вадиме маските до гола кожа и така настапуваме пред светот или навистина живееме со свои маски ?!?!

    Сите сме глумци на овој голем универзум кој неможе да не свати ниту ние него разбереме. Колку да е проста некоја реченица на некого и да му црташ пак нема да му биде јасно, а посебно што не бива да комплицираме кога не умееме да поедноставиме.
     
    На Divinebutterfly, bittersweet, Monna.Monna и 5 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.